авторско право Archives - Република https://republika.mk/tema/avtorsko-pravo/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 14:47:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авторско право Archives - Република https://republika.mk/tema/avtorsko-pravo/ 32 32 ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-zajaknuvane-na-avtorskoto-pravo-fotoreporteri-i-onlajn-mediumi-vo-potraga-po-sistemski-reshenija/ Mon, 05 Feb 2024 14:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=740599

На иницијатива на претставниците на секцијата на фоторепортери при ЗНМ денеска се одржа средба со претставници на Здружението на онлајн медиуми (Онлајн медиа), на која се разговараше за тековни предизвици поврзани со авторското право и потенцијални модели за подобрување.

Средбата беше поттикната од проблемите со кои се соочуваат фоторепортерите со неовластено преземање на авторски фотографии од страна на дел од медиумите во земјата.

Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина.

Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии.

Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина.

Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии.

На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.

 

The post ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на претставниците на секцијата на фоторепортери при ЗНМ денеска се одржа средба со претставници на Здружението на онлајн медиуми (Онлајн медиа), на која се разговараше за тековни предизвици поврзани со авторското право и потенцијални модели за подобрување. Средбата беше поттикната од проблемите со кои се соочуваат фоторепортерите со неовластено преземање на авторски фотографии од страна на дел од медиумите во земјата. Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина. Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии. Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина. Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии. На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.  

The post ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија appeared first on Република.

]]>