авионски линии Archives - Република https://republika.mk/tema/avionski-linii/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 16:48:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авионски линии Archives - Република https://republika.mk/tema/avionski-linii/ 32 32 Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-planirame-od-skopskiot-aerodrom-da-se-organiziraat-direktni-prekumorski-interkontinentalni-letovi/ Thu, 17 Oct 2024 17:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=827962

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови што ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Тоа, како што рече на Конференцијата во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, што денеска се одржува во Скопје, ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување на нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.

Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор, рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.

Тој нагласи дека станува збор за клучен сектор кој има огромно значење за Министерството за транспорт и за Владата.

Највисоките стандарди мора да се применуваат во вашата професија, бидејќи не се дозволени грешки и не е дозволен никаков волонтеризам. Токму затоа ние сакаме да ги поддржиме нашите домашни, но и интернационални професионалци во овој сектор, посочи Николоски.

Нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродроми и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и тикму затоа, како што кажа, почнавме нова кампања за субвенционирање на летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата.

The post Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови appeared first on Република.

]]>

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови што ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Тоа, како што рече на Конференцијата во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, што денеска се одржува во Скопје, ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување на нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.
Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор, рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.
Тој нагласи дека станува збор за клучен сектор кој има огромно значење за Министерството за транспорт и за Владата.
Највисоките стандарди мора да се применуваат во вашата професија, бидејќи не се дозволени грешки и не е дозволен никаков волонтеризам. Токму затоа ние сакаме да ги поддржиме нашите домашни, но и интернационални професионалци во овој сектор, посочи Николоски.
Нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродроми и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и тикму затоа, како што кажа, почнавме нова кампања за субвенционирање на летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата.

The post Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови appeared first on Република.

]]>
Најмалку десет нови дестинции од двата аеродрома https://republika.mk/vesti/ekonomija/najmalku-deset-novi-destintsii-od-dvata-aerodroma/ Thu, 03 Oct 2024 12:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=822208

Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски на прес-конференција истакна дека во земјава ќе има влез и на нови авио компании, а во однос на железницата, дека првата фаза од проектот „градски воз“ се очекува да се реализира до октомври следната година.

Железицата за мене е иднината. Состојбата што ја наследивме беше катастрофална. Немаше ниту една локомотива што можеше да вози, имаше нула локомотиви, само девет композиции лежеа на македонските пруги. Сега имаме седум локомотиви на располагање, се оспособува осмата. Сакам да споделам само еден податок, дека во август вкупно по македонските пруги поминале 31 товарен воз, а само последнава недела 70 товарни возови. Планираме силни инвестициски циклуси следната година, како и реконструкција на пругата од Табановце до Гевгелија, рече Николоски по повод сработеното во првите 100 дена.

Од понеделник министерот рече дека ќе објави најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома.

Тоа ќе значи 200 000 повеќе патници следната година. Ќе има и нови компаниии нови дестинации, рече Николоски.

Тој најави и реконструкција на терминалната зграда на Охрдискиот аеродром. 

https://www.youtube.com/live/Ye8VqxdJgGc?si=mtWKzJE3ZWhjES5T

The post Најмалку десет нови дестинции од двата аеродрома appeared first on Република.

]]>

Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски на прес-конференција истакна дека во земјава ќе има влез и на нови авио компании, а во однос на железницата, дека првата фаза од проектот „градски воз“ се очекува да се реализира до октомври следната година.
Железицата за мене е иднината. Состојбата што ја наследивме беше катастрофална. Немаше ниту една локомотива што можеше да вози, имаше нула локомотиви, само девет композиции лежеа на македонските пруги. Сега имаме седум локомотиви на располагање, се оспособува осмата. Сакам да споделам само еден податок, дека во август вкупно по македонските пруги поминале 31 товарен воз, а само последнава недела 70 товарни возови. Планираме силни инвестициски циклуси следната година, како и реконструкција на пругата од Табановце до Гевгелија, рече Николоски по повод сработеното во првите 100 дена.
Од понеделник министерот рече дека ќе објави најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома.
Тоа ќе значи 200 000 повеќе патници следната година. Ќе има и нови компаниии нови дестинации, рече Николоски.
Тој најави и реконструкција на терминалната зграда на Охрдискиот аеродром.  https://www.youtube.com/live/Ye8VqxdJgGc?si=mtWKzJE3ZWhjES5T

The post Најмалку десет нови дестинции од двата аеродрома appeared first on Република.

]]>
Ова се новите линии кои со субвенции од Влата ќе ги воведат „Луфтанза“ и „Визер“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-se-novite-linii-koi-so-subventsii-od-vlata-ke-gi-vovedat-luftanza-i-vizer/ Thu, 13 Apr 2023 11:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=630530

Со субвенции од Владата, германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија - од Скопје до Франкфурт, а унгарски „Визер“ четири - од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии, што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“.

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно, а „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

Авиопревозниците „Луфтханза“ и „Визер“ ќе летаат и по неколку пати дневно од нашите аеродроми. Со авиопревозникот „Луфтхаза“ преку Франкфурт, нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе земји во Европа и светот со оглед на тоа дека аеродромот во Франкфурт е еден од неколкуте најголеми аеродроми во светот. Јас сум сигурен дека преку субвенционирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на воздушниот сообраќај, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Наша стратешка цел, потенцираше тој, е да ги искористиме сите капацитети што ги нудат Меѓународниот аеродром „Скопје“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Заложбата на Владата е да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните. Податоците покажуваат дека во 2022 година имаме превезено над 2,3 милиони патници преку нашите два меѓународни аеродроми. Тоа за Cеверна Македонија значи зајакнување на економските врски со европски и светски дестинации, носење на нови инвеститори, но и можност за брзо и непречено движење на нашите граѓани кои сакаат да патуваат во странство или странски граѓани кои доаѓаат во нашата држава или за работа или со туристички цели. Исто така, тоа значи и привлекување на што поголем број странски државјани кои сакаат да ја посетат нашата земја, рече Ковачевски.

Според Бочварски, воведени се нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните. Има, како што рече тој, дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации.

Одговорено е позитивно на барањата за новите пет дестинации од овие две авиокомпании, а секоја друга компанија што ќе сака да оперира од нашите аеродроми кон која било европска дестинација тоа може да го направи и без субвенции. Но, останува правото на Министерството за транспорт и врски, доколку сметаме дека е потребно, а јас сметам дека е потребно и имаме дополнителни средства да објавиме и нов повик кон крајот на оваа година со цел да привлечеме можеби дополнителни авиокомпании но и дополнителни дестинации за нашите граѓани, рече Бочварски.

„Луфтханза“ и „Виз Ер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршувањето на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Нашите политики се во насока да го развиеме воздушниот сообраќај во земјата, да обезбедиме квалитетен развој на цивилното воздухопловство, како и да формираме конкурентни цени и нови дестинации за нашите граѓани, како и за привлекување туристи од цела Европа и пошироко, рече министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

Повикот со кој се склучени договори со „Луфтханза и „Виз Ер“ е втор годинава, а првиот беше поништен откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан Ерлајнс“ констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

Државава ќе доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше „Виз Ер“ преку три последователни договори

The post Ова се новите линии кои со субвенции од Влата ќе ги воведат „Луфтанза“ и „Визер“ appeared first on Република.

]]>

Со субвенции од Владата, германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија - од Скопје до Франкфурт, а унгарски „Визер“ четири - од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии, што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно, а „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.
Авиопревозниците „Луфтханза“ и „Визер“ ќе летаат и по неколку пати дневно од нашите аеродроми. Со авиопревозникот „Луфтхаза“ преку Франкфурт, нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе земји во Европа и светот со оглед на тоа дека аеродромот во Франкфурт е еден од неколкуте најголеми аеродроми во светот. Јас сум сигурен дека преку субвенционирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на воздушниот сообраќај, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Наша стратешка цел, потенцираше тој, е да ги искористиме сите капацитети што ги нудат Меѓународниот аеродром „Скопје“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Заложбата на Владата е да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните. Податоците покажуваат дека во 2022 година имаме превезено над 2,3 милиони патници преку нашите два меѓународни аеродроми. Тоа за Cеверна Македонија значи зајакнување на економските врски со европски и светски дестинации, носење на нови инвеститори, но и можност за брзо и непречено движење на нашите граѓани кои сакаат да патуваат во странство или странски граѓани кои доаѓаат во нашата држава или за работа или со туристички цели. Исто така, тоа значи и привлекување на што поголем број странски државјани кои сакаат да ја посетат нашата земја, рече Ковачевски.
Според Бочварски, воведени се нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните. Има, како што рече тој, дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации.
Одговорено е позитивно на барањата за новите пет дестинации од овие две авиокомпании, а секоја друга компанија што ќе сака да оперира од нашите аеродроми кон која било европска дестинација тоа може да го направи и без субвенции. Но, останува правото на Министерството за транспорт и врски, доколку сметаме дека е потребно, а јас сметам дека е потребно и имаме дополнителни средства да објавиме и нов повик кон крајот на оваа година со цел да привлечеме можеби дополнителни авиокомпании но и дополнителни дестинации за нашите граѓани, рече Бочварски.
„Луфтханза“ и „Виз Ер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршувањето на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.
Нашите политики се во насока да го развиеме воздушниот сообраќај во земјата, да обезбедиме квалитетен развој на цивилното воздухопловство, како и да формираме конкурентни цени и нови дестинации за нашите граѓани, како и за привлекување туристи од цела Европа и пошироко, рече министерот Бочварски.
Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Повикот со кој се склучени договори со „Луфтханза и „Виз Ер“ е втор годинава, а првиот беше поништен откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан Ерлајнс“ констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Државава ќе доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше „Виз Ер“ преку три последователни договори

The post Ова се новите линии кои со субвенции од Влата ќе ги воведат „Луфтанза“ и „Визер“ appeared first on Република.

]]>
„Луфтанза“ ќе лета и од Скопје https://republika.mk/vesti/ekonomija/luftanza-kje-leta-i-od-skopje/ Mon, 19 Dec 2022 19:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=587785

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети.

ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.
Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите. Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа. Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети. ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>
Укинати уште четири линии од Скопје до европски дестинации https://republika.mk/vesti/ekonomija/ukinati-ushte-chetiri-linii-od-skopje-do-evropski-destinacii/ Sun, 11 Dec 2022 15:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=584331

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови.

Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com

Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

The post Укинати уште четири линии од Скопје до европски дестинации appeared first on Република.

]]>

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови. Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година. Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

The post Укинати уште четири линии од Скопје до европски дестинации appeared first on Република.

]]>
Нови летови Скопје-Малта и Охрид-Лондон Лутон, реобновени и седум рути https://republika.mk/vesti/ekonomija/novi-letovi-skopje-malta-i-ohrid-london-luton-reobnoveni-i-sedum-ruti/ Wed, 23 Mar 2022 08:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=476964

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај.

Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на две нови линии – Охрид-Лондон Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои од највозбудливите градови во Европа, соопшти „Виз Ер“.

Авиолиниите Охрид – Фридрихсхафен и Охрид – Мемингем почнуваат од 28 март, а од тој датум ќе се лета и на рутата Скопје-Билунд. За Охрид-Лондон Лутон, Скопје-Рим Чампино и Скопје – Турку, како стартен датум е ставен 21 март, а 23 мај за Скопје-Бремен, Скопје-Малта и Скопје-Векше. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација.

Како што информираше претходно во интервју за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Аеродроми, со летниот распоред на летање што стартува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во државава се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено, со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата.

The post Нови летови Скопје-Малта и Охрид-Лондон Лутон, реобновени и седум рути appeared first on Република.

]]>

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај.
Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на две нови линии – Охрид-Лондон Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои од највозбудливите градови во Европа, соопшти „Виз Ер“.
Авиолиниите Охрид – Фридрихсхафен и Охрид – Мемингем почнуваат од 28 март, а од тој датум ќе се лета и на рутата Скопје-Билунд. За Охрид-Лондон Лутон, Скопје-Рим Чампино и Скопје – Турку, како стартен датум е ставен 21 март, а 23 мај за Скопје-Бремен, Скопје-Малта и Скопје-Векше. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација. Како што информираше претходно во интервју за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Аеродроми, со летниот распоред на летање што стартува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во државава се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено, со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата.

The post Нови летови Скопје-Малта и Охрид-Лондон Лутон, реобновени и седум рути appeared first on Република.

]]>
Од 28 март враќање на авиолинии од пред ковид пандемијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-28-mart-vrakjanje-na-aviolinii-od-pred-kovid-pandemijata/ Sat, 19 Mar 2022 08:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=475286

Со летниот распоред на летање, што стартува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во Македонија се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата.

Моментално, летниот распоред на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје има 35 дестинации. Сите дестинации што ги имавме лани ќе продолжат, освен Москва, Санкт-Петербург и Киев. Иако како авиолинии беа пуштени првпат во ковид-кризата, во 2020 и 2021 година, во моментов овие три линии не се оперативни. Во овој летен распоред на летање се враќаат и неколку рути кои ги имавме пред ковид-пандемијата, но во текот на зимската сезона се’ уште не беа вратени. Друга авиолинија за која се надеваме дека ќе се врати, по завршувањето на рехабилитацијата на пистата, е Варшава, со полската авиокомпанија ЛОТ, која исто како и авиолинијата до Истанбул, се користеше од нашите патници како конекција за патувања до САД, вели во интервју за МИА Метин Батак, извршен директор на ТАВ Аеродроми.

Веруваме, како што дополнува, дека авиолинијата Скопје-Софија, која е новина во летниот ред на летање, ќе им даде уште поголем поттик на туризмот и економијата во земјава.

Секоја авиокомпанија пред воведувањето на некоја линија прави детални анализи и проценки за нејзината одржливост, трошоците и приходите, така што верувам дека и во овој случај тоа не е исклучок, оценува Батак, прашан за одржливоста на новата авиолинија.

Тој истакнува дека последиците од Ковид-19 кризата сѐ уште се чувствуваат глобално и оти се потребни уште најмалку две до три години за закрепнување на авиосообраќајот на светско ниво.

Изминатите две години беа и се навистина предизвикувачки за авиосекторот. Почна со ковид-кризата, продолжува со глобалните политички и економски случувања. Сето ова влијае врз сите бизнис-сектори, вклучувајќи го и авиосообраќајот, така што брзите прилагодувања на секоја новонастаната ситуација се неопходни и се покажаа како клучни во целиот овој период. Постојат бројни предизвици со кои ТАВ Мaкедoнија успешно се носи, секогаш организирајќи ги процесите и условите за работа според највисоките глобални авијациски стандарди, за што доказ се и меѓународните признанија што ги добиваме, наведува Батак.

Во првите два месеца од годинава на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се регистрирани 215 227 патници, што е пад од 29 проценти на вкупниот број патници споредено со бројките за јануари и февруари во 2019, како референтна година. Во однос на 2021 година, бројот на патници во првите два месеци оваа година е зголемен за 107 проценти. Бројот на летови пак, на двата аеродрома во првите два месеци годинава е 1.900, што е 46 проценти повеќе во однос на истиот период лани, но е за 26 проценти помалку во однос на 2019 година

The post Од 28 март враќање на авиолинии од пред ковид пандемијата appeared first on Република.