Артан Грби Archives - Република https://republika.mk/tema/artan-grbi/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 15:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Артан Грби Archives - Република https://republika.mk/tema/artan-grbi/ 32 32 Македонија ја води премиер Македонец, вели Ковачевски кој не е загрижен што Груби изјавува дека со државата владеат Албанци https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ja-vodi-premier-makedonets-veli-kovachevski-koj-ne-e-zagrizhen-shto-grubi-izjavuva-deka-so-drzhavata-vladeat-albantsi/ Tue, 14 Nov 2023 15:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=701509

Премиерот Димитар Ковачевски не го загрижува изјавата на првиот вицепремиер и министер во неговата Влада, Артан Груби, дека со државата владеат Албанци. По претставувањето на буџетот на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Ковачевски рече дека Владата во моментот ја води премиер Македонец и дека со досегашната работа успеале да испратат пораката дека силата е во заедништвото, а таквата изјава ја припиша на предизборието.

Веќе влегуваме во еден период на предизборие. Во наредниот период од 7 до 8 месеци ќе се наслушаме кој сè е главен, меѓутоа клучно е што дадовме пример како може да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме буџет, да го поднесеме на Влада и да го одобрат министрите. Да се задржи развојната компонента на буџетот и да се обезбедат финансиски средства и за зголемени плати, и за зголемени пензии и за зголемени инвестиции. Со тоа ја праќаме пораката дека силата е во заедништвото. Им благодарам и на Филип и на Фатмир, рече премиерот Ковачевски.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вчера, во Чаир, на промоција на секретаријатите на ДУИ рече дека Албанците владеат со државата.

The post Македонија ја води премиер Македонец, вели Ковачевски кој не е загрижен што Груби изјавува дека со државата владеат Албанци appeared first on Република.

]]>