Австралија Archives - Република https://republika.mk/tema/avstralija/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 12:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Австралија Archives - Република https://republika.mk/tema/avstralija/ 32 32 Австралија воведува закон кој ги обврзува мрежите да ги штитат корисниците од онлајн закани https://republika.mk/vesti/svet/avstralija-voveduva-zakon-koj-gi-obvrzuva-mrezhite-da-gi-shtitat-korisnitsite-od-onlajn-zakani/ Thu, 14 Nov 2024 18:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=837651

Австралија планира да воведе промени во Законот за онлајн безбедност, кој ќе бара од социјалните мрежи да преземат конкретни чекори за да спречат штета на корисниците, како што се малтретирање, предаторско однесување и алгоритми кои промовираат деструктивна содржина.

Министерката за комуникации Мишел Роланд рече дека новиот закон за „дигитална одговорност“ ќе ги обврзе дигиталните платформи да преземат активни мерки за заштита на корисниците, пренесе АП.

Новите измени на Законот за онлајн безбедност ќе бидат претставени пред Парламентот следната недела, а правната рамка што се воведува е првиот таков закон во светот и им забранува на децата помлади од 16 години да користат платформи како што се X, Instagram, Facebook и TikTok.

The post Австралија воведува закон кој ги обврзува мрежите да ги штитат корисниците од онлајн закани appeared first on Република.

]]>

Австралија планира да воведе промени во Законот за онлајн безбедност, кој ќе бара од социјалните мрежи да преземат конкретни чекори за да спречат штета на корисниците, како што се малтретирање, предаторско однесување и алгоритми кои промовираат деструктивна содржина. Министерката за комуникации Мишел Роланд рече дека новиот закон за „дигитална одговорност“ ќе ги обврзе дигиталните платформи да преземат активни мерки за заштита на корисниците, пренесе АП. Новите измени на Законот за онлајн безбедност ќе бидат претставени пред Парламентот следната недела, а правната рамка што се воведува е првиот таков закон во светот и им забранува на децата помлади од 16 години да користат платформи како што се X, Instagram, Facebook и TikTok.

The post Австралија воведува закон кој ги обврзува мрежите да ги штитат корисниците од онлајн закани appeared first on Република.

]]>
Австралија ќе и даде на Украина чамци на надувување во вредност од 9 милиони долари https://republika.mk/vesti/svet/avstralija-ke-i-dade-na-ukraina-chamtsi-na-naduvuvane-vo-vrednost-od-9-milioni-dolari/ Sun, 10 Nov 2024 12:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=834824

Австралија ќе и префрли на Украина чамци на надувување во вредност од 9 милиони долари за употреба во Црното Море.

Ваквата најав ја даде австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлс. Според него, планирано е да бидат донирани 14 воени чамци.

Овие брзи и маневрирачки чамци, во сопственост на австралиските вооружени сили, ќе ги зголемат поморските способности на украинските вооружени сили и ќе помогнат во контра нападите во Црното Море“, рече Марлс.

Според списанието „Australian Defense Magazine“, станува збор за чамци од типот „Sentinel 830R RHIB - Rigid Hull Inflatable Boats“.

The post Австралија ќе и даде на Украина чамци на надувување во вредност од 9 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Австралија ќе и префрли на Украина чамци на надувување во вредност од 9 милиони долари за употреба во Црното Море. Ваквата најав ја даде австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлс. Според него, планирано е да бидат донирани 14 воени чамци.
Овие брзи и маневрирачки чамци, во сопственост на австралиските вооружени сили, ќе ги зголемат поморските способности на украинските вооружени сили и ќе помогнат во контра нападите во Црното Море“, рече Марлс.
Според списанието „Australian Defense Magazine“, станува збор за чамци од типот „Sentinel 830R RHIB - Rigid Hull Inflatable Boats“.

The post Австралија ќе и даде на Украина чамци на надувување во вредност од 9 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години https://republika.mk/zivot/semejstvo/avstralija-na-chekor-od-zabrana-na-sotsijalni-mrezhi-za-detsa-pomali-od-16-godini/ Fri, 08 Nov 2024 10:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=835479

Австралија влезе во директен судир со антисоцијалните „придобивки“ на социјалните мрежи, кои најмногу влијаат на децата и младите. Ќе забрани, со закон, употреба на овие мрежи за деца под 16 години. За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели.

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе има казна за компанијата што управува со платформата.

Забелешката е дека до сега ниту една држава не успеала да имплементира систем за потврдување на возраста без дополнителни проблеми.

 

The post Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години appeared first on Република.

]]>

Австралија влезе во директен судир со антисоцијалните „придобивки“ на социјалните мрежи, кои најмногу влијаат на децата и младите. Ќе забрани, со закон, употреба на овие мрежи за деца под 16 години. За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели.

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе има казна за компанијата што управува со платформата.

Забелешката е дека до сега ниту една држава не успеала да имплементира систем за потврдување на возраста без дополнителни проблеми.

 

The post Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години appeared first on Република.

]]>
САД, Австралија, Индија и Јапонија зајакнуваат соработка за поморската безбедност https://republika.mk/vesti/svet/sad-avstralija-indija-i-japonija-zajaknuvaat-sorabotka-za-pomorskata-bezbednost/ Sun, 22 Sep 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=818683

СAД, Јапонија, Австралија и Индија ќе ја зголемат соработката за поморската безбедност во Индо-пацифичкиот регион, соочени со зголеменото влијание на Кина во регионот.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во својот дом ги пречека премиерите Нарендра Моди од Индија, Ентони Албанезе од Австралија и Фумио Кишида од Јапонија. Земјите ја сочинуваат таканаречената Quad Alliance која има за цел да го потисне влијанието на Кина во регионот.

Продолжуваме да ја изразуваме нашата сериозна загриженост за милитаризацијата на спорните карактеристики и присилните и застрашувачки маневри во Јужното Кинеско Море“, се вели во соопштението на лидерите.

Тие ја осудија опасната употреба на бродовите на крајбрежната стража и поморската милиција и зголемената употреба на опасни маневри избегнувајќи какво било директно спомнување на Пекинг.

The post САД, Австралија, Индија и Јапонија зајакнуваат соработка за поморската безбедност appeared first on Република.

]]>

СAД, Јапонија, Австралија и Индија ќе ја зголемат соработката за поморската безбедност во Индо-пацифичкиот регион, соочени со зголеменото влијание на Кина во регионот. Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во својот дом ги пречека премиерите Нарендра Моди од Индија, Ентони Албанезе од Австралија и Фумио Кишида од Јапонија. Земјите ја сочинуваат таканаречената Quad Alliance која има за цел да го потисне влијанието на Кина во регионот.
Продолжуваме да ја изразуваме нашата сериозна загриженост за милитаризацијата на спорните карактеристики и присилните и застрашувачки маневри во Јужното Кинеско Море“, се вели во соопштението на лидерите.
Тие ја осудија опасната употреба на бродовите на крајбрежната стража и поморската милиција и зголемената употреба на опасни маневри избегнувајќи какво било директно спомнување на Пекинг.

The post САД, Австралија, Индија и Јапонија зајакнуваат соработка за поморската безбедност appeared first on Република.

]]>
За Австралија 41,6 степени е висока температура https://republika.mk/vesti/svet/za-avstralija-41-6-stepeni-e-visoka-temperatura/ Mon, 26 Aug 2024 19:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=810377

Австралија денеска регистрираше рекордно висока зимска температура, при што живата достигна 41,6 степени Целзиусови на дел од северозападниот брег.

Со тоа беше соборен претходниот рекорд за 0,4 степени Целзиусови.

Метеоролошкото биро соопшти дека мерењето е направено во воен објект за обука во Јампи Саунд во 15:37 часот по локално време.

Мерењето претставува „најтопла августовска температура на која било локација во Австралија“ и „нов рекорд на максимална температура во цела Австралија за кој било зимски месец“, изјави портпаролот на Бирото за метеорологија.

Официјалните податоци покажуваат дека просечните температури во Австралија постојано се зголемуваат, а климатските промени предизвикуваат поинтензивни пожари, поплави, суши и топлотни бранови.

Додека рекордот „привремено е потврден“, научниците сè уште мораат да се уверат дека мерењето не е резултат на некоја локална аномалија или дефект на инструментот пред да биде официјално внесен во книгите на рекорди.

Претходниот рекорд од 41,2 степени беше поставен во август 2020 година во блискиот Вест Робук.

Антиподната зима трае од почетокот на јуни до крајот на август.

Околу 18 проценти од Австралија е пустина, а топлината е вообичаена во текот на целата година далеку од умерените зони.

Климата на Австралија е под големо влијание на три циклични климатски обрасци: промените во температурите во Индискиот Океан; промените во појасот на ветрови што се движат помеѓу Австралија и Антарктикот – таканаречениот јужен ануларен режим – и промените во пацифичките временски обрасци познати како Ел Нињо и Ла Ниња.

Се верува дека сите три главни австралиски појави што влијаат на климата се погодени од климатските промени предизвикани од човечки фактори, според истражување на австралиската Организација за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот, поддржано од државата.

Метеоролошкото биро верува дека „комбинацијата на (овие) големи климатски влијанија со глобалното затоплување“ придонела зимата 2023 година да стане најтопла зима во Австралија во историјата.

Климатските научници веќе предвидоа дека 2024 година ќе биде најтоплата година на Земјата во историјата.

Од јануари до јули, глобалните температури беа 0,7 степени над просекот за периодот 1991-2020, според податоците на Коперникус службата на Европската Унија за климатски промени.

Температурните рекорди се соборуваат низ целиот свет во последните децении како што емисиите на јаглерод предизвикани од човечки фактори растат.

Само во последните неколку недели беа регистрирани рекордни температури во Средоземното Море, на норвешкиот арктички архипелаг Свалбард и главниот град на Украина, Киев

The post За Австралија 41,6 степени е висока температура appeared first on Република.

]]>

Австралија денеска регистрираше рекордно висока зимска температура, при што живата достигна 41,6 степени Целзиусови на дел од северозападниот брег. Со тоа беше соборен претходниот рекорд за 0,4 степени Целзиусови. Метеоролошкото биро соопшти дека мерењето е направено во воен објект за обука во Јампи Саунд во 15:37 часот по локално време. Мерењето претставува „најтопла августовска температура на која било локација во Австралија“ и „нов рекорд на максимална температура во цела Австралија за кој било зимски месец“, изјави портпаролот на Бирото за метеорологија. Официјалните податоци покажуваат дека просечните температури во Австралија постојано се зголемуваат, а климатските промени предизвикуваат поинтензивни пожари, поплави, суши и топлотни бранови. Додека рекордот „привремено е потврден“, научниците сè уште мораат да се уверат дека мерењето не е резултат на некоја локална аномалија или дефект на инструментот пред да биде официјално внесен во книгите на рекорди. Претходниот рекорд од 41,2 степени беше поставен во август 2020 година во блискиот Вест Робук. Антиподната зима трае од почетокот на јуни до крајот на август. Околу 18 проценти од Австралија е пустина, а топлината е вообичаена во текот на целата година далеку од умерените зони. Климата на Австралија е под големо влијание на три циклични климатски обрасци: промените во температурите во Индискиот Океан; промените во појасот на ветрови што се движат помеѓу Австралија и Антарктикот – таканаречениот јужен ануларен режим – и промените во пацифичките временски обрасци познати како Ел Нињо и Ла Ниња. Се верува дека сите три главни австралиски појави што влијаат на климата се погодени од климатските промени предизвикани од човечки фактори, според истражување на австралиската Организација за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот, поддржано од државата. Метеоролошкото биро верува дека „комбинацијата на (овие) големи климатски влијанија со глобалното затоплување“ придонела зимата 2023 година да стане најтопла зима во Австралија во историјата. Климатските научници веќе предвидоа дека 2024 година ќе биде најтоплата година на Земјата во историјата. Од јануари до јули, глобалните температури беа 0,7 степени над просекот за периодот 1991-2020, според податоците на Коперникус службата на Европската Унија за климатски промени. Температурните рекорди се соборуваат низ целиот свет во последните децении како што емисиите на јаглерод предизвикани од човечки фактори растат. Само во последните неколку недели беа регистрирани рекордни температури во Средоземното Море, на норвешкиот арктички архипелаг Свалбард и главниот град на Украина, Киев

The post За Австралија 41,6 степени е висока температура appeared first on Република.

]]>
Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот https://republika.mk/vesti/svet/helikopter-se-urna-vo-hotel-vo-avstralija-zagina-pilotot/ Mon, 12 Aug 2024 07:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=805663

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите.

Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението.

Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.

 

The post Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот appeared first on Република.

]]>

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите. Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд. Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението. Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.  

The post Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот appeared first on Република.

]]>
Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин https://republika.mk/vesti/svet/avstraliskata-politsija-zapleni-900-kilogrami-metamfetamin/ Fri, 02 Aug 2024 07:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=802531

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила 900 килограми синтетичка дрога метамфетамин, со продажна вредност од 538 милиони долари, која била скриена во индустриски машини увезени од САД.

Британските медиуми пренесуваат дека во акцијата полицијата уапсила 31-годишен маж од Сиднеј, осомничен за шверцот на метамфетаминот и му одредила притвор.

Официјални лица истакнаа дека истрагата продолжува и дека може да се извршат повеќе апсења, а заплената на дрогата следела по анонимна дојава и разузнавачки информации од американското Министерство за внатрешна безбедност.

The post Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин appeared first on Република.

]]>

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила 900 килограми синтетичка дрога метамфетамин, со продажна вредност од 538 милиони долари, која била скриена во индустриски машини увезени од САД. Британските медиуми пренесуваат дека во акцијата полицијата уапсила 31-годишен маж од Сиднеј, осомничен за шверцот на метамфетаминот и му одредила притвор. Официјални лица истакнаа дека истрагата продолжува и дека може да се извршат повеќе апсења, а заплената на дрогата следела по анонимна дојава и разузнавачки информации од американското Министерство за внатрешна безбедност.

The post Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин appeared first on Република.

]]>
Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ https://republika.mk/sport/kosarka/kanada-so-pobeda-nad-avstralija-si-zaveri-chetvrtfinale-na-oi/ Tue, 30 Jul 2024 16:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=801786

Канадскиот тим ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри.

Клучен играч во победата на канадската репрезентација беше Ар Џеј Берет, кој во клучните моменти од играта го носеше на грб тимот и со 24 поени беше најефикасен во двете селекции.

Берет беше следен од Брукс и Гилиус Александер со по 16 поени, додека Гиди беше најефикасен кај Австралија со 19 поени. Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.

The post Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ appeared first on Република.

]]>

Канадскиот тим ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри. Клучен играч во победата на канадската репрезентација беше Ар Џеј Берет, кој во клучните моменти од играта го носеше на грб тимот и со 24 поени беше најефикасен во двете селекции. Берет беше следен од Брукс и Гилиус Александер со по 16 поени, додека Гиди беше најефикасен кај Австралија со 19 поени. Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.

The post Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ appeared first on Република.

]]>
Вандализиран конзулатот на САД во Сиднеј поради состојбата во Газа https://republika.mk/vesti/svet/vandaliziran-konzulatot-na-sad-vo-sidnej-poradi-sostojbata-vo-gaza/ Mon, 10 Jun 2024 17:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=786315

Оклопниот прозорец на американскиот конзулат во Сиднеј, Австралија, бил скршен со чекан, а симболите нацртани на ѕидот се протолкувани како поддршка за палестинскиот отпор против Израел.

Полицијата располага со снимка од надзор на лице кое го прави тоа, со лицето скриено со качулка.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе ги повика пропалестинските активисти да ја „спуштат топката“ и да имаат „цивилизирана политичка дебата“.

Луѓето се трауматизирани од она што се случува на Блискиот Исток, особено оние чии роднини се во Израел или на палестинските окупирани територии, изјави Албанезе за новинарите.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека огромното мнозинство Австралијци не го одобруваат вандализмот.

„Слобода за Газа“ и други графити биле испишани на зградата на американскиот конзулат во април, а зградата на Конзулатот на САД во Мелбурн беше испишана на 31 мај, наводно од пропалестински активисти.

The post Вандализиран конзулатот на САД во Сиднеј поради состојбата во Газа appeared first on Република.

]]>

Оклопниот прозорец на американскиот конзулат во Сиднеј, Австралија, бил скршен со чекан, а симболите нацртани на ѕидот се протолкувани како поддршка за палестинскиот отпор против Израел. Полицијата располага со снимка од надзор на лице кое го прави тоа, со лицето скриено со качулка. Австралискиот премиер Ентони Албанезе ги повика пропалестинските активисти да ја „спуштат топката“ и да имаат „цивилизирана политичка дебата“.
Луѓето се трауматизирани од она што се случува на Блискиот Исток, особено оние чии роднини се во Израел или на палестинските окупирани територии, изјави Албанезе за новинарите.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека огромното мнозинство Австралијци не го одобруваат вандализмот. „Слобода за Газа“ и други графити биле испишани на зградата на американскиот конзулат во април, а зградата на Конзулатот на САД во Мелбурн беше испишана на 31 мај, наводно од пропалестински активисти.

The post Вандализиран конзулатот на САД во Сиднеј поради состојбата во Газа appeared first on Република.

]]>
Документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов в петок во Кинотека https://republika.mk/scena/film/dokumentarniot-film-avstralija-avstralija-na-stole-popov-v-petok-vo-kinoteka/ Wed, 08 May 2024 13:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=775558

Во петок на 10 мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов.

„Австралиија, Австралија“ на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање.

Филмот е добитник на наградите:

1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
1976 Југословенски кандидат за Оскар
1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски

 

The post Документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов в петок во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во петок на 10 мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов. „Австралиија, Австралија“ на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Филмот е добитник на наградите: 1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов 1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката 1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“ 1976 Југословенски кандидат за Оскар 1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски  

The post Документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов в петок во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ https://republika.mk/vesti/svet/premierot-na-avstralija-semejnoto-nasilstvo-po-protestite-go-nareche-natsionalna-kriza/ Mon, 29 Apr 2024 06:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=772051

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите.

The post Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените. Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство. „Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез. „Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network). Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“. Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе. Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите.

The post Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ appeared first on Република.

]]>
Поплави во источна Австралија, спасени152 лица https://republika.mk/vesti/svet/poplavi-vo-istochna-avstralija-spaseni152-litsa/ Sat, 06 Apr 2024 09:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=763002

Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови што предизвикаа предупредувања за жителите да се преселат на повисоките места.

Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија.

На сила беа 15 наредби за итна евакуација низ целата држава, објавија службите за итни случаи, кои добиле 4.128 повици за помош во 24-часовен период.

„Водостојот на некои реки сè уште расте, особено во западниот дел на Сиднеј“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс на прес-конференција.

Југоисточна Австралија вчера ја зафатија поројни дождови, што предизвикаа предупредувања до жителите да избегнуваат непотребни патувања и да останат во затворени простории.

The post Поплави во источна Австралија, спасени152 лица appeared first on Република.

]]>

Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови што предизвикаа предупредувања за жителите да се преселат на повисоките места. Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија. На сила беа 15 наредби за итна евакуација низ целата држава, објавија службите за итни случаи, кои добиле 4.128 повици за помош во 24-часовен период.
„Водостојот на некои реки сè уште расте, особено во западниот дел на Сиднеј“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс на прес-конференција.
Југоисточна Австралија вчера ја зафатија поројни дождови, што предизвикаа предупредувања до жителите да избегнуваат непотребни патувања и да останат во затворени простории.

The post Поплави во источна Австралија, спасени152 лица appeared first on Република.

]]>
Циклон на северот на Австралија, 700 луѓе останаа блокирани од остатокот од земјата https://republika.mk/vesti/svet/tsiklon-na-severot-na-avstralija-700-luge-ostanaa-blokirani-od-ostatokot-od-zemjata/ Tue, 19 Mar 2024 07:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=756137

Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија, откако тропски циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата.

Малата заедница Борулула на северната територија беше погодена од циклон од трета категорија вчера попладне.

Циклонот Меган донесе обилни врнежи и ветер кој достигна 200 километри на час, соопштија метеоролозите.

Австралиската армија се обиде да ги евакуира жителите, но поради временските услови воените авиони не можеа да слетаат во загрозената област.

Официјални лица изјавија дека е планирана нова спасувачка операција за денеска.

Циклонот Меган ослабе во северна Австралија, но обилните дождови продолжуваат.

The post Циклон на северот на Австралија, 700 луѓе останаа блокирани од остатокот од земјата appeared first on Република.

]]>

Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија, откако тропски циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата. Малата заедница Борулула на северната територија беше погодена од циклон од трета категорија вчера попладне. Циклонот Меган донесе обилни врнежи и ветер кој достигна 200 километри на час, соопштија метеоролозите. Австралиската армија се обиде да ги евакуира жителите, но поради временските услови воените авиони не можеа да слетаат во загрозената област. Официјални лица изјавија дека е планирана нова спасувачка операција за денеска. Циклонот Меган ослабе во северна Австралија, но обилните дождови продолжуваат.

The post Циклон на северот на Австралија, 700 луѓе останаа блокирани од остатокот од земјата appeared first on Република.

]]>
Тренер по таеквондо во Австралија уби момче кое го тренирал и неговите родители https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/trener-po-taekvondo-vo-avstralija-ubi-momche-koe-go-treniral-i-negovite-roditeli/ Thu, 22 Feb 2024 10:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=746919

Таеквондо тренер од Австралија е обвинет за убиство на својот седумгодишен ученик и неговите родители. Со Кванг Кјунг Јо (49) кој моментално е во болница, адвокатите се појавија во судот во Парамата во негово име. Тие не побараа тој да биде ослободен со кауција или да се изјасни за виновен по обвиненијата.

Јо, сопственик на школата за таеквондо и боречки вештини Lion’s, останува под полициска стража во болница откако беше подложен на операција поради убодни рани и исеченици на градите, стомакот и рацете. Полицијата соопшти дека Јо ги задавил момчето и неговата мајка Мин Чо во неговото училиште во понеделникот вечерта, а потоа со автомобил се упатил кон нивниот дом и го избодел до смрт таткото на момчето, Стивен Чо.

Во полиција изјавил дека бил нападнат на паркингот.

После тоа дошол во болница и им кажал на медицинскиот персонал и полицијата дека бил нападнат на паркингот на супермаркетот. Засега властите не утврдиле кој бил точно мотивот за нападот. Единствената врска помеѓу Јо и жртвите е дека момчето било негов ученик и дека сите четворица се родени во Јужна Кореја.

Максималната казна за убиство во Нов Јужен Велс е доживотен затвор.

 

The post Тренер по таеквондо во Австралија уби момче кое го тренирал и неговите родители appeared first on Република.

]]>

Таеквондо тренер од Австралија е обвинет за убиство на својот седумгодишен ученик и неговите родители. Со Кванг Кјунг Јо (49) кој моментално е во болница, адвокатите се појавија во судот во Парамата во негово име. Тие не побараа тој да биде ослободен со кауција или да се изјасни за виновен по обвиненијата. Јо, сопственик на школата за таеквондо и боречки вештини Lion’s, останува под полициска стража во болница откако беше подложен на операција поради убодни рани и исеченици на градите, стомакот и рацете. Полицијата соопшти дека Јо ги задавил момчето и неговата мајка Мин Чо во неговото училиште во понеделникот вечерта, а потоа со автомобил се упатил кон нивниот дом и го избодел до смрт таткото на момчето, Стивен Чо. Во полиција изјавил дека бил нападнат на паркингот. После тоа дошол во болница и им кажал на медицинскиот персонал и полицијата дека бил нападнат на паркингот на супермаркетот. Засега властите не утврдиле кој бил точно мотивот за нападот. Единствената врска помеѓу Јо и жртвите е дека момчето било негов ученик и дека сите четворица се родени во Јужна Кореја. Максималната казна за убиство во Нов Јужен Велс е доживотен затвор.  

The post Тренер по таеквондо во Австралија уби момче кое го тренирал и неговите родители appeared first on Република.

]]>
Илјадници луѓе во Австралија се повикани да се евакуираат поради шумски пожар https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-luge-vo-avstralija-se-povikani-da-se-evakuiraat-poradi-shumski-pozhar/ Thu, 22 Feb 2024 09:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=746890

Властите во австралиската држава Викторија наредија евакуација на повеќе од две илјади луѓе од градовите во западниот дел на регионот поради шумски пожар кој не е под контрола.

Државната служба за итни случаи ги повика жителите на градовите Раглан и Бофор, со вкупно население од околу две илјади луѓе, како и луѓето од околните области, да заминат додека е сe уште безбедно и да се упатат на исток кон Баларат, оддалечен 95 километри од Мелбурн.

Околу 50 квадратни километри земја северозападно од Баларат, најголемиот град во областа, е зафатена од пламен.

„Очекуваме пожарот брзо да се прошири во следните час или два, така што луѓето што живеат во областа треба да го применат својот план за преживување од шумски пожари сега“, изјави директорот на Противпожарната служба на Викторија Џејсон Хеферман за Државната телевизија ABC.

Бирото за метеорологија денеска издаде предупредување за екстремна опасност од пожар во повеќе области поради топлото време, сув ветер и потенцијални грмежи.

Температурата во северозападниот дел на Викторија во попладневните часови надмина 40 степени Целзиусови.

The post Илјадници луѓе во Австралија се повикани да се евакуираат поради шумски пожар appeared first on Република.

]]>

Властите во австралиската држава Викторија наредија евакуација на повеќе од две илјади луѓе од градовите во западниот дел на регионот поради шумски пожар кој не е под контрола. Државната служба за итни случаи ги повика жителите на градовите Раглан и Бофор, со вкупно население од околу две илјади луѓе, како и луѓето од околните области, да заминат додека е сe уште безбедно и да се упатат на исток кон Баларат, оддалечен 95 километри од Мелбурн. Околу 50 квадратни километри земја северозападно од Баларат, најголемиот град во областа, е зафатена од пламен. „Очекуваме пожарот брзо да се прошири во следните час или два, така што луѓето што живеат во областа треба да го применат својот план за преживување од шумски пожари сега“, изјави директорот на Противпожарната служба на Викторија Џејсон Хеферман за Државната телевизија ABC. Бирото за метеорологија денеска издаде предупредување за екстремна опасност од пожар во повеќе области поради топлото време, сув ветер и потенцијални грмежи. Температурата во северозападниот дел на Викторија во попладневните часови надмина 40 степени Целзиусови.

The post Илјадници луѓе во Австралија се повикани да се евакуираат поради шумски пожар appeared first on Република.

]]>
Властите наредија евакуација на илјадници луѓе во Австралија поради шумски пожар https://republika.mk/vesti/svet/vlastite-naredija-evakuatsija-na-iljadnitsi-luge-vo-avstralija-poradi-shumski-pozhar/ Thu, 22 Feb 2024 09:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=746883

Властите во австралиската држава Викторија наредија евакуација на повеќе од две илјади луѓе од градовите во западниот дел на регионот поради шумски пожар кој не е под контрола.

Државната служба за итни случаи ги повика жителите на градовите Раглан и Бофор, со вкупно население од околу две илјади луѓе, како и луѓето од околните области, да заминат додека е сe уште безбедно и да се упатат на исток кон Баларат, оддалечен 95 километри од Мелбурн.

Околу 50 квадратни километри земја северозападно од Баларат, најголемиот град во областа, е зафатена од пламен.

„Очекуваме пожарот брзо да се прошири во следните час или два, така што луѓето што живеат во областа треба да го применат својот план за преживување од шумски пожари сега“, изјави директорот на Противпожарната служба на Викторија Џејсон Хеферман за Државната телевизија ABC.

Бирото за метеорологија денеска издаде предупредување за екстремна опасност од пожар во повеќе области поради топлото време, сув ветер и потенцијални грмежи.

Температурата во северозападниот дел на Викторија во попладневните часови надмина 40 степени Целзиусови.

The post Властите наредија евакуација на илјадници луѓе во Австралија поради шумски пожар appeared first on Република.

]]>

Властите во австралиската држава Викторија наредија евакуација на повеќе од две илјади луѓе од градовите во западниот дел на регионот поради шумски пожар кој не е под контрола. Државната служба за итни случаи ги повика жителите на градовите Раглан и Бофор, со вкупно население од околу две илјади луѓе, како и луѓето од околните области, да заминат додека е сe уште безбедно и да се упатат на исток кон Баларат, оддалечен 95 километри од Мелбурн. Околу 50 квадратни километри земја северозападно од Баларат, најголемиот град во областа, е зафатена од пламен. „Очекуваме пожарот брзо да се прошири во следните час или два, така што луѓето што живеат во областа треба да го применат својот план за преживување од шумски пожари сега“, изјави директорот на Противпожарната служба на Викторија Џејсон Хеферман за Државната телевизија ABC. Бирото за метеорологија денеска издаде предупредување за екстремна опасност од пожар во повеќе области поради топлото време, сув ветер и потенцијални грмежи. Температурата во северозападниот дел на Викторија во попладневните часови надмина 40 степени Целзиусови.

The post Властите наредија евакуација на илјадници луѓе во Австралија поради шумски пожар appeared first on Република.

]]>
Најмалку едно лице загина по силно невреме што ја зафати Австралија https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-edno-litse-zagina-po-silno-nevreme-shto-ja-zafati-avstralija/ Wed, 14 Feb 2024 08:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=743903

Стотици илјади жители низ австралиската држава Викторија останаа без струја откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови.

Невремето предизвика и пожари во кои беа повредени пет пожарникари, а властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата откако бил погоден од отпадоци што летале во воздухот.

Половина милион објекти вчера останаа без струја, а околу 220.000 домаќинства и бизниси сè уште се без струја, соопшти премиерката на државата Викторија Џасинта Алан. Некои железнички линии во Мелбурн беа прекинати, а затворени се најмалку 10 училишта и десетици градинки.

Австралиската метеоролошка агенција прогнозираше подобро време за денеска, со температури меѓу 20 и 30 Целзиусови и умерен ветер, но предупредува дека се уште постои ризик.

Извор: МИА

The post Најмалку едно лице загина по силно невреме што ја зафати Австралија appeared first on Република.

]]>

Стотици илјади жители низ австралиската држава Викторија останаа без струја откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови. Невремето предизвика и пожари во кои беа повредени пет пожарникари, а властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата откако бил погоден од отпадоци што летале во воздухот. Половина милион објекти вчера останаа без струја, а околу 220.000 домаќинства и бизниси сè уште се без струја, соопшти премиерката на државата Викторија Џасинта Алан. Некои железнички линии во Мелбурн беа прекинати, а затворени се најмалку 10 училишта и десетици градинки. Австралиската метеоролошка агенција прогнозираше подобро време за денеска, со температури меѓу 20 и 30 Целзиусови и умерен ветер, но предупредува дека се уште постои ризик. Извор: МИА

The post Најмалку едно лице загина по силно невреме што ја зафати Австралија appeared first on Република.

]]>
Новата песна „Мајко“, Мими ќе ја промовира во Австралија на прва турнеја со „Бендот на браќата Нуне“ и Дарко Билбиловски https://republika.mk/scena/estrada/novata-pesna-majko-mimi-ke-ja-promovira-vo-avstralija-na-prva-turneja-so-bendot-na-brakata-nune-i-darko-bilbilovski/ Tue, 06 Feb 2024 09:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=740858

„Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат заминуваат на турнеја низ Австралија, а со нив заминува и Дарко Билбиловски. Прво искуство и за нив, но и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено има и што да се слушне.

„Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музчките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина.

„Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминуваат на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  Турнејата ќе трае месец и половна, а планирани се  девет концерти.

Првиот концерт е закажан за 23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март.

Како за прво патување во Австралија и прва соработка со „Никола Карев“ нашинците во Австралија треба да очекуваат нешто сосема ново и поразлично од она што се навикнати да го гледаат од другите гостувања.

Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамнане ги слушнале.

-Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите.

На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма.

Дека по многу нешта публиката во Австралија им значи покажува и фактот што  Мими нејзината најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика.

„Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина.

https://www.youtube.com/watch?v=QmMgFDMt6iI

The post Новата песна „Мајко“, Мими ќе ја промовира во Австралија на прва турнеја со „Бендот на браќата Нуне“ и Дарко Билбиловски appeared first on Република.

]]>

„Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат заминуваат на турнеја низ Австралија, а со нив заминува и Дарко Билбиловски. Прво искуство и за нив, но и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено има и што да се слушне. „Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музчките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина. „Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминуваат на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  Турнејата ќе трае месец и половна, а планирани се  девет концерти. Првиот концерт е закажан за 23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март. Како за прво патување во Австралија и прва соработка со „Никола Карев“ нашинците во Австралија треба да очекуваат нешто сосема ново и поразлично од она што се навикнати да го гледаат од другите гостувања. Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамнане ги слушнале. -Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите. На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма. Дека по многу нешта публиката во Австралија им значи покажува и фактот што  Мими нејзината најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика. „Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина. https://www.youtube.com/watch?v=QmMgFDMt6iI

The post Новата песна „Мајко“, Мими ќе ја промовира во Австралија на прва турнеја со „Бендот на браќата Нуне“ и Дарко Билбиловски appeared first on Република.

]]>
Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја https://republika.mk/vesti/svet/tropska-bura-ja-pogodi-avstralija-desetitsi-iljadi-luge-bez-struja/ Sat, 27 Jan 2024 15:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=737543

Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја, два дена откако тропски циклон донесе разорни ветрови и пороен дожд.

Тропскиот циклон Кирили, бура од втора категорија, падна на брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја.

Кирили беше вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември

Портпаролката на Ергон Енерџи Ема Оливери изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот.

Целта е до крајот на утрешниот ден да им се врати струјата на што повеќе корисници“, рече Оливери.

Ќе има подолги чекања во некои оддалечени области“, рече таа, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.

Премиерот Ентони Албанесе вчера изјави дека војниците се во подготвеност за да помогнат во расчистувањето на областа.

The post Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја, два дена откако тропски циклон донесе разорни ветрови и пороен дожд. Тропскиот циклон Кирили, бура од втора категорија, падна на брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја. Кирили беше вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември Портпаролката на Ергон Енерџи Ема Оливери изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот. Целта е до крајот на утрешниот ден да им се врати струјата на што повеќе корисници“, рече Оливери.
Ќе има подолги чекања во некои оддалечени области“, рече таа, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.
Премиерот Ентони Албанесе вчера изјави дека војниците се во подготвеност за да помогнат во расчистувањето на областа.

The post Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја appeared first on Република.

]]>
Ел Нињо во Австралија: Температурите достигнуваат речиси 50 степени https://republika.mk/vesti/svet/el-nino-vo-avstralija-temperaturite-dostignuvaat-rechisi-50-stepeni/ Sun, 21 Jan 2024 08:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=735081

Големи делови од Австралија денеска беа зафатени од топлотен бран, соопшти националната метеоролошка агенција, зголемувајќи го ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари поради временските услови на Ел Нињо.

Предупредувањата за топлотен бран на „екстремно“ ниво, највисоко ниво на опасност, се во сила веќе втор ден за делови од Западна Австралија и се проширени во Јужна Австралија, додека областите на Квинсленд, Нов Јужен Велс и Северната територија се под „ тешки“ предупредувања.

Предупредено е дека температурите во Западна Австралија, најголемата држава во земјата, оддалечените региони Пилбара и Гаскојн може да се приближат до 50 степени Целзиусови во недела.

На околу 1.500 километри северно од главниот град Перт, во рударскиот град Пилбара, Парабурдо, се предвидува максимална температура од 48 Целзиусови степени, повеќе од седум степени над просечниот максимум за јануари, според синоптичарите.

Во 6 часот и 30 минути по локално време на тоа подрачје е измерена температура од 31,1 Целзиусов степен. Највисоката регистрирана температура во Австралија од 50,7 степени Целзиусови е забележана на аеродромот Онслоу во Пилбара на 13 јануари 2022 година.

На источниот брег, делови од Сиднеј, главниот град на Нов Јужен Велс, се прогнозира да достигнат 40 степени Целзиусови во недела, речиси 10 степени над просечното високо ниво за јануари.

Топлите и сувите услови го зголемија ризикот од шумски пожари во некои области, соопшти метеоролошката агенција, бидејќи Австралија е подложена на временскиот шаблон на Ел Нињо, кој обично се поврзува со екстремни настани како што се шумски пожари и суши.

Последните две сезони на шумски пожари во Австралија беа потивки во споредба со „Црното лето“ 2019-2020 година. кога шумските пожари уништија област со големина на Турција, при што загинаа 33 лица. Во овие пожари загинаа три милијарди животни и трилиони безрбетници.

The post Ел Нињо во Австралија: Температурите достигнуваат речиси 50 степени appeared first on Република.

]]>

Големи делови од Австралија денеска беа зафатени од топлотен бран, соопшти националната метеоролошка агенција, зголемувајќи го ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари поради временските услови на Ел Нињо. Предупредувањата за топлотен бран на „екстремно“ ниво, највисоко ниво на опасност, се во сила веќе втор ден за делови од Западна Австралија и се проширени во Јужна Австралија, додека областите на Квинсленд, Нов Јужен Велс и Северната територија се под „ тешки“ предупредувања. Предупредено е дека температурите во Западна Австралија, најголемата држава во земјата, оддалечените региони Пилбара и Гаскојн може да се приближат до 50 степени Целзиусови во недела. На околу 1.500 километри северно од главниот град Перт, во рударскиот град Пилбара, Парабурдо, се предвидува максимална температура од 48 Целзиусови степени, повеќе од седум степени над просечниот максимум за јануари, според синоптичарите. Во 6 часот и 30 минути по локално време на тоа подрачје е измерена температура од 31,1 Целзиусов степен. Највисоката регистрирана температура во Австралија од 50,7 степени Целзиусови е забележана на аеродромот Онслоу во Пилбара на 13 јануари 2022 година. На источниот брег, делови од Сиднеј, главниот град на Нов Јужен Велс, се прогнозира да достигнат 40 степени Целзиусови во недела, речиси 10 степени над просечното високо ниво за јануари. Топлите и сувите услови го зголемија ризикот од шумски пожари во некои области, соопшти метеоролошката агенција, бидејќи Австралија е подложена на временскиот шаблон на Ел Нињо, кој обично се поврзува со екстремни настани како што се шумски пожари и суши. Последните две сезони на шумски пожари во Австралија беа потивки во споредба со „Црното лето“ 2019-2020 година. кога шумските пожари уништија област со големина на Турција, при што загинаа 33 лица. Во овие пожари загинаа три милијарди животни и трилиони безрбетници.

The post Ел Нињо во Австралија: Температурите достигнуваат речиси 50 степени appeared first on Република.

]]>