археолошки наоди Archives - Република https://republika.mk/tema/arheoloshki-naodi/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Mar 2023 14:04:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png археолошки наоди Archives - Република https://republika.mk/tema/arheoloshki-naodi/ 32 32 Го искористил повлеченото Преспанско, крадел археолошки предмети и ги продавал преку „Фејсбук“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-iskoristil-povlechenoto-prespansko-kradel-arheoloshki-predmeti-i-gi-prodaval-preku-fejsbuk/ Mon, 27 Mar 2023 14:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=624301

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против ресенчанец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра.

Против Г.А.(43) од Ресен е поднесена кривична пријава за „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „прикривање, додека против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“.

[caption id="" align="aligncenter" width="710"] (фото: МВР)[/caption]

Како што информираат денеска од МВР, во периодот од август до декември лани, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во селото Долно Перово, повеќепати со рачен алат и метал-детектори вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети со цел да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.

Во август 2022 година, С.М. во село Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом, се наведува во соопштението од МВР.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основиотн суд Битола, на 1 декември 2022 година извршен е претрес во домот и просториите кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол до археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М..

[caption id="" align="aligncenter" width="547"] (фото: МВР)[/caption]

Од МВР посочуваат дека истиот ден во полициската станица Центар бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во разговорот со него го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.

Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство, се наведува во соопштението од МВР.

The post Го искористил повлеченото Преспанско, крадел археолошки предмети и ги продавал преку „Фејсбук“ appeared first on Република.

]]>

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против ресенчанец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра. Против Г.А.(43) од Ресен е поднесена кривична пријава за „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „прикривање, додека против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“. [caption id="" align="aligncenter" width="710"] (фото: МВР)[/caption] Како што информираат денеска од МВР, во периодот од август до декември лани, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во селото Долно Перово, повеќепати со рачен алат и метал-детектори вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети со цел да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.
Во август 2022 година, С.М. во село Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом, се наведува во соопштението од МВР.
Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основиотн суд Битола, на 1 декември 2022 година извршен е претрес во домот и просториите кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол до археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М.. [caption id="" align="aligncenter" width="547"] (фото: МВР)[/caption] Од МВР посочуваат дека истиот ден во полициската станица Центар бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во разговорот со него го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.
Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство, се наведува во соопштението од МВР.

The post Го искористил повлеченото Преспанско, крадел археолошки предмети и ги продавал преку „Фејсбук“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии „Златниот антички наод од Неготинско“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-fotografii-zlatniot-antichki-naod-od-negotinsko-vo-centarot-za-kultura-trajko-prokopiev-kumanovo/ Thu, 21 Apr 2022 07:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=491580

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 13 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии (24) на којашто ќе биде промовиран златниот антички наод од Неготинско. Изложбата е во рамките на повеќегодишната добра соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ се наоѓа во непосредна близина на Неготино, поточно на 6 километри јужно од Неготино на самиот автопат Скопје-Гевгелија. Локалитетот се наоѓа на јужната страна од селото Тремник на оддалеченост од 200 метри на природно возвишение кое доминира над својата околина. Од локалитетот се отвора широк поглед кон север до планината Клепа, на исток кон планината Серта, на југ кон Демиркаписката Клисура и на запад кон планината Кожуф.

Во август 2008 година при археолошко истражување од страна на стручна екипа од Музеј на град Неготино, под раководство на кустос-советник археолог Кире Ангеловски, на длабочина од 0,35 до 0,50 cm., се пронајдени повеќе предмети од златен накит и монети кои што датираат од IV-III век пр.н.е, и тоа:

– 2 (две) монети-статери со ликот на Филип II и Александар III,

– 4 (четири) фибули од малоазиски тип со по пет ѕвездести украсни испусти на лаковите, нозе со масивни стилизирани змиски глави и глави во вид на палмов лист,

– 31 примерок на златни висулци во  форма на копје,

– 32 примерок на златни висулци во вид на лешник,

– 484 кружни алки украсени со гранули,

– 84 мали кружни алки со три реда гранули,

– 2 (два) златни завршетоци од ѓердан во вид на палмети,

– 4 (четири) златни цилиндрични цевчиња од ѓердан украсени со филигран и гранулација,

– 1 (една) мала дводелна кутија (пиксида) од злато во цилиндрична форма богато украсена со филигран и гранулација

– 1 (една) импресивна украсна релјефна плочка-медалјон со претстава на Посејдон кој држи тризабец во левата рака, а лево и десно фланкиран со протоми на два коња.

Вкупната тежина на овие предмети изнесува околу од 1 кг богато со 22% каратно злато. Се претпоставува дека припаѓал на истакнат војник-офицер по потекло Пајон од Антигонеа, кој сигурно бил во војската на Александар Македонски додека војувал во Азија, и по враќањето го носи сиот овој златен накит, со кој потоа бил погребан.

Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век пр.н.е. претставува еден од најзначајните и најрепрезентативни наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на РС Македонија. Ова извонредно културно богатство беше презентирано во престижниот национален Келтен-Ромер музејот во Манхинг, Германија, заедно со златната маска од Охрид и како составен дел од изложбата со наслов „Златното лице на непознатиот крал“, проект кој се реализираше со

Поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот Clash of cultures (Судир на култури).

Денес се наоѓа во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје каде е достапен за пошироката светска јавност. Изложбата со фотографии досега е претставена во Неготино и Кавадарци.

Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 4.5.2022 година.

The post Изложба на фотографии „Златниот антички наод од Неготинско“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово appeared first on Република.

]]>

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 13 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии (24) на којашто ќе биде промовиран златниот антички наод од Неготинско. Изложбата е во рамките на повеќегодишната добра соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово. Археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ се наоѓа во непосредна близина на Неготино, поточно на 6 километри јужно од Неготино на самиот автопат Скопје-Гевгелија. Локалитетот се наоѓа на јужната страна од селото Тремник на оддалеченост од 200 метри на природно возвишение кое доминира над својата околина. Од локалитетот се отвора широк поглед кон север до планината Клепа, на исток кон планината Серта, на југ кон Демиркаписката Клисура и на запад кон планината Кожуф. Во август 2008 година при археолошко истражување од страна на стручна екипа од Музеј на град Неготино, под раководство на кустос-советник археолог Кире Ангеловски, на длабочина од 0,35 до 0,50 cm., се пронајдени повеќе предмети од златен накит и монети кои што датираат од IV-III век пр.н.е, и тоа: – 2 (две) монети-статери со ликот на Филип II и Александар III, – 4 (четири) фибули од малоазиски тип со по пет ѕвездести украсни испусти на лаковите, нозе со масивни стилизирани змиски глави и глави во вид на палмов лист, – 31 примерок на златни висулци во  форма на копје, – 32 примерок на златни висулци во вид на лешник, – 484 кружни алки украсени со гранули, – 84 мали кружни алки со три реда гранули, – 2 (два) златни завршетоци од ѓердан во вид на палмети, – 4 (четири) златни цилиндрични цевчиња од ѓердан украсени со филигран и гранулација, – 1 (една) мала дводелна кутија (пиксида) од злато во цилиндрична форма богато украсена со филигран и гранулација – 1 (една) импресивна украсна релјефна плочка-медалјон со претстава на Посејдон кој држи тризабец во левата рака, а лево и десно фланкиран со протоми на два коња. Вкупната тежина на овие предмети изнесува околу од 1 кг богато со 22% каратно злато. Се претпоставува дека припаѓал на истакнат војник-офицер по потекло Пајон од Антигонеа, кој сигурно бил во војската на Александар Македонски додека војувал во Азија, и по враќањето го носи сиот овој златен накит, со кој потоа бил погребан. Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век пр.н.е. претставува еден од најзначајните и најрепрезентативни наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на РС Македонија. Ова извонредно културно богатство беше презентирано во престижниот национален Келтен-Ромер музејот во Манхинг, Германија, заедно со златната маска од Охрид и како составен дел од изложбата со наслов „Златното лице на непознатиот крал“, проект кој се реализираше со Поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот Clash of cultures (Судир на култури). Денес се наоѓа во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје каде е достапен за пошироката светска јавност. Изложбата со фотографии досега е претставена во Неготино и Кавадарци. Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 4.5.2022 година.

The post Изложба на фотографии „Златниот антички наод од Неготинско“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово appeared first on Република.

]]>