автобуска станица Archives - Република https://republika.mk/tema/avtobuska-stanica/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Aug 2023 13:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автобуска станица Archives - Република https://republika.mk/tema/avtobuska-stanica/ 32 32 Бебето паднало во ВЦ-школка откако девојка почна да се пораѓа на автобуската станица во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/bebeto-padnalo-vo-vts-shkolka-otkako-devojka-pochna-da-se-poraga-na-avtobuskata-stanitsa-vo-belgrad/ Mon, 07 Aug 2023 14:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=669658

Слушнав како некој вика: „Помош, помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов многу вознемирена девојка, целосно беше избезумена. Жената, на околу 20 години, веќе се породила, а детето паднало во ВЦ школката! Го извадив, целото беше посивено, црно! Ама успеав да го оживеам!

Вака за српски „Блиц“ раскажува Здравка Рутиќ, хигиеничарка во тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, која била сведок на оваа неверојатна сцена, која добро се заврши поради нејзината присебност и брзо делување.

Набрзо, вели, дошло обезбедувањето и повикало брза помош, од каде лекарите по телефон им објасниле што да направат додека да дојде помошт, односно како да ја врзат папочната врвца.

Рутиќ вели дека жената родила момче и го крстила Вук.

Се започнало кога автобусот од линијата Ковин-Куршумлија правел пауза во Белград, на Главната автобуска станица. Меѓу патниците била девојката на околу 20 години, бремена во деветти месец. Таа патувала со мајка си и ќерка си. Паузата ја искористила за да отиде во тоалет, кога се случило породувањето.

The post Бебето паднало во ВЦ-школка откако девојка почна да се пораѓа на автобуската станица во Белград appeared first on Република.

]]>

Слушнав како некој вика: „Помош, помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов многу вознемирена девојка, целосно беше избезумена. Жената, на околу 20 години, веќе се породила, а детето паднало во ВЦ школката! Го извадив, целото беше посивено, црно! Ама успеав да го оживеам! Вака за српски „Блиц“ раскажува Здравка Рутиќ, хигиеничарка во тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, која била сведок на оваа неверојатна сцена, која добро се заврши поради нејзината присебност и брзо делување. Набрзо, вели, дошло обезбедувањето и повикало брза помош, од каде лекарите по телефон им објасниле што да направат додека да дојде помошт, односно како да ја врзат папочната врвца. Рутиќ вели дека жената родила момче и го крстила Вук. Се започнало кога автобусот од линијата Ковин-Куршумлија правел пауза во Белград, на Главната автобуска станица. Меѓу патниците била девојката на околу 20 години, бремена во деветти месец. Таа патувала со мајка си и ќерка си. Паузата ја искористила за да отиде во тоалет, кога се случило породувањето.

The post Бебето паднало во ВЦ-школка откако девојка почна да се пораѓа на автобуската станица во Белград appeared first on Република.

]]>
Пожар на автобуската станица во Сараево, медиумите јавуваат и за повредени https://republika.mk/vesti/pozar-na-avtobuskata-stanica-vo-saraevo-mediumite-javuvaat-i-za-povredeni/ Wed, 16 Feb 2022 14:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=459422

На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми има и повредени.

На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи. Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во рамки на aвтобуската станица.

Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата.

Засега не е позната причината за пожарот во Општина Ново Сараево.

The post Пожар на автобуската станица во Сараево, медиумите јавуваат и за повредени appeared first on Република.

]]>

На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми има и повредени. На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи. Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во рамки на aвтобуската станица. Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата. Засега не е позната причината за пожарот во Општина Ново Сараево.

The post Пожар на автобуската станица во Сараево, медиумите јавуваат и за повредени appeared first on Република.

]]>
Вработен на автобуска станица во Гостивар давал упатства на девојка како да ја ограби станицата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-na-avtobuska-stanica-vo-gostivar-daval-upatstva-na-devojka-kako-da-ja-ograbi-stanicata/ Tue, 11 Jan 2022 14:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=443205

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело.

Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар. Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите. Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​

The post Вработен на автобуска станица во Гостивар давал упатства на девојка како да ја ограби станицата appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело. Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар. Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите. Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​

The post Вработен на автобуска станица во Гостивар давал упатства на девојка како да ја ограби станицата appeared first on Република.

]]>