бајачки Archives - Република https://republika.mk/tema/bajachki/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Feb 2022 08:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бајачки Archives - Република https://republika.mk/tema/bajachki/ 32 32 Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете https://republika.mk/vesti/svet/trudnica-si-zakova-shajka-vo-glava-bajach-ja-ubedil-deka-taka-kje-rodi-mashko-dete/ Sat, 19 Feb 2022 08:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=459905

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан.

Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.

Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.

Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор.

Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан. Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.
Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.
Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор. Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>