авио линија Скопје-Софија Archives - Република https://republika.mk/tema/avio-linija-skopje-sofija/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 08:37:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авио линија Скопје-Софија Archives - Република https://republika.mk/tema/avio-linija-skopje-sofija/ 32 32 Од новиот пристап кој го промовираше Петков ќе остане само сликата од авионот во Софија, како таа со датумот на Заев https://republika.mk/vesti/makedonija/od-noviot-pristap-koj-go-promovirashe-petkov-kje-ostane-samo-slikata-od-avionot-vo-sofija-kako-taa-so-datumot-na-zaev/ Tue, 22 Mar 2022 08:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=476428

На крајот на минатата година тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков со многу ентузијазам влезе во односите со Македонија. Новиот пристап кој го најави требаше отворените прашања да ги оставиме по страна.

Тој бараше да се подобри комуникацијата меѓу двете влади, меѓу бизнис секторот, граѓаните од двете страни и дури потоа да се решаваат проблемите.

Петков дојде во Скопје, се формираа работни групи за „се и сешто“ , се потпишуваа меморандуми па дури и се сликаа во новата линија Софија-Скопје иако на сите им е јасно дека таа нема да заживее.

Но, како што е редот сметката секогаш доаѓа на крајот. Пред неколку дена Петков ни објасни дека е добро тоа што почна соработка на сите полиња но оти за Македонија да почне преговори потребни се конкретни чекори.

Тој чекор се вика внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Тоа само за почеток. Останатите услови на Бугарија кои се однесуваат на јазикот, историјата и нацијата ќе треба да ги решаваме во текот на преговорите со ЕУ кои ќе траат десетина години.

Петков добро знае дека за ова да се случи е потребно двотретинско мнозинство во Собранието кое во моментов е тешко да се обезбеди ако се знае дека најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ би дала поддршка за барање само со гаранции од страна на Бугарија кои се однесуваат на заштитата на македонската посебност во однос на јазикот и народот.

Но, такви сигнали од Софија засега не доаѓаат.Напротив, ставот на Бугарија е дека доколку не се исполни ова нивно барање преговори нема да има. За ова поддршка имаат и од ЕУ.

Премиерот Ковачевски пак вели дека имало  поединци кои сакале односите со Софија да ги направат полоши. Тој е задоволен што твориле нов процес на разговори, нов начин на комуникација кој треба да ја зголеми довербата не само меѓу министрите, туку и меѓу општествата во целина.

Соработката е унапредена во однос на периодот претходно. Односите се унапредени, официјалното ниво на комуникација е унапредено и е на ниво на европските вредности. Секогаш постојат поединци кои сакаат тие односи да ги направат полоши, но ние и бугарската Влада сме против тоа. Треба да соработуваме на сите полиња, истакна премиерот.

The post Од новиот пристап кој го промовираше Петков ќе остане само сликата од авионот во Софија, како таа со датумот на Заев appeared first on Република.

]]>

На крајот на минатата година тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков со многу ентузијазам влезе во односите со Македонија. Новиот пристап кој го најави требаше отворените прашања да ги оставиме по страна. Тој бараше да се подобри комуникацијата меѓу двете влади, меѓу бизнис секторот, граѓаните од двете страни и дури потоа да се решаваат проблемите. Петков дојде во Скопје, се формираа работни групи за „се и сешто“ , се потпишуваа меморандуми па дури и се сликаа во новата линија Софија-Скопје иако на сите им е јасно дека таа нема да заживее. Но, како што е редот сметката секогаш доаѓа на крајот. Пред неколку дена Петков ни објасни дека е добро тоа што почна соработка на сите полиња но оти за Македонија да почне преговори потребни се конкретни чекори. Тој чекор се вика внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Тоа само за почеток. Останатите услови на Бугарија кои се однесуваат на јазикот, историјата и нацијата ќе треба да ги решаваме во текот на преговорите со ЕУ кои ќе траат десетина години. Петков добро знае дека за ова да се случи е потребно двотретинско мнозинство во Собранието кое во моментов е тешко да се обезбеди ако се знае дека најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ би дала поддршка за барање само со гаранции од страна на Бугарија кои се однесуваат на заштитата на македонската посебност во однос на јазикот и народот. Но, такви сигнали од Софија засега не доаѓаат.Напротив, ставот на Бугарија е дека доколку не се исполни ова нивно барање преговори нема да има. За ова поддршка имаат и од ЕУ. Премиерот Ковачевски пак вели дека имало  поединци кои сакале односите со Софија да ги направат полоши. Тој е задоволен што твориле нов процес на разговори, нов начин на комуникација кој треба да ја зголеми довербата не само меѓу министрите, туку и меѓу општествата во целина.
Соработката е унапредена во однос на периодот претходно. Односите се унапредени, официјалното ниво на комуникација е унапредено и е на ниво на европските вредности. Секогаш постојат поединци кои сакаат тие односи да ги направат полоши, но ние и бугарската Влада сме против тоа. Треба да соработуваме на сите полиња, истакна премиерот.

The post Од новиот пристап кој го промовираше Петков ќе остане само сликата од авионот во Софија, како таа со датумот на Заев appeared first on Република.

]]>
Делегации од Бугарија и Македонија ќе си летаат од Софија до Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/delegacii-od-bugarija-i-makedonija-kje-si-letaat-od-sofija-do-skopje/ Fri, 11 Feb 2022 06:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=456996

На Меѓународниот аеродром Скопје изутрина во 09:40 треба да слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација.

Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.

Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. За исходот е од средбата се најавени изјави за медиумите во Клубот на пратеници 13:30 часот.

Бочварски е во Софија од вчера каде заседаваше меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, една од шесте работни групи формирани меѓу двете држави минатиот месец.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт.

Авионското поврзување меѓу двата главни града на Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8

The post Делегации од Бугарија и Македонија ќе си летаат од Софија до Скопје appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром Скопје изутрина во 09:40 треба да слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. За исходот е од средбата се најавени изјави за медиумите во Клубот на пратеници 13:30 часот. Бочварски е во Софија од вчера каде заседаваше меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, една од шесте работни групи формирани меѓу двете држави минатиот месец. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт. Авионското поврзување меѓу двата главни града на Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8

The post Делегации од Бугарија и Македонија ќе си летаат од Софија до Скопје appeared first on Република.

]]>
Бочварски во Софија ќе ги договара деталите за авиолинијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-vo-sofija-kje-gi-dogovara-detalite-za-aviolinijata/ Thu, 10 Feb 2022 07:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=456510

Македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска и утре ќе престојува во Софија каде треба да се одржи состанок на работната група за транспорт и инфраструктура меѓу Македонија и Бугарија.

На состанокот, според најавите, ќе се разговара за најавената авиолинија од Софија до Скопје, како и за прашањата кои се од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.

Се очекува утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира и првиот лет на оваа релација. Очекувањата се дека редовната авиолинија Софија – Скопје ќе почне да функционира од следниот месец, а за неа, според најавите, е заинтересирана компанијата „Гуливер“.

Во Скопје, владините претставници заедно со туроператорите од двете држави ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на соработката и понудата на туристички пакети со цел да се зголемат меѓусебните посети на туристи од двете земји.

При посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Софија на 25 јануари  беа потпишани два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади

The post Бочварски во Софија ќе ги договара деталите за авиолинијата appeared first on Република.

]]>

Македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска и утре ќе престојува во Софија каде треба да се одржи состанок на работната група за транспорт и инфраструктура меѓу Македонија и Бугарија. На состанокот, според најавите, ќе се разговара за најавената авиолинија од Софија до Скопје, како и за прашањата кои се од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата. Се очекува утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира и првиот лет на оваа релација. Очекувањата се дека редовната авиолинија Софија – Скопје ќе почне да функционира од следниот месец, а за неа, според најавите, е заинтересирана компанијата „Гуливер“. Во Скопје, владините претставници заедно со туроператорите од двете држави ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на соработката и понудата на туристички пакети со цел да се зголемат меѓусебните посети на туристи од двете земји. При посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Софија на 25 јануари  беа потпишани два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади

The post Бочварски во Софија ќе ги договара деталите за авиолинијата appeared first on Република.

]]>
Бугарска авио компанија ќе лета до Скопје, ќе добива и пари https://republika.mk/vesti/balkan/bugarska-avio-kompanija-kje-leta-do-skopje-kje-dobiva-i-pari/ Fri, 04 Feb 2022 21:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=454387

Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев за БНТ изјави дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со Сабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија.

Тур-операторите од Бугарија и Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни.

Со тоа, според министерот за транспорт Николај Сабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Македонија да ги посетат нејзините одморалишта.

Сабев рече дека за рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија која ќе ги извршува летовите.

Бугарија, како што најави, ќе предложи состанок на министрите за транспорт од Македонија и Албанија со Европската комисија за Коридорот 8 да се трансформира во Коридор на Западен Балкан.

– Ќе биде финансиран од Европската комисија, изјави бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев.

The post Бугарска авио компанија ќе лета до Скопје, ќе добива и пари appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев за БНТ изјави дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со Сабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија. Тур-операторите од Бугарија и Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни. Со тоа, според министерот за транспорт Николај Сабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Македонија да ги посетат нејзините одморалишта. Сабев рече дека за рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија која ќе ги извршува летовите. Бугарија, како што најави, ќе предложи состанок на министрите за транспорт од Македонија и Албанија со Европската комисија за Коридорот 8 да се трансформира во Коридор на Западен Балкан. – Ќе биде финансиран од Европската комисија, изјави бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев.

The post Бугарска авио компанија ќе лета до Скопје, ќе добива и пари appeared first on Република.

]]>
Бочварски се надева дека ќе се најде компанија која ќе сака да лета до Софија https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-se-nadeva-deka-kje-se-najde-kompanija-koja-kje-saka-da-leta-do-sofija/ Thu, 20 Jan 2022 22:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=447319

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека во вторник на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија ќе продолжат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија и оти ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање.

Тој вечерва во гостувањето во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма, одговарајќи на прашање дали летовите Скопје-Софија ќе ги спроведува бугарската компанија „Гуливер“ и дали тоа ќе бидат нискобуџетни летови кои понатаму ќе прават примамлива интерконекција за летови за Канада и САД, Бочварски одговори дека прво ќе се обидат да поразговараат со оператори коишто треба да имаат финансиска исплатливост.

– Најпривин тргнавме од тој аспект да се обидеме да поразговараме со оператори коишто се заинтересирани, бидејќи тоа се приватни компании, можеби некаде и државни, коишто треба да имаат финансиска исплатливост да можат да возат на една ваква рута. Таа рута е доста кратка рута од Софија до Скопје и во минатото е запрена заради тоа што немало доволен број на патници. Аспектот на тоа дека треба да одиме со потпомагање или субвенционирање на оваа линија го ставаме во втор план. Во разговорите дискутиравме дали е возможно да отвориме можности и да поразговараме со тие компании да направат одреден триаголник, на пример Скопје-Софија-Атина или Софија-Скопје-Истанбул со што ќе ја направат примамлива и оваа делница за движење на авиотранспортот во наредниот период, но крајната цел е да имаме авиолинија Скопје-Софија заради тоа што ќе отвори нови можности за граѓаните без разлика дали таа компанија потоа ќе го најде интересот и ќе вози од Софија до Њујорк или до Канада или до Германија, тоа е апсолутно оправдано заради тоа што компанијата треба да го најде и финансискиот интерес без притоа најпрвин да се насочиме финансиски со субвенции од страна на државите, нагласи Бочварски.

Тој посочи дека се отворени сите опции и оти од вторник ќе ги продолжат разговорите за авиолинијата.

–  Јас го информирав и министерот од Бугарија дека ние сме подготвени за секоја заинтересирана компанија. Дека може слободно да дојде овде и да поразговараме заедно со сите власти воздухопловни во државата да ги најдеме можностите. Ние имаме концесионер на нашите два аеродроми, секако ќе ги вклучиме и нив за можни поволности, можеби попусти, за да може оваа линија конечно да почне да оперира. За нас е многу важно не само заради политичкиот момент, сметам дека треба како први соседи да имаме повеќе конекции и ова е еден од начините да го направиме тоа, истакна министерот за транспорт и врски

The post Бочварски се надева дека ќе се најде компанија која ќе сака да лета до Софија appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека во вторник на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија ќе продолжат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија и оти ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање. Тој вечерва во гостувањето во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма, одговарајќи на прашање дали летовите Скопје-Софија ќе ги спроведува бугарската компанија „Гуливер“ и дали тоа ќе бидат нискобуџетни летови кои понатаму ќе прават примамлива интерконекција за летови за Канада и САД, Бочварски одговори дека прво ќе се обидат да поразговараат со оператори коишто треба да имаат финансиска исплатливост.
– Најпривин тргнавме од тој аспект да се обидеме да поразговараме со оператори коишто се заинтересирани, бидејќи тоа се приватни компании, можеби некаде и државни, коишто треба да имаат финансиска исплатливост да можат да возат на една ваква рута. Таа рута е доста кратка рута од Софија до Скопје и во минатото е запрена заради тоа што немало доволен број на патници. Аспектот на тоа дека треба да одиме со потпомагање или субвенционирање на оваа линија го ставаме во втор план. Во разговорите дискутиравме дали е возможно да отвориме можности и да поразговараме со тие компании да направат одреден триаголник, на пример Скопје-Софија-Атина или Софија-Скопје-Истанбул со што ќе ја направат примамлива и оваа делница за движење на авиотранспортот во наредниот период, но крајната цел е да имаме авиолинија Скопје-Софија заради тоа што ќе отвори нови можности за граѓаните без разлика дали таа компанија потоа ќе го најде интересот и ќе вози од Софија до Њујорк или до Канада или до Германија, тоа е апсолутно оправдано заради тоа што компанијата треба да го најде и финансискиот интерес без притоа најпрвин да се насочиме финансиски со субвенции од страна на државите, нагласи Бочварски.
Тој посочи дека се отворени сите опции и оти од вторник ќе ги продолжат разговорите за авиолинијата.
–  Јас го информирав и министерот од Бугарија дека ние сме подготвени за секоја заинтересирана компанија. Дека може слободно да дојде овде и да поразговараме заедно со сите власти воздухопловни во државата да ги најдеме можностите. Ние имаме концесионер на нашите два аеродроми, секако ќе ги вклучиме и нив за можни поволности, можеби попусти, за да може оваа линија конечно да почне да оперира. За нас е многу важно не само заради политичкиот момент, сметам дека треба како први соседи да имаме повеќе конекции и ова е еден од начините да го направиме тоа, истакна министерот за транспорт и врски

The post Бочварски се надева дека ќе се најде компанија која ќе сака да лета до Софија appeared first on Република.

]]>