аутизам Archives - Република https://republika.mk/tema/autizam/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 08:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аутизам Archives - Република https://republika.mk/tema/autizam/ 32 32 „Повторно заедно’“ во Градскиот парк во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/povtorno-zaedno-vo-gradskiot-park-vo-skopje/ Sun, 21 Apr 2024 08:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=768730

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Повторно заедно“, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“.

Настанот се организира по петти пат во април - месец посветен на зголемувањето на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање, почитување и инклузија.

-„Повторно заедно“ и годинава ќе биде огромна игротека на отворено, со бројни активности: кошарка, ракомет, „Не лути се човече“, големи сложувалки, спортски вежби, забава, музичко и ликовно катче, како и базарче со изработки од лица со атипичен развој. Сцената на Школка ќе биде богата и шаренолика со бројни настапи, како на типични, така и на атипични деца. Настанот е од отворен тип, добредојден е секој кој сака да сподели и да добие љубов, соопштија организаторите.

The post „Повторно заедно’“ во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Повторно заедно“, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“. Настанот се организира по петти пат во април - месец посветен на зголемувањето на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање, почитување и инклузија.
-„Повторно заедно“ и годинава ќе биде огромна игротека на отворено, со бројни активности: кошарка, ракомет, „Не лути се човече“, големи сложувалки, спортски вежби, забава, музичко и ликовно катче, како и базарче со изработки од лица со атипичен развој. Сцената на Школка ќе биде богата и шаренолика со бројни настапи, како на типични, така и на атипични деца. Настанот е од отворен тип, добредојден е секој кој сака да сподели и да добие љубов, соопштија организаторите.

The post „Повторно заедно’“ во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>
Итан со диета со здрави протеини, органски зеленчук и овошје, ориз и компири веќе не покажува никакви знаци на аутизам https://republika.mk/zivot/zdravje/itan-so-dieta-so-zdravi-proteini-organski-zelenchuk-i-ovoshje-oriz-i-kompiri-veke-ne-pokazhuva-nikakvi-znatsi-na-autizam/ Thu, 11 Jan 2024 17:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=732087

Аутизмот е, многумина ќе речат, болест на новото време која рапидно расте во последните неколку години.

Неодамна, од свиркачите од американскиот Центар за контрола и превенција на болести протекоа информации кои докажуваат дека вакцините предизвикуваат аутизам. И навистина, со зголемувањето на бројот на вакцинирани, болеста на аутизмот исто така се зголемува во неверојатни размери.

На родителите со аутистични деца им било кажано дека симптомите на оваа болест може да се ублажат, но не и целосно да се излечат. Но, едно момче му покажа на светот дека тоа не е точно.

Неговите родители направиле само мала промена во исхраната на момчето и тој целосно се опоравил од дијагностицираната болест.

Итан Фокс - момче кое имало аутизам

Лекарите не препознале дека неговото одбивање да спие и проблемите со варењето се поврзани со неговата исхрана. За среќа, неговите родители барале алтернативни начини на лекување и конечно, по години напорна работа, откриле нешто многу важно за закрепнувањето на момчето.

Тие препознаа длабока врска помеѓу аутизмот и исхраната. Откриле дека решението лежи во исхраната без глутен и казеин (млечни производи), а за неколку дена Итан почнал да се чувствува подобро.

Со текот на годините, тие почнале да користат витамини и органски зеленчук и забележале драматично подобрување во социјалните, когнитивните и функционалните способности.

Придобивката од таквата диета се заснова на теоријата дека децата со аутизам може да имаат алергија или висока чувствителност на храна која содржи глутен или казеин, а овие типови на алергии најчесто се нуспојави од различни вакцини.

Децата со аутизам, според теоријата, ги вариат пептидите и протеините во храната што содржи глутен и казеин поинаку од другите луѓе, а оваа разлика може да ги влоши симптомите.

Три години подоцна, тие продолжија со диета без глутен и казеин, вклучувајќи витамини и го излечија гастроинтестиналниот систем на Итан.

Тој се опорави со диета со здрави протеини, органски зеленчук и овошје, ориз и компири. Тој веќе не покажува никакви знаци на аутизам. Пред се, тој е здраво, среќно и забавно момче.

https://www.youtube.com/watch?v=3qR6aDkVjYY

The post Итан со диета со здрави протеини, органски зеленчук и овошје, ориз и компири веќе не покажува никакви знаци на аутизам appeared first on Република.

]]>

Аутизмот е, многумина ќе речат, болест на новото време која рапидно расте во последните неколку години. Неодамна, од свиркачите од американскиот Центар за контрола и превенција на болести протекоа информации кои докажуваат дека вакцините предизвикуваат аутизам. И навистина, со зголемувањето на бројот на вакцинирани, болеста на аутизмот исто така се зголемува во неверојатни размери. На родителите со аутистични деца им било кажано дека симптомите на оваа болест може да се ублажат, но не и целосно да се излечат. Но, едно момче му покажа на светот дека тоа не е точно. Неговите родители направиле само мала промена во исхраната на момчето и тој целосно се опоравил од дијагностицираната болест. Итан Фокс - момче кое имало аутизам Лекарите не препознале дека неговото одбивање да спие и проблемите со варењето се поврзани со неговата исхрана. За среќа, неговите родители барале алтернативни начини на лекување и конечно, по години напорна работа, откриле нешто многу важно за закрепнувањето на момчето. Тие препознаа длабока врска помеѓу аутизмот и исхраната. Откриле дека решението лежи во исхраната без глутен и казеин (млечни производи), а за неколку дена Итан почнал да се чувствува подобро. Со текот на годините, тие почнале да користат витамини и органски зеленчук и забележале драматично подобрување во социјалните, когнитивните и функционалните способности. Придобивката од таквата диета се заснова на теоријата дека децата со аутизам може да имаат алергија или висока чувствителност на храна која содржи глутен или казеин, а овие типови на алергии најчесто се нуспојави од различни вакцини. Децата со аутизам, според теоријата, ги вариат пептидите и протеините во храната што содржи глутен и казеин поинаку од другите луѓе, а оваа разлика може да ги влоши симптомите. Три години подоцна, тие продолжија со диета без глутен и казеин, вклучувајќи витамини и го излечија гастроинтестиналниот систем на Итан. Тој се опорави со диета со здрави протеини, органски зеленчук и овошје, ориз и компири. Тој веќе не покажува никакви знаци на аутизам. Пред се, тој е здраво, среќно и забавно момче. https://www.youtube.com/watch?v=3qR6aDkVjYY

The post Итан со диета со здрави протеини, органски зеленчук и овошје, ориз и компири веќе не покажува никакви знаци на аутизам appeared first on Република.

]]>
Скандал во САД: Вработен во училиште удира тригодишно аутистично дете и го носи држејќи го за нозе https://republika.mk/vesti/svet/skandal-vo-sad-vraboten-vo-uchilishte-udira-trigodishno-autistichno-dete-i-go-nosi-drzhejki-go-za-noze/ Fri, 22 Sep 2023 20:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=684194

Родители на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во американска образовна институција го удира нивниот син по глава, а потоа го носи низ ходникот држејќи го за нозете.

Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење „Роза Паркс“ во Дејтон направена на 21 август. Таа вели дека директорот на училиштето првично ѝ рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од член на персоналот, но снимките од безбедносните камери покажуваат сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ.

На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница по главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува „НБЦ њуз“.

https://www.youtube.com/watch?v=N1O18MLQywo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа“, вели Линдзи.

Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, изјавил дека училиштето го лажело семејството.

Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, вели тој.

Линдзи изјавила дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да ѝ ја дадат снимката. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но и тогаш не го добила во целост.

Зошто Брајлен бегаше од него? Можеби не беше разигран. Не знам. Не знам затоа што прекинаа дел од видеото“, им рекла мајката на новинарите.

Училишната област засега не го објавила името на вработениот. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата, но тие не планираат да го повлечат Брајлен од училиштето.

Тој му верува на својот учител. Сака да оди таму“, објаснила Линдзи.

The post Скандал во САД: Вработен во училиште удира тригодишно аутистично дете и го носи држејќи го за нозе appeared first on Република.

]]>

Родители на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во американска образовна институција го удира нивниот син по глава, а потоа го носи низ ходникот држејќи го за нозете. Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење „Роза Паркс“ во Дејтон направена на 21 август. Таа вели дека директорот на училиштето првично ѝ рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од член на персоналот, но снимките од безбедносните камери покажуваат сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ. На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница по главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува „НБЦ њуз“. https://www.youtube.com/watch?v=N1O18MLQywo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа“, вели Линдзи.
Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, изјавил дека училиштето го лажело семејството.
Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, вели тој.
Линдзи изјавила дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да ѝ ја дадат снимката. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но и тогаш не го добила во целост.
Зошто Брајлен бегаше од него? Можеби не беше разигран. Не знам. Не знам затоа што прекинаа дел од видеото“, им рекла мајката на новинарите.
Училишната област засега не го објавила името на вработениот. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата, но тие не планираат да го повлечат Брајлен од училиштето.
Тој му верува на својот учител. Сака да оди таму“, објаснила Линдзи.

The post Скандал во САД: Вработен во училиште удира тригодишно аутистично дете и го носи држејќи го за нозе appeared first on Република.

]]>
Секое трето дете во Македонија има проблеми со говорот https://republika.mk/vesti/makedonija/sekoe-treto-dete-vo-makedonija-ima-problemi-so-govorot/ Sun, 23 Apr 2023 09:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=633189

Секое трето дете во Македонија има проблем со говорот и јазикот, а аутизмот се наведува како главна причина, пренесе Ал Џезира.

Логопедите велат дека клучни за нивниот развој се раната интервенција, но и поддршката и прифаќањето од околината.

Многу е важно заедницата да ги прифати овие деца. Сите велиме дека им пружаме поддршка, но никој не се става во нивна ситуација или во ситуацијата во која се наоѓаат нивните родители, вели клиничкиот логопед, Бојан Богдановски.

Здружението за аутизам проценува дека потешкотии во зборувањето имаат 20.000 лица. Недостасуваат официјални информации за оваа проблематика.

Преку поддршката на Владата за инклузија на децата со пречки во развој во образованието, околу 200 деца добиле образовен асистент. Сепак, не е иста ситуацијата и во средното образование, каде образовен асистент имаат далеку помалку деца.

The post Секое трето дете во Македонија има проблеми со говорот appeared first on Република.

]]>

Секое трето дете во Македонија има проблем со говорот и јазикот, а аутизмот се наведува како главна причина, пренесе Ал Џезира. Логопедите велат дека клучни за нивниот развој се раната интервенција, но и поддршката и прифаќањето од околината.
Многу е важно заедницата да ги прифати овие деца. Сите велиме дека им пружаме поддршка, но никој не се става во нивна ситуација или во ситуацијата во која се наоѓаат нивните родители, вели клиничкиот логопед, Бојан Богдановски.
Здружението за аутизам проценува дека потешкотии во зборувањето имаат 20.000 лица. Недостасуваат официјални информации за оваа проблематика. Преку поддршката на Владата за инклузија на децата со пречки во развој во образованието, околу 200 деца добиле образовен асистент. Сепак, не е иста ситуацијата и во средното образование, каде образовен асистент имаат далеку помалку деца.

The post Секое трето дете во Македонија има проблеми со говорот appeared first on Република.

]]>
Бекам, Сталоне, Траволта: Светски ѕвезди кои имаат деца со попреченост и отворено зборуваат за тоа https://republika.mk/zivot/semejstvo/bekam-stalone-travolta-svetski-zvezdi-koi-imaat-detsa-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa/ Sat, 22 Apr 2023 20:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=633107

Во ерата на социјалните мрежи, на коишто светските ѕвезди зборуваат на секоја можна тема со своите фанови, дел од нив одлучија да прозборат за своите деца со попреченост.

Како што порачуваат, се одлучиле на ваков чекор со цел да ја подигнат јавната свест за лицата со попреченост, а тоа може да го направат само ако ги споделат своите лични приказни со фановите.

Силвестер Сталоне беше еден од првите славни холивудски актери кои јавно зборуваше на оваа тема. Тој уште во далечната 1990 година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам, а пред 33 години, тоа беше голема храброст.

Во поново време и други холивудски ѕвезди отворено прозбореа за своите деца со попреченост

Брендон Фрејзер

Оскаровецот Брендон Фрејзер во разговор за списанието „Интервју“ изјави дека неговиот најстар син Грифин има аутизам.

Тој е аутистичен. Само што наполни 20. Тој е големо дете, висок е, има големи раце и нозе, големо тело. И има духовна убавина.

Наречете го тоа нарушување ако сакате, но нема да се согласам со вас - тој не знае ништо за иронија. Тој не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Тој е најсреќниот човек што го познавам“.

Дениз Ричардс

Актерката Дениз Ричардс, на чија ќерка Елоиз ѝ беше дијагностицирано хромозомско нарушување во 2017 година, го прифати предизвикот да воспитува дете со посебни потреби.

Таа е отворена за фактот дека лекарите немаат решение за нејзиниот конкретен случај, но ја охрабрува фактот што нејзината ќерка по малку зборува, а што прв збор ѝ бил тато.

Не знам дали Елоиз некогаш ќе зборува како типично дете. Но, како родител, вие го сакате она што е најдобро за вашите деца и само живеете со тоа“, сподели таа со „Пипл“.

Џон Траволта

Џет, најстариот син на Џон Траволта и Кели Престон, почина на 16 години во нивната резиденција на Бахамите.

Брзо по неговата смрт, актерите во полиција пријавија двајца мажи кои ги уценуваа дека ќе ја кажат на јавноста вистината за состојбата на Џет.

На судењето беше откриено она што долго се шпекулираше, дека Џет имал аутизам.

Тој беше аутистичен. Тој страдаше од нарушување поради нападите“, рече Траволта на судењето во 2009 година.

Претходно двојката јавно кажа дека нивниот син боледува од Кавасаки, нарушување на крвните садови што предизвикува воспаление низ целото тело.

Дејвид и Викторија Бекам

Викторија Бекам во 2006 година им се развика на папараците на аеродром, да престанат да ги сликаат неа и нејзиниот, тогаш 4-годишен, син Ромео Бекам.

Иако јавноста го опиша нејзиното однесување како грубо, таа подоцна ја откри причината.

Тој има епилепсија. Сето тоа трепкање може да предизвика епилептичен напад. Не можете да ни го правите тоа“, им се обрати таа на фотографите преку интервју за „Пипл“.

Откритието ги шокираше медиумите, па „Сплеш њуз“ стави забрана да се фотографира детето или семејството Бекам кога се сите заедно.

Ниту една фотографија не вреди за да се загрози животот на детето“, изјави сопственикот на фото-агенцијата, Кевин Смит.

Колин Фарел

Синот на Колин Фарел и Ким Борденаве, Џејмс, има ретко генетско нарушување наречено Ангелманов синдром, поради што не може да комуницира, ниту да се грижи за себе.

И покрај попреченоста, Фарел вели дека синот е еден од најголемите подароци во неговиот живот.

Поради неговата чесност, борба, упорност и неговата личност, Џејмс го извлекува најдоброто од луѓето. Тој буквално ми го спаси животот.

Бев на деструктивен пат. Кога не можев да ги направам промените во мојот живот за себе, ги направив за Џејмс. Тој ми даде причина да бидам подобар човек и татко,“ изјави актерот во 2017 година.

Силвестер Сталоне

Во 1990 година, ретко кој зборуваше отворено за децата со посебни потреби или попреченост. Но тоа го смени Сталоне кога се појави на насловната страница на „Пипл“ и зборуваше за неговиот „тивок син“, Серџо Сталоне.

Актерот и неговата тогашна сопруга Саша Сталоне потоа основаа истражувачки фонд за да соберат пари за Националното друштво за деца и возрасни со аутизам.

The post Бекам, Сталоне, Траволта: Светски ѕвезди кои имаат деца со попреченост и отворено зборуваат за тоа appeared first on Република.

]]>

Во ерата на социјалните мрежи, на коишто светските ѕвезди зборуваат на секоја можна тема со своите фанови, дел од нив одлучија да прозборат за своите деца со попреченост. Како што порачуваат, се одлучиле на ваков чекор со цел да ја подигнат јавната свест за лицата со попреченост, а тоа може да го направат само ако ги споделат своите лични приказни со фановите. Силвестер Сталоне беше еден од првите славни холивудски актери кои јавно зборуваше на оваа тема. Тој уште во далечната 1990 година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам, а пред 33 години, тоа беше голема храброст. Во поново време и други холивудски ѕвезди отворено прозбореа за своите деца со попреченост

Брендон Фрејзер

Оскаровецот Брендон Фрејзер во разговор за списанието „Интервју“ изјави дека неговиот најстар син Грифин има аутизам.

Тој е аутистичен. Само што наполни 20. Тој е големо дете, висок е, има големи раце и нозе, големо тело. И има духовна убавина.

Наречете го тоа нарушување ако сакате, но нема да се согласам со вас - тој не знае ништо за иронија. Тој не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Тој е најсреќниот човек што го познавам“.

Дениз Ричардс

Актерката Дениз Ричардс, на чија ќерка Елоиз ѝ беше дијагностицирано хромозомско нарушување во 2017 година, го прифати предизвикот да воспитува дете со посебни потреби. Таа е отворена за фактот дека лекарите немаат решение за нејзиниот конкретен случај, но ја охрабрува фактот што нејзината ќерка по малку зборува, а што прв збор ѝ бил тато.
Не знам дали Елоиз некогаш ќе зборува како типично дете. Но, како родител, вие го сакате она што е најдобро за вашите деца и само живеете со тоа“, сподели таа со „Пипл“.

Џон Траволта

Џет, најстариот син на Џон Траволта и Кели Престон, почина на 16 години во нивната резиденција на Бахамите. Брзо по неговата смрт, актерите во полиција пријавија двајца мажи кои ги уценуваа дека ќе ја кажат на јавноста вистината за состојбата на Џет. На судењето беше откриено она што долго се шпекулираше, дека Џет имал аутизам.
Тој беше аутистичен. Тој страдаше од нарушување поради нападите“, рече Траволта на судењето во 2009 година.
Претходно двојката јавно кажа дека нивниот син боледува од Кавасаки, нарушување на крвните садови што предизвикува воспаление низ целото тело.

Дејвид и Викторија Бекам

Викторија Бекам во 2006 година им се развика на папараците на аеродром, да престанат да ги сликаат неа и нејзиниот, тогаш 4-годишен, син Ромео Бекам. Иако јавноста го опиша нејзиното однесување како грубо, таа подоцна ја откри причината.
Тој има епилепсија. Сето тоа трепкање може да предизвика епилептичен напад. Не можете да ни го правите тоа“, им се обрати таа на фотографите преку интервју за „Пипл“.
Откритието ги шокираше медиумите, па „Сплеш њуз“ стави забрана да се фотографира детето или семејството Бекам кога се сите заедно.
Ниту една фотографија не вреди за да се загрози животот на детето“, изјави сопственикот на фото-агенцијата, Кевин Смит.

Колин Фарел

Синот на Колин Фарел и Ким Борденаве, Џејмс, има ретко генетско нарушување наречено Ангелманов синдром, поради што не може да комуницира, ниту да се грижи за себе. И покрај попреченоста, Фарел вели дека синот е еден од најголемите подароци во неговиот живот.
Поради неговата чесност, борба, упорност и неговата личност, Џејмс го извлекува најдоброто од луѓето. Тој буквално ми го спаси животот.   Бев на деструктивен пат. Кога не можев да ги направам промените во мојот живот за себе, ги направив за Џејмс. Тој ми даде причина да бидам подобар човек и татко,“ изјави актерот во 2017 година.

Силвестер Сталоне

Во 1990 година, ретко кој зборуваше отворено за децата со посебни потреби или попреченост. Но тоа го смени Сталоне кога се појави на насловната страница на „Пипл“ и зборуваше за неговиот „тивок син“, Серџо Сталоне. Актерот и неговата тогашна сопруга Саша Сталоне потоа основаа истражувачки фонд за да соберат пари за Националното друштво за деца и возрасни со аутизам.  

The post Бекам, Сталоне, Траволта: Светски ѕвезди кои имаат деца со попреченост и отворено зборуваат за тоа appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-gi-ostvaruvame-nashite-zalozhbi-za-edno-opshtestvo-za-site/ Mon, 03 Apr 2023 16:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=626802

По повод 2 април Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам, денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставниците на Светска Банка, го посетија Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет”, Охрид.

„Наша должност, како општество е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин  да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини.  Денес, ден по  2 Април на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам, ми претставува особена чест да истакнам дека ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и  можности за сите наши граѓани и повторно ја зацврстуваме вредноста на  инклузија како наша највисока цел и да потврдам уште еднаш дека нашите заложби се секојдневни, не само на деновите кои се наменети за обележување,” порача Тренчевска.

Министерката се осврна на политиките и активностите на кои работи министерството, како  зголемувањето на  паричниот надоместок на посебниот додаток за 15%,  намалување на  границата на користење на трајниот надоместок, а за услугата лична на асистенција, покрај намалената возрасна граница, корисници на услугата лична асистенција, се и лица со комбинирана попреченост доколку истата е врз основа на една од попреченостите.

„Со Националната стратегија за правата на лицата со попреченост делуваме и докажуваме дека различностите не се нешто од што треба да се плашиме, напротив, тоа е нешто што треба да го научиме да живееме со тоа,” посочи Тренчевска.

Како Министерство секојдневно ја шириме мрежата на даватели на социјални услуги, рече Тренчевска,  со што ја зголемуваме бројката на лиценцирани даватели на социјални услуги. Досега се лиценцирани повеќе од 80 даватели, а склучени се 25 управни договори со овластени даватели на социјални услуги.

Таа се осврна и на реконструкцијата на Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади во Скопје која е на својот почеток, а во ново-оформениот Центар за социјални услуги предвидени се услуги за рана идентификација и интервенција, дневни центри, професионална рехабилитација и центар за одмена на семејната грижа. Отворени се и  инклузивни игралишта, во повеќе градови во државата со поддршка на меѓународната заедницата кои ќе придонесат за сигурен, безбеден и квалитетен живот на децата со попреченост.

„Сигурна сум дека политиките за попреченост ќе продолжат да се развиваат како законски така и финансиски, а се во насока на остварување на правата на децата и лицата со попреченост, ” посочи Тренчевска.

The post Тренчевска: Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите appeared first on Република.

]]>

По повод 2 април Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам, денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставниците на Светска Банка, го посетија Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет”, Охрид.
„Наша должност, како општество е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин  да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини.  Денес, ден по  2 Април на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам, ми претставува особена чест да истакнам дека ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и  можности за сите наши граѓани и повторно ја зацврстуваме вредноста на  инклузија како наша највисока цел и да потврдам уште еднаш дека нашите заложби се секојдневни, не само на деновите кои се наменети за обележување,” порача Тренчевска.
Министерката се осврна на политиките и активностите на кои работи министерството, како  зголемувањето на  паричниот надоместок на посебниот додаток за 15%,  намалување на  границата на користење на трајниот надоместок, а за услугата лична на асистенција, покрај намалената возрасна граница, корисници на услугата лична асистенција, се и лица со комбинирана попреченост доколку истата е врз основа на една од попреченостите.
„Со Националната стратегија за правата на лицата со попреченост делуваме и докажуваме дека различностите не се нешто од што треба да се плашиме, напротив, тоа е нешто што треба да го научиме да живееме со тоа,” посочи Тренчевска.
Како Министерство секојдневно ја шириме мрежата на даватели на социјални услуги, рече Тренчевска,  со што ја зголемуваме бројката на лиценцирани даватели на социјални услуги. Досега се лиценцирани повеќе од 80 даватели, а склучени се 25 управни договори со овластени даватели на социјални услуги. Таа се осврна и на реконструкцијата на Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади во Скопје која е на својот почеток, а во ново-оформениот Центар за социјални услуги предвидени се услуги за рана идентификација и интервенција, дневни центри, професионална рехабилитација и центар за одмена на семејната грижа. Отворени се и  инклузивни игралишта, во повеќе градови во државата со поддршка на меѓународната заедницата кои ќе придонесат за сигурен, безбеден и квалитетен живот на децата со попреченост.
„Сигурна сум дека политиките за попреченост ќе продолжат да се развиваат како законски така и финансиски, а се во насока на остварување на правата на децата и лицата со попреченост, ” посочи Тренчевска.

The post Тренчевска: Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите appeared first on Република.

]]>
Карпошкото ОУ „Братство“ ги повика децата на Денот на трансродовите лица да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“ https://republika.mk/vesti/skopje/karposhkoto-ou-bratstvo-gi-povika-detsata-na-denot-na-transrodovite-litsa-da-dojdat-oblecheni-vo-raznovidni-boi-za-da-se-proslavi-ubavinata-na-razlichen-spektar-na-chovechkiot-um/ Wed, 29 Mar 2023 13:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=625099

Родителите на децата кои одат во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош се затечени од соопштението што се споделува во училиштето, а со кое се бара децаа да дојдат облечени во шарени бои на 31 март и на 3 април за да го прослават Меѓународниот ден на аутизмот, 2 април, кој се паѓа в недела.

Она што ги револтира родителите, е што 31 март, всушност е Меѓународен ден на видливоста на трансродовите лица, и родителите сметаат дека на овој начин се манипулира со нивните деца.

Советот на родители најостро реагира на манипулативноста со која се служи училиштето и наставниците на 31 март децата да дојдат облечени во шарени бои со што ги поттикнувате на прифаќање на нешто неприродно, ненаучно и сосема надвор од нашите традиционални вредности и сфаќања. Сметаме дека овој повик е безобразан и срамен! Дали можеби имавте в план да им поделите и знаменца во бои на виножитото? Свесни ли сте дека ја поддржувате трансродовата агенда, велат родителите во реакцијата до училиштето.

Родителите преку наставниците биле известени денеска дека в петок на 31март 2023 г. се охрабруваат децата да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“, а в понеделник на 3 април 2023 г. облечени „во црвено заради поддршка на децата со аутизам“.

Разбираме дека можеби не се има познавање за горенаведените факти, но нејасно е како училиштето стимулира вакви нешта без претходно да истражи, за што се потребни пет минути и интернет врска. Бараме ПОД ИТНО да се отстрани соопштението од училиштето и на сите наставници и ученици да им се каже дека тоа што претходно им е соопштено за петок, 31.3.2023г., НЕ ВАЖИ! Доколку утре, 29.3.2023 наведеното соопштение не биде отстрането и не бидат наставниците и учениците известени дека кажаното за петок да дојдат облечени во шарени бои не важи, Ве известуваме дека сите медиуми ќе бидат известени за оваа манипулација, стои во реакцијата на родителите, испратена денеска и до медиумите.

The post Карпошкото ОУ „Братство“ ги повика децата на Денот на трансродовите лица да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“ appeared first on Република.

]]>

Родителите на децата кои одат во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош се затечени од соопштението што се споделува во училиштето, а со кое се бара децаа да дојдат облечени во шарени бои на 31 март и на 3 април за да го прослават Меѓународниот ден на аутизмот, 2 април, кој се паѓа в недела. Она што ги револтира родителите, е што 31 март, всушност е Меѓународен ден на видливоста на трансродовите лица, и родителите сметаат дека на овој начин се манипулира со нивните деца.
Советот на родители најостро реагира на манипулативноста со која се служи училиштето и наставниците на 31 март децата да дојдат облечени во шарени бои со што ги поттикнувате на прифаќање на нешто неприродно, ненаучно и сосема надвор од нашите традиционални вредности и сфаќања. Сметаме дека овој повик е безобразан и срамен! Дали можеби имавте в план да им поделите и знаменца во бои на виножитото? Свесни ли сте дека ја поддржувате трансродовата агенда, велат родителите во реакцијата до училиштето.
Родителите преку наставниците биле известени денеска дека в петок на 31март 2023 г. се охрабруваат децата да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“, а в понеделник на 3 април 2023 г. облечени „во црвено заради поддршка на децата со аутизам“.
Разбираме дека можеби не се има познавање за горенаведените факти, но нејасно е како училиштето стимулира вакви нешта без претходно да истражи, за што се потребни пет минути и интернет врска. Бараме ПОД ИТНО да се отстрани соопштението од училиштето и на сите наставници и ученици да им се каже дека тоа што претходно им е соопштено за петок, 31.3.2023г., НЕ ВАЖИ! Доколку утре, 29.3.2023 наведеното соопштение не биде отстрането и не бидат наставниците и учениците известени дека кажаното за петок да дојдат облечени во шарени бои не важи, Ве известуваме дека сите медиуми ќе бидат известени за оваа манипулација, стои во реакцијата на родителите, испратена денеска и до медиумите.

The post Карпошкото ОУ „Братство“ ги повика децата на Денот на трансродовите лица да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“ appeared first on Република.

]]>
Здружението „Во мојот свет“ ќе координира центар кој згрижува и третира лица со атипичен развој https://republika.mk/zivot/zdravje/zdruzhenieto-vo-mojot-svet-ke-koordinira-tsentar-koj-zgrizhuva-i-tretira-litsa-so-atipichen-razvoj/ Mon, 23 Jan 2023 17:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=600104

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ е избрано на јавниот повик на Општина Охрид за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира Центар на територија на општината, кој згрижува и третира деца со атипичен развој.

Општина Охрид соопшти дека со избраната граѓанска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени обврските на двете страни во однос на спроведување на активностите.

Согласно јавниот повик, кој беше распишан на почетокот на месецот, средствата треба да бидат наменети за поддршка на семејства од социјален ризик и треба да овозможуваат намалување на нивните трошоци кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка, како што стоеше во повикот, изнесува 432.000 денари.

The post Здружението „Во мојот свет“ ќе координира центар кој згрижува и третира лица со атипичен развој appeared first on Република.

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот https://republika.mk/zivot/zdravje/zvukot-od-petardi-predizvikuva-traumi-kaj-detsata-so-autizam-i-poteshkotii-vo-razvojot/ Fri, 30 Dec 2022 07:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=591677

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.

Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.

Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.

Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.

За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби.

И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди.

Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

The post Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот appeared first on Република.

]]>

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.
Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.
Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.
Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.
За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби. И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди. Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

The post Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот appeared first on Република.

]]>
Изложба на деветгодишното момче со аутизам Филип Циглењак Симоновски во ДКЦ „Карпош“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/izlozba-na-devetgodishnoto-momche-so-autizam-filip-ciglenjak-simonovski-vo-dkc-karposh/ Fri, 09 Dec 2022 09:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=583551

Смислата на животот е да го пронајдете својот подарок, а целта на животот е да го искористите тој подарок. Деветгодишниот - Филип Циглењак Симоновски од Скопје, сигурно не знае за таа изрека на познатиот сликар Пабло Пикасо, но – со својата детска креативност, Филип, токму преку талентот за цртање, ги проширил границите на својот свет ограничен со фактот дека тој е - момче со аутизам.

Филип е редовен ученик во четврто одделение при основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, а од своја четиригодишна возраст, сосема случајно, почнува да слика акрил на платно. Оттогаш неговите слики, чии најчест мотив е природата, зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции.

В среда, на 14 декември во 10 часот, во организација на  Детски културен центар – „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и Идеа Лаб, околу 40 уметнички дела на Филип, ќе бидат изложени во Детски културен центар- „Карпош“.

Со оваа изложба, Филип ќе покаже колку е посебен, талентиран и единствен. Цртањето и сликањето се всушност еден вид невербална комуникација, па така Филип, преку неговите уметнички дела, на вистински начин го изразува своето внатрешно битие со околината која со интерес ја следи неговата креативност.

The post Изложба на деветгодишното момче со аутизам Филип Циглењак Симоновски во ДКЦ „Карпош“ appeared first on Република.

]]>

Смислата на животот е да го пронајдете својот подарок, а целта на животот е да го искористите тој подарок. Деветгодишниот - Филип Циглењак Симоновски од Скопје, сигурно не знае за таа изрека на познатиот сликар Пабло Пикасо, но – со својата детска креативност, Филип, токму преку талентот за цртање, ги проширил границите на својот свет ограничен со фактот дека тој е - момче со аутизам. Филип е редовен ученик во четврто одделение при основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, а од своја четиригодишна возраст, сосема случајно, почнува да слика акрил на платно. Оттогаш неговите слики, чии најчест мотив е природата, зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции. В среда, на 14 декември во 10 часот, во организација на  Детски културен центар – „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и Идеа Лаб, околу 40 уметнички дела на Филип, ќе бидат изложени во Детски културен центар- „Карпош“. Со оваа изложба, Филип ќе покаже колку е посебен, талентиран и единствен. Цртањето и сликањето се всушност еден вид невербална комуникација, па така Филип, преку неговите уметнички дела, на вистински начин го изразува своето внатрешно битие со околината која со интерес ја следи неговата креативност.  

The post Изложба на деветгодишното момче со аутизам Филип Циглењак Симоновски во ДКЦ „Карпош“ appeared first on Република.

]]>
Дружба на „Школка“ за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање https://republika.mk/vesti/skopje/druzba-na-shkolka-za-zgolemuvanje-na-svesta-za-licata-so-atipichen-razvoj-i-nivno-prifakjanje/ Sun, 25 Sep 2022 08:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=553951

Под мотото „Сите сме заедно, сите сме исти на различен начин“ денеска на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница.

Со почеток во 11 часот, ова дружење ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница, а ќе трае до 14 часот.

Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се’ овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се, појаснуваат организаторите.

Според нив, по овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество

The post Дружба на „Школка“ за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Сите сме заедно, сите сме исти на различен начин“ денеска на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница. Со почеток во 11 часот, ова дружење ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница, а ќе трае до 14 часот.
Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се’ овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се, појаснуваат организаторите.
Според нив, по овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество

The post Дружба на „Школка“ за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Да се вклучат децата со аутизам во општествените текови https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-da-se-vkluchat-decata-so-autizam-vo-opshtestvenite-tekovi/ Fri, 01 Apr 2022 19:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=482117

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вечерва ја поддржа иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам, со осветлување на општинската зграда во сино и притоа истакна дека политиките и социјалните услуги кои ги реализира Министерството се со цел да се вклучат децата со аутизам во општествените текови.

Тренчевска се сретна со родителите на деца со аутизам и рече дека МТСП ја има надлежноста и во детската заштита, односно инклузија на децата од предучилишно образование на кое се работи интензивно.

Зборувавме и за правата од социјална заштита коишто ги има во рамки на системот за социјална заштита за децата со попреченост. Тоа е правото за попреченост и посебниот додаток, како и сите оние социјални услуги коишто ги развиваме заедно со нашите партнери, тоа се единиците од Локалната самоуправа, Црвениот крст, како и граѓанските организации како провајдери на овие услуги коишто им се нудат на лицата со попреченост, подвлече министерката Тренчевска.

Додаде дека Владата и Министерството го развиваат и создаваат концептот на едно општество за сите во кое сите граѓани ќе ги уживаат човековите права и ќе имаат еднакви шанси и можности, како и еднаков пристап до сите ресурси во општеството.

Навистина направивме многу со реформата до 2019 година којашто интензивно продолжува да се реализира и како Министерство и како Влада продолжуваме понатаму да се грижиме за сите ранливи категории на граѓани со посебен аспект и фокус на лицата со попреченост, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Kоординаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, рече дека било кој ден кога се одбележува ден на било која категорија од лицата со попреченост треба да биде ден кога ќе се работи со инклузивен пристап, кој го промовира и Владата и Министерството. За таа цел тој најави дека ќе посетат повеќе институции во Струмица, кои се дел и од социјалната заштита и од образованието од аспект дека како Влада се создаваат и промовираат реформите кои ги реализираат повеќе министерства и опфаќаат повеќе области.

The post Тренчевска: Да се вклучат децата со аутизам во општествените текови appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вечерва ја поддржа иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам, со осветлување на општинската зграда во сино и притоа истакна дека политиките и социјалните услуги кои ги реализира Министерството се со цел да се вклучат децата со аутизам во општествените текови. Тренчевска се сретна со родителите на деца со аутизам и рече дека МТСП ја има надлежноста и во детската заштита, односно инклузија на децата од предучилишно образование на кое се работи интензивно.