автокамп Archives - Република https://republika.mk/tema/avtokamp/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 11:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автокамп Archives - Република https://republika.mk/tema/avtokamp/ 32 32 Приколка полна дрога во охридски автокамп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prikolka-polna-droga-vo-ohridski-avtokamp/ Wed, 24 Jul 2024 11:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=799822

Вчеравечер во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.

При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, велат од МВР.

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Приколка полна дрога во охридски автокамп appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, велат од МВР. Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Приколка полна дрога во охридски автокамп appeared first on Република.

]]>
Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда https://republika.mk/zivot/patuvanja/se-renovira-eden-od-najubavite-avtokampovi-livadishta-kaj-radozhda/ Sun, 31 Mar 2024 13:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=760591

ЕСМ Молика почна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро.

Како што посочуваат од претпријатието, целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.

За првпат по 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори, се наведува во соопштението.

Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското Езеро.

Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација.

Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, од ЕСМ Молика информираат дека ги известиле за градежно-занаетчиските работи кои се почнати во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени.

По целосната реконструкција на хотелот Молика, прва по 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

The post Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Молика почна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро. Како што посочуваат од претпријатието, целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.
За првпат по 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори, се наведува во соопштението.
Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското Езеро. Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација. Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, од ЕСМ Молика информираат дека ги известиле за градежно-занаетчиските работи кои се почнати во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени. По целосната реконструкција на хотелот Молика, прва по 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

The post Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда appeared first on Република.

]]>