автопат петровец - катланово Archives - Република https://republika.mk/tema/avtopat-petrovec-katlanovo/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 06:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат петровец - катланово Archives - Република https://republika.mk/tema/avtopat-petrovec-katlanovo/ 32 32 Oд денес, повторно наизменично ќе се вози на автопатот Петровец – Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/od-denes-povtorno-naizmenichno-ke-se-vozi-na-avtopatot-petrovets-katlanovo/ Fri, 31 May 2024 06:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=783343

Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, годинава е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. 

The post Oд денес, повторно наизменично ќе се вози на автопатот Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>

Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, годинава е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. 

The post Oд денес, повторно наизменично ќе се вози на автопатот Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>
Од утре повторно градежни работи на автопатот Петровец-Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-povtorno-gradezhni-raboti-na-avtopatot-petrovets-katlanovo/ Thu, 30 May 2024 06:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=782970

Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово.

Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Од утре повторно градежни работи на автопатот Петровец-Катланово appeared first on Република.

]]>

Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово.
Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Од утре повторно градежни работи на автопатот Петровец-Катланово appeared first on Република.

]]>
Од денеска наизменично возење по новиот пат зошто конечно ќе се прави десната лента на автопатот Петровец – Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-naizmenichno-vozene-po-noviot-pat-zoshto-konechno-ke-se-pravi-desnata-lenta-na-avtopatot-petrovets-katlanovo/ Mon, 06 Nov 2023 07:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=698599

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патот с.Извор - с.Иванчишта поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец - Катланово (лево и десно коловоз), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од денеска наизменично возење по новиот пат зошто конечно ќе се прави десната лента на автопатот Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патот с.Извор - с.Иванчишта поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец - Катланово (лево и десно коловоз), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од денеска наизменично возење по новиот пат зошто конечно ќе се прави десната лента на автопатот Петровец – Катланово appeared first on Република.

]]>
По 4-5 години рекунструкција на 11 километри автопат, на Бочварски му треба уште еден месец за да го пушти во употреба https://republika.mk/vesti/ekonomija/po-4-5-godini-rekunstruktsija-na-11-kilometri-avtopat-na-bochvarski-mu-treba-ushte-eden-mesets-za-da-go-pushti-vo-upotreba/ Wed, 04 Oct 2023 15:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=687928

Десната лента од автопатската делница Катланово - Петровец на Коридорот 10, која 4-5 години е затворена за сообраќај, ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на овој месец, соопштува министерството со кое раководи Благој Бочварски.

Министерот за транспорт и врски денеска излегол на терен и констатитал дека асфалтерските работи се во завршна фаза.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/sashko-kocev-da-se-zbereme-utre-da-gi-napravime-ovie-2-km-avtopat-petrovec-katlanovo/

Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека денеска се поставувал завршниот слој на асфалт, а во следниот период ќе се поставува заштитната ограда и сообраќајната сигнализација.

Инвестицијата за рехабилитација на автопатската делница во должина од 11 километри изнесува 6,2 милиони евра. Покрај рехабилитацијата, автопатот ќе се прошири и со уште една дополнителна лента за застанување.

По изборот на новиот изведувач градежните активности ја имаат потребната динамика и комплетно автопатската делница се очекува да биде завршена во рамките на рокот предвиден во договорот, односно до декември оваа година.

„Од денешниот увид се уверивме дека градежните работи се одвиваат со силна динамика. Надзорот и изведувачот не информираа дека десниот коловоз ќе биде завршен за 20-тина дена, со што ќе се постави сигнализацијата и комплетно ќе биде пуштен за сообраќај. Претходно имавме проблеми со слабата реализација, но со изборот на новите изведувачи, сликата комплетно е сменета и оваа делница очекувам комплетно да ја пуштиме за сообраќај до крајот на годината. Ова е многу важна алка од Коридорот 10 бидејќи претставува главна патна врска за граѓаните на Македонија.“ – изјави министерот Бочварски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-od-avtopatot-petrovets-katlanovo-koj-27-mesetsi-stoi-iskopan-vlasta-kazhuva-deka-ovoj-avtopat-e-zavrshen-a-toj-stoi-iskopan-i-na-nego-nema-rabotnitsi/

ЈП за државни патишта е во постојана координација со надзорот и со изведувачот заради навремено завршување на овој проект, потенцираше директорот Рустеми.

„Со цел да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот отпочнавме со рехабилитација на левиот и десниот коловоз кои ќе бидат проширени со уште една лента со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација. Работите се одвиваат со засилено темпо и очекуваме дека до крајот на годинава како што е предвидено со договорот ќе се испочитува рокот за градба.“ – изјави директорот Рустеми.

Обновата на автопатот Петровец-Катланово, чија реконструкција започна во септември 2020 година, е турската компанија „Макимсан“. Најновото владино ветување е дека високофреквентната делница меѓу Скопје и Велес ќе биде готова до крајот на годинава.

The post По 4-5 години рекунструкција на 11 километри автопат, на Бочварски му треба уште еден месец за да го пушти во употреба appeared first on Република.

]]>

Десната лента од автопатската делница Катланово - Петровец на Коридорот 10, која 4-5 години е затворена за сообраќај, ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на овој месец, соопштува министерството со кое раководи Благој Бочварски. Министерот за транспорт и врски денеска излегол на терен и констатитал дека асфалтерските работи се во завршна фаза. https://republika.mk/vesti/ekonomija/sashko-kocev-da-se-zbereme-utre-da-gi-napravime-ovie-2-km-avtopat-petrovec-katlanovo/ Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека денеска се поставувал завршниот слој на асфалт, а во следниот период ќе се поставува заштитната ограда и сообраќајната сигнализација. Инвестицијата за рехабилитација на автопатската делница во должина од 11 километри изнесува 6,2 милиони евра. Покрај рехабилитацијата, автопатот ќе се прошири и со уште една дополнителна лента за застанување. По изборот на новиот изведувач градежните активности ја имаат потребната динамика и комплетно автопатската делница се очекува да биде завршена во рамките на рокот предвиден во договорот, односно до декември оваа година.
„Од денешниот увид се уверивме дека градежните работи се одвиваат со силна динамика. Надзорот и изведувачот не информираа дека десниот коловоз ќе биде завршен за 20-тина дена, со што ќе се постави сигнализацијата и комплетно ќе биде пуштен за сообраќај. Претходно имавме проблеми со слабата реализација, но со изборот на новите изведувачи, сликата комплетно е сменета и оваа делница очекувам комплетно да ја пуштиме за сообраќај до крајот на годината. Ова е многу важна алка од Коридорот 10 бидејќи претставува главна патна врска за граѓаните на Македонија.“ – изјави министерот Бочварски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-od-avtopatot-petrovets-katlanovo-koj-27-mesetsi-stoi-iskopan-vlasta-kazhuva-deka-ovoj-avtopat-e-zavrshen-a-toj-stoi-iskopan-i-na-nego-nema-rabotnitsi/ ЈП за државни патишта е во постојана координација со надзорот и со изведувачот заради навремено завршување на овој проект, потенцираше директорот Рустеми.
„Со цел да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот отпочнавме со рехабилитација на левиот и десниот коловоз кои ќе бидат проширени со уште една лента со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација. Работите се одвиваат со засилено темпо и очекуваме дека до крајот на годинава како што е предвидено со договорот ќе се испочитува рокот за градба.“ – изјави директорот Рустеми.
Обновата на автопатот Петровец-Катланово, чија реконструкција започна во септември 2020 година, е турската компанија „Макимсан“. Најновото владино ветување е дека високофреквентната делница меѓу Скопје и Велес ќе биде готова до крајот на годинава.

The post По 4-5 години рекунструкција на 11 километри автопат, на Бочварски му треба уште еден месец за да го пушти во употреба appeared first on Република.

]]>
Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ochekuva-avtopatite-petrovec-katlanovo-i-kichevo-ohrid-da-se-zavrshat-idnata-godina/ Fri, 16 Dec 2022 12:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=586468

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.

Деновиве започнуваат мерењата на терен, да се направат дополнителни мерења од страна на новиот изведувач и секако од почетокот на наредната година очекуваме и градежни работи согласно временските услови. Нашите очекувања се дека оваа делница мора да биде завршена наредната година бидејќи тоа го должиме на граѓаните, но некогаш постојат и вакви околности и услови кога изведувачите не ги почитуваат зададените рокови и тогаш преминуваме кон раскинување на договорот, рече Бочварски.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.

Имаме тим од сите ресори од Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за имотно-правни односи, Правобранителство, Агенцијата за катастар на недвижности и други кои имаат удел во оваа постапка и работат секојдневно на решавање на сите процедури и потешкотии кои се јавија на терен, но прогресот се одвива сега добро, работите течат и нашиот рок што сме го задале за реализација на овој автопат е непроменет, нагласи Бочварски.

The post Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.
Деновиве започнуваат мерењата на терен, да се направат дополнителни мерења од страна на новиот изведувач и секако од почетокот на наредната година очекуваме и градежни работи согласно временските услови. Нашите очекувања се дека оваа делница мора да биде завршена наредната година бидејќи тоа го должиме на граѓаните, но некогаш постојат и вакви околности и услови кога изведувачите не ги почитуваат зададените рокови и тогаш преминуваме кон раскинување на договорот, рече Бочварски.
Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.
Имаме тим од сите ресори од Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за имотно-правни односи, Правобранителство, Агенцијата за катастар на недвижности и други кои имаат удел во оваа постапка и работат секојдневно на решавање на сите процедури и потешкотии кои се јавија на терен, но прогресот се одвива сега добро, работите течат и нашиот рок што сме го задале за реализација на овој автопат е непроменет, нагласи Бочварски.

The post Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година appeared first on Република.

]]>
Сашко Коцев: Да се збереме утре да ги направиме овие 2 км автопат Петровец-Катланово? https://republika.mk/vesti/ekonomija/sashko-kocev-da-se-zbereme-utre-da-gi-napravime-ovie-2-km-avtopat-petrovec-katlanovo/ Sun, 20 Nov 2022 18:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=576229

Само во Македонија пат од неколку километри се прави цели три години. Вакви се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи на автопатот кај Катланово кој се реконстурира веќе неколку години.

Средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми неодамна потврди договорот со компанијата „Бетон“ е раскинат.

На оваа тема, вчера во негов стил, на социјалните мрежи пишуваше и актерот Сашко Коцев.

Да се збереме утре да ги направиме овие 2 км автопат Петровец-Катланово? (4 години минаха), напиша тој на фејсбук.

The post Сашко Коцев: Да се збереме утре да ги направиме овие 2 км автопат Петровец-Катланово? appeared first on Република.

]]>

Само во Македонија пат од неколку километри се прави цели три години. Вакви се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи на автопатот кај Катланово кој се реконстурира веќе неколку години. Средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми неодамна потврди договорот со компанијата „Бетон“ е раскинат. На оваа тема, вчера во негов стил, на социјалните мрежи пишуваше и актерот Сашко Коцев.