автопат Скопје-Куманово Archives - Република https://republika.mk/tema/avtopat-skopje-kumanovo/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 12:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат Скопје-Куманово Archives - Република https://republika.mk/tema/avtopat-skopje-kumanovo/ 32 32 За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-ke-se-gonat-osum-litsa-i-tri-firmi/ Wed, 18 Sep 2024 12:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=817465

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи" предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-nareden-inspektsiski-nadzor-nad-rabotite-na-avtopatot-skopje-kumanovo-izdadeno-reshenie-za-itno-zapirane/

Станува збор за несреќата од 2 септемви во која на автопатот Скопје - Куманово загинаа 34-годишик од Опае и неговото малолетно дете.

На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае, објаснуваат од МВР.

The post За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми appeared first on Република.

]]>

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи" предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-nareden-inspektsiski-nadzor-nad-rabotite-na-avtopatot-skopje-kumanovo-izdadeno-reshenie-za-itno-zapirane/ Станува збор за несреќата од 2 септемви во која на автопатот Скопје - Куманово загинаа 34-годишик од Опае и неговото малолетно дете.
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае, објаснуваат од МВР.

The post За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми appeared first on Република.

]]>
По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-nareden-inspektsiski-nadzor-nad-rabotite-na-avtopatot-skopje-kumanovo-izdadeno-reshenie-za-itno-zapirane/ Thu, 05 Sep 2024 17:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=813624

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, велат од Обвинителството.

По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.

Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост, соопшти Обвинителството.

The post По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање appeared first on Република.

]]>

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, велат од Обвинителството. По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.