Арбр Адреми Archives - Република https://republika.mk/tema/arbr-adremi/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 17:18:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арбр Адреми Archives - Република https://republika.mk/tema/arbr-adremi/ 32 32 Командантот „филџани“ од ДУИ смета дека Вреди „плачат“ ВМРО-ДПМНЕ да ги земе во власта https://republika.mk/vesti/makedonija/komandantot-fildhani-od-dui-smeta-deka-vredi-plachat-vmro-dpmne-da-gi-zeme-vo-vlasta/ Tue, 04 Jun 2024 17:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=784748

Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата „Вреди“, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада.

Адеми, одговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, нагласи дека сериозно се разгледуваат политичките случувања, а она за што алармираат ДУИ и коалицијата Европски фронт, како што рече, е доследно почитување на Охридскиот рамковен договор и почитување на консензуалната демократија.

- Гледаме тенденции да се минира сето тоа што е постигнато од 2001 година со потпишување на Рамковниот договор досега. Гледате и во програмите на политичките партии, кои сакаат да ја сочинуваат владата имаат определби и за елиминирање на Бадентер. Ова се механизми за заштита од мајоризација. Така што внимателно ги следиме сите политички случувања, а истовремено до нас како политичка партија се адресираат барања од интелектуалци, претставници на академската заедница, активни граѓани, за различни модели и за дефинирање на правниот поредок, рече Адеми и додаде дека во Собранието ќе ги користат сите механизми што им се на располагање како опозиција.

Според него, коалицијата „Вреди“ е во непријатна ситуација, бидејќи како нелигитимен претставник и како политичка опција која претрпела пораз сега „моли, плаче да биде дел од влада“. Тој нагласи дека „Вреди“ пред изборите кажале дека нема влада без уставни измени, а сега не се придржуваат на таа нивна позиција.

- Велат да ги почекаме изборите во Бугарија, не преговараме веќе со Бугарија, туку со ЕУ. Велат да почекаме избори во ЕУ, а потоа вчера господинот Тарвари рече да ги почекаме изборите во САД, кои ќе бидат во ноември, а новата администрација ќе почне во 2025 и тогаш ќе завршат изборите во САД. Нема да ме изненади и да имаат став дека треба да ги почекаме изборите во Германија, Франција, Англија, Грција. Тие немаат политичка сила, и тоа се очекува, изјави Адеми.

The post Командантот „филџани“ од ДУИ смета дека Вреди „плачат“ ВМРО-ДПМНЕ да ги земе во власта appeared first on Република.

]]>

Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата „Вреди“, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада. Адеми, одговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, нагласи дека сериозно се разгледуваат политичките случувања, а она за што алармираат ДУИ и коалицијата Европски фронт, како што рече, е доследно почитување на Охридскиот рамковен договор и почитување на консензуалната демократија.