астероид Archives - Република https://republika.mk/tema/asteroid/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 19:11:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png астероид Archives - Република https://republika.mk/tema/asteroid/ 32 32 Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-od-najsvetlite-zvezdi-ke-ischezne-od-neboto-na-12-dekemvri/ Mon, 11 Dec 2023 20:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=721906

Ѕвездата Бетелгез, црвен суперџин и вообичаено 10-та најсветла ѕвезда на ноќното небо, накратко ќе исчезне на 12 декември. Ова небесно тело во соѕвездието Орион ќе го крие астероидот 319 Леона, кој гледано од Земјата ќе помине пред него, пишува „Лајв сајенс“.

Овој настан ќе трае само 12 секунди, но астрономите се надеваат дека ќе биде доволно да се направи мапа на површината на оваа џиновска ѕвезда, која има прилично чудно однесување.

Исклучително ретко се случува една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо да биде блокирана од астероид.

Иако астероидот е мал, ќе успее да го сокрие најголемиот дел од ѕвездата, но само ограничен број луѓе ќе можат да го видат.

Настанот ќе биде видлив само во тесен опсег во Азија, јужна Европа, јужниот дел на САД и источно Мексико.

Кога станува збор за Балканот, добар дел ќе се најде во тој тесен појас, па овој неверојатен настан ќе може да се набљудува од Грција и Албанија.

Затемнувањето на Бетелгез ќе биде видливо во 2:17 часот на 12 декември, по средноевропско време.

The post Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата Бетелгез, црвен суперџин и вообичаено 10-та најсветла ѕвезда на ноќното небо, накратко ќе исчезне на 12 декември. Ова небесно тело во соѕвездието Орион ќе го крие астероидот 319 Леона, кој гледано од Земјата ќе помине пред него, пишува „Лајв сајенс“. Овој настан ќе трае само 12 секунди, но астрономите се надеваат дека ќе биде доволно да се направи мапа на површината на оваа џиновска ѕвезда, која има прилично чудно однесување. Исклучително ретко се случува една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо да биде блокирана од астероид. Иако астероидот е мал, ќе успее да го сокрие најголемиот дел од ѕвездата, но само ограничен број луѓе ќе можат да го видат. Настанот ќе биде видлив само во тесен опсег во Азија, јужна Европа, јужниот дел на САД и источно Мексико. Кога станува збор за Балканот, добар дел ќе се најде во тој тесен појас, па овој неверојатен настан ќе може да се набљудува од Грција и Албанија. Затемнувањето на Бетелгез ќе биде видливо во 2:17 часот на 12 декември, по средноевропско време.

The post Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември appeared first on Република.

]]>
НАСА пресметала кога астероид со сила од 22 атомски бомби ќе ја погоди Земјата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-presmetala-koga-asteroid-so-sila-od-22-atomski-bombi-ke-ja-pogodi-zemjata/ Fri, 22 Sep 2023 08:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=684011

Научниците од НАСА направиле пресметка дека астероидот со име Бену, ќе ја погоди Земјата за 159 години, поточно на 24-ти септември 2182-ра година, пренесува „N1 BIH“.

Со оглед на тоа дека станува збор за датум во 22. век, не мораме уште долго да се грижиме поради овој астероид.

Астероидот, наречен Бену минува покрај Земјата на секој шест години и е двојно помал од астероидот за кој се смета дека ги убил диносаурусите.

Ако Бену удри во Земјата, тоа ќе предизвика пустош од 965 километри од местото каде што паднал, но тој сепак не е доволно голем да предизвика изумирање ширум светот.

Научниците проценуваат дека астероидот би предизвикал уништување еквивалентно на експлозии на 22 нуклеарни бомби.

НАСА работи на планови кои ќе помогнат тој да се пренасочи подалеку од Земјата или да се уништи. Се надеваме дека ќе бидат успешни во тоа.

The post НАСА пресметала кога астероид со сила од 22 атомски бомби ќе ја погоди Земјата appeared first on Република.

]]>

Научниците од НАСА направиле пресметка дека астероидот со име Бену, ќе ја погоди Земјата за 159 години, поточно на 24-ти септември 2182-ра година, пренесува „N1 BIH“. Со оглед на тоа дека станува збор за датум во 22. век, не мораме уште долго да се грижиме поради овој астероид. Астероидот, наречен Бену минува покрај Земјата на секој шест години и е двојно помал од астероидот за кој се смета дека ги убил диносаурусите. Ако Бену удри во Земјата, тоа ќе предизвика пустош од 965 километри од местото каде што паднал, но тој сепак не е доволно голем да предизвика изумирање ширум светот. Научниците проценуваат дека астероидот би предизвикал уништување еквивалентно на експлозии на 22 нуклеарни бомби. НАСА работи на планови кои ќе помогнат тој да се пренасочи подалеку од Земјата или да се уништи. Се надеваме дека ќе бидат успешни во тоа.

The post НАСА пресметала кога астероид со сила од 22 атомски бомби ќе ја погоди Земјата appeared first on Република.

]]>
DART ja „одбрани“ Земјата и го скршна астероидот https://republika.mk/zivot/tehnologija/dart-ja-odbrani-zemjata-i-go-skrshna-asteroidot/ Tue, 11 Oct 2022 20:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=559823

Вселенската сонда DART која американската агенција за вселенски истражувања NASA во септември намерно го насочи и заби во астероид, успеала да го скршне од неговата орбита, со што ја исполнила својата мисија: да ја промени траекторијата на небеско тело за во иднина, доколку е потребно, да спречи негов удар во Земјата и да спречи катастрофа.

„Ова претставува пресвртница за одбрана на планетата и пресвртница за човештвото“, изјави во вторникот директорот на мисијата на NASA, Бил Нелсон пред новинарите преставувајќи ги резултатите.

Мерењата со телескопот кој NASA го претстави на конференцијата за медиумите, покажа дека со „самоубиствениот“ лет на DART на 26-ти септември успеал да ја оствари својата задача, да ја промени насоката на астероидот со само кинетичка сила.

На мисијата DART, вредна 330 милиони долари, експертите работеле седум години настојувајќи да развијат технологија со којашто астероидот кој некогаш би претставувал закана за Земјата, би бил скршнат од неговата траекторија и така би се избегнал негов удар во планетата.

Вселенската цел на сондата DART беше Диморфос, астероид со јајчеста форма и големина на фудбалско игралиште, кој орбитира околу пет пати поголемиот астероид наречен Дидимос на секои 11 часови и 55 минути.

Сондата DART лансирана од Калифорнија со ракетата „Falcon 9“ во ноември минатата година имаше маса од 610 килограми и го удрила Диморфос создавајќи доволно сила астероидот да го придвижи поблиску до Дидимос.

Споредбата на траекторијата на Диморфс пред и по ударот, покажале дека за 32 минути му е скратена патеката околу Дидимос, што се толкува како успешно отклонување. Научниците предвидуваа дека DART ќе ја скрати орбитата на Диморфос за најмалку 10 минути, но претходно објавија дека и скратувањето од 73 секунди би го смета

Ниту двата споменати астероиди, ниту DART, што е кратенка од Double Asteroid Redirection Test, воопшто не претставувале закана за Земјата, истакнуваат стручњаците на NASA.

The post DART ja „одбрани“ Земјата и го скршна астероидот appeared first on Република.

]]>

Вселенската сонда DART која американската агенција за вселенски истражувања NASA во септември намерно го насочи и заби во астероид, успеала да го скршне од неговата орбита, со што ја исполнила својата мисија: да ја промени траекторијата на небеско тело за во иднина, доколку е потребно, да спречи негов удар во Земјата и да спречи катастрофа. „Ова претставува пресвртница за одбрана на планетата и пресвртница за човештвото“, изјави во вторникот директорот на мисијата на NASA, Бил Нелсон пред новинарите преставувајќи ги резултатите. Мерењата со телескопот кој NASA го претстави на конференцијата за медиумите, покажа дека со „самоубиствениот“ лет на DART на 26-ти септември успеал да ја оствари својата задача, да ја промени насоката на астероидот со само кинетичка сила. На мисијата DART, вредна 330 милиони долари, експертите работеле седум години настојувајќи да развијат технологија со којашто астероидот кој некогаш би претставувал закана за Земјата, би бил скршнат од неговата траекторија и така би се избегнал негов удар во планетата. Вселенската цел на сондата DART беше Диморфос, астероид со јајчеста форма и големина на фудбалско игралиште, кој орбитира околу пет пати поголемиот астероид наречен Дидимос на секои 11 часови и 55 минути. Сондата DART лансирана од Калифорнија со ракетата „Falcon 9“ во ноември минатата година имаше маса од 610 килограми и го удрила Диморфос создавајќи доволно сила астероидот да го придвижи поблиску до Дидимос. Споредбата на траекторијата на Диморфс пред и по ударот, покажале дека за 32 минути му е скратена патеката околу Дидимос, што се толкува како успешно отклонување. Научниците предвидуваа дека DART ќе ја скрати орбитата на Диморфос за најмалку 10 минути, но претходно објавија дека и скратувањето од 73 секунди би го смета Ниту двата споменати астероиди, ниту DART, што е кратенка од Double Asteroid Redirection Test, воопшто не претставувале закана за Земјата, истакнуваат стручњаците на NASA.

The post DART ja „одбрани“ Земјата и го скршна астероидот appeared first on Република.

]]>
Астероидот во кој удри вселенско летало на НАСА, остава трага од 10.000 километри https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/asteroidot-vo-koj-udri-vselensko-letalo-na-nasa-ostava-traga-od-10-000-kilometri/ Wed, 05 Oct 2022 18:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=557690

Нова вселенска фотографија покажува дека астероидот Диморфос, со којшто намерно се судри леталото „ДАРТ“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, остава трага од илјадници километри.

Телескопот „СОАР“ сместен во Чиле снимил несекојдневна фотографија од патеката и трагата што остаува зад огромната вселенска карпа што минатата недела беше погодена од вселенското летало. Трагата што ја остави зад себе астероидот е долга повеќе од 10.000 километри и се очекува тоа дополнително да се зголемува, додека целосно не исчезне. Сепак, внимателно ќе се следи и наредните недели и месеци.

Познато е дека тоа беше тест на НАСА околу промената на движењето на астероидите кои во иднина би претставувале закана за Земјата. Научниците сега истражуваат дали намерниот судир бил успешен или дали траекторијата на астероидот е навистина променета.

Фотографијата е направена два дена по судирот.

Мисијата „ДАРТ“ чинеше 325 милиони долари.

The post Астероидот во кој удри вселенско летало на НАСА, остава трага од 10.000 километри appeared first on Република.

]]>

Нова вселенска фотографија покажува дека астероидот Диморфос, со којшто намерно се судри леталото „ДАРТ“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, остава трага од илјадници километри. Телескопот „СОАР“ сместен во Чиле снимил несекојдневна фотографија од патеката и трагата што остаува зад огромната вселенска карпа што минатата недела беше погодена од вселенското летало. Трагата што ја остави зад себе астероидот е долга повеќе од 10.000 километри и се очекува тоа дополнително да се зголемува, додека целосно не исчезне. Сепак, внимателно ќе се следи и наредните недели и месеци. Познато е дека тоа беше тест на НАСА околу промената на движењето на астероидите кои во иднина би претставувале закана за Земјата. Научниците сега истражуваат дали намерниот судир бил успешен или дали траекторијата на астероидот е навистина променета. Фотографијата е направена два дена по судирот. Мисијата „ДАРТ“ чинеше 325 милиони долари.

The post Астероидот во кој удри вселенско летало на НАСА, остава трага од 10.000 километри appeared first on Република.

]]>
Огромен астероид в петок ќе помине покрај Земјата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ogromen-asteroid-v-petok-kje-pomine-pokraj-zemjata/ Thu, 26 May 2022 07:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=507058

В петок покрај Земјата ќе помине огромен астероид четири пати поголем од Емпаер стејт билдинг.

Астероидот ќе „прелета“ покрај нашата планета со брзина од околу 76.000 км/ч, а тоа ќе се случи еден месец откако друг огромен астероид помина покрај Земјата со брзина од околу 37.000 км/ч.

Иако огромни, овие астероиди се сепак занемарливи во споредба со оној за кој се верува дека ја погодил Земјата и предизвикал исчезнување на диносаурусите. Сепак, астероидите можат да бидат опасни за човештвото.

Поради тоа, НАСА следи повеќе од 29.000 објекти на оддалеченост од 48 милиони километри од орбитата на Земјата. НАСА проценува дека тоа се претежно мали објекти, но астероидот 7335 (1989 JA), кој се движи со брзина од околу 76.000 км на час, е поголем од 99 отсто од нив.

https://www.youtube.com/watch?v=dOEXq8-EO9U&feature=emb_title

Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно две години и четири месеци.

Земјата има своја орбита што ја следи, така што не е често во орбитата на астероидот. Сепак, на 27 мај двете небесни тела ќе бидат оддалечени 4 милиони километри. Следниот пат ќе се „сретнат“ по 33 години, на 23 јуни 2055 година. Сепак, тогаш астероидот ќе биде оддалечен 27 милиони километри од Земјата.

Без разлика на растојанието, НАСА го класифицираше астероидот 7335 како потенцијално опасен, што значи дека би направил огромна штета доколку ја промени својата траекторија и удри во Земјата.

Луѓето се свесни за опасностите од таквото отстапување и моментално бараат начини да ги пренасочат астероидите.

Минатата година беше објавено дека НАСА започнала мисија ДАРТ за да утврди дали може да ја промени траекторијата на астероидите. Минатиот месец, кинеската Национална вселенска администрација (ЦНСА), исто така, ги откри плановите за одбрана на планетата.

Важно е да се напомене дека ниту една од овие мисии нема за цел да детонира астероид со нуклеарна бомба, како што покажуваат некои холивудски филмови. Наместо тоа, целта е да се открие дали астероидот може да „притиска“ доволно за да остане надвор од орбитата на Земјата. Седум минути може да биде разлика помеѓу блиска средба и катастрофа.

The post Огромен астероид в петок ќе помине покрај Земјата appeared first on Република.

]]>

В петок покрај Земјата ќе помине огромен астероид четири пати поголем од Емпаер стејт билдинг. Астероидот ќе „прелета“ покрај нашата планета со брзина од околу 76.000 км/ч, а тоа ќе се случи еден месец откако друг огромен астероид помина покрај Земјата со брзина од околу 37.000 км/ч. Иако огромни, овие астероиди се сепак занемарливи во споредба со оној за кој се верува дека ја погодил Земјата и предизвикал исчезнување на диносаурусите. Сепак, астероидите можат да бидат опасни за човештвото. Поради тоа, НАСА следи повеќе од 29.000 објекти на оддалеченост од 48 милиони километри од орбитата на Земјата. НАСА проценува дека тоа се претежно мали објекти, но астероидот 7335 (1989 JA), кој се движи со брзина од околу 76.000 км на час, е поголем од 99 отсто од нив. https://www.youtube.com/watch?v=dOEXq8-EO9U&feature=emb_title Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно две години и четири месеци. Земјата има своја орбита што ја следи, така што не е често во орбитата на астероидот. Сепак, на 27 мај двете небесни тела ќе бидат оддалечени 4 милиони километри. Следниот пат ќе се „сретнат“ по 33 години, на 23 јуни 2055 година. Сепак, тогаш астероидот ќе биде оддалечен 27 милиони километри од Земјата. Без разлика на растојанието, НАСА го класифицираше астероидот 7335 како потенцијално опасен, што значи дека би направил огромна штета доколку ја промени својата траекторија и удри во Земјата. Луѓето се свесни за опасностите од таквото отстапување и моментално бараат начини да ги пренасочат астероидите. Минатата година беше објавено дека НАСА започнала мисија ДАРТ за да утврди дали може да ја промени траекторијата на астероидите. Минатиот месец, кинеската Национална вселенска администрација (ЦНСА), исто така, ги откри плановите за одбрана на планетата. Важно е да се напомене дека ниту една од овие мисии нема за цел да детонира астероид со нуклеарна бомба, како што покажуваат некои холивудски филмови. Наместо тоа, целта е да се открие дали астероидот може да „притиска“ доволно за да остане надвор од орбитата на Земјата. Седум минути може да биде разлика помеѓу блиска средба и катастрофа.

The post Огромен астероид в петок ќе помине покрај Земјата appeared first on Република.

]]>
Астероид прелета покрај Земјата со брзина 30 пати поголема од брзина од звукот https://republika.mk/zivot/tehnologija/asteroid-preleta-pokraj-zemjata-so-brzina-30-pati-pogolema-od-brzina-od-zvukot/ Thu, 28 Apr 2022 06:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=494501

Според податоците на НАСА, астероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг прелета покрај Земјата, но нема да се приближи доволно за да предизвика проблеми, објави Дејли меил.

Вселенскиот камен, именуван 418135 (2008 AG33), ќе се приближи на околу два милиони милји од планетата, што е приближно осум пати од растојанието од Земјата до Месечината.

Кога ќе влезе во орбитата на Земјата и ќе ја достигне најблиската точка, астероидот ќе се движи со брзина од 23.300 милји на час (37.497 km), или околу 30 пати поголема од брзината на звукот.

Карпата е со дијаметар до 2.560 стапки (780 метри) и НАСА ја идентификуваше како потенцијално опасна, која најблиску ќе се доближи до нашата планета ја вечерва во 22:46 часот по средноевропско време.

Иако 2 милиони милји можеби звучат како огромно растојание, во космичка скала тоа е исклучително блиску, во рамките на орбитата на Земјата. Поради оваа причина, НАСА смета дека секој астероид што ќе се приближи толку блиску е потенцијално опасен – вид на објект блиску до Земјата што може да претставува ризик за животот на Земјата. НАСА смета дека секој објект кој се наоѓа на помалку од 120 милиони милји од планетата е блиску до Земјата (НЕО), и секој објект кој е на растојание помало од 4,65 милиони милји е „потенцијално опасен“.

Астероидот 418135 (2008 AG33) не е нов – тој првпат беше откриен во јануари 2008 година од астрономите во Mt Lemmon SkyCenter во Аризона, а последен пат се приближи до Земјата во март 2015 година, прелетувајќи покрај неа на секои седум години. Според НАСА, неговиот следен близок лет нема да се случи до мај 2029 година, освен ако нешто не ја промени неговата орбита, но тоа е малку веројатно. ссм/

 

The post Астероид прелета покрај Земјата со брзина 30 пати поголема од брзина од звукот appeared first on Република.

]]>

Според податоците на НАСА, астероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг прелета покрај Земјата, но нема да се приближи доволно за да предизвика проблеми, објави Дејли меил. Вселенскиот камен, именуван 418135 (2008 AG33), ќе се приближи на околу два милиони милји од планетата, што е приближно осум пати од растојанието од Земјата до Месечината. Кога ќе влезе во орбитата на Земјата и ќе ја достигне најблиската точка, астероидот ќе се движи со брзина од 23.300 милји на час (37.497 km), или околу 30 пати поголема од брзината на звукот. Карпата е со дијаметар до 2.560 стапки (780 метри) и НАСА ја идентификуваше како потенцијално опасна, која најблиску ќе се доближи до нашата планета ја вечерва во 22:46 часот по средноевропско време. Иако 2 милиони милји можеби звучат како огромно растојание, во космичка скала тоа е исклучително блиску, во рамките на орбитата на Земјата. Поради оваа причина, НАСА смета дека секој астероид што ќе се приближи толку блиску е потенцијално опасен – вид на објект блиску до Земјата што може да претставува ризик за животот на Земјата. НАСА смета дека секој објект кој се наоѓа на помалку од 120 милиони милји од планетата е блиску до Земјата (НЕО), и секој објект кој е на растојание помало од 4,65 милиони милји е „потенцијално опасен“. Астероидот 418135 (2008 AG33) не е нов – тој првпат беше откриен во јануари 2008 година од астрономите во Mt Lemmon SkyCenter во Аризона, а последен пат се приближи до Земјата во март 2015 година, прелетувајќи покрај неа на секои седум години. Според НАСА, неговиот следен близок лет нема да се случи до мај 2029 година, освен ако нешто не ја промени неговата орбита, но тоа е малку веројатно. ссм/  

The post Астероид прелета покрај Земјата со брзина 30 пати поголема од брзина од звукот appeared first on Република.

]]>
Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со ударот на астероид што ги истреби овие животни https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pronajden-prviot-fosil-od-dinosaurus-direktno-povrzan-so-udarot-na-asteroid-shto-gi-istrebi-ovie-zivotni/ Thu, 07 Apr 2022 17:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=472766

Во американската држава Cеверна Дакота, во местото Танис, е пронајдена фосилизирана нога од диносаурус, на која е зачувана дури и кожата. Научниците тврдат дека диносаурусот на кој му припаѓала оваа нога најверојатно загинал на денот на ударот на астероидот, кој на крајот го истребил овој вид.

Она што особено ги израдувало научниците е што досега се пронајдени многу малку остатоци од диносауруси кои припаѓаат на периодот непосредно пред ударот на астероидот, јавува „Би-Би-Си“.

По должината на стапалото на диносаурусот има фосилизирани риби кои вдишувале остатоци додека паѓале од небото, желка прободена со дрвен кол, кожа на трицераптор, ембрион во јајцето на птеросаурус и нешто што се чини дека е остаток од самиот астероид.

Имаме толку многу детали кои ни кажуваат што се случувало од момент во момент, речиси како да гледате филм. Овде гледате фосил и ве враќа во тој ден - коментира водачот на студијата Роберт Де Палма од Универзитетот во Манчестер.

Професорот Пол Барет од Природонаучниот музеј во Лондон за „Би-Би-Си“ вели дека тоа е Теселосаурус. Овој вид диносаурус изгледаше како многу голем гуштер. Очигледно оваа нога им била откорната на диносаурусите многу брзо, според него нема докази за некаква болест на стапалото.

Во науката е општо прифатено дека астероид кој удрил во Земјата пред 66 милиони години го означил крајот на диносаурусите на земјата и создаде услови за цицачите да станат доминантен вид. Астероид со дијаметар од околу 12 километри удрил во областа на Мексиканскиот Залив и предизвикал изумирање на диносаурусите.

Тоа е 3.000 километри оддалечено од локацијата во Танис, но силината на ударот била таква што уништувањето можело да го зафати и ова подрачје.

 

 

 

The post Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со ударот на астероид што ги истреби овие животни appeared first on Република.

]]>

Во американската држава Cеверна Дакота, во местото Танис, е пронајдена фосилизирана нога од диносаурус, на која е зачувана дури и кожата. Научниците тврдат дека диносаурусот на кој му припаѓала оваа нога најверојатно загинал на денот на ударот на астероидот, кој на крајот го истребил овој вид. Она што особено ги израдувало научниците е што досега се пронајдени многу малку остатоци од диносауруси кои припаѓаат на периодот непосредно пред ударот на астероидот, јавува „Би-Би-Си“. По должината на стапалото на диносаурусот има фосилизирани риби кои вдишувале остатоци додека паѓале од небото, желка прободена со дрвен кол, кожа на трицераптор, ембрион во јајцето на птеросаурус и нешто што се чини дека е остаток од самиот астероид.
Имаме толку многу детали кои ни кажуваат што се случувало од момент во момент, речиси како да гледате филм. Овде гледате фосил и ве враќа во тој ден - коментира водачот на студијата Роберт Де Палма од Универзитетот во Манчестер.
Професорот Пол Барет од Природонаучниот музеј во Лондон за „Би-Би-Си“ вели дека тоа е Теселосаурус. Овој вид диносаурус изгледаше како многу голем гуштер. Очигледно оваа нога им била откорната на диносаурусите многу брзо, според него нема докази за некаква болест на стапалото. Во науката е општо прифатено дека астероид кој удрил во Земјата пред 66 милиони години го означил крајот на диносаурусите на земјата и создаде услови за цицачите да станат доминантен вид. Астероид со дијаметар од околу 12 километри удрил во областа на Мексиканскиот Залив и предизвикал изумирање на диносаурусите. Тоа е 3.000 километри оддалечено од локацијата во Танис, но силината на ударот била таква што уништувањето можело да го зафати и ова подрачје.      

The post Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со ударот на астероид што ги истреби овие животни appeared first on Република.

]]>