Неколку стотини деца учествуваа на годинешната бадникова поворка низ улиците на Охрид, ден пред големиот христијански празник Божик.
Тие со бадникови гранчиња во рацете и со песна ја донесоа веселата вест за Христовото раѓање.
Поворката тргна во 10:30 часот од црквата „Св. Георги“ во Горна Влашка маала и преку улицата „Јане Сандански“, булеварот „Туристичка“ и низ охридската чаршија во 11:30 часот пристигнаа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ каде пред бадниковата пештера ги пречека пречека градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ги даруваше со подароци.
- Ние како локална самоуправа заедно со организаторите на манифестацијата обезбедивме пригодни пакетчиња за сите коледарчиња. Вакви традиционални работи кои го подигнуваат духот на народот сметам дека е добро да се одржуваат и да останат традиција долги, долги години затоа што самтоа не одржало низ вековите, рече Пецаков.
Бадниковата поворка во Охрид се одржува по 11 пат, во оргнизација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, со поддршка на локалната самоуправа.
- Благодарение на заложбите на нашиот епископ, г-дин Партениј, успеавме да створиме една традиција на бадниковите поворки кои не само во Охрид се прошири низ сите градови на Македонија. Благодарение на децата учесници оваа година добивме и награда за трајни вредности од Агенцијата за верски заедници. Децата нека ни бидат пример за сплотеност, љубов и за соживот, рече Летка Филиповска од организацискиот одбор на бадиковата поворка.
Дечињата од Бадниковите поворки во општините Штип и Карбинци денеска го навестија Христовото раѓање. Во Штип од црквата „Свети Никола“ до Градскиот плоштад „Слобода“ се движеа дечињата носејќи ја пештерката. На плоштадот „Слобода“, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов им се заблагодари што со песна го навестуваат Христoвото раѓање, воедно им подари и пакетчиња.
Милена Ристова-Михајловска координатор на Бадниковите поворки за Брегалничката епархија вели дека седма година по ред низ штипските улици се пееше песната за „Вечниот Бог“, а жолтите ѕвездички како Витлеемската ѕвезда ќе ги упатат до пештерата на раѓањето на Богомладенецот. Нив ги изработуваа околу 80 присутни на четирите креативни работилници кои се одржаа минатиот месец.
Во Општина Карбинци за првпат се организираа Бадникови поворки, таму градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов им подели пакетчиња на бадникарите.
Инаку низ штипските маала и населби од раните утрински часови се слушаат коледарските песни кои ги пеат малите коледарчиња. Домаќинките со колачиња и овошје ги пречекуваат пред своите врати. Вечерва е Бадник, а утре е Божиќ. Во штипско-карбинскиот регион традиција е на Бадник да се меси лебче со паричка, кое заедно со посната храна, меѓу кои и зеленик се принесуваат на Бадниковата вечер, на која се собира семејството.
Децата од Куманово учествуваа во Бадниковата поворка и ја пееја „Вечниот бог“. Со ѕвездички во рацете и пештера се движеа од Соборниот храм „Свети Никола“ по централните градски улици. Нив ги пречека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ги даруваше со бадникови подароци.
-По повод големиот христијанскиот празник Бадник, околу двесте дечиња, чекорејќи во Бадниковата поворка и пеејќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“, денеска ја посетија Општина Куманово, радосно наговестувајќи го Христовото раѓање. Заедно со членови на мојот кабинет ја пречекавме поворката, а на децата им подаривме бадникови пакетчиња, посакувајќи им многу здравје и среќа во Новата 2024 година, рече Димитриевски.
Оливера Трајковска од „Бадникови поворки“ посочи дека годинава и изминатава недела покрај работилниците одржале и мини концерт со детски песнички, а посетиле и нивно другарче со тешкотии во движењето.
- Годинава, Бадник го дочекавме достојно со многу весели детски лица, кои во еден глас ја пее каландата „Вечниот бог“. Куманово достојно го празнува Бадник и Божиќ и догодина се гледаме во уште голема бројка, рече Трајковска.
Годинава, посочи таа, имало околу 400 деца заедно со нивни родители.
Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“ денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци.
Поворката тргна од црквата „Света “Петка, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата, рече меѓу другото Јанчев.
Свештените лица се осврнаа на значењето на празникот и на тоа како тој правилно да се одбележува.
Коледарски пакетчиња од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска добија голем број на дечиња кои се дел од Бадниковата поворка.
Како што соопштија од Општината, пеејќи ја „Вечниот Бог“ пред Општина Кисела Вода, носејќи златна ѕвезда, како симбол на Витлеемската ѕвезда, тие го најавија Христовото раѓање.
Ѓорѓиевски ја истакна својата радост што Општина Кисела Вода повторно живее во духот на вистинските вредности и е дел од обележувањето на највеличествениот Бадник во регионот. Бадниковата поворка продолжува кон плоштадот „Македонија“ и на едно место ќе ги собере коледарчињата од сите скопски општини, продолжува кон Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ каде дечињата ќе имаат прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
-Малите златни ангелчиња утрово во огромен број ме посетија и пеејќи ја „Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а јас, како домаќин и како што доликува на нашата вековна традиција - ги дарував со коледарски пакетчиња. Она што ме прави исклучително горд е што нашата општина повторно живее во духот на вистинските вредности и е дел од обележувањето на највеличествениот Бадник во регионот. Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Дефинитивно ова се најрадосните деновите кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака. Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасното утро!, кажал Ѓоргиевски.
The post Со Бадникови поворки најавено Христовото раѓање appeared first on Република.
]]>-Малите златни ангелчиња утрово во огромен број ме посетија и пеејќи ја „Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а јас, како домаќин и како што доликува на нашата вековна традиција - ги дарував со коледарски пакетчиња. Она што ме прави исклучително горд е што нашата општина повторно живее во духот на вистинските вредности и е дел од обележувањето на највеличествениот Бадник во регионот. Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Дефинитивно ова се најрадосните деновите кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака. Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасното утро!, кажал Ѓоргиевски.
The post Со Бадникови поворки најавено Христовото раѓање appeared first on Република.
]]>По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, денеска се одржуваат бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“.
Централната манифестација во Скопје денеска ќе започне во 11 часот на плоштад „Македонија“ и на едно место ќе ги собере децата од сите скопски општини кои ќе ја оформат најголемата бадникова поворка.
Учесниците од Камениот мост ќе чекорат кон Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ на топол прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во рамките на манифестацијата, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди, кои ќе ја симболизираат Витлеемската ѕвезда што им го покажала патот на Мудреците кон местото на Раѓањето на Богомладенецот.
По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, денеска ќе се одржат бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои се собираат на однапред договорено з
Божиќниот концерт пак, традиционално ќе го предводи „Златно славејче“ во придружба на македонските поп-ѕвезди Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.
-Македонските улици по градовите и селата сè уште свежо се сеќаваат на божиќните каланди што се пееле под ова небо уште од средновековието. Токму тие се вистинскиот глас на Рождеството надвор од храмовите, а пак Бадниковите поворки кои ги преплавуваат улиците со детски насмевки се вистинската слика за Божиќ во Македонија, велат од Здружение за возобновување на православни традиции
„Бадникови поворки“.
Како возобновувач на православната традиција, Здружението оваа година го доби највисокото признание на КОВЗ „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето трајни вредности.
The post Бадникови поворки во Скопје и 80 градови и села во земјава и дијаспората appeared first on Република.
]]>The post Бадникови поворки во Скопје и 80 градови и села во земјава и дијаспората appeared first on Република.
]]>Бадниковите поворки како форма на радосно здружување на децата кои после коледарењеto во своите маала, се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“, оваа година ќе се одржат по 14-ти пат и ќе опфатат 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората.
Централната манифестација во Скопје ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“ и на едно место ќе ги собере коледарчињата од сите скопски општини кои ќе ја оформат најголемата бадникова поворка што од Камениот мост ќе чекори кон Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ на топол прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во рамките на манифестацијата, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди коишто дополнително ќе го украсат свечениот настан, а ја симболизираат Витлеемската ѕвезда што им го покажала патот на Мудреците кон местото на Раѓањето на Богомладенецот. Божиќниот концерт пак, ќе биде генерална проба за божиќните каланди што се пеат на Бадник и Божиќ и традиционално ќе го предводи „Златно славејче“ во придружба на македонските поп-ѕвезди: Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.
Македонските улици по градовите и селата сè уште свежо се сеќаваат на божиќните каланди што се пееле под ова небо уште од средновековието. Токму тие се вистинскиот глас на Рождеството надвор од храмовите, а пак Бадниковите поворки кои ги преплавуваат улиците со детски насмевки се вистинската слика за Божиќ во Македонија.
Како возобновувач на православната традиција, Здружението „Бадникови поворки“ оваа година го доби највисокото признание на КОВЗ „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето трајни вредности.
The post Бадникови поворки по 14-ти пат во 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората appeared first on Република.
]]>The post Бадникови поворки по 14-ти пат во 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората appeared first on Република.
]]>Под слоганот „Почуствувај радост“ и оваа година традиционално ќе се одржат Бадниковите поворки. Празнувањето на Бадник ќе се одржи во сабота, 6 јануари на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, но и во останатите градови и населени места во државата.
Како што објавија од Здружението „Бадникови поворки“ на нивната фејсбук страница, најпрвин во 11 часот на Градскиот плоштад во Скопје ќе биде доделена Златна ѕвезда за секое дете кое ќе учествува, а потоа ќе се одржи златен концерт со Златните славејчиња и македонските поп-ѕвезди - Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Пере (Нокаут).
По краткиот концерт, како што информираат, ќе ја оформат најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски" каде што традиционално сите коледарчиња ќе бидат пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Истовремено, бадниковите поворки ќе се одржат и во останатите градови и населени места во државата.
И во сите останати градови и населени места во Републиката, на 6-ти јануари ќе ечи „Вечниот Бог". Децата како симбол на Ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање! Зарем се пропушта вакво нешто, Сите во поворка!, велат од Здружението.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека и оваа година Општината дава поддршка на манифестацијата и ги повика сите деца да се приклучат на бадниковите поворки.
Збирно место е црквата „Св. Јован Крстител” во 9:00 часот од каде што сите дечиња ќе се упатат кон општинската зграда, а јас како градоначалник ќе ги пречекам и ќе ги дарувам дечињата со божиќно пакетче, напиша Костовски на Фејсбук.
За таа цел, како што посочува, Општина Бутел организира автобуски превоз за сите деца. Автобусот поаѓа во 8:45 часот од СРЦ „Македонија”.
Да ја продолжиме Божиќната магија во општина Бутел и оваа година!, се вели на фејсбук страницата на градоначалникот.
И Општина Гази Баба се приклучи кон организирање на Бадниковите поворки.
-Традиционално и оваа година, како градоначалник на општина Гази Баба се приклучувам на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање - Божиќ. За таа цел во сабота во просториите на општината ќе ги пречекам сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки на плоштадот Македонија во Центар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа од Нова Колонија и од Црешево.
Во Битола собирно место за Бадниковата поворка е пред Офицерскиот дом во 11 часот.
На Фејсбук страната на Бадниковите поворки се објавени местата каде што ќе се собираат дечињата во сабота на 6 јануари во повеќе општини во земјата.
The post Бадникови поворки во сабота на градскиот плоштад во Скопје и во останатите градови appeared first on Република.
]]>И во сите останати градови и населени места во Републиката, на 6-ти јануари ќе ечи „Вечниот Бог". Децата како симбол на Ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање! Зарем се пропушта вакво нешто, Сите во поворка!, велат од Здружението.Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека и оваа година Општината дава поддршка на манифестацијата и ги повика сите деца да се приклучат на бадниковите поворки.
Збирно место е црквата „Св. Јован Крстител” во 9:00 часот од каде што сите дечиња ќе се упатат кон општинската зграда, а јас како градоначалник ќе ги пречекам и ќе ги дарувам дечињата со божиќно пакетче, напиша Костовски на Фејсбук.За таа цел, како што посочува, Општина Бутел организира автобуски превоз за сите деца. Автобусот поаѓа во 8:45 часот од СРЦ „Македонија”.
Да ја продолжиме Божиќната магија во општина Бутел и оваа година!, се вели на фејсбук страницата на градоначалникот.И Општина Гази Баба се приклучи кон организирање на Бадниковите поворки.
-Традиционално и оваа година, како градоначалник на општина Гази Баба се приклучувам на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање - Божиќ. За таа цел во сабота во просториите на општината ќе ги пречекам сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки на плоштадот Македонија во Центар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа од Нова Колонија и од Црешево. Во Битола собирно место за Бадниковата поворка е пред Офицерскиот дом во 11 часот. На Фејсбук страната на Бадниковите поворки се објавени местата каде што ќе се собираат дечињата во сабота на 6 јануари во повеќе општини во земјата.
The post Бадникови поворки во сабота на градскиот плоштад во Скопје и во останатите градови appeared first on Република.
]]>Здружението за возобновување на вистинските православни вредности „Бадникови поворки“ објави повик за учество до сите градови и населени места во земјава и дијаспората за празнување на претстојните христијански празници Бадник и Божиќ.
- Ги започнуваме подготовките за Бадникови поворки 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја „Вечниот Бог“ и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање! Ги замолуваме сите досегашни организатори да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник, објави Здружението на Фејсбук.
Од Здржението ги замолуваат сите градови и населени места кои досега немале Бадникови поворки да се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ.
Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот. „Почувствувај радост“ е слоганот на Бадникови поворки 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици, стои во објавата.
Од Здружението за возобновување на вистинските православни вредности „Бадникови поворки“ информираат дека се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во земјава, се подготвуваат божиќни концерти и претстави, се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда, се подготвува прием и дарување од градоначалниците... Најавуваат дека се подготвува Божиќна сликовница, божиќни стикери и уште многу други изненадувања.
The post Објавен повикот за учество на Бадниковите поворки 2024 appeared first on Република.
]]>- Ги започнуваме подготовките за Бадникови поворки 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја „Вечниот Бог“ и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање! Ги замолуваме сите досегашни организатори да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник, објави Здружението на Фејсбук.Од Здржението ги замолуваат сите градови и населени места кои досега немале Бадникови поворки да се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ.
Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот. „Почувствувај радост“ е слоганот на Бадникови поворки 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици, стои во објавата.Од Здружението за возобновување на вистинските православни вредности „Бадникови поворки“ информираат дека се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во земјава, се подготвуваат божиќни концерти и претстави, се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда, се подготвува прием и дарување од градоначалниците... Најавуваат дека се подготвува Божиќна сликовница, божиќни стикери и уште многу други изненадувања.
The post Објавен повикот за учество на Бадниковите поворки 2024 appeared first on Република.
]]>Ваше Блаженство, почитуван и сакан наш Архипастиру,
Соочувајќи се со Вашата реакција во јавноста, а во однос на нецелосното презентирање на Вашата титула „Архиепископот Охридски и Македонски” длабоко извинувајќи ви се како организатор на концертот, сакаме да Ве известиме дека се работи за ненамерен пропуст во составувањето на сценариото и воедно да отфрлиме секаква залонамерна предумисла.
Имено, како што внимателно испитавме и утврдивме, непосакуваниот пропуст настана во воведот на сценариото, односно во обраќањето на почетокот, од каде што потоа вашето скратено ословување се појави и на кајронот при Вашето обраќање, при што јавниот сервис МТВ нема никаква вина по однос на ова непредвидено искушение.
А дека се работи за ненамерен пропуст, докажува и тоа што во подоцнежниот дел од сценариото, и од страна на водителот, како и од страна на претставникот на нашето здружение, бевте посочени и повикани на сцената со Вашата полна титула: архиепископ Охридски и Македонски”.
Впрочем, топлиот дух на целата атмосфера, како и љубовта со која Ви се обраќавме – не само ние, туку и пејачката на концертот, којашто во повеќе наврати Ви се обрати неформално но топло и срдечно – сведочи за нашата верност, посветеност и синовска почит кон Вас.
https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-bara-izvinuvane-od-mrt-na-kajronot-bil-pretstaven-bez-makedonski-mrtv-se-ogradi-na-toa-insistiral-organizatorot/
Ние како здружение, верно на нашата најсвета МПЦ-ОА, сме сигурни и постјани во љубовта и почитта кон Вас, Вашата личност, кон Вашето дело и кон местото на Претстојател на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Ние сме верници кои го почитуваат редот и поредокот во Црквата и не сакаме никого и со ништо да навредиме, а нашата љубов кон Вас, досега многупати, а вчера особено беше покажана пред лицето на јавноста не како нешто невистинито, туку како изблик на искрена љубов кон Вас од нашето срце. Всушност, и целиот наш волонтерски ангажман кон возобновувањето на автентичните православни традиции за празнувањето на Божик, со поворките и пеењето на преданиските текстови на каландите, е еден наш жртвен и макотрпен принос, но и дар за нашата Црква, како и за Вас како нејзин Поглавар.
Не сакаме оваа ненамерна ситуација да фрли сенка на сиот наш досегашен труд, на нашето уважување и љубов кон Вас. Особено не поради лошите намери на поединци, кои без никаков труд, сега сакаат со своето лошо зборување и злонамерно расудување – правејќи проблем таму каде што го нема, да го урнат тоа што е очигледно – нашата ревност кон верата и преданијата на Црквата.
Примете го уште еднаш нашето длабоко извинување за ненамерниот пропуст.
Со прозби за Вашиот благослов и архипастирските молитви,
The post Бадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан за нецелосното презентирање на титулата „архиепископ Охридски и Македонски” appeared first on Република.
]]>The post Бадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан за нецелосното презентирање на титулата „архиепископ Охридски и Македонски” appeared first on Република.
]]>Поглаварот на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божиќен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „архиепископ Охридски“.
За време на вчерашниот Божиќен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски.
Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С С Е Р О Д И!, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.
За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата.
Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, велат од МТВ.
The post Г.г. Стефан бара извинување од МРТ, на кајронот бил претставен без „македонски“, МРТВ се огради, на тоа инсистирал организаторот appeared first on Република.
]]>За време на вчерашниот Божиќен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски. Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С С Е Р О Д И!, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата.
Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, велат од МТВ.
The post Г.г. Стефан бара извинување од МРТ, на кајронот бил претставен без „македонски“, МРТВ се огради, на тоа инсистирал организаторот appeared first on Република.
]]>Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со македонскиот пејач Ламбе Алабаковски утрово во дворот на општината ги дочекаа коледарчињата кој земаа учество на бадникарските поворки оваа година.
Му благодарам на Господ за денешниот ден!
Народе мој од срце Ви благодарам!
Немам зборови со кои можам да го опишам моето чувство на среќа и гордост! Дворот на општина Гази Баба беше полн со дечиња, кои носејќи во рацете ѕвезди му пееа на Господ!
Му благодарам на Ламбе Алабаковски што ја прифати мојата покана и утрово заедно со мене беше домаќин на коледарчињата од општина Гази Баба.
На секое дете му подаривме божиќно пакетче како симбол на денот пред Божиќ!
Од тука потоа сите заедно со дечињата се упативме во центарот на нашето Скопје и бевме дел централната манифестација на бадниковите поворки.
Изразувам благодарност до организаторите на овој настан, бидејќи само силни и обединети во нашата вера ќе знаеме како правилно да живееме, но пред и над се да бидеме добри луѓе и да си помагаме меѓусебе, напиша Стефковски.
The post „Му благодарам на Господ за денешниот ден!“: Ламбе и градоначалникот Стефковски со подароци ги пречекаа коледарчињата во Гази Баба appeared first on Република.
]]>Му благодарам на Господ за денешниот ден! Народе мој од срце Ви благодарам! Немам зборови со кои можам да го опишам моето чувство на среќа и гордост! Дворот на општина Гази Баба беше полн со дечиња, кои носејќи во рацете ѕвезди му пееа на Господ! Му благодарам на Ламбе Алабаковски што ја прифати мојата покана и утрово заедно со мене беше домаќин на коледарчињата од општина Гази Баба. На секое дете му подаривме божиќно пакетче како симбол на денот пред Божиќ! Од тука потоа сите заедно со дечињата се упативме во центарот на нашето Скопје и бевме дел централната манифестација на бадниковите поворки. Изразувам благодарност до организаторите на овој настан, бидејќи само силни и обединети во нашата вера ќе знаеме како правилно да живееме, но пред и над се да бидеме добри луѓе и да си помагаме меѓусебе, напиша Стефковски.
The post „Му благодарам на Господ за денешниот ден!“: Ламбе и градоначалникот Стефковски со подароци ги пречекаа коледарчињата во Гази Баба appeared first on Република.
]]>Во вкупно 62 градови и населени места во земјава денеска илјадници деца зачекорија во бадникови поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.
https://republika.mk/vesti/makedonija/iljadnitsi-detsa-del-od-badnikovite-povorki-niz-62-mesta-niz-makedonija/
Најголемата бадникова манифестација се одржа во Скопје со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства беа пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).
По концертот се оформи бадникова поворка што преку Камениот мост се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде што сите коледарчиња беа дочекани и дарувани од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.
Свечени бадникови поворки со стотици деца се организираа и во Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци…
Во сите поголеми градови во земјава, исто како и во Скопје, поворката беше крунисана со празнични концерти на пригодни божиќни песни во кои учествуваа локални ѕвезди и хорови.
The post Бадниковата поворка во Скопје заврши во Соборниот храм каде г.г. Стефан ги даруваше коледарчињата appeared first on Република.
]]>The post Бадниковата поворка во Скопје заврши во Соборниот храм каде г.г. Стефан ги даруваше коледарчињата appeared first on Република.
]]>Во вкупно 62 градови и населени места во Македонија, илјадници деца утрово чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја „Вечниот Бог“. Како што велат од Здружението за возобновување на православни традиции, со овие поворки децата го најавуваат Христовото Раѓање.
Најголемата бадникова манифестација во Скопје, која ја водат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев, започна во 11 часот со мал празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија“ со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).
https://republika.mk/scena/muzika/objavena-tretata-verzija-na-bozhiknata-pesna-vechniot-bog/
После малиот концерт, ќе се оформи најголемата бадникова поворка во Македонија, што преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, објаснуваат од „Бадникови поворки“.
Во исто време, свечени бадникови поворки со учество на стотици деца со нивните семејства се организираат и во: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци...
Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни во кои учествуваат локалните ѕвезди и хорчиња. Во Охрид на плоштадот децата ги пречекува градоначалникот Кирил Пецаков, кој подготви пакетчиња за сите учесници.
Ајде заедно да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост и да се помолиме, со Христовото Раѓање, во нашите срца да се родат добри дела! Затоа, најтопло Ве покануваме, придружете ни се во поворките!, велат од Здружението.
The post Илјадници деца дел од Бадниковите поворки низ 62 места низ Македонија appeared first on Република.
]]>После малиот концерт, ќе се оформи најголемата бадникова поворка во Македонија, што преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, објаснуваат од „Бадникови поворки“.Во исто време, свечени бадникови поворки со учество на стотици деца со нивните семејства се организираат и во: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци... Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни во кои учествуваат локалните ѕвезди и хорчиња. Во Охрид на плоштадот децата ги пречекува градоначалникот Кирил Пецаков, кој подготви пакетчиња за сите учесници. Ајде заедно да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост и да се помолиме, со Христовото Раѓање, во нашите срца да се родат добри дела! Затоа, најтопло Ве покануваме, придружете ни се во поворките!, велат од Здружението.
The post Илјадници деца дел од Бадниковите поворки низ 62 места низ Македонија appeared first on Република.
]]>Во пресрет на Бадник и одржувањето на Бадниковите поворки, објавена е третата верзија и спотот на божикната песна „Вечниот Бог“. Официјалната промоција на песната и спотот ќе се одржи утре на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во рамки на малиот божиќен концерт што ќе ѝ претходи на Бадниковата поворка.
Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание. Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души. Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме, порачуваат во соопштение од Здружението „Бадникови поворки“.
Теретата верзија на „Вечниот Бог“ снимена месецов е во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче.
Останатиот дел од екипата која беше дел од создавањето на ова аудио-визуелно дело се актерите Крсте Јовановски, Петар Мирчевски и Валентина Грамосли, Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов. Аранжман и оркестрација Владимир Димовски.
Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ – клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу – тимпани, чинела. Хор – Златно славејче
Бадниковите поворки со почеток во 10 и 11 часот утре ќе се одржуваат во 62 градови и населени места низ Македонија.
https://youtu.be/wSg11DyfJTw
The post Објавена третата верзија на божикната песна „Вечниот Бог“ appeared first on Република.
]]>Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание. Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души. Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме, порачуваат во соопштение од Здружението „Бадникови поворки“.Теретата верзија на „Вечниот Бог“ снимена месецов е во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче. Останатиот дел од екипата која беше дел од создавањето на ова аудио-визуелно дело се актерите Крсте Јовановски, Петар Мирчевски и Валентина Грамосли, Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов. Аранжман и оркестрација Владимир Димовски. Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ – клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу – тимпани, чинела. Хор – Златно славејче Бадниковите поворки со почеток во 10 и 11 часот утре ќе се одржуваат во 62 градови и населени места низ Македонија. https://youtu.be/wSg11DyfJTw
The post Објавена третата верзија на божикната песна „Вечниот Бог“ appeared first on Република.
]]>Здружението „Бадникови поворки” денеска на првиот ден од божикниот пост во малата концертна сала на Македонска филхармонија, ќе ги презентира активностите за претстојното одбележување на Бадник и Божик.
– По двегодишниот копнеж по бадниковите поворки на радоста во коишто, во последните години учество земаа над 15 илјади деца од 40 градови и населени места низ Републиката и по кои станавме препознатливи на Балканот и пошироко, конечно можеме да кажеме: традиција продолжува!, истануваат од „Бадникови поворки“.
Најавија дека на денешната прес-конференцијата покрај другото ќе биде соопштено и какво освежување ќе добие омилената божиќна песна „Вечниот Бог” и зошто, каков ќе биде видео записот и кои ќе бидат главните носители на годинашната божиќна приказна, каков божиќен концерт се подготвува за децата, а каков за возрасните, кои други активности ќе го одбележат 40-дневниот период на пост и подготовките за Бадник и Божиќ во полн сјај
The post Се ближи Бадник: Почнуваат активностите за одбележување appeared first on Република.
]]>The post Се ближи Бадник: Почнуваат активностите за одбележување appeared first on Република.
]]>