азиланти Archives - Република https://republika.mk/tema/azilanti/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 06:05:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png азиланти Archives - Република https://republika.mk/tema/azilanti/ 32 32 Албанците најмногу бараат азил во ЕУ, Македонците на дното https://republika.mk/vesti/balkan/albantsite-najmnogu-baraat-azil-vo-eu-makedontsite-na-dnoto/ Tue, 17 Sep 2024 06:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=816955

Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија.

Во најновиот  извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите чќленки на  ЕУ.

- Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и бројот на барања за азил од државјани на Косово во земја од ЕУ, и во првата половина од годинава биле поднесени 3.375 барања.

Според извештајот на ЕУАА, граѓаните на Македонија поднеле 1.872 барања за азил, Србија 1.660, Босна и Херцеговина 750 и Црна Гора 182 барања.

- Од податоците објавени претходно од Европската агенција за азил, чекаат да се испитаат околу 2.700 барања на граѓани од Албанија собрани во текот на изминатата година, додека стапката на признавање на азил е многу ниска за албанските државјани, не надминува три отсто од вкупниот број барања поднесени во земјите од ЕУ.

Во меѓувреме, според новообјавениот извештај на Европската агенција за статистика (Евростат), граѓаните од Албанија исто така добиле најголем број дозволи за престој во земјите на ЕУ во текот на 2023 година од балканскиот регион.

Според Евростат, 74.938 граѓани од Албанија првпат добиле дозвола за престој во земја од ЕУ во 2023 година, од нив околу 41.760 добиле дозволи од семејни причини, 13.144 од други неутврдени причини, а 2.450 за образование

The post Албанците најмногу бараат азил во ЕУ, Македонците на дното appeared first on Република.

]]>

Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија. Во најновиот  извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите чќленки на  ЕУ.
- Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и бројот на барања за азил од државјани на Косово во земја од ЕУ, и во првата половина од годинава биле поднесени 3.375 барања.
Според извештајот на ЕУАА, граѓаните на Македонија поднеле 1.872 барања за азил, Србија 1.660, Босна и Херцеговина 750 и Црна Гора 182 барања.
- Од податоците објавени претходно од Европската агенција за азил, чекаат да се испитаат околу 2.700 барања на граѓани од Албанија собрани во текот на изминатата година, додека стапката на признавање на азил е многу ниска за албанските државјани, не надминува три отсто од вкупниот број барања поднесени во земјите од ЕУ.
Во меѓувреме, според новообјавениот извештај на Европската агенција за статистика (Евростат), граѓаните од Албанија исто така добиле најголем број дозволи за престој во земјите на ЕУ во текот на 2023 година од балканскиот регион. Според Евростат, 74.938 граѓани од Албанија првпат добиле дозвола за престој во земја од ЕУ во 2023 година, од нив околу 41.760 добиле дозволи од семејни причини, 13.144 од други неутврдени причини, а 2.450 за образование

The post Албанците најмногу бараат азил во ЕУ, Македонците на дното appeared first on Република.

]]>
Белгија не се откажува од идејата државата да нема обврска да ги сместува азилантите-самци https://republika.mk/vesti/svet/belgija-ne-se-otkazhuva-od-idejata-drzhavata-da-nema-obvrska-da-gi-smestuva-azilantite-samtsi/ Wed, 20 Sep 2023 13:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=683477

Белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур најави дека нема намера да се откаже од својата идеја да не дозволи семејства на азиланти со деца да останат на улица во текот на зимата, затоа што државата нема каде да ги смести.

Мур минатиот месец објави план кој предвидуваше дека белгиската Федерална агенција за прием на баратели на азил (Федасил) повеќе нема да им обезбедува сместување на барателите на азил-самци, со цел во услови на „зголемен прилив на семејства со деца“ да има доволно места за нивно загрижување и да се избегне опасноста „деца да останат на улица во текот на зимата“.

На ваквиот предлог на Де Мур реагираа осум белгиски здруженија за човекови права обжалувајќи ја одлуката пред Државниот совет на Белгија, оценувајќи дека со неа не само што се кршат правата на барателите на азил, туку и правото на ЕУ и дека нејзиното спроведување ќе донесе мигрантите на улиците.

Државниот совет, кој е највисок административен суд во Белгија, минатата недела пресуди дека со таквата одлука „не се почитува правото на прием“ на азилантите утврдено со закон, кој им гарантира материјална помош, вклучително и сместување, на сите баратели на азил во текот на постапката за одлучување по нивната апликација.

- Законот не дозволува партиите да им го одземат тоа право на одредена категорија баратели на азил, во овој случај мажи-самци, заклучи Советот.

Но, според Де Мур, само затоа што Државниот совет одлучил така, не значи дека наеднаш би било можно на овие луѓе да им се најде сместување.

- Нема дополнителни места. Ова е привремена мерка што ја презедов за да се осигурам дека има доволно места за семејствата и децата, изјави Де Мур.

Ваквата изјава на Де Мур одново ги алармира организациите за заштита на човековите права. Директорка на Европскиот совет за бегалци и протерани лица (ЕЦРЕ), Кетрин Вулард изјави дека одлуката на белгиската Влада претставува „краен флагрантен недостиг на почитување на владеењето на правото“,

- Ова што го гледаме е незаконски. Судот си ја заврши својата работа и одлучи против таа политика, а потоа Владата вели дека ќе продолжи со таа незаконска политика, додаде Вулард.

Според неа, проблемот е што Белгија сама ја предизвикала кризата со недостиг на места за згрижување на мигрантите, како резултат на „намерно неинвестирање во соодветни капацитети за прием“.

Тине Клаус, директорка на организација Згрижување на бегалците – Фландрија (ВВВ), кое е едно од осумте здруженија што ја обжалија одлуката на Де Мур, оцени дека ваквата „нехумана“ политика ќе предизвика „значителна физичка и ментална траума“ за барателите на азил во Белгија, што ќе ја отежне нивната интеграција .

Според неа, воопшто не станува збор за недостиг на капацитети, тука само за немање политичка волја.

- Последните две години видовме недостиг на политичка волја за решавање на оваа криза, а решението беше лесно. Не разбираме зошто Федералната влада не беше подготвена да преземе правни мерки, експлицитно предвидени со законот за вакви ситуации, вели Клаус, која смета дека доколку надлежностите за згрижување на азилантите се пренесе на белгиските општини, тогаш ќе се најде сместување за сите баратели на азил.

Според координаторот за политика и поддршка на ВВВ, Јост Депотер, постои загриженост дека и претстојнава зима, трета година по ред, луѓе ќе спијат на улица.

Во извештај на организацијата се посочува дека одлуката на Де Мур е само официјална потврда на трендот што постои на азилантите-самци „систематски да им се забранува пристап до сместување и да мора да се регистрираат на листа на чекање“.

Граѓанските активисти сметаат дека одлуката на Де Мур всушност има за цел да се испрати порака дека Белгија е непожелно место за барателите на азил и тие да се одвратат од доаѓање во земјата.

Белгиските судови досега имаат изречено над 8000 пресуди против Федералната агенција за прием на баратели на азил (Федасил) поради тоа што не обезбедила сместување за баратели на азил, додека Европскиот суд за човекови права изрече стотици привремени мерки, барајќи од Белгија да им обезбеди сместување и помош на азилантите.

Федерална влада е под засилен притисок на десничарските партии во врска со прашањето со миграцијата. Двете најголеми фламански партии, екстремно десничарската Фламански интерес (ВБ) и националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), оценија дека Влада треба повеќе да се фокусира на враќање на мигрантите кои не добиле азил во Белгија, отколку на нивно згрижување.

Според Де Мур, Белгија е под притисок на големиот број баратели на азил, прашање за кое се потребни реформи на ниво на ЕУ.

- Белгија жестоко ќе притиска да се унапреди работата на Миграцискиот пакт на ЕУ, кога ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ на почетокот на следната година, најави Де Мур.

The post Белгија не се откажува од идејата државата да нема обврска да ги сместува азилантите-самци appeared first on Република.

]]>

Белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур најави дека нема намера да се откаже од својата идеја да не дозволи семејства на азиланти со деца да останат на улица во текот на зимата, затоа што државата нема каде да ги смести. Мур минатиот месец објави план кој предвидуваше дека белгиската Федерална агенција за прием на баратели на азил (Федасил) повеќе нема да им обезбедува сместување на барателите на азил-самци, со цел во услови на „зголемен прилив на семејства со деца“ да има доволно места за нивно загрижување и да се избегне опасноста „деца да останат на улица во текот на зимата“. На ваквиот предлог на Де Мур реагираа осум белгиски здруженија за човекови права обжалувајќи ја одлуката пред Државниот совет на Белгија, оценувајќи дека со неа не само што се кршат правата на барателите на азил, туку и правото на ЕУ и дека нејзиното спроведување ќе донесе мигрантите на улиците. Државниот совет, кој е највисок административен суд во Белгија, минатата недела пресуди дека со таквата одлука „не се почитува правото на прием“ на азилантите утврдено со закон, кој им гарантира материјална помош, вклучително и сместување, на сите баратели на азил во текот на постапката за одлучување по нивната апликација. - Законот не дозволува партиите да им го одземат тоа право на одредена категорија баратели на азил, во овој случај мажи-самци, заклучи Советот. Но, според Де Мур, само затоа што Државниот совет одлучил така, не значи дека наеднаш би било можно на овие луѓе да им се најде сместување. - Нема дополнителни места. Ова е привремена мерка што ја презедов за да се осигурам дека има доволно места за семејствата и децата, изјави Де Мур. Ваквата изјава на Де Мур одново ги алармира организациите за заштита на човековите права. Директорка на Европскиот совет за бегалци и протерани лица (ЕЦРЕ), Кетрин Вулард изјави дека одлуката на белгиската Влада претставува „краен флагрантен недостиг на почитување на владеењето на правото“, - Ова што го гледаме е незаконски. Судот си ја заврши својата работа и одлучи против таа политика, а потоа Владата вели дека ќе продолжи со таа незаконска политика, додаде Вулард. Според неа, проблемот е што Белгија сама ја предизвикала кризата со недостиг на места за згрижување на мигрантите, како резултат на „намерно неинвестирање во соодветни капацитети за прием“. Тине Клаус, директорка на организација Згрижување на бегалците – Фландрија (ВВВ), кое е едно од осумте здруженија што ја обжалија одлуката на Де Мур, оцени дека ваквата „нехумана“ политика ќе предизвика „значителна физичка и ментална траума“ за барателите на азил во Белгија, што ќе ја отежне нивната интеграција . Според неа, воопшто не станува збор за недостиг на капацитети, тука само за немање политичка волја. - Последните две години видовме недостиг на политичка волја за решавање на оваа криза, а решението беше лесно. Не разбираме зошто Федералната влада не беше подготвена да преземе правни мерки, експлицитно предвидени со законот за вакви ситуации, вели Клаус, која смета дека доколку надлежностите за згрижување на азилантите се пренесе на белгиските општини, тогаш ќе се најде сместување за сите баратели на азил. Според координаторот за политика и поддршка на ВВВ, Јост Депотер, постои загриженост дека и претстојнава зима, трета година по ред, луѓе ќе спијат на улица. Во извештај на организацијата се посочува дека одлуката на Де Мур е само официјална потврда на трендот што постои на азилантите-самци „систематски да им се забранува пристап до сместување и да мора да се регистрираат на листа на чекање“. Граѓанските активисти сметаат дека одлуката на Де Мур всушност има за цел да се испрати порака дека Белгија е непожелно место за барателите на азил и тие да се одвратат од доаѓање во земјата. Белгиските судови досега имаат изречено над 8000 пресуди против Федералната агенција за прием на баратели на азил (Федасил) поради тоа што не обезбедила сместување за баратели на азил, додека Европскиот суд за човекови права изрече стотици привремени мерки, барајќи од Белгија да им обезбеди сместување и помош на азилантите. Федерална влада е под засилен притисок на десничарските партии во врска со прашањето со миграцијата. Двете најголеми фламански партии, екстремно десничарската Фламански интерес (ВБ) и националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), оценија дека Влада треба повеќе да се фокусира на враќање на мигрантите кои не добиле азил во Белгија, отколку на нивно згрижување. Според Де Мур, Белгија е под притисок на големиот број баратели на азил, прашање за кое се потребни реформи на ниво на ЕУ. - Белгија жестоко ќе притиска да се унапреди работата на Миграцискиот пакт на ЕУ, кога ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ на почетокот на следната година, најави Де Мур.

The post Белгија не се откажува од идејата државата да нема обврска да ги сместува азилантите-самци appeared first on Република.

]]>