Аушвиц Archives - Република https://republika.mk/tema/aushvic/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 17:43:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аушвиц Archives - Република https://republika.mk/tema/aushvic/ 32 32 Годишнина од ослободувањето на Аушвиц, Шолц загрижен поради јакнењето на екстремната десница https://republika.mk/vesti/svet/godishnina-od-osloboduvaneto-na-aushvits-sholts-zagrizhen-poradi-jakneneto-na-ekstremnata-desnitsa/ Sat, 27 Jan 2024 17:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=737576

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради порастот на екстремно десничарските тенденции во неговата земја 79 години по ослободувањето на логорот за истребување Аушвиц.

Постојано има нови извештаи: за неонацистите и нивните мрачни мрежи“, рече социјалдемократот во снименото видео обраќање објавено денеска во знак на сеќавање на ослободувањето на Аушвиц. Логорот беше ослободен од советските трупи на 27 јануари 1945 година.

„Истовремено, десничарските популисти стануваат се посилни, поттикнуваат страв и сеат омраза“, рече Шолц, додавајќи дека тоа не смее да се прифати.

Протестите против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) земаат замав по информациите дека двајца високи членови на партијата присуствувале на состанок на кој се разговарало за плановите за масовна депортација на граѓани од странско потекло. Протестите низ земјата влегуваат во третата недела.

Демонстрантите сакаат да ја ограничат поддршката за АфД, која е на второ место на национално ниво и прва во трите источни германски покраини каде што годинава се одржуваат избори.

Кохезијата на демократите ја прави нашата демократија силна“, рече Шолц.

„Добро е чувството самоуверено да се покаже во јавноста - како што се случува сега“, додаде тој.

Канцеларот, исто така, ја поздрави значајната одлука за прекин на финансирањето на радикалната десничарска партија Татковина, што ја поттикна дебатата за тоа дали може да се преземе сличен чекор против националистичката партија АфД, нарекувајќи ја одлуката „многу добра“.

The post Годишнина од ослободувањето на Аушвиц, Шолц загрижен поради јакнењето на екстремната десница appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради порастот на екстремно десничарските тенденции во неговата земја 79 години по ослободувањето на логорот за истребување Аушвиц.
Постојано има нови извештаи: за неонацистите и нивните мрачни мрежи“, рече социјалдемократот во снименото видео обраќање објавено денеска во знак на сеќавање на ослободувањето на Аушвиц. Логорот беше ослободен од советските трупи на 27 јануари 1945 година.
„Истовремено, десничарските популисти стануваат се посилни, поттикнуваат страв и сеат омраза“, рече Шолц, додавајќи дека тоа не смее да се прифати. Протестите против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) земаат замав по информациите дека двајца високи членови на партијата присуствувале на состанок на кој се разговарало за плановите за масовна депортација на граѓани од странско потекло. Протестите низ земјата влегуваат во третата недела. Демонстрантите сакаат да ја ограничат поддршката за АфД, која е на второ место на национално ниво и прва во трите источни германски покраини каде што годинава се одржуваат избори.
Кохезијата на демократите ја прави нашата демократија силна“, рече Шолц.
„Добро е чувството самоуверено да се покаже во јавноста - како што се случува сега“, додаде тој. Канцеларот, исто така, ја поздрави значајната одлука за прекин на финансирањето на радикалната десничарска партија Татковина, што ја поттикна дебатата за тоа дали може да се преземе сличен чекор против националистичката партија АфД, нарекувајќи ја одлуката „многу добра“.

The post Годишнина од ослободувањето на Аушвиц, Шолц загрижен поради јакнењето на екстремната десница appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен неточно истакна дека Аушвиц го ослободиле сојузничките сили наместо Црвената армија https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-netochno-istakna-deka-aushvits-go-oslobodile-sojuznichkite-sili-namesto-tsrvenata-armija/ Sat, 27 Jan 2024 17:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=737549

Руската мисија во ЕУ реагираше до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во својот говор по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, погрешно наведе дека концентарциониот логор го ослободиле сојузничките сили, кога вистината е дека тоа го направила војската на Советскиот Сојуз.

Дипломатскиот оддел на Руската Федерација нагласува дека вистината е дека концентрациониот логор го ослободиле војниците на Црвената армија и истакнува дека „би било одлично ако Европската комисија ја исправи грешката“.

27 јануари е Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот, воспоставен на 1 ноември 2005 година со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, чиј коавтор е Русија.

На овој ден, ширум светот се одржуваат комеморативни настани за да се нагласи важноста на борбата против неонацизмот, ксенофобијата, расизмот и другите форми на нетолеранција.

Самиот датум не е избран случајно - на 27 јануари 1945 година, за време на операцијата Висла-Одер, советските војници го ослободија концентрациониот логор Аушвиц. На тој ден војниците на Црвената армија спасија повеќе од 7.000 затвореници оставени во логорот.

Според достапните податоци, низ логорот за време на неговото постоење поминале најмалку 1,3 милиони луѓе, а околу 1,1 милион од нив биле истребени. Слоганот на портата на кампот, „Работата те ослободува“ (на германски: „Arbeit macht frei“) ја нагласува крајната нечовечност на нацистичките криминалци и нивниот безграничен цинизам.

За време на Втората светска војна, околу 20 милиони луѓе, вклучително и приближно 7,4 милиони советски граѓани, беа убиени како резултат на агресијата на териториите окупирани од нацистичка Германија. Приближно 6 милиони Евреи беа убиени од нацистите само поради нивната етничка припадност.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН A/RES/60/7 вели:

Холокаустот, кој резултираше со убиство на една третина од еврејскиот народ, заедно со безброј припадници на други малцинства, засекогаш ќе биде предупредување за сите луѓе за опасностите од омраза, фанатизам, расизам и предрасуди“.

The post Фон дер Лајен неточно истакна дека Аушвиц го ослободиле сојузничките сили наместо Црвената армија appeared first on Република.

]]>

Руската мисија во ЕУ реагираше до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во својот говор по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, погрешно наведе дека концентарциониот логор го ослободиле сојузничките сили, кога вистината е дека тоа го направила војската на Советскиот Сојуз. Дипломатскиот оддел на Руската Федерација нагласува дека вистината е дека концентрациониот логор го ослободиле војниците на Црвената армија и истакнува дека „би било одлично ако Европската комисија ја исправи грешката“. 27 јануари е Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот, воспоставен на 1 ноември 2005 година со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, чиј коавтор е Русија. На овој ден, ширум светот се одржуваат комеморативни настани за да се нагласи важноста на борбата против неонацизмот, ксенофобијата, расизмот и другите форми на нетолеранција. Самиот датум не е избран случајно - на 27 јануари 1945 година, за време на операцијата Висла-Одер, советските војници го ослободија концентрациониот логор Аушвиц. На тој ден војниците на Црвената армија спасија повеќе од 7.000 затвореници оставени во логорот. Според достапните податоци, низ логорот за време на неговото постоење поминале најмалку 1,3 милиони луѓе, а околу 1,1 милион од нив биле истребени. Слоганот на портата на кампот, „Работата те ослободува“ (на германски: „Arbeit macht frei“) ја нагласува крајната нечовечност на нацистичките криминалци и нивниот безграничен цинизам. За време на Втората светска војна, околу 20 милиони луѓе, вклучително и приближно 7,4 милиони советски граѓани, беа убиени како резултат на агресијата на териториите окупирани од нацистичка Германија. Приближно 6 милиони Евреи беа убиени од нацистите само поради нивната етничка припадност. Резолуцијата на Генералното собрание на ОН A/RES/60/7 вели:
Холокаустот, кој резултираше со убиство на една третина од еврејскиот народ, заедно со безброј припадници на други малцинства, засекогаш ќе биде предупредување за сите луѓе за опасностите од омраза, фанатизам, расизам и предрасуди“.

The post Фон дер Лајен неточно истакна дека Аушвиц го ослободиле сојузничките сили наместо Црвената армија appeared first on Република.

]]>
Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим https://republika.mk/vesti/svet/oshteteni-spomenitsi-na-zhrtvite-od-aushvits-vo-rim/ Wed, 01 Nov 2023 12:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=697060

Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два споменици т.н „Камења на сопнување“ кои потсетуваат на двајцата Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Икс градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери.

„Рим силно го осудува овој неприфатлив и жален чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Икс.

The post Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим appeared first on Република.

]]>

Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два споменици т.н „Камења на сопнување“ кои потсетуваат на двајцата Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Икс градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери. „Рим силно го осудува овој неприфатлив и жален чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Икс.

The post Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим appeared first on Република.

]]>
Најлошото место во историјата на човештвото: Пред 78 години е ослободен Аушвиц https://republika.mk/vesti/svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/ Fri, 27 Jan 2023 07:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=601499

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца.

Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и 689 дена, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи.

Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства.

Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот.

Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислија систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници во овој концентрационен логор директно од возовите кои доаѓале од цела Европа биле испраќани во гасни комори, каде што биле отруени. После тоа, нивните тела биле палени во специјално изградени крематориуми.

Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 година, кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат. Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади) итн.

Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Во логорот се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот доктор Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања, тоа било пекол на земјата.

Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето не биле крволочни чудовишта како Менгеле, туку биле убедувани дека само „следеле наредби“ и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх.

На тоа му претходела целосна дехуманизација на Евреите и сите други кои нацистите ги сметале за помалку вредни, па машината на смртта наречена Аушвиц можела да функционира со застрашувачка ефикасност. Само 789 луѓе, околу 15 отсто од оние кои учествувале во функционирањето на логорот, завршија на судење за нивната улога во злосторствата во Аушвиц, а управникот Рудолф Хос беше осуден на смрт.

На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei“, односно „Работата ослободува“, што имало за цел да сугерира дека тоа е работен логор. Нацистите сепак се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста за Аушвиц да стигне до сојузниците, кои, како што коментираат познавачите, „не биле многу успешни во обидите да го запрат или барем да го забават индустриското убивање на Евреите“. И денес се обвинуваат затоа што, на пример, не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц.

За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Нникогаш повеќе да не се случи“ е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот.

The post Најлошото место во историјата на човештвото: Пред 78 години е ослободен Аушвиц appeared first on Република.

]]>

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца. Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и 689 дена, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи. Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства. Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот. Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислија систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници во овој концентрационен логор директно од возовите кои доаѓале од цела Европа биле испраќани во гасни комори, каде што биле отруени. После тоа, нивните тела биле палени во специјално изградени крематориуми. Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 година, кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат. Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади) итн. Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Во логорот се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот доктор Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања, тоа било пекол на земјата. Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето не биле крволочни чудовишта како Менгеле, туку биле убедувани дека само „следеле наредби“ и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх. На тоа му претходела целосна дехуманизација на Евреите и сите други кои нацистите ги сметале за помалку вредни, па машината на смртта наречена Аушвиц можела да функционира со застрашувачка ефикасност. Само 789 луѓе, околу 15 отсто од оние кои учествувале во функционирањето на логорот, завршија на судење за нивната улога во злосторствата во Аушвиц, а управникот Рудолф Хос беше осуден на смрт. На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei“, односно „Работата ослободува“, што имало за цел да сугерира дека тоа е работен логор. Нацистите сепак се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста за Аушвиц да стигне до сојузниците, кои, како што коментираат познавачите, „не биле многу успешни во обидите да го запрат или барем да го забават индустриското убивање на Евреите“. И денес се обвинуваат затоа што, на пример, не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц. За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Нникогаш повеќе да не се случи“ е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот.

The post Најлошото место во историјата на човештвото: Пред 78 години е ослободен Аушвиц appeared first on Република.

]]>
На денешен ден е ослободен Аушвиц, изграден по наредба на Хитлер https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-deneshen-den-e-osloboden-aushvits-izgraden-po-naredba-na-hitler/ Fri, 27 Jan 2023 07:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=601497

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца.

Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и 689 дена, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи.

Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства.

Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот.

Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислија систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници во овој концентрационен логор директно од возовите кои доаѓале од цела Европа биле испраќани во гасни комори, каде што биле отруени. После тоа, нивните тела биле палени во специјално изградени крематориуми.

Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 година, кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат. Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади) итн.

Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Во логорот се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот доктор Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања, тоа било пекол на земјата.

Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето не биле крволочни чудовишта како Менгеле, туку биле убедувани дека само „следеле наредби“ и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх.

На тоа му претходела целосна дехуманизација на Евреите и сите други кои нацистите ги сметале за помалку вредни, па машината на смртта наречена Аушвиц можела да функционира со застрашувачка ефикасност. Само 789 луѓе, околу 15 отсто од оние кои учествувале во функционирањето на логорот, завршија на судење за нивната улога во злосторствата во Аушвиц, а управникот Рудолф Хос беше осуден на смрт.

На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei“, односно „Работата ослободува“, што имало за цел да сугерира дека тоа е работен логор. Нацистите сепак се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста за Аушвиц да стигне до сојузниците, кои, како што коментираат познавачите, „не биле многу успешни во обидите да го запрат или барем да го забават индустриското убивање на Евреите“. И денес се обвинуваат затоа што, на пример, не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц.

За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Нникогаш повеќе да не се случи“ е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот

The post На денешен ден е ослободен Аушвиц, изграден по наредба на Хитлер appeared first on Република.

]]>

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца. Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и 689 дена, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи. Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства. Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот. Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислија систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници во овој концентрационен логор директно од возовите кои доаѓале од цела Европа биле испраќани во гасни комори, каде што биле отруени. После тоа, нивните тела биле палени во специјално изградени крематориуми. Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 година, кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат. Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади) итн. Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Во логорот се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот доктор Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања, тоа било пекол на земјата. Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето не биле крволочни чудовишта како Менгеле, туку биле убедувани дека само „следеле наредби“ и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх. На тоа му претходела целосна дехуманизација на Евреите и сите други кои нацистите ги сметале за помалку вредни, па машината на смртта наречена Аушвиц можела да функционира со застрашувачка ефикасност. Само 789 луѓе, околу 15 отсто од оние кои учествувале во функционирањето на логорот, завршија на судење за нивната улога во злосторствата во Аушвиц, а управникот Рудолф Хос беше осуден на смрт. На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei“, односно „Работата ослободува“, што имало за цел да сугерира дека тоа е работен логор. Нацистите сепак се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста за Аушвиц да стигне до сојузниците, кои, како што коментираат познавачите, „не биле многу успешни во обидите да го запрат или барем да го забават индустриското убивање на Евреите“. И денес се обвинуваат затоа што, на пример, не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц. За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Нникогаш повеќе да не се случи“ е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот

The post На денешен ден е ослободен Аушвиц, изграден по наредба на Хитлер appeared first on Република.

]]>
На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот https://republika.mk/vesti/svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/ Thu, 27 Jan 2022 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=450232

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот.

Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка.

Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза. За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, рече Оербахер.

Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат.

За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори.

Имаше чести епидемии предизвикани од недостигот на санитарни услови и пренатрупаните услови во кои живеевме. Тифусот беше една од најлошите опасности со кои се соочувавме. Стаорци, глувци, болви, вошки и бубачки беа наши постојани придружници. Имаше и чести депортации, најмногу за Аушвиц, се сеќава Оербахер.

The post На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот appeared first on Република.

]]>

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот. Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка.
Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза. За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, рече Оербахер.
Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат. За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори.