азас Archives - Република https://republika.mk/tema/azas/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jul 2023 06:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png азас Archives - Република https://republika.mk/tema/azas/ 32 32 Владата да ја активира Комисијата за посредување во авторските и сродните права и да ги заштити уметниците, бара АЗАС https://republika.mk/vesti/kultura/vladata-da-ja-aktivira-komisijata-za-posreduvane-vo-avtorskite-i-srodnite-prava-i-da-gi-zashtiti-umetnitsite-bara-azas/ Thu, 06 Jul 2023 06:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=658525

Речиси 60 организации од целиот свет кои ги претставуваат аудио-визуелните автори и изведувачи го искажаа нивното незадоволство и загриженост за долгогодишното статус-кво во земјава во однос на регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава и неможноста Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС да почне со колектирање на средства од аудиовизуелните дела.

АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата, а со новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права се предвидува  во рок од шест месеци од влегувањето во сила (осум дена од објавувањето во Службен весник) на овој закон, сите дозволи за колективно управување, вклучително и дозволата издадена на АЗАС да престане да важи.

АЗАС се надева дека надлежните ќе придонесат за Владата сериозно да му пристапи на ова прашање и што е можно поскоро да најде начини за решавање на истото со цел да се заштитат поголемиот дел од македонските автори, продуценти и изведувачи, и да се обезбеди фер, ефикасно и транспарентно применување и распределување на нивните колективни права.

Предложената одредба е целосно погрешна и неуставна и спротивна на Директивите на ЕУ за колективно управување, пред сѐ затоа што веќе стекнатите законски права (дозволи) не може да се одземат. Нагласуваме, АЗАС има дозвола речиси 5 години и додека чека државата да ги исполни законските обврски за да почне со работа, државата ќе ѝ ја одземе оваа дозвола. Овој вид на стекнато право (дозвола) врз основа на закон не може да престане да важи на овој начин. Ова ја прави ситуацијата за меѓународните и домашните аудио-визуелни актери тотално неприфатлива – пишуваат организациите и асоцијациите на аудио-визуелните изведувачи од Латинска Америка, Франција, Словенија, Шпанија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Грција, Португалија, Србија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Зимбабве, Кенија, кои се залагаат за правата на изведувачите и нивното транспарентно, праведно и ефикасно колективно управување, обезбедувајќи им на изведувачите правично учество во искористувањето на нивните аудио-визуелни изведби преку границите.

Тие додаваат дека секоја акција насочена кон лишување на македонските режисери и сценаристи од нивното легитимно право да управуваат со нивните дела преку одземање на лиценцата на АЗАС, нивното единствено претставничко тело, би имало далекусежни последици за овие творци, како на домашно така и на глобално ниво.

Ја повикуваме македонската Влада и нејзините релевантни комисии да размислат за нивните претходни одлуки и да ги преземат неопходните чекори и да ја активираат „Комисијата за посредување во авторските и сродните права“ за да може АЗАС да им помогне во имплементацијата на Директивата за авторски права на ЕУ (2019/790) и Директивата на ЕУ за онлајн радиодифузија (2019/789), бидејќи и двете директиви имаат за цел да ги модернизираат европските правила за авторски права и да им овозможат на потрошувачите, медиумските дистрибутери и креаторите да го искористат максимумот од единствениот дигитален пазар – повикуваат тие.

За генералниот директор на АИПА Словенија, кој неодамна имаше неколку средба со претставници на Секретаријатот за европски прашања, Министерството за култура, Владата и Собранието, неприфатливо е да се одолговлекува целиот процес на одоброување на тарифата. За Штиберник тоа државата нема да ја чини ништо, во исто време ќе има и нови продонеси и нови работни места за доброто на Македонија.

Тоа е голема штета, на прво место за македонските актери, автори и продуценти затоа што македонскиот филм во изминатите неколку години има одлични резултати и познат е во странство. Тоа значи дека организации како АЗАС во Македонија, во цела Европа и светот добиваат пари и во име на македонските актери, автори и продуценти, а тие пари не може да дојдат до Македонија поради моменталната ситуација - изјави Штиберник.

За Хозе Мариа Монтес, директор за интернационална соработка во AISGE од Шпанија, освен важноста за заштита на правата на авторите, изведувачите и продуцентите во аудиовизуелниот сектор и обезбедувањето нивно транспарентно и ефективно колективно управување, спроведувањето на колективното управување со таквите права преку АЗАС ќе ја усогласи Македонија со воспоставените европски практики.

Со воспоставување модерен систем за заштита и остварување на овие права, Македонија може да обезбеди правично наградување, да ја зајакне правната сигурност и да ги поттикне инвестициите и соработката во аудиовизуелната индустрија. Оваа усогласеност со меѓународните стандарди ќе придонесе за растот и конкурентноста на секторот, во корист и на носителите на правата и на потрошувачите – додава тој.

The post Владата да ја активира Комисијата за посредување во авторските и сродните права и да ги заштити уметниците, бара АЗАС appeared first on Република.

]]>