австрија Archives - Република https://republika.mk/tema/avstrija/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 11:22:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png австрија Archives - Република https://republika.mk/tema/avstrija/ 32 32 Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/avstrija-evtanizirashe-okolu-18-000-zhivotni-tselata-zemja-e-rizichni-poradi-pojava-na-ptichji-grip/ Fri, 08 Nov 2024 11:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=835503

Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип, воведувајќи нови, построги, безбедносни мерки кои стапија на сила денеска.

Новите мерки стапуваат на сила откако пред една недела избувна птичји грип во областа Амштетен, во Долна Австрија, што доведе до првична евтаназија на околу 18.000 животни.

Според извештаите на министерството, околу погодените фарми е поставена заштитна зона во радиус од три километри.

Евроњуз пишува дека австриската армија од денеска започнува мисија за помош во Амштетен, каде ќе ги отстранува мртвите животни и ќе ги деконтаминира камионите и контејнерите во кои се пренесувала заразена живина.

Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која се јавува главно кај живината и дивите водни птици, но пренесувањето на луѓето се уште e ретко.

 

The post Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип appeared first on Република.

]]>

Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип, воведувајќи нови, построги, безбедносни мерки кои стапија на сила денеска.

Новите мерки стапуваат на сила откако пред една недела избувна птичји грип во областа Амштетен, во Долна Австрија, што доведе до првична евтаназија на околу 18.000 животни.

Според извештаите на министерството, околу погодените фарми е поставена заштитна зона во радиус од три километри.

Евроњуз пишува дека австриската армија од денеска започнува мисија за помош во Амштетен, каде ќе ги отстранува мртвите животни и ќе ги деконтаминира камионите и контејнерите во кои се пренесувала заразена живина.

Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која се јавува главно кај живината и дивите водни птици, но пренесувањето на луѓето се уште e ретко.

 

The post Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип appeared first on Република.

]]>
На децата во градинка во Австрија им се нуди да изберат еден од шест пола https://republika.mk/vesti/svet/na-detsata-vo-gradinka-vo-avstrija-im-se-nudi-da-izberat-eden-od-shest-pola/ Sat, 02 Nov 2024 14:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=833506

Во Австрија, во градот Грац, родителите кои ги запишуваат своите деца во градинка се соочуваат со необична практика - формуларот за апликација бара од нив да изберат еден од шесте полови за своето дете! Покрај традиционалните „машки“ и „женски“, тука се и опциите „друго“, „интер“, „отворено“ и „неодредено“.

Според властите, овој потег е во согласност со федералниот закон, кој со години се прилагодува на новите стандарди за родова еднаквост. Сепак, оваа одлука предизвика силен отпор во јавноста, особено кај родителите и конзервативните политичари кои сметаат дека воведувањето на шест родови категории е апсурдно и непотребно.

Ситуацијата во Грац не е ненадејна и одлуката не е нова. Всушност, законската рамка која ја регулира оваа практика датира од 2022 година, а целта беше усогласување на административните документи со одлуките на Уставниот суд на Австрија, кои ги поддржуваа правата на интерсексуалните и родово неутралните лица.

Од градската управа наведуваат дека нивна обврска е да ги почитуваат федералните закони и дека оваа практика се применува во сите јавни институции кои работат со деца, вклучително и градинките и училиштата.

The post На децата во градинка во Австрија им се нуди да изберат еден од шест пола appeared first on Република.

]]>

Во Австрија, во градот Грац, родителите кои ги запишуваат своите деца во градинка се соочуваат со необична практика - формуларот за апликација бара од нив да изберат еден од шесте полови за своето дете! Покрај традиционалните „машки“ и „женски“, тука се и опциите „друго“, „интер“, „отворено“ и „неодредено“. Според властите, овој потег е во согласност со федералниот закон, кој со години се прилагодува на новите стандарди за родова еднаквост. Сепак, оваа одлука предизвика силен отпор во јавноста, особено кај родителите и конзервативните политичари кои сметаат дека воведувањето на шест родови категории е апсурдно и непотребно. Ситуацијата во Грац не е ненадејна и одлуката не е нова. Всушност, законската рамка која ја регулира оваа практика датира од 2022 година, а целта беше усогласување на административните документи со одлуките на Уставниот суд на Австрија, кои ги поддржуваа правата на интерсексуалните и родово неутралните лица. Од градската управа наведуваат дека нивна обврска е да ги почитуваат федералните закони и дека оваа практика се применува во сите јавни институции кои работат со деца, вклучително и градинките и училиштата.

The post На децата во градинка во Австрија им се нуди да изберат еден од шест пола appeared first on Република.

]]>
Атентат во Австрија, убиен градоначалник: Полицајците и специјалците на нозе, напаѓачот во бегство https://republika.mk/vesti/svet/atentat-vo-avstrija-ubien-gradonachalnik-politsajtsite-i-spetsijaltsite-na-noze-napagachot-vo-begstvo/ Mon, 28 Oct 2024 10:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=831603

Градоначалникот на Кирхберг, Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција.

Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.

Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“.

Ловецот кој бил на нива или во шума, откако пукал се упатил во непознат правец.

Нападот се случил околу 9:15 часот.

Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер, потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг.

The post Атентат во Австрија, убиен градоначалник: Полицајците и специјалците на нозе, напаѓачот во бегство appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Кирхберг, Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција. Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство. Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“. Ловецот кој бил на нива или во шума, откако пукал се упатил во непознат правец. Нападот се случил околу 9:15 часот. Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер, потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг.

The post Атентат во Австрија, убиен градоначалник: Полицајците и специјалците на нозе, напаѓачот во бегство appeared first on Република.

]]>
Омилениот пијалок на младите може да има вкус на метал: Австрија повлекува 28 милиони шишиња Кока-Кола, од половина литар https://republika.mk/vesti/svet/omileniot-pijalok-na-mladite-mozhe-da-ima-vkus-na-metal-avstrija-povlekuva-28-milioni-shishina-koka-kola-od-polovina-litar/ Fri, 25 Oct 2024 07:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=830761

Кока-Кола повлекува 28 милиони пластични шишиња од половина литар во Австрија поради можноста тие да содржат метални честички поради грешка во производството.

Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, соопшти портпаролот на агенцијата за пазар во Виена, Александер Хенгл.

Кока-Кола објави дека ќе бидат повлечени шишиња од Coca-Cola, Fanta, Sprite и MezzoMix со рок на употреба до 4 февруари 2025 година и до 12 април 2025 година.

Не може да се исклучи можноста дека многу ограничен број од овие шишиња би можеле да содржат метални честички поради техничка грешка во производството, соопшти компанијата.

Кока-Кола истакна дека не сите шишиња од овој период биле продадени. Многу од нив сè уште се во компанијата или во малопродажните складишта, додаде портпаролот.

 

The post Омилениот пијалок на младите може да има вкус на метал: Австрија повлекува 28 милиони шишиња Кока-Кола, од половина литар appeared first on Република.

]]>

Кока-Кола повлекува 28 милиони пластични шишиња од половина литар во Австрија поради можноста тие да содржат метални честички поради грешка во производството. Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, соопшти портпаролот на агенцијата за пазар во Виена, Александер Хенгл. Кока-Кола објави дека ќе бидат повлечени шишиња од Coca-Cola, Fanta, Sprite и MezzoMix со рок на употреба до 4 февруари 2025 година и до 12 април 2025 година. Не може да се исклучи можноста дека многу ограничен број од овие шишиња би можеле да содржат метални честички поради техничка грешка во производството, соопшти компанијата. Кока-Кола истакна дека не сите шишиња од овој период биле продадени. Многу од нив сè уште се во компанијата или во малопродажните складишта, додаде портпаролот.  

The post Омилениот пијалок на младите може да има вкус на метал: Австрија повлекува 28 милиони шишиња Кока-Кола, од половина литар appeared first on Република.

]]>
Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија https://republika.mk/vesti/kultura/kontserti-na-skopskiot-duvachki-kvintet-vo-avstrija-i-slovenija/ Mon, 21 Oct 2024 08:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=829277

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија).

На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори.

Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија.

Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.

Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија). На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори. Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија. Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна. Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>
Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин https://republika.mk/vesti/svet/razbiena-teroristichka-grupa-vo-avstrija-predvodena-od-makedonski-drzhavjanin/ Wed, 16 Oct 2024 10:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=827538

Во австрискиот град Сент Полтен, властите разбија група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин. Според австриските медиуми, овој млад Македонец во моментов издржува петгодишна затворска казна, а веќе бил познат на властите по неговите активности и поддршка за ИСИЛ преку неколку графити во близина на главната железничка станица во 2023 година.

Како резултат на тоа, човекот стана познат како поттикнувач за поддршка на Исламската држава, изјави Роланд Шерер, шеф на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Австрија. Овој инцидент покажува дека македонскиот државјанин не само што активно ја поддржувал терористичката група, туку и регрутирал нови членови.

Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин. Младиот Австриец станал поддржувач на ИД, а властите поседуваат видео снимка на која тој се заколнува на верност кон терористичката организација.

Овој случај уште еднаш укажува на опасноста од радикализација на младите лица во Европа и на потребата од засилени мерки за борба против екстремизмот. Австриските власти продолжуваат со истрагата, додека јавноста е шокирана од откритијата за присуството и влијанието на ИД меѓу младите луѓе на своја територија.

The post Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин appeared first on Република.

]]>

Во австрискиот град Сент Полтен, властите разбија група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин. Според австриските медиуми, овој млад Македонец во моментов издржува петгодишна затворска казна, а веќе бил познат на властите по неговите активности и поддршка за ИСИЛ преку неколку графити во близина на главната железничка станица во 2023 година. Како резултат на тоа, човекот стана познат како поттикнувач за поддршка на Исламската држава, изјави Роланд Шерер, шеф на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Австрија. Овој инцидент покажува дека македонскиот државјанин не само што активно ја поддржувал терористичката група, туку и регрутирал нови членови. Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин. Младиот Австриец станал поддржувач на ИД, а властите поседуваат видео снимка на која тој се заколнува на верност кон терористичката организација. Овој случај уште еднаш укажува на опасноста од радикализација на младите лица во Европа и на потребата од засилени мерки за борба против екстремизмот. Австриските власти продолжуваат со истрагата, додека јавноста е шокирана од откритијата за присуството и влијанието на ИД меѓу младите луѓе на своја територија.

The post Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин appeared first on Република.

]]>
На изборите во Австрија победи партија формирана од нацистите https://republika.mk/vesti/svet/na-izborite-vo-avstrija-pobedi-partija-formirana-od-natsistite/ Mon, 30 Sep 2024 08:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=820887

На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесеничарската Слободарската партија (ФПО), освојувајќи околу 29 проценти од гласовите.

На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина.

Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 пратеничко место.

Но, дали ФПО ќе најде партнер за формирање на стабилна коалиција останува отворено прашање, бидејќи лидерите на партиите не се расположени за соработка со партија со наводна  нацистичка идеологија.

ФПО е формирана во 50-тите години од минатиот век од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, а предизборната кампања беше насочена кон странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.

Лидерот на ФПО, Херберт Кикл им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, тој ќе служи како нивен „Волксканцелар“ (Volkskanzler) или „народен канцелар“.

Иако ФПО го минимизира своето нацистичко минато и се обидува да се прикаже себеси како алтернатива против естаблишментот на мејнстрим десницата и левиот центар, таа постојано користи фашистички пароли.

Победата на ФПО наиде на воодушевување кај европските десничарски партии.

Лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен на платформата Икс напиша:

По изборите во Италија, Холандија и Франција, овој бран, кој ја поддржува одбраната на националните интереси, зачувувањето на идентитетот и воскреснувањето на суверенитетот, насекаде го потврдува народниот триумф“.

Победата на ФПО за лидерот на германската десничарска Алтернатива за Германија (АфД), Бјерн Хоке е сензација.

Победата на ФПО не е само победа за Австрија – таа ги надминува границите на таа алпска република и е добар знак за напредок за цела Европа, објави Хоке на Икс.

Додека холандскиот националист Герт Вилдерс, чија Партија на слободата (ПВВ) ја предводи холандската Влада на Икс објави: „Ние победуваме! Времињата се менуваат! Идентитет, суверенитет и слобода. И нема повеќе илегална имиграција или азил, по што копнеат десетици милиони Европејци!“

На Фејсбук се огласи и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој напиша: „Каков викенд!! По Чешка, уште една победа за патриотите преку граница … Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“.

The post На изборите во Австрија победи партија формирана од нацистите appeared first on Република.

]]>

На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесеничарската Слободарската партија (ФПО), освојувајќи околу 29 проценти од гласовите. На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина. Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 пратеничко место. Но, дали ФПО ќе најде партнер за формирање на стабилна коалиција останува отворено прашање, бидејќи лидерите на партиите не се расположени за соработка со партија со наводна  нацистичка идеологија. ФПО е формирана во 50-тите години од минатиот век од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, а предизборната кампања беше насочена кон странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите. Лидерот на ФПО, Херберт Кикл им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, тој ќе служи како нивен „Волксканцелар“ (Volkskanzler) или „народен канцелар“. Иако ФПО го минимизира своето нацистичко минато и се обидува да се прикаже себеси како алтернатива против естаблишментот на мејнстрим десницата и левиот центар, таа постојано користи фашистички пароли. Победата на ФПО наиде на воодушевување кај европските десничарски партии. Лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен на платформата Икс напиша:
По изборите во Италија, Холандија и Франција, овој бран, кој ја поддржува одбраната на националните интереси, зачувувањето на идентитетот и воскреснувањето на суверенитетот, насекаде го потврдува народниот триумф“.
Победата на ФПО за лидерот на германската десничарска Алтернатива за Германија (АфД), Бјерн Хоке е сензација.
Победата на ФПО не е само победа за Австрија – таа ги надминува границите на таа алпска република и е добар знак за напредок за цела Европа, објави Хоке на Икс.
Додека холандскиот националист Герт Вилдерс, чија Партија на слободата (ПВВ) ја предводи холандската Влада на Икс објави: „Ние победуваме! Времињата се менуваат! Идентитет, суверенитет и слобода. И нема повеќе илегална имиграција или азил, по што копнеат десетици милиони Европејци!“ На Фејсбук се огласи и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој напиша: „Каков викенд!! По Чешка, уште една победа за патриотите преку граница … Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“.

The post На изборите во Австрија победи партија формирана од нацистите appeared first on Република.

]]>
Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство https://republika.mk/vesti/svet/prvichni-rezultati-od-parlamentarnite-izbori-vo-avstrija-partijata-na-slobodata-vo-vodstvo/ Sun, 29 Sep 2024 15:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=820777

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја.

Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.

Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).

НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.

Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

The post Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство appeared first on Република.

]]>

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја. Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година. Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто). НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто. Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

The post Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство appeared first on Република.

]]>
Парламентарни избори во Австрија https://republika.mk/vesti/svet/parlamentarni-izbori-vo-avstrija/ Sun, 29 Sep 2024 08:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=820661

Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори.

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех доколку победи во спорната трка со владејачките конзервативци, јавуваат светските агенции.

Во последниве месеци, Партијата на слободата постојано водеше на анкетите, но водството на формацијата пред Австриската народна партија постепено речиси целосно се стопи.

Кој и да победи нема да добие целосно мнозинство, покажуваат анкетите, но ќе може да води коалициска влада.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6,346. 059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Првичните резултати се очекуваат неколку минути по завршувањето на изборниот ден во 17 часот.

The post Парламентарни избори во Австрија appeared first on Република.

]]>

Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори. Австриската крајнодесничарска Партија на слободата би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех доколку победи во спорната трка со владејачките конзервативци, јавуваат светските агенции. Во последниве месеци, Партијата на слободата постојано водеше на анкетите, но водството на формацијата пред Австриската народна партија постепено речиси целосно се стопи. Кој и да победи нема да добие целосно мнозинство, покажуваат анкетите, но ќе може да води коалициска влада. Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6,346. 059 австриски граѓани на возраст над 16 години. Првичните резултати се очекуваат неколку минути по завршувањето на изборниот ден во 17 часот.

The post Парламентарни избори во Австрија appeared first on Република.

]]>
Во Австрија утре парламентарни избори, ФПО најавува победа https://republika.mk/vesti/svet/vo-avstrija-utre-parlamentarni-izbori-fpo-najavuva-pobeda/ Sat, 28 Sep 2024 13:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=820545

Австријците утре ќе гласаат на парламентарните избори на кои за првпат би можела да победи крајнодесничарската опозициска Партија на слободата (ФПО).

Иако анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, лидерот на ФПО, Херберт Кикл, најави победа.

Партијата ФПО, фокусирана на антиимигрантската политика, има јасно водство во анкетите повеќе од една година, потпомогната од разочарувањето на гласачите од повисоката инфлација од ЕУ и нестабилната австриска економија.

На овие избори се очекува рекорден број Австријци да гласаат по пошта, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Според податоците на МВР, во осум часот наутро, кога ќе бидат отворени избирачките места, веќе ќе имаат завршено со гласање 1.436.240 граѓани, што претставува 22,6 отсто од гласачите. Ова е бројот на гласачки ливчиња издадени од органите за гласање по пошта.

Нивниот број е рекорден, на последните избори пред пет години беше нешто повеќе од еден милион, а во 2017 година околу 889.000.

The post Во Австрија утре парламентарни избори, ФПО најавува победа appeared first on Република.

]]>

Австријците утре ќе гласаат на парламентарните избори на кои за првпат би можела да победи крајнодесничарската опозициска Партија на слободата (ФПО). Иако анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, лидерот на ФПО, Херберт Кикл, најави победа. Партијата ФПО, фокусирана на антиимигрантската политика, има јасно водство во анкетите повеќе од една година, потпомогната од разочарувањето на гласачите од повисоката инфлација од ЕУ и нестабилната австриска економија. На овие избори се очекува рекорден број Австријци да гласаат по пошта, соопшти Министерството за внатрешни работи. Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години. Според податоците на МВР, во осум часот наутро, кога ќе бидат отворени избирачките места, веќе ќе имаат завршено со гласање 1.436.240 граѓани, што претставува 22,6 отсто од гласачите. Ова е бројот на гласачки ливчиња издадени од органите за гласање по пошта. Нивниот број е рекорден, на последните избори пред пет години беше нешто повеќе од еден милион, а во 2017 година околу 889.000.

The post Во Австрија утре парламентарни избори, ФПО најавува победа appeared first on Република.

]]>
Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа https://republika.mk/vesti/svet/vo-avstrija-mazh-ischezna-vo-lavina-a-vo-del-od-zemjata-proglasena-e-prirodna-katastrofa/ Sun, 15 Sep 2024 09:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=816470

Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.

На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.

Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.

Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.

Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.

The post Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта. На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови. Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен. Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода. Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун. Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.

The post Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа appeared first on Република.

]]>
Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември https://republika.mk/vesti/svet/padna-eden-metar-sneg-vo-avstrija-na-sredina-na-septemvri/ Sat, 14 Sep 2024 20:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=816436

Снегот дојде рано годинава и од вчера паѓа на Алпите достигнувајќи висина од речиси еден метар.

 

Иако се очекуваше дека летото ќе трае малку подолго во септември и дека полека ќе преминеме во есен, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа. Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а утрово имаше информации и за снег на Пелистер.

 

Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата. Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри.

На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.

 

Од вчера снег паѓа на надморска височина од 1.500 метри, но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 метри надморска височина. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри и локално паѓа на 700 метри надморска височина и веќе ги зафати алпските градови и не престанува.

Студениот фронт во петокот предизвика рекордно ниски температури за овој период од годината и во Швајцарија, што доведе до затворање на планинските премини. Како што соопшти Федералниот институт за метеорологија и климатологија (МетеоСвиш), снежната линија денеска изнесуваше меѓу 1.200 и 1.500 метри. Според прогнозата на МетеоСвиш, до вечерва се очекуваат нови врнежи од снег од пет до 15 сантиметри“, објави МетеоСвиш на платформата „Икс“.

The post Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември appeared first on Република.

]]>

Снегот дојде рано годинава и од вчера паѓа на Алпите достигнувајќи висина од речиси еден метар.   Иако се очекуваше дека летото ќе трае малку подолго во септември и дека полека ќе преминеме во есен, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа. Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а утрово имаше информации и за снег на Пелистер.   Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата. Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри. На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.   Од вчера снег паѓа на надморска височина од 1.500 метри, но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 метри надморска височина. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри и локално паѓа на 700 метри надморска височина и веќе ги зафати алпските градови и не престанува. Студениот фронт во петокот предизвика рекордно ниски температури за овој период од годината и во Швајцарија, што доведе до затворање на планинските премини. Како што соопшти Федералниот институт за метеорологија и климатологија (МетеоСвиш), снежната линија денеска изнесуваше меѓу 1.200 и 1.500 метри. Според прогнозата на МетеоСвиш, до вечерва се очекуваат нови врнежи од снег од пет до 15 сантиметри“, објави МетеоСвиш на платформата „Икс“.

The post Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември appeared first on Република.

]]>
Дунав може да се излее во Виена, Австрија мобилизира војници, циклонот „Борис“ ја пустоши Европа https://republika.mk/vesti/svet/dunav-mozhe-da-se-izlee-vo-viena-avstrija-mobilizira-vojnitsi-tsiklonot-boris-ja-pustoshi-evropa/ Sat, 14 Sep 2024 12:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=816324

Циклонот „Борис“ веќе предизвика хаос во централна Европа, а властите се во состојба на готовност. Овој феномен донесе обилни снежни врнежи во планинските одморалишта во Австрија и Италија.

Неговите ефекти се очекува да се почувствуваат и во другите европски земји во наредните денови.

Во Романија, метеоролозите издадоа портокалови предупредувања за дожд и поплави, предвидувајќи екстремни временски услови во следните два дена. Се очекуваат интензивни врнежи со ризик од поплави и ниски температури.

Во Италија туристите беа изненадени од снег од околу 30 сантиметри, додека во Австрија имаше уште повеќе снег. Во Чешка и Полска циклонот носи обилни дождови со акумулации на вода кои можат да достигнат и до 400 литри на метар квадратен. Властите стравуваат дека поплавите би можеле да се споредат со разорните во 1997 година.

Населението се советува да ги следи упатствата на локалните власти и да се подготви за екстремни временски услови, кои може сериозно да ги погодат инфраструктурата и заедниците во погодените области, објавија романските медиуми.

Австриските власти мобилизираа и 1.000 војници во случај Дунав да ја поплави Виена.

Циклонот се движи кон север, североисток, ќе остане некое време во Источна Европа, а потоа ќе се сврти кон запад. Оваа ситуација обично носи обилни дождови од катастрофални размери, рече Томаш Хрдинка, хидролог од Институтот за истражување TGM.

Циклонот „Борис“, систем со низок притисок со висок интензитет, беше еден од најзначајните временски феномени што ги погоди регионите во близина на Индискиот Океан. Формиран во почетокот на сезоната на циклони, Борис ја покажа моќта и разорното влијание на тропските циклони врз ранливите заедници.

Циклонот „Борис“ се формираше во тропскиот регион на Индискиот Океан, првично како област со низок притисок. Поволните услови, како што се високите температури на водата во океаните и поволните ветрови, помогнаа во неговото засилување, претворајќи го во моќен циклон.

Нејзиниот пат вклучуваше минување низ неколку острови и крајбрежни региони, предизвикувајќи загриженост и подготовки за итни интервенции во погодените области.

Соочени со циклон од таква големина, локалните и меѓународните власти мобилизираа ресурси за да се справат со вонредната ситуација. Кампањите за информирање и рано предупредување беа клучни за подготовка на населението и намалување на ризиците.

Откако циклонот помина, беа спроведени операции за спасување и опоравување за да им се помогне на погодените заедници да се обноват. Покрај тоа, хуманитарните организации и меѓународните агенции обезбедија помош и ресурси за поддршка на напорите за реконструкција.

The post Дунав може да се излее во Виена, Австрија мобилизира војници, циклонот „Борис“ ја пустоши Европа appeared first on Република.

]]>

Циклонот „Борис“ веќе предизвика хаос во централна Европа, а властите се во состојба на готовност. Овој феномен донесе обилни снежни врнежи во планинските одморалишта во Австрија и Италија. Неговите ефекти се очекува да се почувствуваат и во другите европски земји во наредните денови. Во Романија, метеоролозите издадоа портокалови предупредувања за дожд и поплави, предвидувајќи екстремни временски услови во следните два дена. Се очекуваат интензивни врнежи со ризик од поплави и ниски температури. Во Италија туристите беа изненадени од снег од околу 30 сантиметри, додека во Австрија имаше уште повеќе снег. Во Чешка и Полска циклонот носи обилни дождови со акумулации на вода кои можат да достигнат и до 400 литри на метар квадратен. Властите стравуваат дека поплавите би можеле да се споредат со разорните во 1997 година. Населението се советува да ги следи упатствата на локалните власти и да се подготви за екстремни временски услови, кои може сериозно да ги погодат инфраструктурата и заедниците во погодените области, објавија романските медиуми. Австриските власти мобилизираа и 1.000 војници во случај Дунав да ја поплави Виена. Циклонот се движи кон север, североисток, ќе остане некое време во Источна Европа, а потоа ќе се сврти кон запад. Оваа ситуација обично носи обилни дождови од катастрофални размери, рече Томаш Хрдинка, хидролог од Институтот за истражување TGM. Циклонот „Борис“, систем со низок притисок со висок интензитет, беше еден од најзначајните временски феномени што ги погоди регионите во близина на Индискиот Океан. Формиран во почетокот на сезоната на циклони, Борис ја покажа моќта и разорното влијание на тропските циклони врз ранливите заедници. Циклонот „Борис“ се формираше во тропскиот регион на Индискиот Океан, првично како област со низок притисок. Поволните услови, како што се високите температури на водата во океаните и поволните ветрови, помогнаа во неговото засилување, претворајќи го во моќен циклон. Нејзиниот пат вклучуваше минување низ неколку острови и крајбрежни региони, предизвикувајќи загриженост и подготовки за итни интервенции во погодените области. Соочени со циклон од таква големина, локалните и меѓународните власти мобилизираа ресурси за да се справат со вонредната ситуација. Кампањите за информирање и рано предупредување беа клучни за подготовка на населението и намалување на ризиците. Откако циклонот помина, беа спроведени операции за спасување и опоравување за да им се помогне на погодените заедници да се обноват. Покрај тоа, хуманитарните организации и меѓународните агенции обезбедија помош и ресурси за поддршка на напорите за реконструкција.

The post Дунав може да се излее во Виена, Австрија мобилизира војници, циклонот „Борис“ ја пустоши Европа appeared first on Република.

]]>
Скандал во Австрија: Докторка ја пуштила 13-годишната ќерка да оперира глава на пациент https://republika.mk/zivot/zdravje/skandal-vo-avstrija-doktorka-ja-pushtila-13-godishnata-kerka-da-operira-glava-na-patsient/ Wed, 28 Aug 2024 16:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=810977

Австриска специјалистка по неурохирургија, чиј идентитет не е соопштен, е под истрага поради сомневање дека ѝ дозволила на својата 13-годишна ќерка активно да учествува во операција и да направи отвор во череп на пациент.

По несреќа во шума, која се случила во јануари оваа година, 33-годишен пациент бил пренесен во Универзитетската болница во Грац со сериозни повреди на главата, пренесува британски „Телеграф“. Хирургот тогаш ѝ дозволила на својата ќерка тинејџерка да учествува во операцијата, која вклучувала отворање на черепот на пациентот, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Операцијата наводно поминала без компликации, но анонимна пријава со обвиненија стигнала до државното обвинителство дури во април. Потоа, полицијата во јули го информирала наводниот пациент за случајот.

„Кронен цајтунг“ пренесува дека таа и уште еден специјалист кој бил присутен за време на операцијата биле отпуштени.

Болницата во Грац изјави дека истрагата против хируршкиот тим е во тек, но дека нема конкретни докази дека ќерката на лекарката навистина учествувала во операцијата. Тие изразија длабоко жалење за инцидентот и упатија извинување.

 

The post Скандал во Австрија: Докторка ја пуштила 13-годишната ќерка да оперира глава на пациент appeared first on Република.

]]>

Австриска специјалистка по неурохирургија, чиј идентитет не е соопштен, е под истрага поради сомневање дека ѝ дозволила на својата 13-годишна ќерка активно да учествува во операција и да направи отвор во череп на пациент. По несреќа во шума, која се случила во јануари оваа година, 33-годишен пациент бил пренесен во Универзитетската болница во Грац со сериозни повреди на главата, пренесува британски „Телеграф“. Хирургот тогаш ѝ дозволила на својата ќерка тинејџерка да учествува во операцијата, која вклучувала отворање на черепот на пациентот, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“. Операцијата наводно поминала без компликации, но анонимна пријава со обвиненија стигнала до државното обвинителство дури во април. Потоа, полицијата во јули го информирала наводниот пациент за случајот. „Кронен цајтунг“ пренесува дека таа и уште еден специјалист кој бил присутен за време на операцијата биле отпуштени. Болницата во Грац изјави дека истрагата против хируршкиот тим е во тек, но дека нема конкретни докази дека ќерката на лекарката навистина учествувала во операцијата. Тие изразија длабоко жалење за инцидентот и упатија извинување.  

The post Скандал во Австрија: Докторка ја пуштила 13-годишната ќерка да оперира глава на пациент appeared first on Република.

]]>
Главниот осомничен сакал да влезе со својот автомобил меѓу луѓето на концертот на Тејлор Свифт https://republika.mk/vesti/svet/glavniot-osomnichen-sakal-da-vleze-so-svojot-avtomobil-megu-lugeto-na-kontsertot-na-tejlor-svift/ Sat, 10 Aug 2024 17:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=805275

Главниот осомничен за планирање на нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена наводно имал намера да навлезе со својот автомобил во толпата обожаватели во четвртокот или петокот со цел да убие што повеќе луѓе, покажаа резултатите од истрагата, јави ДПА.

Деветнаесетгодишното момче имало намера да употреби експлозивна направа и ладно оружје во нападот пред стадионот „Ернст Хапел“, каде што требаше да настапи американската суперѕвезда, соопштија истражувачите.

Според полицијата, осомничениот во целост ја признал вината.

Три концерти на Свифт во Виена беа откажани поради безбедносни причини.

The post Главниот осомничен сакал да влезе со својот автомобил меѓу луѓето на концертот на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>

Главниот осомничен за планирање на нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена наводно имал намера да навлезе со својот автомобил во толпата обожаватели во четвртокот или петокот со цел да убие што повеќе луѓе, покажаа резултатите од истрагата, јави ДПА. Деветнаесетгодишното момче имало намера да употреби експлозивна направа и ладно оружје во нападот пред стадионот „Ернст Хапел“, каде што требаше да настапи американската суперѕвезда, соопштија истражувачите. Според полицијата, осомничениот во целост ја признал вината. Три концерти на Свифт во Виена беа откажани поради безбедносни причини.

The post Главниот осомничен сакал да влезе со својот автомобил меѓу луѓето на концертот на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>
Австрија со стратегија за енергетска независност од Русија до 2027 година https://republika.mk/vesti/svet/avstrija-so-strategija-za-energetska-nezavisnost-od-rusija-do-2027-godina/ Sun, 04 Aug 2024 20:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=803328

Австриската владејачка коалиција се согласи целосно да го запре снабдувањето на земјата со руски гас до 2027 година.

Одлуката е донесена во согласност со Брисел и има за цел „намалување на зависноста од увоз на руски енергенти за да се заштитат економијата и домаќинствата од нови ризици поврзани со цените и снабдувањето“.

Во документот се истакнува дека постепеното укинување на рускиот гас ќе биде дел од општата стратегија за трансформација на енергетскиот систем, земајќи ја предвид декарбонизацијата, сигурноста на снабдувањето и пристапноста за домаќинствата, претпријатијата и индустријата.

„Посебно внимание ќе се посвети на тоа домаќинствата и претпријатијата да добијат најдобра можна поддршка во оваа промена“, се додава во документот.

Сепак, останува нејасно како Виена ќе го постигне ова до 2027 година, со оглед на тоа што Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), втора по големина партија во парламентот, неодамна го отфрли Законот за гас предложен од Зелените, а претходната влада го продолжи договорот со Гаспром до 2040 година.

Гаспром, некогаш главен снабдувач на ЕУ со гас, во последните месеци го зголеми увозот на природен гас во Европа за речиси една четвртина.

Нивото на извоз драматично опадна во 2022 година по западните санкции и саботажата на гасоводот „Северен тек“. Во меѓувреме, Русија ги пренасочи испораките на гас кон исток, зголемувајќи ја продажбата на Пекинг за речиси половина од тоа што беше испорачано пред 2022 година.

The post Австрија со стратегија за енергетска независност од Русија до 2027 година appeared first on Република.

]]>

Австриската владејачка коалиција се согласи целосно да го запре снабдувањето на земјата со руски гас до 2027 година. Одлуката е донесена во согласност со Брисел и има за цел „намалување на зависноста од увоз на руски енергенти за да се заштитат економијата и домаќинствата од нови ризици поврзани со цените и снабдувањето“. Во документот се истакнува дека постепеното укинување на рускиот гас ќе биде дел од општата стратегија за трансформација на енергетскиот систем, земајќи ја предвид декарбонизацијата, сигурноста на снабдувањето и пристапноста за домаќинствата, претпријатијата и индустријата.
„Посебно внимание ќе се посвети на тоа домаќинствата и претпријатијата да добијат најдобра можна поддршка во оваа промена“, се додава во документот.
Сепак, останува нејасно како Виена ќе го постигне ова до 2027 година, со оглед на тоа што Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), втора по големина партија во парламентот, неодамна го отфрли Законот за гас предложен од Зелените, а претходната влада го продолжи договорот со Гаспром до 2040 година. Гаспром, некогаш главен снабдувач на ЕУ со гас, во последните месеци го зголеми увозот на природен гас во Европа за речиси една четвртина. Нивото на извоз драматично опадна во 2022 година по западните санкции и саботажата на гасоводот „Северен тек“. Во меѓувреме, Русија ги пренасочи испораките на гас кон исток, зголемувајќи ја продажбата на Пекинг за речиси половина од тоа што беше испорачано пред 2022 година.

The post Австрија со стратегија за енергетска независност од Русија до 2027 година appeared first on Република.

]]>
Муцунски во работна посета на Австрија https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vo-rabotna-poseta-na-avstrija/ Tue, 23 Jul 2024 18:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=799649

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.

 

The post Муцунски во работна посета на Австрија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија. За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.  

The post Муцунски во работна посета на Австрија appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометари ремизираа со Австрија, ќе играат за пласман од 9-16. место на ЕП У20 https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-remiziraa-so-avstrija-ke-igraat-za-plasman-od-9-16-mesto-na-ep-u20/ Sat, 13 Jul 2024 15:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=796442

Македонската репрезентација попладнево одигра нерешено 20:20 со Австрија во 3. коло од А-групата на Европското првенство за ракометари.

На натпреварот во Целје, Австријците беа подобри во првото полувреме, имаа и плус три (4:1) во почетните минути за на пауза да се замина со 11:10.

Во вториот дел, Македонците за прв пат поведоа со три разлика (17:14), но до крајот не успеаја да стигнат до победа која им носеше пласман во четвртфиналето.

Вака, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ останува да се борат за пласман од 9 до 16.место, иако групата ја завршија без пораз) една победа и две нерешени средби).

Табела: Австрија 5 бода, Македонија 4, Хрватска 1 бод (натпревар помалку, Црна Гора 0 (натпревар помалку).

The post Македонските ракометари ремизираа со Австрија, ќе играат за пласман од 9-16. место на ЕП У20 appeared first on Република.

]]>

Македонската репрезентација попладнево одигра нерешено 20:20 со Австрија во 3. коло од А-групата на Европското првенство за ракометари. На натпреварот во Целје, Австријците беа подобри во првото полувреме, имаа и плус три (4:1) во почетните минути за на пауза да се замина со 11:10. Во вториот дел, Македонците за прв пат поведоа со три разлика (17:14), но до крајот не успеаја да стигнат до победа која им носеше пласман во четвртфиналето. Вака, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ останува да се борат за пласман од 9 до 16.место, иако групата ја завршија без пораз) една победа и две нерешени средби). Табела: Австрија 5 бода, Македонија 4, Хрватска 1 бод (натпревар помалку, Црна Гора 0 (натпревар помалку).

The post Македонските ракометари ремизираа со Австрија, ќе играат за пласман од 9-16. место на ЕП У20 appeared first on Република.

]]>
Големо невреме во Австрија, во еден ден удриле 190 илјади удари на гром https://republika.mk/zivot/servisi/golemo-nevreme-vo-avstrija-vo-eden-den-udrile-190-iljadi-udari-na-grom/ Sat, 13 Jul 2024 15:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=796440

Силниот дожд и град предизвикале штети низ цела Австрија во петокот, а метеоролошката служба UBIMET забележала 190.000 удари на гром во алпската земја во еден ден, што е највисока бројка оваа година, пренесува во саботата агенцијата dpa.

Во западната сојузна покраина Форарлберг, врнежите во долината на Рајна во близина на езерото Констанца биле толку обилни што дрвјата се свиткувале, некои куќи останаа без покриви а патиштата биле поплавени поради блокираните одводи.

Поради големото количество атмосферска вода што се влева во Рајна, властите превентивно ги затворија областите во близина на реката за јавноста.

Патиштата во соседната покраина Тирол биле блокирани од одрони од кал делумно се отворени во саботата. Патиштата Оберинтал и Вилгратентал останаа затворени.

Околу 40 летови мораа да бидат откажани во петокот навечер на аеродромот во Виена поради неповолните временски услови.

 

The post Големо невреме во Австрија, во еден ден удриле 190 илјади удари на гром appeared first on Република.

]]>

Силниот дожд и град предизвикале штети низ цела Австрија во петокот, а метеоролошката служба UBIMET забележала 190.000 удари на гром во алпската земја во еден ден, што е највисока бројка оваа година, пренесува во саботата агенцијата dpa. Во западната сојузна покраина Форарлберг, врнежите во долината на Рајна во близина на езерото Констанца биле толку обилни што дрвјата се свиткувале, некои куќи останаа без покриви а патиштата биле поплавени поради блокираните одводи. Поради големото количество атмосферска вода што се влева во Рајна, властите превентивно ги затворија областите во близина на реката за јавноста. Патиштата во соседната покраина Тирол биле блокирани од одрони од кал делумно се отворени во саботата. Патиштата Оберинтал и Вилгратентал останаа затворени. Околу 40 летови мораа да бидат откажани во петокот навечер на аеродромот во Виена поради неповолните временски услови.  

The post Големо невреме во Австрија, во еден ден удриле 190 илјади удари на гром appeared first on Република.

]]>
Најсилната австриска партија во Европскиот парламент поднесе Резолуција против независноста на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/najsilnata-avstriska-partija-vo-evropskiot-parlament-podnese-rezolutsija-protiv-nezavisnosta-na-kosovo/ Fri, 28 Jun 2024 15:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=790978

Десничарската „Партија на слободата на Австрија“ (ФПО), најсилната партија во таа земја на штотуку одржаните избори за Европскиот парламент, до австрискиот парламент испрати предлог за резолуција со која бара Парламентот да се изјасни против признавањето на Косово.

„Косово“ беше дел од Србија и спротивно на меѓународното право, беше одвоено од Србија со бомбардирањето на НАТО во 1999 година и до денес повеќето земји во светот не го признаа како независно. Признавањето на таканареченото Косово од страна на САД и Европските земји не само што го нарушија и газеа суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, туку и Резолуцијата 1244 на ОН со која се гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија“, се наведува во поднесеното барање.

The post Најсилната австриска партија во Европскиот парламент поднесе Резолуција против независноста на Косово appeared first on Република.

]]>

Десничарската „Партија на слободата на Австрија“ (ФПО), најсилната партија во таа земја на штотуку одржаните избори за Европскиот парламент, до австрискиот парламент испрати предлог за резолуција со која бара Парламентот да се изјасни против признавањето на Косово.
„Косово“ беше дел од Србија и спротивно на меѓународното право, беше одвоено од Србија со бомбардирањето на НАТО во 1999 година и до денес повеќето земји во светот не го признаа како независно. Признавањето на таканареченото Косово од страна на САД и Европските земји не само што го нарушија и газеа суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, туку и Резолуцијата 1244 на ОН со која се гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија“, се наведува во поднесеното барање.

The post Најсилната австриска партија во Европскиот парламент поднесе Резолуција против независноста на Косово appeared first on Република.

]]>