аријанит хоџа Archives - Република https://republika.mk/tema/arijanit-hodza/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 21:16:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аријанит хоџа Archives - Република https://republika.mk/tema/arijanit-hodza/ 32 32 Арјанит Хоџа: Ова се последните избори на кои во ваква форма се избира државен претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/arjanit-hodha-ova-se-poslednite-izbori-na-koi-vo-vakva-forma-se-izbira-drzhaven-pretsedatel/ Wed, 24 Apr 2024 21:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=770600

Лидерот на  Европската демократска партија, Аријанит Хоџа вечерва во „Изборниот маратон“ на ТВ21 истакна дека претседателот ќе се избира во Собранието и ова се последните избори на кои претседателот е избран во ваква форма.

„Бевме уште покоректни што во претседателската програма од првиот ден кажавме дека ова се последни избори на кои претседателот ќе се избира во ваква форма“, рече Хоџа.

The post Арјанит Хоџа: Ова се последните избори на кои во ваква форма се избира државен претседател appeared first on Република.

]]>

Аријанит Хоџа собра потписи за регистрација на нова партија https://republika.mk/vesti/makedonija/arijanit-hodha-sobra-potpisi-za-registratsija-na-nova-partija/ Thu, 10 Aug 2023 12:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=670811

Поранешниот потпретседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, објави на Фејсбук дека ги собрал потписите за регистрација на неговата нова партија Европската демократска партија.

-Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување. Со среќа! напиша Хоџа на Фејсбук.

Хоџа неодамна ја најави промоцијата на новата партија за в сабота, ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор.

Партијата на Изет Меџити од „огнените“, за која исто така тој ги собра потребните потписи, се вика Демократско движење и ќе биде промовирана на годишнината на Рамковниот договор, в недела на 13 август.

The post Аријанит Хоџа собра потписи за регистрација на нова партија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот потпретседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, објави на Фејсбук дека ги собрал потписите за регистрација на неговата нова партија Европската демократска партија. -Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување. Со среќа! напиша Хоџа на Фејсбук. Хоџа неодамна ја најави промоцијата на новата партија за в сабота, ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор. Партијата на Изет Меџити од „огнените“, за која исто така тој ги собра потребните потписи, се вика Демократско движење и ќе биде промовирана на годишнината на Рамковниот договор, в недела на 13 август.

The post Аријанит Хоџа собра потписи за регистрација на нова партија appeared first on Република.

]]>
Поделба со БЕСА: Хоџа и Бајрами ќе дејствуваат независно https://republika.mk/vesti/makedonija/podelba-so-besa-hodha-i-bajrami-ke-dejstvuvaat-nezavisno/ Thu, 27 Jul 2023 20:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=666088

Несогласувањата во Движењето БЕСА завршија со поделба на дел од членовите. И од оваа партија излегува посебна политичка формација, најави денеска Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на БЕСА, заедно со пратеникот Басри Бајрами, кој вчера објави дека ќе дејствува како независен.

Хоџа рече дека за оваа одлука се разговарало последните најмалку осум месеци, а била донесена по нивната оценка дека иницијативата на т.н. опозициски блок отстапува од политичкото патување кое го започнале со сега веќе нивни поранешни сопартијци.

„Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание, сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ“, изјави Аријанит Хоџа.

Освен во БЕСА, изминатиов период превирања имаше и во Алтернатива, каде партиски членови изразија незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи. Ново движење ќе формира и т.н. „огнена група“, која функционира како фракција на ДУИ.

Новинарот Сељадин Џезаири, од Балканскиот институт за регионална соработка, очекува жешко политичко лето. Тој смета дека случувањата на политичката сцена се резултат на тоа што се ближат избори и желбата да се дојде на власт. Како втора причина ја наведува најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека не размислува да направи коалиција со партијата на Ахмети, па оттука и желбата на помалите политички партии да се реорганизираат.

„Ценам дека лидерите на помалите албански политички партии во земјава повеќе сонуваат која партија од македонскиот блок ќе победи, него што би требало да биде реално како да победат во условно речено албанскиот кампус. Оттука се и внатрешните превирања речиси и во БЕСА и во Алтернатива, па и во т.н. „огнена група“ со оглед на тоа дека последните испитувања на јавното мнение во земјава покажува дека фаворити на следните избори ќе бидат во албанскиот блок ДУИ, и ВМРО и СДСМ во македонскиот блок“, смета Сељадин Џезаири од Балкански институт за регионална соработка.

Џезаири смета дека во албанскиот блок тешко дека ќе се победи ДУИ, имајќи ги предвид најновите превирања во помалите политички партии. Тој вели дека изборите ќе покажат и за апетитите на политичките партии зашто резултатите и легитимноста која ќе ја добијат политичките партии ќе биде главно мерило за формирање на идната влада.

The post Поделба со БЕСА: Хоџа и Бајрами ќе дејствуваат независно appeared first on Република.

]]>

Несогласувањата во Движењето БЕСА завршија со поделба на дел од членовите. И од оваа партија излегува посебна политичка формација, најави денеска Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на БЕСА, заедно со пратеникот Басри Бајрами, кој вчера објави дека ќе дејствува како независен. Хоџа рече дека за оваа одлука се разговарало последните најмалку осум месеци, а била донесена по нивната оценка дека иницијативата на т.н. опозициски блок отстапува од политичкото патување кое го започнале со сега веќе нивни поранешни сопартијци.
„Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание, сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ“, изјави Аријанит Хоџа.
Освен во БЕСА, изминатиов период превирања имаше и во Алтернатива, каде партиски членови изразија незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи. Ново движење ќе формира и т.н. „огнена група“, која функционира како фракција на ДУИ. Новинарот Сељадин Џезаири, од Балканскиот институт за регионална соработка, очекува жешко политичко лето. Тој смета дека случувањата на политичката сцена се резултат на тоа што се ближат избори и желбата да се дојде на власт. Како втора причина ја наведува најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека не размислува да направи коалиција со партијата на Ахмети, па оттука и желбата на помалите политички партии да се реорганизираат.
„Ценам дека лидерите на помалите албански политички партии во земјава повеќе сонуваат која партија од македонскиот блок ќе победи, него што би требало да биде реално како да победат во условно речено албанскиот кампус. Оттука се и внатрешните превирања речиси и во БЕСА и во Алтернатива, па и во т.н. „огнена група“ со оглед на тоа дека последните испитувања на јавното мнение во земјава покажува дека фаворити на следните избори ќе бидат во албанскиот блок ДУИ, и ВМРО и СДСМ во македонскиот блок“, смета Сељадин Џезаири од Балкански институт за регионална соработка.
Џезаири смета дека во албанскиот блок тешко дека ќе се победи ДУИ, имајќи ги предвид најновите превирања во помалите политички партии. Тој вели дека изборите ќе покажат и за апетитите на политичките партии зашто резултатите и легитимноста која ќе ја добијат политичките партии ќе биде главно мерило за формирање на идната влада.

The post Поделба со БЕСА: Хоџа и Бајрами ќе дејствуваат независно appeared first on Република.

]]>
Аријанит Хоџа и пратеникот Басри Бајрами формираат нова политичка формација https://republika.mk/vesti/makedonija/arijanit-hodha-i-pratenikot-basri-bajrami-formiraat-nova-politichka-formatsija/ Thu, 27 Jul 2023 11:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=665889

Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето БЕСА и поранешен министер и пратеникот Басри Бајрами денеска на прес-конференција информираа дека ќе формираат нова политичка партија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bajrami-ja-napushta-besa-i-ke-dejstvuva-kako-nezavisen-pratenik/

Хоџа на прес-конференција соопшти дека почнувајќи од денеска тој и повеќемина негови сопартијци од денеска ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние кои сакаат да станат дел од овој политички проект.

Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ. Нормално би било многу подобро заради меѓуетничката кохезија во предлогот на уставните измени да се предлагаше и корекција на терминот 20 отсто во однос на албанскиот јазик но за тоа одговорност сноси поднесувачот на предлогот, рече Хоџа.

Исто како пред неколку дена тој денеска се огради од, како што кажа, таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

The post Аријанит Хоџа и пратеникот Басри Бајрами формираат нова политичка формација appeared first on Република.

]]>

Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето БЕСА и поранешен министер и пратеникот Басри Бајрами денеска на прес-конференција информираа дека ќе формираат нова политичка партија. https://republika.mk/vesti/makedonija/bajrami-ja-napushta-besa-i-ke-dejstvuva-kako-nezavisen-pratenik/ Хоџа на прес-конференција соопшти дека почнувајќи од денеска тој и повеќемина негови сопартијци од денеска ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние кои сакаат да станат дел од овој политички проект.
Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ. Нормално би било многу подобро заради меѓуетничката кохезија во предлогот на уставните измени да се предлагаше и корекција на терминот 20 отсто во однос на албанскиот јазик но за тоа одговорност сноси поднесувачот на предлогот, рече Хоџа.
Исто како пред неколку дена тој денеска се огради од, како што кажа, таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

The post Аријанит Хоџа и пратеникот Басри Бајрами формираат нова политичка формација appeared first on Република.

]]>
Хоџа: Груби е политички дилетант обучен во подземјето https://republika.mk/vesti/makedonija/hodza-grubi-e-politichki-diletant-obuchen-vo-podzemjeto/ Wed, 21 Sep 2022 06:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=552766

Аријанит Хоџа од Беса на Фејсбук упати силни критики кон вицепремиерот на Македонија, Артан Груби.

Да седнеш на маса со Србија, која е главен сојузник на Русија, и да направиш регионална иницијатива како „Отворен Балкан“, каде што се заобиколува и ослабува меѓународната позиција на Косово, а во исто време да ги имаш на располагање бланко гласовите на албанската опозиција за евроинтеграциите (антируски) и да ја наречеш албанската опозиција деструктивен проруски фактор, тоа може да го направи само политички дилетант како Артан Груби, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда, напиша Хоџа.

Оваа реакција на Хоџа доаѓа по интервјуто на Артан Груби, во кое ја обвини македонската и албанската опозиција дека се усогласени и дека никој од нив нема свој индивидуален идентитет. Според него,тие блокираат закони кои се во интерес на граѓаните.

Изненадувачки, но гледаме усогласена опозиција. ВМРО го напушта парламентот, Левица си оди, Алијанса си оди, Беса си оди. ВМРО бојкотира, Левица бојкотира, Алијанса бојкотира, Беса бојкотира. Ниту една од нив со сопствен индивидуален и конструктивен идентитет. Граѓанинот не гласал за пратеникот да ја блокира работата на Собранието. Сега се блокира Европска банка за развој за македонски електрани, 100 милиони евра во оваа енергетска криза. Замислете!, рече Груби во Клик плус на ТВ21.

Груби дури рече дека парламентарната опозиција се инспирира од Русија.

Со ЕУ ни оди многу добро, а со Русија не. Дали Русија се меша? За мешање, има многу сериозни индикации за мешање, дури и за директно мешање, особено со директно посредување преку инспирирање на опозицијата. Која опозиција? Парламентарна опозиција.

The post Хоџа: Груби е политички дилетант обучен во подземјето appeared first on Република.

Хоџа: Беса ѝ понуди на Алијанса заедничко владеење во Тетово и коалиција за идните парламентарни избори, но тие одбија https://republika.mk/vesti/makedonija/hodza-besa-i-ponudi-na-alijansata-zaednichko-vladeenje-vo-tetovo-i-koalicija-za-idnite-parlamentarni-izbori-no-tie-odbija/ Sun, 21 Aug 2022 19:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=542669

„Иако беше апсолутен фаворит за постигнување победа во Тетово, пред почетокот на изборниот процес Движењето Беса ѝ подаде рака на Алијансата за Албанците за опозициска соработка, нудејќи ѝ заедничко владеење во Тетов, но и коалицирање за идните парламентарни избори како албанска опозиција. Алијансата за Албанците ова не го прифати. Ова го кажувам за првпат јавно – вели генералниот секретар на Движењето Беса Аријанит Хоџа во својата колумна со наслов „Честитки за Тетово и порака до Алијансата за Албанците“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Хоџа пишува: „Уште во моите настапи во текот на предизборната кампања јас спомнав дека победата во Тетово ќе биде палење на пламенот кој ќе ја донесе политичката ротација за Албанците во Македонија.“

Посакувам овие локални избори во Тетово да им послужат за размислување на оние кои изгубија. Сега во наши раце е ние да ги направиме промените. Во едно нешто сме сигурни: со или без соработка никој нема да може да го сопре воздигнувањето на Движењето Беса на заслуженото место, на местото на претставувањето на Албанците во сите институции на државата.“„Позитивниот резултат им припаѓа на тетовци. Победата сегашна и идна им припаѓа на сите Албанци.“

The post Хоџа: Беса ѝ понуди на Алијанса заедничко владеење во Тетово и коалиција за идните парламентарни избори, но тие одбија appeared first on Република.

Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно https://republika.mk/vesti/makedonija/hodza-popisot-dokaza-deka-so-dui-vo-vladata-begstvoto-na-albancite-e-masovno/ Thu, 31 Mar 2022 17:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=481565

Објавувањето на резултатите од пописот во Македонија отвора многу дебатa коja бара длабинска анализа, но и одговорност од политичките сили кои сакајќи да ја задржат ексклузивноста и нетранспарентноста, денес го преземаат целиот историски товар на еден процес кој за жал отвори многу дилеми и нејаснотии, вели Аријанит Хоџа од движењето Беса.

Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата. Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки кои сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста, потенцира Хоџа и додава:

„Прво: Формата, начинот и водењето на процесот помина во целосна тајност, додека процесот на одложување односно прекин на процесот и пречките со кои се соочуваа граѓаните за пријавување, особено оние во дијаспората, го губи кредибилитетот на пописот како процес. Одтука, се сомневаме дека овој процес се претвори во политичко пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ, како и многу други прашања во минатото, кои за жал докажаа дека при секое политичко пазарење на ДУИ последиците се долгорочни за Албанците во државата. Второ: Ако тргнеме од статистичките податоци кои произлегуваат од овој попис, на површина излегува една голема вистина која континуирано ја покренуваме како грижа, а тоа е дека во сите овие години на владеење на ДУИ, Албанците масовно си заминаа од родното место.“

Според Хоџа погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но пред се многу млади луѓе да ја напуштат државата.

Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места. Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живот, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување од власт на ДУИ, поконкретно на нејзините преставници во Владата. Го потврдуваме нашиот став дека државата треба што поскоро да оди на предвремени избори, а ДУИ да оди во опозиција, и да се реформира, бидејќи секој ден се докажува дека тие се штетни за иднината на Албанците, а тоа го потврдија и од пописот на населението, за што и самите биле учесници во организацијата на истиот, заклучува Хоџа.

The post Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно appeared first on Република.

]]>

Објавувањето на резултатите од пописот во Македонија отвора многу дебатa коja бара длабинска анализа, но и одговорност од политичките сили кои сакајќи да ја задржат ексклузивноста и нетранспарентноста, денес го преземаат целиот историски товар на еден процес кој за жал отвори многу дилеми и нејаснотии, вели Аријанит Хоџа од движењето Беса.
Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата. Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки кои сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста, потенцира Хоџа и додава: „Прво: Формата, начинот и водењето на процесот помина во целосна тајност, додека процесот на одложување односно прекин на процесот и пречките со кои се соочуваа граѓаните за пријавување, особено оние во дијаспората, го губи кредибилитетот на пописот како процес. Одтука, се сомневаме дека овој процес се претвори во политичко пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ, како и многу други прашања во минатото, кои за жал докажаа дека при секое политичко пазарење на ДУИ последиците се долгорочни за Албанците во државата. Второ: Ако тргнеме од статистичките податоци кои произлегуваат од овој попис, на површина излегува една голема вистина која континуирано ја покренуваме како грижа, а тоа е дека во сите овие години на владеење на ДУИ, Албанците масовно си заминаа од родното место.“
Според Хоџа погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но пред се многу млади луѓе да ја напуштат државата.
Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места. Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живот, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување од власт на ДУИ, поконкретно на нејзините преставници во Владата. Го потврдуваме нашиот став дека државата треба што поскоро да оди на предвремени избори, а ДУИ да оди во опозиција, и да се реформира, бидејќи секој ден се докажува дека тие се штетни за иднината на Албанците, а тоа го потврдија и од пописот на населението, за што и самите биле учесници во организацијата на истиот, заклучува Хоџа.

The post Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно appeared first on Република.

]]>
Касами останува лидер на Беса, Хоџа избран за заменик-претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-ostanuva-lider-na-besa-hodza-izbran-za-zamenik-pretsedatel/ Sat, 05 Mar 2022 17:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=468265

Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето Беса, а досегашниот партиски секретар Адријанит Хоџа е избран за заменик-претседател.
На Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје Касами немал противкандидат.

За мене тоа е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда, рече Касами.

Со изборот на заменик претседател, додаде тој, партијата го зајакнува раководство со што се подготвува и понатаму да се бори за правата на Албанците и на сите граѓани кои имаат потреба од нивната поддршка.

– Ние докажавме дека иако имавме многу проблеми со кои се соочивме во минатото дека не потклекнуваме и не запираме, туку продолжуваме уште посилно напред. Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Ова особено после последните случувања во Украина, за кои ние сме убедени дека посилно треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина и подобри услови за нашите граѓани, порача Касами.

Тој најави дека ќе се залагаат и за што побрзо одржување на предвремени избори, затоа што, според БЕСА, оваа власт не е спремна да ги заштити интересите на граѓаните, особено во овие тешки околности во кои што се наоѓаме.

– Движењето Беса по овој Втор конгрес продолжува уште посилно да оди напред, ние се враќаме на голема врата на политичката сцена на Македонија, ова особено со приклучувањето на многу активисти кое кулминираше со приклучувањето на активистот Фатмир Лимани. Со ова сакаме да докажеме дека и во иднина вратите на БЕСА е отворена за сите кои сакаат да придонесат за подобро утре за сите нас во Македонија, рече Касами.

Тој најави дека на првиот состанок на Централниот одбор ќе биде избрано ново Централното претседателство на движењето.

Запрашан дали на следните избори БЕСА ќе настапи самостојно или во коалиција со Алијансата за Албанците, Касами нагласи дека партијата се залага за здружување на опозициските партии ориентација, но доколку не дојде до тоа, подготвени се да излезат сами на избори.

– Движењето Беса покажа дека е заинтересирана за соработка и обединување на албанската опозиција, но не се плашиме и сами да одиме на избори, истакна Касами.

The post Касами останува лидер на Беса, Хоџа избран за заменик-претседател appeared first on Република.

]]>

Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето Беса, а досегашниот партиски секретар Адријанит Хоџа е избран за заменик-претседател. На Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје Касами немал противкандидат.
За мене тоа е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда, рече Касами.
Со изборот на заменик претседател, додаде тој, партијата го зајакнува раководство со што се подготвува и понатаму да се бори за правата на Албанците и на сите граѓани кои имаат потреба од нивната поддршка.
– Ние докажавме дека иако имавме многу проблеми со кои се соочивме во минатото дека не потклекнуваме и не запираме, туку продолжуваме уште посилно напред. Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Ова особено после последните случувања во Украина, за кои ние сме убедени дека посилно треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина и подобри услови за нашите граѓани, порача Касами.
Тој најави дека ќе се залагаат и за што побрзо одржување на предвремени избори, затоа што, според БЕСА, оваа власт не е спремна да ги заштити интересите на граѓаните, особено во овие тешки околности во кои што се наоѓаме.
– Движењето Беса по овој Втор конгрес продолжува уште посилно да оди напред, ние се враќаме на голема врата на политичката сцена на Македонија, ова особено со приклучувањето на многу активисти кое кулминираше со приклучувањето на активистот Фатмир Лимани. Со ова сакаме да докажеме дека и во иднина вратите на БЕСА е отворена за сите кои сакаат да придонесат за подобро утре за сите нас во Македонија, рече Касами.
Тој најави дека на првиот состанок на Централниот одбор ќе биде избрано ново Централното претседателство на движењето. Запрашан дали на следните избори БЕСА ќе настапи самостојно или во коалиција со Алијансата за Албанците, Касами нагласи дека партијата се залага за здружување на опозициските партии ориентација, но доколку не дојде до тоа, подготвени се да излезат сами на избори.
– Движењето Беса покажа дека е заинтересирана за соработка и обединување на албанската опозиција, но не се плашиме и сами да одиме на избори, истакна Касами.

The post Касами останува лидер на Беса, Хоџа избран за заменик-претседател appeared first on Република.

]]>
Нема да издржат, гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-izdrzat-gledate-dui-pravi-kampanja-protiv-sdsm/ Tue, 01 Feb 2022 10:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=452335

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, синоќа беше гостин во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Click Plus“.

-Оваа Влада нема лигитимитет. Ова мнозинство не е стабилно. Нема да издржат. Гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ. Ние како движење Беса, овој период сме фокусирани на внатрешни партиски избори. Имаме конгрес. Исто е и со Алијанса за Албанците, изјави Хоџа во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека оваа Влада нема да издржи и дека ќе има нови предвремени парламентарни избори.

-Веднаш по периодот на конгресот, ние ќе испровоцираме нови избори. Нема да кажам како, но тоа ќе се случи. Дали преку протести, дали преку други механизми, ќе видиме, додаде Хоџа.

The post Нема да издржат, гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ appeared first on Република.