аурус сенат Archives - Република https://republika.mk/tema/aurus-senat/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 19:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аурус сенат Archives - Република https://republika.mk/tema/aurus-senat/ 32 32 Го викаат „Руско злато“: Ова е луксузниот автомобил што Путин прв го проба, а сега му го подари на Ким Џонг Ун https://republika.mk/vesti/svet/go-vikaat-rusko-zlato-ova-e-luksuzniot-avtomobil-shto-putin-prv-go-proba-a-sega-mu-go-podari-na-kim-dhong-un/ Fri, 23 Feb 2024 19:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=747518

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, му подари луксузен автомобил „Аурус“, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, севернокорејските медиуми објавија дека Путин му подарил на Ким луксузен автомобил од руско производство како „јасна демонстрација на посебниот личен однос“ меѓу двајцата лидери.

„Аурус“ е водечки руски бренд за луксузни автомобили, кој стана храбар симбол на издржливост и триумф против западните санкции. Овој автомобил служи како врвен пример за успехот на Русија наспроти проблемите.

Еве повеќе детали за овој премиум автомобилски бренд:

▪️ Семејството „Аурус“ вклучува лимузина и седан „Сенат“, минивен „Арсенал“ и СУВ „Комендант“, кои сите се изградени на модуларна платформа и содржат компоненти од руско производство;

▪️ Овие возила со погон на четири тркала се користат во колоните на претседателот и премиерот на Русија, како и за голем број високи руски функционери;

▪️ Лимузината „Сенат“ првпат ја користеше рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на инаугурација на 7 мај 2018 година;

▪️ Од 2021 година, автомобилите „Аурус“ примарно се произведуваат во Специјалната економска зона Алабуга во руски Татарстан, а фабриката има годишен производствен капацитет до 5.000 автомобили;

▪️ Доколку обични купувачи сакаат да набават од  овие премиум возила, од нив би се очекувало да издвојат 38,5 милиони рубљи (416.570 долари) за седан и 37,5 милиони рубли (405.750 долари) за СУВ;

▪️ Се смета дека името „Аурус“ е комбинација од латинскиот збор „аурум“ (злато) и скратен збор што се однесува на Русија, поради што името може да се толкува како „Златна Русија“ или „Руско злато“.

The post Го викаат „Руско злато“: Ова е луксузниот автомобил што Путин прв го проба, а сега му го подари на Ким Џонг Ун appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, му подари луксузен автомобил „Аурус“, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, севернокорејските медиуми објавија дека Путин му подарил на Ким луксузен автомобил од руско производство како „јасна демонстрација на посебниот личен однос“ меѓу двајцата лидери. „Аурус“ е водечки руски бренд за луксузни автомобили, кој стана храбар симбол на издржливост и триумф против западните санкции. Овој автомобил служи како врвен пример за успехот на Русија наспроти проблемите. Еве повеќе детали за овој премиум автомобилски бренд: ▪️ Семејството „Аурус“ вклучува лимузина и седан „Сенат“, минивен „Арсенал“ и СУВ „Комендант“, кои сите се изградени на модуларна платформа и содржат компоненти од руско производство; ▪️ Овие возила со погон на четири тркала се користат во колоните на претседателот и премиерот на Русија, како и за голем број високи руски функционери; ▪️ Лимузината „Сенат“ првпат ја користеше рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на инаугурација на 7 мај 2018 година; ▪️ Од 2021 година, автомобилите „Аурус“ примарно се произведуваат во Специјалната економска зона Алабуга во руски Татарстан, а фабриката има годишен производствен капацитет до 5.000 автомобили; ▪️ Доколку обични купувачи сакаат да набават од  овие премиум возила, од нив би се очекувало да издвојат 38,5 милиони рубљи (416.570 долари) за седан и 37,5 милиони рубли (405.750 долари) за СУВ; ▪️ Се смета дека името „Аурус“ е комбинација од латинскиот збор „аурум“ (злато) и скратен збор што се однесува на Русија, поради што името може да се толкува како „Златна Русија“ или „Руско злато“.

The post Го викаат „Руско злато“: Ова е луксузниот автомобил што Путин прв го проба, а сега му го подари на Ким Џонг Ун appeared first on Република.

]]>