АrtАreа/Артерија Archives - Република https://republika.mk/tema/artarea-arterija/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 07:54:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АrtАreа/Артерија Archives - Република https://republika.mk/tema/artarea-arterija/ 32 32 Утре во кафе-книжарницата „Буква“ почнува осмото издание на „АrtАreа/Артерија“ https://republika.mk/vesti/kultura/utre-vo-kafe-knizharnitsata-bukva-pochnuva-osmoto-izdanie-na-artarea-arterija/ Thu, 19 Sep 2024 07:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=817656

Осмото издание на книжевно-мултимедијалниот фестивал АrtАreа/Артерија, започнува утре во кафе-книжарница Буква со изложба на фотографии: „Траги на времето“ на Наташа Гелева Лени.

За време на трите фестивалски денови ќе има неколку книжевни промоции, изложба на фотографии, два музички настани и еден краток документарен филм.

Опусот на Наташа Гелева е разновиден и по содржина и по форма. Последнава изложба фотографии насловена „Траги на времето“, претставува една целина, еден збир од компоненти со заеднички импулс и замисла на целина, а не на едноставно подредени елементи кои се избрани само по личен вкус. Како прво, фотографиите се лишени од луѓе. Отсуството на луѓето и генерално на движењето „per se“, оддава впечаток на еден вид „гласна тишина“ во преносна смисла на зборот. Недостатокот на движењето, статиката, просто одекнуваат од самите фотографии. Имено, иако секоја фотографија е посебна и поинаква од останатите (особено по колоритот, предметите и текстурите) сите поседуваат заеднички карактеристики овоплотени во темата на самата изложба. Имено, на било која од фотографиите може да се гледа како на уметничка слика од големите правци на модерното сликарство. Некои фотографии се како акрилни платна или цртежи кои припаѓаат на апстрактниот експресионизам. На тие фотографии примарно се застапени нерепрезентативните форми и спонтаните гестови (како што се излупените постери, или површини, било метални, стаклени или дрвени…) кои будат хаотични емоции преку изразено спонтани патерни и текстури. Тоа се едни од клучните елементи на апстрактниот експресионизам. Кај други фотографии, пак, повеќе акцент се става на боите на текстурите, каде ‘рѓата е идентична на текстурата на кожата или на песокот. Боите се вибрантни и предизвикуваат чувство на длабочина и распаѓање. Ѕидовите кои се распаѓаат и слоевитите текстури будат и чувство на минливост и пропаѓање. Металот кој ‘рѓосува, бојата која се лупи, дрвото кое се распаѓа, сите тие укажуваат на конечноста и времето кое проаѓа. Фотографиите на Наташа се практично уметнички слики на платно, акварели и цртежи насликани од самото време. Времето е уметникот, а фотографијата на Наташа е врамената слика на времето што поминува. Неговото течење, абењето на предметите и на сѐ што постои му се четките и боите, а штафелајот – нејзиниот апарат и милиметрите филм.Како љубител на хиперреализмот, се присетив на еден малку познат шкотски сликар Егнус Мекјуан и неговите акварели. И како што хиперреалистот се труди да ја достигне прецизноста на фотографијата текстурирајќи ги своите акварели, така Наташа преку своите фотографии се доближува до сликарската експресија. Делата се фотографии, но многу лесно можат да бидат и слики, пишува Сашо Насковски-Шекспир.

Комплетна програма на фестивалот:

20.09.2024

Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени

19:00 ч. – Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски.

20:00 Џез концерт – Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ

21.09.2024

18.00 – Разговор за книгата за деца „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ од Николина Андова Шопова и Наталија Лукомска (Бегемот, 2024); разговараат Николина Андова Шопова, Наталија Лукомска и Ѓоко Здравески.

19.00 – Разговор за книгата: „Зентрифуга“ од Иван Шопов (Бегемот, 2024); со Иван Шопов разговара Калина Малеска.

20:00 – Разговор за книгата: „Земја без залез“ од Марија Андријашевиќ (Сплит, Хрватска) (Бегемот, 2024); со Марија Андријашевиќ разговара Владимир Јанковски

21:00 – Музичка програма со DJ Шурбе

22.09.2024

19:00 – Разговор за книгата: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2024); со Ѕвездан Георгиевски разговараат Васко Маглешов и Иван Шопов.

20:00 – 120 години Гомбро, разговор за книгата „Маскарада“ од Витолд Гомбрович (Бегемот, 2024); разговараат Филип Димевски и Бранко Тричковски.

21:00 Проекција на краток документарен филм за Витолд Гомбрович

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и преведувачката мрежа Традуки.

 

The post Утре во кафе-книжарницата „Буква“ почнува осмото издание на „АrtАreа/Артерија“ appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на книжевно-мултимедијалниот фестивал АrtАreа/Артерија, започнува утре во кафе-книжарница Буква со изложба на фотографии: „Траги на времето“ на Наташа Гелева Лени. За време на трите фестивалски денови ќе има неколку книжевни промоции, изложба на фотографии, два музички настани и еден краток документарен филм. Опусот на Наташа Гелева е разновиден и по содржина и по форма. Последнава изложба фотографии насловена „Траги на времето“, претставува една целина, еден збир од компоненти со заеднички импулс и замисла на целина, а не на едноставно подредени елементи кои се избрани само по личен вкус. Како прво, фотографиите се лишени од луѓе. Отсуството на луѓето и генерално на движењето „per se“, оддава впечаток на еден вид „гласна тишина“ во преносна смисла на зборот. Недостатокот на движењето, статиката, просто одекнуваат од самите фотографии. Имено, иако секоја фотографија е посебна и поинаква од останатите (особено по колоритот, предметите и текстурите) сите поседуваат заеднички карактеристики овоплотени во темата на самата изложба. Имено, на било која од фотографиите може да се гледа како на уметничка слика од големите правци на модерното сликарство. Некои фотографии се како акрилни платна или цртежи кои припаѓаат на апстрактниот експресионизам. На тие фотографии примарно се застапени нерепрезентативните форми и спонтаните гестови (како што се излупените постери, или површини, било метални, стаклени или дрвени…) кои будат хаотични емоции преку изразено спонтани патерни и текстури. Тоа се едни од клучните елементи на апстрактниот експресионизам. Кај други фотографии, пак, повеќе акцент се става на боите на текстурите, каде ‘рѓата е идентична на текстурата на кожата или на песокот. Боите се вибрантни и предизвикуваат чувство на длабочина и распаѓање. Ѕидовите кои се распаѓаат и слоевитите текстури будат и чувство на минливост и пропаѓање. Металот кој ‘рѓосува, бојата која се лупи, дрвото кое се распаѓа, сите тие укажуваат на конечноста и времето кое проаѓа. Фотографиите на Наташа се практично уметнички слики на платно, акварели и цртежи насликани од самото време. Времето е уметникот, а фотографијата на Наташа е врамената слика на времето што поминува. Неговото течење, абењето на предметите и на сѐ што постои му се четките и боите, а штафелајот – нејзиниот апарат и милиметрите филм.Како љубител на хиперреализмот, се присетив на еден малку познат шкотски сликар Егнус Мекјуан и неговите акварели. И како што хиперреалистот се труди да ја достигне прецизноста на фотографијата текстурирајќи ги своите акварели, така Наташа преку своите фотографии се доближува до сликарската експресија. Делата се фотографии, но многу лесно можат да бидат и слики, пишува Сашо Насковски-Шекспир. Комплетна програма на фестивалот: 20.09.2024 Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени 19:00 ч. – Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски. 20:00 Џез концерт – Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ 21.09.2024 18.00 – Разговор за книгата за деца „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ од Николина Андова Шопова и Наталија Лукомска (Бегемот, 2024); разговараат Николина Андова Шопова, Наталија Лукомска и Ѓоко Здравески. 19.00 – Разговор за книгата: „Зентрифуга“ од Иван Шопов (Бегемот, 2024); со Иван Шопов разговара Калина Малеска. 20:00 – Разговор за книгата: „Земја без залез“ од Марија Андријашевиќ (Сплит, Хрватска) (Бегемот, 2024); со Марија Андријашевиќ разговара Владимир Јанковски 21:00 – Музичка програма со DJ Шурбе 22.09.2024 19:00 – Разговор за книгата: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2024); со Ѕвездан Георгиевски разговараат Васко Маглешов и Иван Шопов. 20:00 – 120 години Гомбро, разговор за книгата „Маскарада“ од Витолд Гомбрович (Бегемот, 2024); разговараат Филип Димевски и Бранко Тричковски. 21:00 Проекција на краток документарен филм за Витолд Гомбрович Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и преведувачката мрежа Традуки.  

The post Утре во кафе-книжарницата „Буква“ почнува осмото издание на „АrtАreа/Артерија“ appeared first on Република.

]]>