автобуска несреќа бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/avtobuska-nesrekja-bugarija/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 08:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автобуска несреќа бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/avtobuska-nesrekja-bugarija/ 32 32 Две години од кобната несреќа во Бугарија кога згаснаа животите на 45 лица, меѓу кои 12 деца https://republika.mk/vesti/balkan/dve-godini-od-kobnata-nesreka-vo-bugarija-koga-zgasnaa-zhivotite-na-45-litsa-megu-koi-12-detsa/ Thu, 23 Nov 2023 08:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=715388

Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца.

На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. До денеска истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија, главна причина е човечка грешка.

Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.

„Времето во кое ја виде заштитната ограда и се обиде да реагира беше само 1,8 секунди, што беше недоволно и не можеше да реагира поради оваа голема брзина“, изјави портпаролот на Националната истражна служба (НСЛС) Маријан Маринов.

Според инспекторите, автобусот се запалил за неколку минути.

The post Две години од кобната несреќа во Бугарија кога згаснаа животите на 45 лица, меѓу кои 12 деца appeared first on Република.

]]>

Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца. На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. До денеска истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија, главна причина е човечка грешка. Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.
„Времето во кое ја виде заштитната ограда и се обиде да реагира беше само 1,8 секунди, што беше недоволно и не можеше да реагира поради оваа голема брзина“, изјави портпаролот на Националната истражна служба (НСЛС) Маријан Маринов.
Според инспекторите, автобусот се запалил за неколку минути.

The post Две години од кобната несреќа во Бугарија кога згаснаа животите на 45 лица, меѓу кои 12 деца appeared first on Република.

]]>
Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinska-uprava-ke-isprati-pretstavnik-za-sudeneto-za-besa-trans-na-rochishteto-zakazhano-za-31-mart/ Wed, 01 Mar 2023 20:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=614843

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската права на прашање на МИА зошто на денешното насрочено рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник.

Како што стои во одговорот од Царинска Управа, овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа денеска биле присутни на две други рочишта.

– Ве информираме дека овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа, денеска беа присутни на две рочишта во Основниот кривичен суд во Виница, во својство на подносител на прекршочно барање, како и на јавна расправа пред Управниот суд во Скопје застапувајќи три управни спорови, во својство на тужен орган кој ги донел оспорените управни акти, каде присуството на Царинската управа во овие постапки во својство на странка е задолжително, стои во одговорот.

Од таму дополнуваат дека Царинска управа во предметот „Беса Транс“ не е странка во постапката, поради што отсуството на нејзин претставник во оваа фаза од постапката, според нив, не е причина за одложување на денешното рочиште, иако, претходното насрочено рочиште, на 2 февруари, се одложи токму поради оваа причина.

Во Основниот кривичен суд Скопје, поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“. Денеска, исто така, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската управа. Последното рочиште за овој процес беше одржано во ноември 2022 година.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

– Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март appeared first on Република.

]]>

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската права на прашање на МИА зошто на денешното насрочено рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник. Како што стои во одговорот од Царинска Управа, овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа денеска биле присутни на две други рочишта.
– Ве информираме дека овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа, денеска беа присутни на две рочишта во Основниот кривичен суд во Виница, во својство на подносител на прекршочно барање, како и на јавна расправа пред Управниот суд во Скопје застапувајќи три управни спорови, во својство на тужен орган кој ги донел оспорените управни акти, каде присуството на Царинската управа во овие постапки во својство на странка е задолжително, стои во одговорот.
Од таму дополнуваат дека Царинска управа во предметот „Беса Транс“ не е странка во постапката, поради што отсуството на нејзин претставник во оваа фаза од постапката, според нив, не е причина за одложување на денешното рочиште, иако, претходното насрочено рочиште, на 2 февруари, се одложи токму поради оваа причина. Во Основниот кривичен суд Скопје, поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“. Денеска, исто така, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската управа. Последното рочиште за овој процес беше одржано во ноември 2022 година. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
– Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март appeared first on Република.

]]>
Автобус падна во провалија кај Свиленград, едно лице загина, а 19 се повредени https://republika.mk/vesti/balkan/avtobus-padna-vo-provalija-kaj-svilengrad-edno-lice-zagina-a-19-se-povredeni/ Sun, 11 Dec 2022 19:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=584406

Во тешка автобуска несреќа на патот меѓу Свиленград и Тополовград, во атарот на селото Младиново загинати се најмалку еден патник, а повеќе од 19 се повредени, пренесува Нова.бг. Сите се пренесени во болниците во Хасково, Харманли и Свиленград.

Во автобусот со бугарски таблички патувале 40 патници, од кои четири деца. За среќа, тие не се повредени. Сите се враќале од патување во Грција.

Возилото паднало во провалија откако излетало од патот по кривина.

На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни возила, прецизираат од полицијата.

Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина. Екипа од 4 истражители врши увид, се чека назначувањето на вештачењето.

Спасените од автобусот се згрижени во зградата на општина Младиново, пренесе Нова.

The post Автобус падна во провалија кај Свиленград, едно лице загина, а 19 се повредени appeared first on Република.

]]>

Во тешка автобуска несреќа на патот меѓу Свиленград и Тополовград, во атарот на селото Младиново загинати се најмалку еден патник, а повеќе од 19 се повредени, пренесува Нова.бг. Сите се пренесени во болниците во Хасково, Харманли и Свиленград. Во автобусот со бугарски таблички патувале 40 патници, од кои четири деца. За среќа, тие не се повредени. Сите се враќале од патување во Грција. Возилото паднало во провалија откако излетало од патот по кривина. На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни возила, прецизираат од полицијата. Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина. Екипа од 4 истражители врши увид, се чека назначувањето на вештачењето. Спасените од автобусот се згрижени во зградата на општина Младиново, пренесе Нова.

The post Автобус падна во провалија кај Свиленград, едно лице загина, а 19 се повредени appeared first on Република.

]]>
Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/alispahikj-mora-da-se-pravi-razlika-megju-nesrekjata-vo-bugarija-i-procesot-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=561076

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.

Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, денеска беше одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник.

Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Oбвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.
Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.
Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, денеска беше одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Oбвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/chetvrta-godina-nema-aber-za-procesot-laskarci-od-utre-pochnuva-i-sudenjeto-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 07:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=560880

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.

Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.

Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата.

Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..

Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.

Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.
Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.
Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата. Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..
Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.
Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на несреќата https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-avtopatot-struma-kje-polozi-cvekje-na-mestoto-na-nesrekjata/ Sat, 01 Oct 2022 06:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=556188

Претседателот на државата Стево Пендаровски денска ќе престојува во работна посета на Софија, каде на покана на неговиот бугарски колега Румен Радев, ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, како што е најавено, ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, предвидено е претседателот Пендаровски за време на престојот во Софија да има и билатерални средби со Радев и со Фон дер Лајен.

Во рамки на посетата на Бугарија, како што е најавено, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани.

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект ИГБ) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грачкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен.

Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

The post Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на несреќата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски денска ќе престојува во работна посета на Софија, каде на покана на неговиот бугарски колега Румен Радев, ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија. На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, како што е најавено, ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, предвидено е претседателот Пендаровски за време на престојот во Софија да има и билатерални средби со Радев и со Фон дер Лајен. Во рамки на посетата на Бугарија, како што е најавено, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани. Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект ИГБ) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион. Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грачкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

The post Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на несреќата appeared first on Република.

]]>
Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши нов увид за несреќата со автобусот на „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-na-avtopatot-struma-kje-se-izvrshi-nov-uvid-za-nesrekjata-so-avtobusot-na-besa-trans/ Wed, 24 Aug 2022 16:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=543768

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата која го потресе регионот. Истражителите од Перник од утре повторно ќе прават увид на местото, ќе го анализираат патот, знаците, кривините и какво било одржувањето на патниот правец.

Според адвокатот, кој ги застапува оштетените, кобната делница од автопатот Струма, каде се случи несреќата, сега изгледа поинаку. во меѓувреме, тој изјави дека агенцијата за патишта направила некои измени во однос на ознаките .Како што вели тој, нема да се испитува само местото туку и неколку километри пред и потоа за да се добие реалната слика за состојбата на патот.

Оштетените семејства велат дека вината не може да биде само кај возачот на автобусот на Беса Транс, а одговорност бараат и кај Агенцијата за патна инфраструктура.

Адвокатот смета дека сето ова точно ќе покаже што претходно недостасувало на оваа делница и дали тие недостатоци биле главна причина за да настане несреќата.

Семејствата исто така поставуваат прашања за тоа што се случило со личните предмети на загинатите, бидејќи како што тврдат тие, патниците на себе носеле вреден златен накит кој никаде не е регистриран ниту пак некој им го предал.

Истрагата од декември покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

Предистрагата во македонското обвинителство кое треба да утврди како автобусот на Беса транс успеал со фалсификат документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати веќе трае со месеци.

The post Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши нов увид за несреќата со автобусот на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата која го потресе регионот. Истражителите од Перник од утре повторно ќе прават увид на местото, ќе го анализираат патот, знаците, кривините и какво било одржувањето на патниот правец. Според адвокатот, кој ги застапува оштетените, кобната делница од автопатот Струма, каде се случи несреќата, сега изгледа поинаку. во меѓувреме, тој изјави дека агенцијата за патишта направила некои измени во однос на ознаките .Како што вели тој, нема да се испитува само местото туку и неколку километри пред и потоа за да се добие реалната слика за состојбата на патот. Оштетените семејства велат дека вината не може да биде само кај возачот на автобусот на Беса Транс, а одговорност бараат и кај Агенцијата за патна инфраструктура. Адвокатот смета дека сето ова точно ќе покаже што претходно недостасувало на оваа делница и дали тие недостатоци биле главна причина за да настане несреќата. Семејствата исто така поставуваат прашања за тоа што се случило со личните предмети на загинатите, бидејќи како што тврдат тие, патниците на себе носеле вреден златен накит кој никаде не е регистриран ниту пак некој им го предал. Истрагата од декември покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот. Предистрагата во македонското обвинителство кое треба да утврди како автобусот на Беса транс успеал со фалсификат документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати веќе трае со месеци.

The post Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши нов увид за несреќата со автобусот на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во Македонија не презеде кривична одговорност https://republika.mk/vesti/makedonija/pet-meseci-po-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-nikoj-vo-makedonija-ne-prezede-krivichna-odgovornost/ Sun, 01 May 2022 14:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=496053

Поминаа повеќе од 5 месеци од трагичната автобуска несреќа во Бугарија при што животот го загубија 45 лица. Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата, но Обвинителството во Македонија сѐ уште продолжува со контрола на севкупната работа на компанијата организатор „Беса транс – Скопје“, како и на надлежните институции за контрола на компанијата, пишува Порталб.мк.

Никој сѐ уште не е кривично гонет, и покрај тоа што автобусот кој доживеа несреќа во Бугарија само во 2021 година 113 пати ја поминал границата на Македонија без лиценца за превоз. Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на фактите и доколку се констатира прекршок ќе има одговорност, без разлика дали е кривична или прекршочна.

„Основното јавно обвинителство Скопје оформи посебен предмет со цел да изврши проверка на целокупното работење на фирмата – организатор на патувањето, како и постапувањето на институциите надлежни да ја контролираат работата на таа фирма. Тие проверки се во тек. Обезбедена е обемна материјална документација и сослушани се повеќе лица со цел да се утврдат фактите. Доколку се утврди дека во овој дел е сторено кривично дело, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности и ќе преземе кривичен прогон. Ако пак, се утврди дека има основ за прекршочна одговорност или друг вид прекршување на законите, постапувањето ќе го преземат други надлежни институции “, велат за Порталб.мк од Обвинителството.

На крајот на јануари, Царината ја заврши истрагата за „Беса транс“ и според наодите сите автобуси кои минале транзит за Истанбул биле без дозвола. Според Царина, на патувањето на трагичната несреќа автобусите не ја поминале границата давајќи мито. Како резултат на истрагата, двајца вработени се суспендирани од работа, а нивниот шеф е казнет со глоба.

Од друга страна, бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата. Според шефот на истражната служба на бугарското обвинителство, Борислав Сарафов, причина за трагедијата е тоа што возачот изгубил контрола над автобусот кој не се движел со брзина над дозволената, туку со брзина несоодветна за патот.

„Тоа е човечка трагедија без преседан според бројот на жртви, но и без преседан според интензитетот на работата што ја завршивме. Впрочем, истрагата е завршена и останува само да се информираат властите во Македонија преку судот, имајќи предвид дека и семејствата на жртвите имаат право да бидат запознаени со материјалите од истрагата“, рече Серафов, заменик главен обвинител на Бугарија, во јануари.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември 2021 година, животот го загубија 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување од Истанбул.

The post Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во Македонија не презеде кривична одговорност appeared first on Република.

]]>

Поминаа повеќе од 5 месеци од трагичната автобуска несреќа во Бугарија при што животот го загубија 45 лица. Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата, но Обвинителството во Македонија сѐ уште продолжува со контрола на севкупната работа на компанијата организатор „Беса транс – Скопје“, како и на надлежните институции за контрола на компанијата, пишува Порталб.мк.
Никој сѐ уште не е кривично гонет, и покрај тоа што автобусот кој доживеа несреќа во Бугарија само во 2021 година 113 пати ја поминал границата на Македонија без лиценца за превоз. Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на фактите и доколку се констатира прекршок ќе има одговорност, без разлика дали е кривична или прекршочна.
„Основното јавно обвинителство Скопје оформи посебен предмет со цел да изврши проверка на целокупното работење на фирмата – организатор на патувањето, како и постапувањето на институциите надлежни да ја контролираат работата на таа фирма. Тие проверки се во тек. Обезбедена е обемна материјална документација и сослушани се повеќе лица со цел да се утврдат фактите. Доколку се утврди дека во овој дел е сторено кривично дело, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности и ќе преземе кривичен прогон. Ако пак, се утврди дека има основ за прекршочна одговорност или друг вид прекршување на законите, постапувањето ќе го преземат други надлежни институции “, велат за Порталб.мк од Обвинителството.
На крајот на јануари, Царината ја заврши истрагата за „Беса транс“ и според наодите сите автобуси кои минале транзит за Истанбул биле без дозвола. Според Царина, на патувањето на трагичната несреќа автобусите не ја поминале границата давајќи мито. Како резултат на истрагата, двајца вработени се суспендирани од работа, а нивниот шеф е казнет со глоба. Од друга страна, бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата. Според шефот на истражната служба на бугарското обвинителство, Борислав Сарафов, причина за трагедијата е тоа што возачот изгубил контрола над автобусот кој не се движел со брзина над дозволената, туку со брзина несоодветна за патот.