Арт поинт Гумно Archives - Република https://republika.mk/tema/art-point-gumno/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 07:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арт поинт Гумно Archives - Република https://republika.mk/tema/art-point-gumno/ 32 32 Изложување на дела од уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhuvane-na-dela-od-umetnichkata-kolonija-art-point-gumno/ Sat, 29 Jun 2024 07:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=791732

Во Слоештица денеска од 18 до 21 часот, ќе бидат изложени делата создадени за време на годинешната уметничка работилница „Арт поинт - Гумно“. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата која беше инспирација за уметниците кои гостуваа на колонијата.

Од 15 до 30 јуни, десет уметници од земјава, Грција, Чешка и Србија создаваат скулптури, слики, фотографии и видеа што ја отсликуваат надреалната реалност од горно демирхисарските простори, непресушната инспирација и на Петре М. Андреевски. Преку темата на оваа колонија, всушност и „Арт поинт - Гумно“ ја чествува 90 годишнината од раѓањето на Великанот.

Mакедонскиот уметник Никола Пијанманов, кој создаде скулптура инспирирана од култната поетска збирка „Дениција“, изјави дека нејзино остварување размислувам со години, а самата скулптура по себе е контраст - нежност, поезија, лирика и структура од најсуровиот материјал, железо.

На подлогата е изгравиран стихот: „За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини“. Таа е девојка, муза која како и митолошкиот лик Дафне, се преобразува во дрво, токму во мигот кога требало целосно да му се предаде на поетот, на оној кој ја љуби. Музата доживува целосна метаморфоза. Телото станува стебло на топола, а во рацете-гранки носи еден лист, како акцент на вертикалната композиција на постоењето. Дениција е возвишено/трагична љубов која се трансформира во надземна состојба, како симфонија на сакањето, творењето, себежртвувањето, смислата на љубовта и смртта, изјави Пијанманов.

Освен Пијанманов, годинава, на креативното гумно твореа и македонскиот скулптор и копаничар Драган Докоски, професорот на ликовната академија во Ниш, Србија – Мирослав Живковиќ; Харис Савидес, архитект и фотограф и сликарката Снежана Восу од Грција, како и чешката фотографка Јана Хунтерова. Гости на колонијата беа и поетот, музичар и сликар Владимир Мартиновски и неговиот син Филип, студент на ФЛУ во Скопје. Годинава, на уметничката екипа им се придружија и домаќините, Воскресија и Сергеј Андреевски.

Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура.

The post Изложување на дела од уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“ appeared first on Република.

]]>

Во Слоештица денеска од 18 до 21 часот, ќе бидат изложени делата создадени за време на годинешната уметничка работилница „Арт поинт - Гумно“. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата која беше инспирација за уметниците кои гостуваа на колонијата. Од 15 до 30 јуни, десет уметници од земјава, Грција, Чешка и Србија создаваат скулптури, слики, фотографии и видеа што ја отсликуваат надреалната реалност од горно демирхисарските простори, непресушната инспирација и на Петре М. Андреевски. Преку темата на оваа колонија, всушност и „Арт поинт - Гумно“ ја чествува 90 годишнината од раѓањето на Великанот. Mакедонскиот уметник Никола Пијанманов, кој создаде скулптура инспирирана од култната поетска збирка „Дениција“, изјави дека нејзино остварување размислувам со години, а самата скулптура по себе е контраст - нежност, поезија, лирика и структура од најсуровиот материјал, железо.
На подлогата е изгравиран стихот: „За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини“. Таа е девојка, муза која како и митолошкиот лик Дафне, се преобразува во дрво, токму во мигот кога требало целосно да му се предаде на поетот, на оној кој ја љуби. Музата доживува целосна метаморфоза. Телото станува стебло на топола, а во рацете-гранки носи еден лист, како акцент на вертикалната композиција на постоењето. Дениција е возвишено/трагична љубов која се трансформира во надземна состојба, како симфонија на сакањето, творењето, себежртвувањето, смислата на љубовта и смртта, изјави Пијанманов.
Освен Пијанманов, годинава, на креативното гумно твореа и македонскиот скулптор и копаничар Драган Докоски, професорот на ликовната академија во Ниш, Србија – Мирослав Живковиќ; Харис Савидес, архитект и фотограф и сликарката Снежана Восу од Грција, како и чешката фотографка Јана Хунтерова. Гости на колонијата беа и поетот, музичар и сликар Владимир Мартиновски и неговиот син Филип, студент на ФЛУ во Скопје. Годинава, на уметничката екипа им се придружија и домаќините, Воскресија и Сергеј Андреевски. Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура.

The post Изложување на дела од уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“ appeared first on Република.

]]>
Арт поинт Гумно гостува во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/art-point-gumno-gostuva-vo-mkts/ Tue, 21 Nov 2023 08:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=714642

Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во преубавиот Офицерски дом во Битола, доаѓа и во Скопје.

Од 22-ри ноември до 2-ри декември, скопјани ќе можат да се запознаат со дел од извонредното уметничко богатство на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој од с. Слоештица – 65 слики, скулптури и фотографии на уметници, претставници од неколку континенти од 20 земји од светот.

Оваа поставка ќе биде завршен, од низата настани со коишто годинава, центарот го чествувше 20-годишното постоење. АРТ ПОИНТ – ГУМНО е визионерска рожба на семејството Андреевски. Од 2003-тата до денес, на креативното гумно во селото Слоештица, продефилираа, ни помалку, ни повеќе - 80 врвни уметници од целиот свет.

Организаторите изјавуваат дека „не случајно, завршниот настан по повод 20-годишниот јубилеј ќе се случи токму во Младинскиот културен центар, МКЦ – Скопје. Имено, една од заложбите на АРТ ПОИНТ – ГУМНО е да ги поддржи токму младите, талентирани творци, оние што се наоѓаат на почетоците од нивните кариери. Така, на изложбата, меѓу другите, ќе бидат изложени и дела од 20-тина млади уметници, некои од нив, денес се веќе етаблирани автори.“

Свеченото отворање на изложбата во МКЦ ќе се случи во среда, 22-ри ноември, со почеток во 20:00 часот. За активностите на уметничкото гумно ќе говори младата македонска писателка, уредник и преведувач - Јулијана Величковска, којашто вели дека секоја посета на ова единствено гумно ја доживува како празник.

The post Арт поинт Гумно гостува во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во преубавиот Офицерски дом во Битола, доаѓа и во Скопје. Од 22-ри ноември до 2-ри декември, скопјани ќе можат да се запознаат со дел од извонредното уметничко богатство на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој од с. Слоештица – 65 слики, скулптури и фотографии на уметници, претставници од неколку континенти од 20 земји од светот. Оваа поставка ќе биде завршен, од низата настани со коишто годинава, центарот го чествувше 20-годишното постоење. АРТ ПОИНТ – ГУМНО е визионерска рожба на семејството Андреевски. Од 2003-тата до денес, на креативното гумно во селото Слоештица, продефилираа, ни помалку, ни повеќе - 80 врвни уметници од целиот свет. Организаторите изјавуваат дека „не случајно, завршниот настан по повод 20-годишниот јубилеј ќе се случи токму во Младинскиот културен центар, МКЦ – Скопје. Имено, една од заложбите на АРТ ПОИНТ – ГУМНО е да ги поддржи токму младите, талентирани творци, оние што се наоѓаат на почетоците од нивните кариери. Така, на изложбата, меѓу другите, ќе бидат изложени и дела од 20-тина млади уметници, некои од нив, денес се веќе етаблирани автори.“ Свеченото отворање на изложбата во МКЦ ќе се случи во среда, 22-ри ноември, со почеток во 20:00 часот. За активностите на уметничкото гумно ќе говори младата македонска писателка, уредник и преведувач - Јулијана Величковска, којашто вели дека секоја посета на ова единствено гумно ја доживува како празник.

The post Арт поинт Гумно гостува во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Меѓународната уметничка колонија „Арт поинт Гумно“ завршува со ретроспективна изложба https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodnata-umetnichka-kolonija-art-point-gumno-zavrshuva-so-retrospektivna-izlozhba/ Fri, 18 Aug 2023 11:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=673389

Денеска, (18 август), во 19 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, како завршен настан на годинешната меѓународна уметничка колонија на „Арт поинт Гумно“ ќе биде отворена ретроспективната изложба на документарни фотографии изработени од претставниците Либеречката школа за фотографија (LŠF) од Чешка.

Годинава, во фокусот на деветмината чешки фотографи е македонското село Слоештица во Демир Хисар каде се одржуваше колонијата со наслов „Убавина уловена пред да исчезне“.

„Групата што гостува во Слоештица во периодот од 8 до 20 август, крстосува низ селата од горно-демирхисарскиот регион и преку своите фотографии ја раскажува приказната за неисцрпното природно и културно богатство што, за жал, исчезнува“, велат од „Арт поинт Гумно“

Во просторот на прилепската библиотека, публиката ќе има можност да види 17 фотографии на коишто  е отсликано секојдневието на демирхисарските села. На изложбата ќе биде изложено и едно платно: „Фотографот од Либерец“ кое го наслика Сергеј Андреевски во чест на фотографите од Либерец.

Поставката што се реализира во соработка со библиотеката „Борка Талески“, Прилеп и ќе биде отворена до 31 ви август.

Годинава, чешката фотографска бригада, како што информираат организаторите, работи на неколку теми.

„Професорот Шимон Пикоус ја илустрира „Земјата на медот“, професорката Јана Хунтерова портретира стари жени коишто осамени ги палат огништата на дрвените шпорети, а воедно ни ги открива тајните скриени во старите распаднати куќи-музеи; студентите, на гобленот ќе довезат приказни за тутунот и тутунарите; за веленцата и валајците; за ќумурот и ќумурџиите, за козите и нивните стопани; за најмалата библиотека со огромен фонд на книги; за ергените што копнеат за топла, семејна прегратка; за оригиналните ликови што станале бренд на селото и на регионот, како и за храбрите демирхисарски пожарникари коишто, иако, како и сите пожарникари кај нас, се ставени на маргините на општеството, работат со ентузијазам, како да се поставени на пиедестал“, велат оттаму.

„Арт поинт Гумно“ во следниот период планира одделни промоции на секоја од овие фото-стории.

Ова е трета соработка меѓу „Арт поинт Гумно“ и  Либеречката школа за фотографија од Чешка. Професорите и одбрани студенти од оваа школа, до сега, во два наврати реализираа престој во креативниот центар во Слоештица. Во 2018 година, 9 фотографи работеа на илустрација на песната „Можев да ти бидам“ (Пофалба на Демир Хисар) од Петре М. Андреевски, и во 2021 година, петмина претставници на школата работеа на тема „Везилка“, во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески.

 

The post Меѓународната уметничка колонија „Арт поинт Гумно“ завршува со ретроспективна изложба appeared first on Република.

]]>

Денеска, (18 август), во 19 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, како завршен настан на годинешната меѓународна уметничка колонија на „Арт поинт Гумно“ ќе биде отворена ретроспективната изложба на документарни фотографии изработени од претставниците Либеречката школа за фотографија (LŠF) од Чешка. Годинава, во фокусот на деветмината чешки фотографи е македонското село Слоештица во Демир Хисар каде се одржуваше колонијата со наслов „Убавина уловена пред да исчезне“. „Групата што гостува во Слоештица во периодот од 8 до 20 август, крстосува низ селата од горно-демирхисарскиот регион и преку своите фотографии ја раскажува приказната за неисцрпното природно и културно богатство што, за жал, исчезнува“, велат од „Арт поинт Гумно“ Во просторот на прилепската библиотека, публиката ќе има можност да види 17 фотографии на коишто  е отсликано секојдневието на демирхисарските села. На изложбата ќе биде изложено и едно платно: „Фотографот од Либерец“ кое го наслика Сергеј Андреевски во чест на фотографите од Либерец. Поставката што се реализира во соработка со библиотеката „Борка Талески“, Прилеп и ќе биде отворена до 31 ви август. Годинава, чешката фотографска бригада, како што информираат организаторите, работи на неколку теми. „Професорот Шимон Пикоус ја илустрира „Земјата на медот“, професорката Јана Хунтерова портретира стари жени коишто осамени ги палат огништата на дрвените шпорети, а воедно ни ги открива тајните скриени во старите распаднати куќи-музеи; студентите, на гобленот ќе довезат приказни за тутунот и тутунарите; за веленцата и валајците; за ќумурот и ќумурџиите, за козите и нивните стопани; за најмалата библиотека со огромен фонд на книги; за ергените што копнеат за топла, семејна прегратка; за оригиналните ликови што станале бренд на селото и на регионот, како и за храбрите демирхисарски пожарникари коишто, иако, како и сите пожарникари кај нас, се ставени на маргините на општеството, работат со ентузијазам, како да се поставени на пиедестал“, велат оттаму. „Арт поинт Гумно“ во следниот период планира одделни промоции на секоја од овие фото-стории. Ова е трета соработка меѓу „Арт поинт Гумно“ и  Либеречката школа за фотографија од Чешка. Професорите и одбрани студенти од оваа школа, до сега, во два наврати реализираа престој во креативниот центар во Слоештица. Во 2018 година, 9 фотографи работеа на илустрација на песната „Можев да ти бидам“ (Пофалба на Демир Хисар) од Петре М. Андреевски, и во 2021 година, петмина претставници на школата работеа на тема „Везилка“, во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески.
 

The post Меѓународната уметничка колонија „Арт поинт Гумно“ завршува со ретроспективна изложба appeared first on Република.

]]>