АСИТЕЖ Archives - Република https://republika.mk/tema/asitez/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Dec 2022 07:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АСИТЕЖ Archives - Република https://republika.mk/tema/asitez/ 32 32 Формиран Националниот центар на детски театри АСИТЕЖ https://republika.mk/vesti/kultura/formiran-nacionalniot-centar-na-detski-teatri-asitez/ Wed, 21 Dec 2022 07:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=588211

После долги години, конечно се формираше Националниот центар на детски театри АСИТЕЖ, што ќе биде дел од Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ ИНТЕРНАЦИОНАЛ. Организацијата опфаќа повеќе од 80 национални центри, чија примарна цел е афирмација, промоција, продукција на детски и младински проекти, како и интернационална соработка и вмрежувања.

Иницијативата за формирање на Македонскиот национален центар „АСИТЕЖ“ е на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, заедно со „БАБЕЦ“ театар од Битола, кои до скоро беа едни од ретките директни индивидуални членови во асоцијацијата со право за формирање национален центар. Целите на Македонскиот центар „АСИТЕЖ“ се да ја унапредат работата на сите субјекти кои приоритено се занимаваат со изведувачки уметности за деца и млади, да поттикнуваат запознавање и размена на искуства преку национални и меѓународни средби и фестивали, размена на искуства, учества на форуми, конгреси, конференции, работилници и други активности со цел афирмација и популаризација на детско-младинската театарска продукција.

За претстадател во првите четири години на центарот е избрана актерката Јулијана Мирчевска, а како членови на Управниот и надзорниот одбор, а воедно и основачи се: Катарина Илиевска – Силјановска, директорка на Театарот за деца и младинци, Драгана Милошевска Попова, Игор Ивковиќ – режисери од истиот театар заедно со актерката Марија Ѓорѓијовска, актерот и режисер Васко Мавровски од „Бабец“ театарот од Битола, како и композиторот Миодраг Нечак и костимографот Благој Мицевски.

Центарот е со седиште во Битола, а од многу скоро време ќе се формира и канцеларија во Скопје. Сите заинтересирани правни и физички лица кои активно делуваат во дејноста на сценските уметности за деца и млади се добредојдени да бидат дел од нашето семејство.

The post Формиран Националниот центар на детски театри АСИТЕЖ appeared first on Република.

]]>

После долги години, конечно се формираше Националниот центар на детски театри АСИТЕЖ, што ќе биде дел од Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ ИНТЕРНАЦИОНАЛ. Организацијата опфаќа повеќе од 80 национални центри, чија примарна цел е афирмација, промоција, продукција на детски и младински проекти, како и интернационална соработка и вмрежувања. Иницијативата за формирање на Македонскиот национален центар „АСИТЕЖ“ е на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, заедно со „БАБЕЦ“ театар од Битола, кои до скоро беа едни од ретките директни индивидуални членови во асоцијацијата со право за формирање национален центар. Целите на Македонскиот центар „АСИТЕЖ“ се да ја унапредат работата на сите субјекти кои приоритено се занимаваат со изведувачки уметности за деца и млади, да поттикнуваат запознавање и размена на искуства преку национални и меѓународни средби и фестивали, размена на искуства, учества на форуми, конгреси, конференции, работилници и други активности со цел афирмација и популаризација на детско-младинската театарска продукција. За претстадател во првите четири години на центарот е избрана актерката Јулијана Мирчевска, а како членови на Управниот и надзорниот одбор, а воедно и основачи се: Катарина Илиевска – Силјановска, директорка на Театарот за деца и младинци, Драгана Милошевска Попова, Игор Ивковиќ – режисери од истиот театар заедно со актерката Марија Ѓорѓијовска, актерот и режисер Васко Мавровски од „Бабец“ театарот од Битола, како и композиторот Миодраг Нечак и костимографот Благој Мицевски. Центарот е со седиште во Битола, а од многу скоро време ќе се формира и канцеларија во Скопје. Сите заинтересирани правни и физички лица кои активно делуваат во дејноста на сценските уметности за деца и млади се добредојдени да бидат дел од нашето семејство.

The post Формиран Националниот центар на детски театри АСИТЕЖ appeared first on Република.

]]>