архитектура Archives - Република https://republika.mk/tema/arhitektura/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 09:04:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png архитектура Archives - Република https://republika.mk/tema/arhitektura/ 32 32 Јулски вечери на архитектурата https://republika.mk/vesti/kultura/julski-vecheri-na-arhitekturata/ Mon, 15 Jul 2024 09:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=796920

Од 15-17ти јули 2024 година во книжарницата Илика во Скопје, ќе се одржи настанот насловен Јулски вечери на архитектурата.

На овој тридневен вечерен настан ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје.

Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од финансиски проблеми, наивни и правилни. И покрај тоа, ретко пошироката јавност, па и самите архитекти можат да се запознаат со истите.

Ова е одличен простор младите архитекти да се презентираат себе и својата работа пред повозрасните колеги и останатите заљубеници во архитектурата.

The post Јулски вечери на архитектурата appeared first on Република.

]]>

Од 15-17ти јули 2024 година во книжарницата Илика во Скопје, ќе се одржи настанот насловен Јулски вечери на архитектурата. На овој тридневен вечерен настан ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје. Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од финансиски проблеми, наивни и правилни. И покрај тоа, ретко пошироката јавност, па и самите архитекти можат да се запознаат со истите. Ова е одличен простор младите архитекти да се презентираат себе и својата работа пред повозрасните колеги и останатите заљубеници во архитектурата.

The post Јулски вечери на архитектурата appeared first on Република.

]]>
Френсис Кере – добитник на престижната Прицкерова награда за архитектура https://republika.mk/zivot/kariera/frensis-kere-dobitnik-na-prestiznata-prickerova-nagrada-za-arhitektura/ Thu, 17 Mar 2022 08:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=474101

Прицкеровата награда, најпрестижната награда во архитектурата, во вторникот му беше доделена на архитектот роден во Буркина Фасо, Диебедо Френсис Кере, објавија организаторите – првиот Африканец што ја добил оваа чест во повеќе од 40-годишната историја на наградата.

Кере беше награден за „пионерските“ дизајни кои се „одржливи за земјата и нејзините жители — во земји со екстремен недостиг“, рече во соопштението Том Прицкер, претседател на фондацијата Хајат која ја спонзорира наградата.

Кере, двоен државјанин на Буркина Фасо и Германија, е 51-виот добитник на славната награда.

Тој е познат по изградбата на училишта, здравствени установи, станови, граѓански згради и јавни простори во многу земји во Африка, вклучувајќи ги Бенин, Буркина Фасо, Мали, Того, Кенија, Мозамбик, Того и Судан.

„Тој е подеднакво архитект и слуга, ги подобрува животите и искуствата на безброј граѓани во регион во светот кој понекогаш е заборавен“, рече Прицкер.

Во соопштението се истакнува дека Кере „ги овластува и ги трансформира заедниците преку процесот на архитектура“, дизајнирајќи згради „каде ресурсите се кревки и дружењето е од витално значење“.

„Преку неговата посветеност на социјална правда и ангажман, и интелигентна употреба на локални материјали за поврзување и одговор на природната клима, тој работи во маргинализирани земји оптоварени со ограничувања и неволји, каде архитектурата и инфраструктурата се отсутни“, велат организаторите.

Кере претходно доби пофалби за неговиот проект за основно училиште во Буркина Фасо и има одржано самостојни музејски изложби во Минхен и Филаделфија.

Тој исто така беше еден од архитектите зад Музејот на Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина во Женева.

Во 2017 година, Кере стана првиот африкански архитект кој дизајнирал привремен павилјон во лондонскиот Хајд Парк, престижна задача која му се доделува на светски познат архитект секоја година.

The post Френсис Кере – добитник на престижната Прицкерова награда за архитектура appeared first on Република.

]]>

Прицкеровата награда, најпрестижната награда во архитектурата, во вторникот му беше доделена на архитектот роден во Буркина Фасо, Диебедо Френсис Кере, објавија организаторите – првиот Африканец што ја добил оваа чест во повеќе од 40-годишната историја на наградата. Кере беше награден за „пионерските“ дизајни кои се „одржливи за земјата и нејзините жители — во земји со екстремен недостиг“, рече во соопштението Том Прицкер, претседател на фондацијата Хајат која ја спонзорира наградата. Кере, двоен државјанин на Буркина Фасо и Германија, е 51-виот добитник на славната награда. Тој е познат по изградбата на училишта, здравствени установи, станови, граѓански згради и јавни простори во многу земји во Африка, вклучувајќи ги Бенин, Буркина Фасо, Мали, Того, Кенија, Мозамбик, Того и Судан. „Тој е подеднакво архитект и слуга, ги подобрува животите и искуствата на безброј граѓани во регион во светот кој понекогаш е заборавен“, рече Прицкер. Во соопштението се истакнува дека Кере „ги овластува и ги трансформира заедниците преку процесот на архитектура“, дизајнирајќи згради „каде ресурсите се кревки и дружењето е од витално значење“. „Преку неговата посветеност на социјална правда и ангажман, и интелигентна употреба на локални материјали за поврзување и одговор на природната клима, тој работи во маргинализирани земји оптоварени со ограничувања и неволји, каде архитектурата и инфраструктурата се отсутни“, велат организаторите. Кере претходно доби пофалби за неговиот проект за основно училиште во Буркина Фасо и има одржано самостојни музејски изложби во Минхен и Филаделфија. Тој исто така беше еден од архитектите зад Музејот на Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина во Женева. Во 2017 година, Кере стана првиот африкански архитект кој дизајнирал привремен павилјон во лондонскиот Хајд Парк, престижна задача која му се доделува на светски познат архитект секоја година.

The post Френсис Кере – добитник на престижната Прицкерова награда за архитектура appeared first on Република.

]]>
Онлајн архитектонски семинар за одржливи објекти https://republika.mk/vesti/makedonija/onlajn-arhitektonski-seminar-za-odrzlivi-objekti/ Tue, 18 Jan 2022 07:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=446116

Четири меѓународни едукативни семинари на тема одржливи објекти, како дел од проектот „Кон одржлива иднина: Предизвик за одржливи објекти“ (Towards Sustainable Future: Sustainable Buildings Challenge) ќе се одржуваат онлајн во 17 часот почнувајќи од денеска па секој нареден вторник во периодот до 8 февруари.

Семинарите, се наменети за архитекти, планери, но и за пошироката јавност, со цел поблиско запознавање со можностите на одржливите објекти, во однос на нивната енергетска ефикасност, економичност и создавањето здрав и комфорен животен простор. Предавањата, кои ќе се одржуваат на англиски јазик, ќе ги реализираат експерти од земјава и од седум европски универзитети.

Сите предавања се различни и тематски се надоврзуваат. Темите кои ќе се презентираат се: Одржливо урбанистичко планирање, Одржливо проектирање објекти, Пасивно проектирање објекти, градежна физика, внатрешен комфор, одржлив проектен менаџмент, ефикасни системи за греење и ладење и Циркуларна економија (Sustainable Urban Planning, Sustainable Building Design, Building Physics, Sustainable Project Management, Sustainable HVAC, Circular Economy).

The post Онлајн архитектонски семинар за одржливи објекти appeared first on Република.

]]>

Четири меѓународни едукативни семинари на тема одржливи објекти, како дел од проектот „Кон одржлива иднина: Предизвик за одржливи објекти“ (Towards Sustainable Future: Sustainable Buildings Challenge) ќе се одржуваат онлајн во 17 часот почнувајќи од денеска па секој нареден вторник во периодот до 8 февруари. Семинарите, се наменети за архитекти, планери, но и за пошироката јавност, со цел поблиско запознавање со можностите на одржливите објекти, во однос на нивната енергетска ефикасност, економичност и создавањето здрав и комфорен животен простор. Предавањата, кои ќе се одржуваат на англиски јазик, ќе ги реализираат експерти од земјава и од седум европски универзитети. Сите предавања се различни и тематски се надоврзуваат. Темите кои ќе се презентираат се: Одржливо урбанистичко планирање, Одржливо проектирање објекти, Пасивно проектирање објекти, градежна физика, внатрешен комфор, одржлив проектен менаџмент, ефикасни системи за греење и ладење и Циркуларна економија (Sustainable Urban Planning, Sustainable Building Design, Building Physics, Sustainable Project Management, Sustainable HVAC, Circular Economy).

The post Онлајн архитектонски семинар за одржливи објекти appeared first on Република.

]]>