Артурс Кришјанис Кариш Archives - Република https://republika.mk/tema/arturs-krishjanis-karish/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Feb 2022 22:08:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Артурс Кришјанис Кариш Archives - Република https://republika.mk/tema/arturs-krishjanis-karish/ 32 32 Летонскиот премиер: Русија распоредува дополнителни војници и тенкови во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/letonskiot-premier-rusija-rasporeduva-dopolnitelni-vojnici-i-tenkovi-vo-donbas/ Wed, 23 Feb 2022 22:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=462709

Премиерот на Летонија, Артурс Кришјанис Кариш, изјави дека руски трупи се префрлиле во источниот регион на Украина, кој Русија го призна како независен.

Според информациите со кои располагам, Путин преместува дополнителни сили и тенкови во окупираните територии на Донбас - изјави Кришјанис Кариш за „Си-Ен-Ен“.

На конкретно прашање дали мисли на влегување на дополнителни руски војници откако Москва ги призна двата сепаратистички региони претходно оваа недела, Кариш одговори: „Да, според информациите со кои располагам, токму тоа го гледаме“.

Два други извори, блиски до американското разузнавање за „Си-Ен-Ен“ потврдиле дека дополнителни руски војници ја преминале границата во регионот на Донбас откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двата региони и вчера издаде наредба за распоредување „мировници“ во Донбас. Според висок американски функционер запознаен со најновите разузнавачки информации, Русија распоредила една до две таканаречени баталјонски тактички групи, дел од главната руска борбена формација, од кои секоја се состои во просек од околу 800 војници.

„Си-Ен-Ен“ посочува дека засега не може од независен извор да потврди присуство на дополнителни руски војници во Донбас.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги опиша настаните кои сега се водат во Украина како „почеток на руската инвазија“, но високи претставници на администрацијата оттогаш одбија да потврдат дали дополнителни руски војници влегле во Донбас.

The post Летонскиот премиер: Русија распоредува дополнителни војници и тенкови во Донбас appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Летонија, Артурс Кришјанис Кариш, изјави дека руски трупи се префрлиле во источниот регион на Украина, кој Русија го призна како независен.
Според информациите со кои располагам, Путин преместува дополнителни сили и тенкови во окупираните територии на Донбас - изјави Кришјанис Кариш за „Си-Ен-Ен“.
На конкретно прашање дали мисли на влегување на дополнителни руски војници откако Москва ги призна двата сепаратистички региони претходно оваа недела, Кариш одговори: „Да, според информациите со кои располагам, токму тоа го гледаме“. Два други извори, блиски до американското разузнавање за „Си-Ен-Ен“ потврдиле дека дополнителни руски војници ја преминале границата во регионот на Донбас откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двата региони и вчера издаде наредба за распоредување „мировници“ во Донбас. Според висок американски функционер запознаен со најновите разузнавачки информации, Русија распоредила една до две таканаречени баталјонски тактички групи, дел од главната руска борбена формација, од кои секоја се состои во просек од околу 800 војници. „Си-Ен-Ен“ посочува дека засега не може од независен извор да потврди присуство на дополнителни руски војници во Донбас. Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги опиша настаните кои сега се водат во Украина како „почеток на руската инвазија“, но високи претставници на администрацијата оттогаш одбија да потврдат дали дополнителни руски војници влегле во Донбас.

The post Летонскиот премиер: Русија распоредува дополнителни војници и тенкови во Донбас appeared first on Република.

]]>