Авдулах Хоти Archives - Република https://republika.mk/tema/avdulah-hoti/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 17:16:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Авдулах Хоти Archives - Република https://republika.mk/tema/avdulah-hoti/ 32 32 Хоти: Двоецот Курти–Османи стана проблем за европската безбедност https://republika.mk/vesti/balkan/hoti-dvoetsot-kurti-osmani-stana-problem-za-evropskata-bezbednost/ Sun, 02 Jul 2023 17:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=657504

Поранешниот косовски премиер, сега пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдулах Хоти вели дека двоецот кој го сочинуваат актуелниот премиер, Албин Курти и претседателката на државата, Вјоса Османи се претвори во проблем за европската и западната безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Хоти вели дека изолацијата и санкциите кои ги воведоа меѓународниците кон Косово поради недејствувањето на властите за смирување на состојобите на северот од земјата, населен со мнозинско српско население, се разорни за државата и дека без поддршката од САД и Европската унија е невозможен било каков прогрес.

- Дури и со целосна поддршка од САД и главните земји на ЕУ, Косово има потешкотии во евроатлантските интеграции поради противењето од одредени земји. Без таа поддршка невозможен е било каков прогрес. Додека, пак, со санкциите и изолацијата кои ќе настапат, ниту статус кво-то не ќе може да се задржи, напиша Хоти.

Според него, од 2008 година, кога беше прогласена независноста на државата, Косово промовира нормалност и мир, додека под сегашното водство на, како што го нарекува, „несреќниот двоец Курти-Османи“, се претвора во проблем по европската безбедност.

- Со сите предизвици кои ги имаше, Косово од 2008 година беше земја која промовира нормалност и мир, демократска земја која бараше поддршка од партнерите за евроатлантските интеграции. Сега им е јасно на сите дека со незападната надворешна политика на несреќниот двоец Курти-Османи, Косово се претвора во проблем за европската и западната безбедност. Треба да ни биде јасно: Косово не може да се води од еден премиер и една претседателка кои ѝ носат на државата санкции од сојузниците наместо евроатлантска интеграција, напиша Хоти.

The post Хоти: Двоецот Курти–Османи стана проблем за европската безбедност appeared first on Република.

]]>

Поранешниот косовски премиер, сега пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдулах Хоти вели дека двоецот кој го сочинуваат актуелниот премиер, Албин Курти и претседателката на државата, Вјоса Османи се претвори во проблем за европската и западната безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Хоти вели дека изолацијата и санкциите кои ги воведоа меѓународниците кон Косово поради недејствувањето на властите за смирување на состојобите на северот од земјата, населен со мнозинско српско население, се разорни за државата и дека без поддршката од САД и Европската унија е невозможен било каков прогрес.
- Дури и со целосна поддршка од САД и главните земји на ЕУ, Косово има потешкотии во евроатлантските интеграции поради противењето од одредени земји. Без таа поддршка невозможен е било каков прогрес. Додека, пак, со санкциите и изолацијата кои ќе настапат, ниту статус кво-то не ќе може да се задржи, напиша Хоти.
Според него, од 2008 година, кога беше прогласена независноста на државата, Косово промовира нормалност и мир, додека под сегашното водство на, како што го нарекува, „несреќниот двоец Курти-Османи“, се претвора во проблем по европската безбедност.
- Со сите предизвици кои ги имаше, Косово од 2008 година беше земја која промовира нормалност и мир, демократска земја која бараше поддршка од партнерите за евроатлантските интеграции. Сега им е јасно на сите дека со незападната надворешна политика на несреќниот двоец Курти-Османи, Косово се претвора во проблем за европската и западната безбедност. Треба да ни биде јасно: Косово не може да се води од еден премиер и една претседателка кои ѝ носат на државата санкции од сојузниците наместо евроатлантска интеграција, напиша Хоти.

The post Хоти: Двоецот Курти–Османи стана проблем за европската безбедност appeared first on Република.

]]>
Албанија, Црна Гора, Македонија се во НАТО, не може да има војна на Косово, смета поранешниот премиер Хоти https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-crna-gora-makedonija-se-vo-nato-ne-moze-da-ima-vojna-na-kosovo-smeta-poraneshniot-premier-hoti/ Sat, 17 Sep 2022 18:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=551815

Поранешниот косовски премиер, пратеникот на опозицискиот Деморкатски сојуз на Косово, Авдулах Хоти го обвини неговиот наследник на чело на Владата, премиерот Албин Курти деке е неспособен да ги реши реалните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Косово и поради тоа измислува непостоечки закани по државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во реакција на денешното интервју на Курти за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, каде што вели дека не може да се исклучи можноста од нов воен конфликт во Косово и регионот, Хоти оцени дека актуелниот косовски премиер ваквите изјави ги дава за да го одвлече вниманието од неговата неспособност да ги реши реалните проблеми на граѓаните.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Хоти вели дека „нема да има војна во Косово“ и дека „ниедна влада во регионот не може и не смее да размислува да започне војна“.

– Албанија, Црна Гора, Македонија се во НАТО. Освен тоа, НАТО е стационирана во Косово и Босна и Херцеговина. Сè што може да се очекува да се случи е соочување на Косово и регионот со економски и демографски колапс. Секако доколку не се спроведат потребните политики, ако не се движиме побргу кон евроинтеграциите и ако не се решат постоечките недоразбирања, напиша Хоти.

За тие што споменуваат војни, како што тоа го направи Курти во интервјуто за „Вечерњи лист“ и претходно за италијанската „Ла Република“, Хоти вели дека „го прават тоа „за да ги покријат промашувањата во владеењето“.

– Некои политичари кои ја спомнуваат војната го прават тоа за да ги покријат промашувањата во владеењето. Го прават за да го одвлечат вниманието на јавноста од енергетската криза, високата инфлација и социјалните незадоволства, вели Хоти.

Во денешното интервју за „Вечерњи лист“, актуелниот премиер Курти изјави дека „би било неодговорно да се рече дека никогаш веќе нема да има конфликт и војна“.

– Доколку нема подготовки за војна, зошто минатата година Србија и Русија одржаа 104 воени вежби (на српска територија) од 91 колку што имаа најавено и во исто време ги изведоа двете најголеми вежби, насловени „Славјански штит“ и „Славјанско братство“, изјави Курти.

За можноста од нов конфликт во Косово и во регионот, Курти предупреди и во интервјуто што минатиот месец го даде за „Ла Република“, посочувајќи ги врските на официјален Белград, на чело со претседателот на државата, Александар Вучиќ со режимот во Москва, предводен од Владимир Путин.

– Ризикуваме војна. Зад Србија стои Путин. Не би рекол дека опасноста е многу висока, затоа што ние го имаме контингентот на НАТО тука, но сигурно дека е висока. Ние сме една демократија која има една автократија на границата, изјави Курти за италијанскиот весник во август годинава.

The post Албанија, Црна Гора, Македонија се во НАТО, не може да има војна на Косово, смета поранешниот премиер Хоти appeared first on Република.

]]>

Поранешниот косовски премиер, пратеникот на опозицискиот Деморкатски сојуз на Косово, Авдулах Хоти го обвини неговиот наследник на чело на Владата, премиерот Албин Курти деке е неспособен да ги реши реалните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Косово и поради тоа измислува непостоечки закани по државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во реакција на денешното интервју на Курти за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, каде што вели дека не може да се исклучи можноста од нов воен конфликт во Косово и регионот, Хоти оцени дека актуелниот косовски премиер ваквите изјави ги дава за да го одвлече вниманието од неговата неспособност да ги реши реалните проблеми на граѓаните. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Хоти вели дека „нема да има војна во Косово“ и дека „ниедна влада во регионот не може и не смее да размислува да започне војна“. – Албанија, Црна Гора, Македонија се во НАТО. Освен тоа, НАТО е стационирана во Косово и Босна и Херцеговина. Сè што може да се очекува да се случи е соочување на Косово и регионот со економски и демографски колапс. Секако доколку не се спроведат потребните политики, ако не се движиме побргу кон евроинтеграциите и ако не се решат постоечките недоразбирања, напиша Хоти. За тие што споменуваат војни, како што тоа го направи Курти во интервјуто за „Вечерњи лист“ и претходно за италијанската „Ла Република“, Хоти вели дека „го прават тоа „за да ги покријат промашувањата во владеењето“. – Некои политичари кои ја спомнуваат војната го прават тоа за да ги покријат промашувањата во владеењето. Го прават за да го одвлечат вниманието на јавноста од енергетската криза, високата инфлација и социјалните незадоволства, вели Хоти. Во денешното интервју за „Вечерњи лист“, актуелниот премиер Курти изјави дека „би било неодговорно да се рече дека никогаш веќе нема да има конфликт и војна“.