Ареа Archives - Република https://republika.mk/tema/area/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 17:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ареа Archives - Република https://republika.mk/tema/area/ 32 32 „Ареа“ и публиката во Филхармонија се најдоа на иста фреквенција на љубов https://republika.mk/scena/muzika/area-i-publikata-vo-filharmonija-se-najdoa-na-ista-frekventsija-na-lubov/ Sun, 21 Apr 2024 17:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=768923

Со добро препознатливите песни изведени со различен, акустичен аранжман, Ареа понуди времеплов низ својата 30-годишна музичка кариера.

Во салата на Филхармонија присутните уживаа, во старите добро препознатливи хитови, но и во песните од последниот албум на бендот кој веќе три децении е при врвот на македонската музичка сцена. Музичарите и особено фронтменката Ружица Милошеска-Брчиоска, со публиката остварија симбиоза на емоции и едноставно се најдоа на иста фреквенција на љубов едни за други.

Специфично за овој концерт беше суптилноста и специфичната арома што ги внесоа четирите девојки од Филхармонијата, две на виолина и две на виолочело, во разиграниот, на моменти моќен ритам карактеристичен за Ареа и нејзината музика.

Атмосферата што Ареа ја направи во салата не можеше, а да не ги обземе присутните, кои во целост им се препуштија на нотите и со прекрасно ѕвездено небо од мобилните телефони ја трогнаа Ружица, која не остана должна и искрено се заблагодари за поддршката и топлината што го исполни просторот. Со таквата размена на чувства публиката и бендот искрено си покажаа колку си значат едни на други.

Не изостанаа ниту ниту најмладите, кои на Ружица и подарија цвеќе и пораки, а за возврат добија прегратки, со што само се заокружи пријателската атмосфера на концертот од кој сите присутни подолго време во себе ќе задржат слики на радост и пријатност од дожиеваното музичко искуство.

The post „Ареа“ и публиката во Филхармонија се најдоа на иста фреквенција на љубов appeared first on Република.

]]>

Со добро препознатливите песни изведени со различен, акустичен аранжман, Ареа понуди времеплов низ својата 30-годишна музичка кариера. Во салата на Филхармонија присутните уживаа, во старите добро препознатливи хитови, но и во песните од последниот албум на бендот кој веќе три децении е при врвот на македонската музичка сцена. Музичарите и особено фронтменката Ружица Милошеска-Брчиоска, со публиката остварија симбиоза на емоции и едноставно се најдоа на иста фреквенција на љубов едни за други. Специфично за овој концерт беше суптилноста и специфичната арома што ги внесоа четирите девојки од Филхармонијата, две на виолина и две на виолочело, во разиграниот, на моменти моќен ритам карактеристичен за Ареа и нејзината музика. Атмосферата што Ареа ја направи во салата не можеше, а да не ги обземе присутните, кои во целост им се препуштија на нотите и со прекрасно ѕвездено небо од мобилните телефони ја трогнаа Ружица, која не остана должна и искрено се заблагодари за поддршката и топлината што го исполни просторот. Со таквата размена на чувства публиката и бендот искрено си покажаа колку си значат едни на други. Не изостанаа ниту ниту најмладите, кои на Ружица и подарија цвеќе и пораки, а за возврат добија прегратки, со што само се заокружи пријателската атмосфера на концертот од кој сите присутни подолго време во себе ќе задржат слики на радост и пријатност од дожиеваното музичко искуство.

The post „Ареа“ и публиката во Филхармонија се најдоа на иста фреквенција на љубов appeared first on Република.

]]>
„Ареа“ најавува акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера https://republika.mk/scena/area-najavuva-akustichna-muzichka-magija-i-patuvane-niz-nivnata-30-godishna-muzichka-kariera/ Wed, 17 Apr 2024 15:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=767203

19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера.

Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на Филхармонија.

Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, којшто се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, вели Ружица Милошеска-Брчиоска и додава дека со оглед на тоа дека Ареа постои 31 година и зад себе имаат седум албуми на сцената ќе има музика за сечиј вкус.

Дека двата најавени концерти ќе бидат поразлични потврдува и Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ кој вели дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, вели Брчиоски.

Првиот концерт закажан за 19 април е одамна распродаден, додека за вториот, саботниот, се останати уште многу мал број билети и истите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавува акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера appeared first on Република.

]]>

19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на Филхармонија.
Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, којшто се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, вели Ружица Милошеска-Брчиоска и додава дека со оглед на тоа дека Ареа постои 31 година и зад себе имаат седум албуми на сцената ќе има музика за сечиј вкус.
Дека двата најавени концерти ќе бидат поразлични потврдува и Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ кој вели дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.
Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, вели Брчиоски.
Првиот концерт закажан за 19 април е одамна распродаден, додека за вториот, саботниот, се останати уште многу мал број билети и истите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавува акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера appeared first on Република.

]]>
„Ареа“ најавија акустична музичка магија со комплетно изменети аранжмани адаптирани на оркестарот со кој ќе свират во Филхармонија https://republika.mk/scena/area-najavija-akustichna-muzichka-magija-so-kompletno-izmeneti-aranzhmani-adaptirani-na-orkestarot-so-koj-ke-svirat-vo-filharmonija/ Thu, 11 Apr 2024 11:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=764947

Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала.

Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на денешната прес-конференција во Скопје по повод најавениот концерт, посочи дека ќе се претстават на начин многу поразличен од оној што и е познат на публиката, со оглед на тоа што поретко настапуваат акустично.

Концертите на „Ареа“ ќе се одржат во Филхармонија на 19 и 20 април

„Ареа“ најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета наша енергија на музиката која што ја создаваме, поретко настапуваме и акустично. Во 2010 година имавме концерт во Универзална сала, а сме имале и други помали акустични концерти во помали сали, рече Милошеска Брчиоска.

Напомена дека на концертот, со членовите на „Ареа“, акустично ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија.

Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој што се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, додаде Милошеска Брчиоска.

На концертот публиката ќе има можност да слушне песни од секаков тип - побрзи и пожестоки, но и посмирени.

„Ареа“ има седум албуми. Ние егзистираме 31 година. На овој концерт нема да има песни од првиот албум, но вклучени се песните од новиот албум кој го издадовме минатата година, посочи Милошеска Брчиоска.

Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.

За Универзалната сала не поврзуваат многу убави спомени. Навистина ми беше жал кога ги видов сликите од пожарот. Таму сме имале наши самостојни концерти, електрични, акустични.. сме биле гости на разни манифестации, на групни концерти. Сега како да изгоре душата на Скопје. Се надевам дека повторно ќе никне нова Универзална сала, како феникс од пепелта, затоа што на Скопје му е потребна концертна сала која што има добра акустика како што имаше Универзалната сала, рече Милошеска Брчиоска.

Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ рече дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, додаде Брчиоски.

Првиот концерт што е закажан за 19 април е веќе распродаден. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“.

Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавија акустична музичка магија со комплетно изменети аранжмани адаптирани на оркестарот со кој ќе свират во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала. Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на денешната прес-конференција во Скопје по повод најавениот концерт, посочи дека ќе се претстават на начин многу поразличен од оној што и е познат на публиката, со оглед на тоа што поретко настапуваат акустично. Концертите на „Ареа“ ќе се одржат во Филхармонија на 19 и 20 април
„Ареа“ најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета наша енергија на музиката која што ја создаваме, поретко настапуваме и акустично. Во 2010 година имавме концерт во Универзална сала, а сме имале и други помали акустични концерти во помали сали, рече Милошеска Брчиоска.
Напомена дека на концертот, со членовите на „Ареа“, акустично ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија.
Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој што се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, додаде Милошеска Брчиоска.
На концертот публиката ќе има можност да слушне песни од секаков тип - побрзи и пожестоки, но и посмирени.
„Ареа“ има седум албуми. Ние егзистираме 31 година. На овој концерт нема да има песни од првиот албум, но вклучени се песните од новиот албум кој го издадовме минатата година, посочи Милошеска Брчиоска.
Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.
За Универзалната сала не поврзуваат многу убави спомени. Навистина ми беше жал кога ги видов сликите од пожарот. Таму сме имале наши самостојни концерти, електрични, акустични.. сме биле гости на разни манифестации, на групни концерти. Сега како да изгоре душата на Скопје. Се надевам дека повторно ќе никне нова Универзална сала, како феникс од пепелта, затоа што на Скопје му е потребна концертна сала која што има добра акустика како што имаше Универзалната сала, рече Милошеска Брчиоска.
Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ рече дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.
Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, додаде Брчиоски.
Првиот концерт што е закажан за 19 април е веќе распродаден. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавија акустична музичка магија со комплетно изменети аранжмани адаптирани на оркестарот со кој ќе свират во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
АРЕА ќе прослави 30 годишен јубилеј со настап на „Дојран Рок Фест“ https://republika.mk/scena/muzika/area-kje-proslavi-30-godishen-jubilej-so-nastap-na-dojran-rok-fest/ Tue, 19 Jul 2022 09:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=530941

Здружението Андерфест ќе го одржи второто издание на Дојран Рок Фест. Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот Хотел Романтик во Стар Дојран на 6.ти август 2022 година.

Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на Дојран Рок Фест. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти. На нова локација на 6 Август 2022 на сцената на Базен Хотел Роматик во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди АРЕА кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј.

Милениците на публиката ќе ги отсвират своите вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе го имаме и младиoт супер талентиран Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse кои ќе го збогатат овогодинешното издание на фестивалот“ соопштуваат организаторите на фестивалот.

Забележете си го датумот и се гледаме на Дојран Рок Фест !!!

 

Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата картата ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за Култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.

The post АРЕА ќе прослави 30 годишен јубилеј со настап на „Дојран Рок Фест“ appeared first on Република.

]]>

Здружението Андерфест ќе го одржи второто издание на Дојран Рок Фест. Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот Хотел Романтик во Стар Дојран на 6.ти август 2022 година.
Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на Дојран Рок Фест. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти. На нова локација на 6 Август 2022 на сцената на Базен Хотел Роматик во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди АРЕА кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј. Милениците на публиката ќе ги отсвират своите вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе го имаме и младиoт супер талентиран Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse кои ќе го збогатат овогодинешното издание на фестивалот“ соопштуваат организаторите на фестивалот. Забележете си го датумот и се гледаме на Дојран Рок Фест !!!   Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата картата ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за Култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.

The post АРЕА ќе прослави 30 годишен јубилеј со настап на „Дојран Рок Фест“ appeared first on Република.

]]>
Ареа има нова песна, а следува и албум: Слушнете ја „Јаве или сон“ https://republika.mk/scena/muzika/area-ima-nova-pesna-a-sleduva-i-album-slushnete-ja-jave-ili-son/ Thu, 30 Jun 2022 06:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=521362

Од вчера љубителите на музичкото творештво на Ареа имаат можност да ужуваат во уште еден нивни производ. Култниот рок-бенд ја објави новата песна насловена „Јаве или сон“.

Видео записот за песната го режираше, снимаше и монтираше Александар Ристовски. Снимањето на „Јаве или сон“ се одвивало на локацијата старо училиште во село Кучково, Скопско, а во снимањето учествувале и голем број нивни пријатели како статисти.

Оваа песна ќе биде дел од новиот албум на „Ареа“, кој ќе биде промовиран деновиве.

Со новиот албум, бендот сака да одбележи еден убав јубилеј, 30 години битисување на македонската музичка сцена. „Ареа“, една од највпечатливите и најмаркантните групи во земјава, направи вистинска музичка револуција. Оттогаш сведочиме на бројни албуми и уште побројни хитови.

The post Ареа има нова песна, а следува и албум: Слушнете ја „Јаве или сон“ appeared first on Република.

]]>

Од вчера љубителите на музичкото творештво на Ареа имаат можност да ужуваат во уште еден нивни производ. Култниот рок-бенд ја објави новата песна насловена „Јаве или сон“. Видео записот за песната го режираше, снимаше и монтираше Александар Ристовски. Снимањето на „Јаве или сон“ се одвивало на локацијата старо училиште во село Кучково, Скопско, а во снимањето учествувале и голем број нивни пријатели како статисти. Оваа песна ќе биде дел од новиот албум на „Ареа“, кој ќе биде промовиран деновиве. Со новиот албум, бендот сака да одбележи еден убав јубилеј, 30 години битисување на македонската музичка сцена. „Ареа“, една од највпечатливите и најмаркантните групи во земјава, направи вистинска музичка револуција. Оттогаш сведочиме на бројни албуми и уште побројни хитови.

The post Ареа има нова песна, а следува и албум: Слушнете ја „Јаве или сон“ appeared first on Република.

]]>