Арбен Таравари Archives - Република https://republika.mk/tema/arben-taravari/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 14:07:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арбен Таравари Archives - Република https://republika.mk/tema/arben-taravari/ 32 32 Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-platite-vo-zdravstvoto-ke-bidat-najvisoki-vo-istorijata-na-ovaa-drzhava/ Tue, 19 Nov 2024 14:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=839648

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја сподели долгоочекуваната вест за здравствените работници, каде што зголемувањето на платите во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.

Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја, соопшти Арбен Таравари.

Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени.

Со овој постигнат договор, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти. Или, ако го земеме целиот овој период последователно, добиваме зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти.

The post Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја сподели долгоочекуваната вест за здравствените работници, каде што зголемувањето на платите во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.
Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја, соопшти Арбен Таравари.
Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени. Со овој постигнат договор, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти. Или, ако го земеме целиот овој период последователно, добиваме зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти.  

The post Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава appeared first on Република.

]]>
Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-go-brani-ahmeti-go-napaga-kurti-za-izjavata-za-zakonot-za-jazitsi/ Tue, 19 Nov 2024 08:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=839470

Арбен Таравари, министер за здравство во  Македонија, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не згрешил кога зборувал за улогата на албанскиот јазик во Македонија, додавајќи дека барањето е да се промени законот.

Според Таравари, во законот за јазици е прецизирано дека службен јазик се смета јазикот што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението, а според него, барањето е да се отстрани процентот.

Таравари, претседател на партијата Алијанса за Албанците, додаде дека проблемот е во три члена од Законот за јазиците.

„Премиерот Албин Курти беше коректен, тоа не е Законот за албански јазик. Во Уставот на Македонија, службен јазик е македонскиот јазик, и јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението. Во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлечат 20-те проценти“, рече Таравари во „Интерактив“ на КТВ.

Тој го обвини албанскиот политичар Али Ахмети дека не направил ништо во овој поглед, додавајќи дека тој бил на власт во изминатите години.

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше до премиерот на Косово, Албин Курти во врска со неговите коментари за Законот за јазиците.

Лидерот Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор’.

The post Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици appeared first on Република.

]]>

Арбен Таравари, министер за здравство во  Македонија, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не згрешил кога зборувал за улогата на албанскиот јазик во Македонија, додавајќи дека барањето е да се промени законот. Според Таравари, во законот за јазици е прецизирано дека службен јазик се смета јазикот што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението, а според него, барањето е да се отстрани процентот. Таравари, претседател на партијата Алијанса за Албанците, додаде дека проблемот е во три члена од Законот за јазиците.
„Премиерот Албин Курти беше коректен, тоа не е Законот за албански јазик. Во Уставот на Македонија, службен јазик е македонскиот јазик, и јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението. Во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлечат 20-те проценти“, рече Таравари во „Интерактив“ на КТВ.
Тој го обвини албанскиот политичар Али Ахмети дека не направил ништо во овој поглед, додавајќи дека тој бил на власт во изминатите години. Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше до премиерот на Косово, Албин Курти во врска со неговите коментари за Законот за јазиците. Лидерот Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор’.

The post Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици appeared first on Република.

]]>
Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-se-sretna-so-ministerot-za-zdravstvo-na-turtsija/ Sat, 16 Nov 2024 16:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=838579

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството“.

„Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,“ објави министерот Таравари преку социјалните мрежи.

Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, д-р Кемал Мемишоглу.

Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес.

Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак.

„На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,“ се наведува во соопштението од министерот Таравари.

The post Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството“. „Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,“ објави министерот Таравари преку социјалните мрежи. Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, д-р Кемал Мемишоглу. Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес. Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак. „На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,“ се наведува во соопштението од министерот Таравари.  

The post Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција appeared first on Република.

]]>
Taвавари: Ако има поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни избори, тука сме за да зборуваме и за тоа https://republika.mk/vesti/makedonija/tavavari-ako-ima-poshirok-konsenzus-i-se-zainteresirani-za-parlamentarni-izbori-tuka-sme-za-da-zboruvame-i-za-toa/ Thu, 14 Nov 2024 10:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=837535

Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори.

На новинарско прашање околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.

-Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет - шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат, подвлече Таравари.

The post Taвавари: Ако има поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни избори, тука сме за да зборуваме и за тоа appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори. На новинарско прашање околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.
-Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет - шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат, подвлече Таравари.

The post Taвавари: Ако има поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни избори, тука сме за да зборуваме и за тоа appeared first on Република.

]]>
Дијабетичарите му пишаа писмо на Таравари, бараат грижа и за менталното здравје https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-mu-pishaa-pismo-na-taravari-baraat-grizha-i-za-mentalnoto-zdravje/ Thu, 14 Nov 2024 08:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=837452

Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември, дијабетичарите преку Инсулинска порта и Баланс мк испратија отворено писмно до министерот за здравство Арбен Таравари, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но да се посвети внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите.

Воедно, во сабота, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, организираат настан за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот со почеток во 10.45 часот.

Писмото ви го пренесуваме во целост

Во име на глобалната заедница за дијабетес, Ви пишуваме токму денес, на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, за да Ве поттикнеме да работите на тоа да се даде приоритет на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес. Ова може да се направи преку потпишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите со дијабетес до 2030 година донесена од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација за дијабетес.

Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја.

Дијабетесот влијае и на нашата физичка и на ментална благосостојба. Милиони луѓе со дијабетес се соочуваат со секојдневни предизвици во управувањето со нивната состојба дома, на работа, на училиште, во градинка, додека спортуваме или сме на прошетка или кафе со пријател. Се проценува дека над 1 од 3 лица со дијабетес доживува вознемиреност поврзана со нивната состојба и над 60% од луѓето анкетирани од страна на IDF покажуваат дека стравот од развој на компликации поврзани со дијабетес влијае на нивниот севкупен живот и благосостојба. Сепак, грижата за дијабетесот често се фокусира само на управување со шеќерот во крвта, оставајќи многумина преоптоварени и подложни на исцрпеност и депресија. Потребна е итна акција за да се осигура дека личната благосостојба е приоритет во грижата за дијабетесот.

Декларацијата за дијабетес на Светската здравствена организација (СЗО) има потенцијал да ја подобри благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес преку поттикнување на националните напори за постигнување универзална здравствена покриеност, зајакнување на здравствените системи преку примарна здравствена заштита и намалување на факторите на ризик кои може да се модифицираат. Дополнителните цели за глобално подобрување во третманот на дијабетесот, исто така, можат да придонесат за благосостојба преку обезбедување квалитетна грижа за оние на кои им е потребна. Петте цели за глобално подобрување на третманот на дијабетесот се:

80% од луѓето кои живеат со дијабетес да се дијагностицирани;

80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра гликамиска конторола како единствена превенција од развој на компликации;

80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра контрола на крвниот притисок;

60% од луѓето со дијабетес над 40 години да добиваат освен иновативна соодветна андијабетна терапија и терапија наменета за покачени липиди;

100% од луѓето со дијабетес тип 1 да имаат пристап до инсулин и да спроведуваат самоконтрола користејќи квалитетни глукометри и иновативни технологии (сензори и инсулински пумпи).

Заедно со Меѓународната федерација за дијабетес, го повикуваме Вашето лидерство кое може да го забрза напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес.

Во име на заедницата за дијабетес, Ве повикуваме да посветите повеќе напори и ресурси за подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес во Македонија и во светот. Заедницата за дијабетес смета на вашето лидерство.

The post Дијабетичарите му пишаа писмо на Таравари, бараат грижа и за менталното здравје appeared first on Република.

]]>

Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември, дијабетичарите преку Инсулинска порта и Баланс мк испратија отворено писмно до министерот за здравство Арбен Таравари, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но да се посвети внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите. Воедно, во сабота, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, организираат настан за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот со почеток во 10.45 часот. Писмото ви го пренесуваме во целост Во име на глобалната заедница за дијабетес, Ви пишуваме токму денес, на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, за да Ве поттикнеме да работите на тоа да се даде приоритет на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес. Ова може да се направи преку потпишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите со дијабетес до 2030 година донесена од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација за дијабетес. Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја. Дијабетесот влијае и на нашата физичка и на ментална благосостојба. Милиони луѓе со дијабетес се соочуваат со секојдневни предизвици во управувањето со нивната состојба дома, на работа, на училиште, во градинка, додека спортуваме или сме на прошетка или кафе со пријател. Се проценува дека над 1 од 3 лица со дијабетес доживува вознемиреност поврзана со нивната состојба и над 60% од луѓето анкетирани од страна на IDF покажуваат дека стравот од развој на компликации поврзани со дијабетес влијае на нивниот севкупен живот и благосостојба. Сепак, грижата за дијабетесот често се фокусира само на управување со шеќерот во крвта, оставајќи многумина преоптоварени и подложни на исцрпеност и депресија. Потребна е итна акција за да се осигура дека личната благосостојба е приоритет во грижата за дијабетесот. Декларацијата за дијабетес на Светската здравствена организација (СЗО) има потенцијал да ја подобри благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес преку поттикнување на националните напори за постигнување универзална здравствена покриеност, зајакнување на здравствените системи преку примарна здравствена заштита и намалување на факторите на ризик кои може да се модифицираат. Дополнителните цели за глобално подобрување во третманот на дијабетесот, исто така, можат да придонесат за благосостојба преку обезбедување квалитетна грижа за оние на кои им е потребна. Петте цели за глобално подобрување на третманот на дијабетесот се: 80% од луѓето кои живеат со дијабетес да се дијагностицирани; 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра гликамиска конторола како единствена превенција од развој на компликации; 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра контрола на крвниот притисок; 60% од луѓето со дијабетес над 40 години да добиваат освен иновативна соодветна андијабетна терапија и терапија наменета за покачени липиди; 100% од луѓето со дијабетес тип 1 да имаат пристап до инсулин и да спроведуваат самоконтрола користејќи квалитетни глукометри и иновативни технологии (сензори и инсулински пумпи). Заедно со Меѓународната федерација за дијабетес, го повикуваме Вашето лидерство кое може да го забрза напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес. Во име на заедницата за дијабетес, Ве повикуваме да посветите повеќе напори и ресурси за подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес во Македонија и во светот. Заедницата за дијабетес смета на вашето лидерство.

The post Дијабетичарите му пишаа писмо на Таравари, бараат грижа и за менталното здравје appeared first on Република.

]]>
Таравари: Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-minimum-1-000-lekari-se-potrebni-na-makedonija-itno-i-neodlozhno-barem-do-krajot-na-narednata-godina/ Tue, 12 Nov 2024 16:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=836908

Најмалку 1.000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело

Таравари нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.

Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за Глас на Америка.

The post Таравари: Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година appeared first on Република.

Таравари: Ова што се случува е последица на тоа што го наследивме, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и со тешка патологијата https://republika.mk/vesti/taravari-ova-shto-se-sluchuva-e-posleditsa-na-toa-shto-go-nasledivme-ne-treba-da-se-politiziraat-sluchai-koga-deteto-bilo-bolno-i-so-teshka-patologijata/ Mon, 11 Nov 2024 11:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=836305

Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.

Како што рече, очекува да го добие денеска или утре, но по обвинувањата за чести смртни случаи на Клиниката смета дека „посебно албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикаже дека сега е сѐ катастрофа откако тие не се на власт“.

Во изјава за медиумите пред настан на кој беа презентирани резултати од воздухот во училишта и градинки во пет општини во државава, Таравари изјави дека и да биле „една, две, три години на власт, здравствениот систем повторно не може преку ноќ или за неколку месеци да се подобри“.

Ова што се случува е, секако, последица на тоа што го наследивме. Меѓутоа, како и да е, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и навистина патологијата била тешка, бидејќи од менингоенцефалитис секаде на светот починуваат деца, за жал, па се случува и кај нас. Директорот покажа и статистика за морталитетот на клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат. На некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, ќе кажеме дека починало некое дете. Кога се работи за лекарски пропусти, ние презедовме чекори, но за тешки пациенти, кои имаат сериозни болести, болниците се место каде што се лекуваат и, за жал, некои луѓе и починуваат, рече министерот.

Во врска со обвинувањата на Европскиот фронт дека со одлуката да не се брои нерезидентното население ќе се намали бројот на советници во општините, Таравари одговори дека треба самите да се критикуваат зашто самките го донеле законот додека биле на власт.

Јас не знам што бара Европски фронт. Овој закон кој е актуелен не го сменивме ние сега, тој е закон што го донесе Европски фронт во минатата влада кога се правеше пописот на населението во Македонија. Така што, треба самите себеси да се критикуваат. Да беше закон што сега го носиме, во ред, меѓутоа закон што е донесен пред пет или четири години и сега го критикуваат -не знам, ова е лудница, додаде Таравари. 

The post Таравари: Ова што се случува е последица на тоа што го наследивме, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и со тешка патологијата appeared first on Република.

Таравари сака и археолози Албанци https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-saka-i-arheolozi-albantsi/ Mon, 11 Nov 2024 08:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=836230

Арбен Таравари од ВЛЕН вели дека Владата се уште не разговарала за наодите во истражувањата, но додава дека ќе бидат вклучени и албански научници.

„Досега на оваа тема воопшто не се разговарало, но во сите тие археолошки истражувања дефинитивно треба да има Албанец археолог и историчар и од овие истражувања треба да се извлечат заклучоци кои ќе се поклопат со реалноста во местата каде што работат научниците. Мислам дека ова е повеќе прашање на наука отколку на политика и не се осмелуваме да дозволиме политиката да ги отуѓува научните факти“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

The post Таравари сака и археолози Албанци appeared first on Република.

АA на Таравари усвои Декларација за политичко дејствување https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-na-taravari-usvoi-deklaratsija-za-politichko-dejstvuvane/ Sun, 10 Nov 2024 18:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=836156

Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари вечерва во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. Како што изјави Таравари, Декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година.

Според Таравари, промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта.

На конгресот едногласно е избрано и централното собрание на партијата.

По изборот на женскиот форум на партијата сега и со конгресот и со дефинирањето на централното собрание, веќе можам да кажам дека АА е комплетно реорганизирана и комплетирана како една од појаките албански партии. Ни преостанува следниот период се надевам за две до три недели централното собрание да го избере избере и централното претседателство на партијата и потоа продолжуваме  со средби со граѓани, каде што нашите функционери со со мене, треба да дадеме отчет за тоа што сработивме во првите 100 дена и првите 6 месеци од нашето владеење, истакна Таравари по завршувањето на конгресот.

Декларацијата содржи 12 точки, а во нив се вели дека како партија во Владата, АА ќе промовира западни модели на владеење со нулта толеранција за корупција и насилен екстремизам.

Централните фигури во партијата треба да бидат луѓето кои што секојднево прават политичка битка со другите граѓани каде што им  објаснуваат за нашата кауза. Тоа се претседателите на ограноците, нашето членство, ние сме отворени. После 8 мај да не кажам со стотици наши поранешни сопартијци кои за жал за време на изборите беа од другата страна сега се приклучуваат кон нас. Нашите врати се отворени и секогаш се добредојдени сите по еден, освен неколку кои што мислам дека и нема да си помогнат себеси да дојдат и да се приклучат тсаму каде што е огромното мнозинство на членство, рече Таравари.

Во Декларацијата се наведува дека „како политичка сила АА ја донесе промената кај Албанците по 22 години криминал и изнуда“, а се посочува и нејзината посветеност за доследно спроведување на Планот 2030 на коалицијата „Вреди“, како и Програмата на Владата.

Битно ни е граѓаните да се задоволни од раководењето на нашите кадри, така да се надевам дека ќе ги направиме и веќе сме ги направиле најдобрите можни решенија за раководење на институциите. Нели на крај битно е граѓанинот да биде задоволен со човекот којшто ги раководи институциите. Нашите директори, тие коишто нема да успеат добро да ги раководат институциите, ќе ги смениме. Досега неколку се и сменети, не брзаме со назначување, иако поголемиот број веќе се назначени, се синхронизираме, соработуваме и полека ги назначуваме сите позиции кои што ги имаме. После 6 месеци ќе седнеме повторно ќе ги разгледаме перформансите на нашите директори, министри, заменици министри и сите други. Доколку некаде сметаме дека треба да се подобри, ќе подобриме тие кои што добро работат, само ќе ги поддржиме и ќе им дадеме повеќе простор, за да работат уште подобро, рече Таравари.

Вонредниот петти конгрес беше под мотото „Промената продолжува“.

The post АA на Таравари усвои Декларација за политичко дејствување appeared first on Република.

]]>

Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари вечерва во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. Како што изјави Таравари, Декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година. Според Таравари, промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта. На конгресот едногласно е избрано и централното собрание на партијата.
По изборот на женскиот форум на партијата сега и со конгресот и со дефинирањето на централното собрание, веќе можам да кажам дека АА е комплетно реорганизирана и комплетирана како една од појаките албански партии. Ни преостанува следниот период се надевам за две до три недели централното собрание да го избере избере и централното претседателство на партијата и потоа продолжуваме  со средби со граѓани, каде што нашите функционери со со мене, треба да дадеме отчет за тоа што сработивме во првите 100 дена и првите 6 месеци од нашето владеење, истакна Таравари по завршувањето на конгресот.
Декларацијата содржи 12 точки, а во нив се вели дека како партија во Владата, АА ќе промовира западни модели на владеење со нулта толеранција за корупција и насилен екстремизам.
Централните фигури во партијата треба да бидат луѓето кои што секојднево прават политичка битка со другите граѓани каде што им  објаснуваат за нашата кауза. Тоа се претседателите на ограноците, нашето членство, ние сме отворени. После 8 мај да не кажам со стотици наши поранешни сопартијци кои за жал за време на изборите беа од другата страна сега се приклучуваат кон нас. Нашите врати се отворени и секогаш се добредојдени сите по еден, освен неколку кои што мислам дека и нема да си помогнат себеси да дојдат и да се приклучат тсаму каде што е огромното мнозинство на членство, рече Таравари.
Во Декларацијата се наведува дека „како политичка сила АА ја донесе промената кај Албанците по 22 години криминал и изнуда“, а се посочува и нејзината посветеност за доследно спроведување на Планот 2030 на коалицијата „Вреди“, како и Програмата на Владата.
Битно ни е граѓаните да се задоволни од раководењето на нашите кадри, така да се надевам дека ќе ги направиме и веќе сме ги направиле најдобрите можни решенија за раководење на институциите. Нели на крај битно е граѓанинот да биде задоволен со човекот којшто ги раководи институциите. Нашите директори, тие коишто нема да успеат добро да ги раководат институциите, ќе ги смениме. Досега неколку се и сменети, не брзаме со назначување, иако поголемиот број веќе се назначени, се синхронизираме, соработуваме и полека ги назначуваме сите позиции кои што ги имаме. После 6 месеци ќе седнеме повторно ќе ги разгледаме перформансите на нашите директори, министри, заменици министри и сите други. Доколку некаде сметаме дека треба да се подобри, ќе подобриме тие кои што добро работат, само ќе ги поддржиме и ќе им дадеме повеќе простор, за да работат уште подобро, рече Таравари.
Вонредниот петти конгрес беше под мотото „Промената продолжува“.

The post АA на Таравари усвои Декларација за политичко дејствување appeared first on Република.

]]>
Алијанса на Албанците на Таравари со вонреден конгрес за консолидирање на партиските редови https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-na-albantsite-na-taravari-so-vonreden-kongres-za-konsolidirane-na-partiskite-redovi/ Sun, 10 Nov 2024 15:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=836119

Алијансата за Албанците на претседателот Арбен Таравари денеска во Тетово почна со одржување на најновиот вонреден петти конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер објасни дека вонредниот конгрес следува поради потребата од консолидирање на партиските ограноци.

Алијанса за Албанците по изборите на 8 мај имаше случувањата внатре во партијата. Имавме приклучување на многу нови луѓе кои се приклучија. Сега ни требаше консолидација на сите ограноци и подограноци. И денес, Собранието на партијата ќе биде консолидирано дефинитивно. Ќе донесеме нови политики на партијата коишто ќе бидат со една декларација денеска донесени заеднички од конгресот на партија, изјави Арбен Таравари.

На новинарско прашање за правниот статус поради поделбата на партијата Таравари очекува судска одлука во корист на членовите кои се мнозинство.

Судскиот процес тече, апелација донесе одлука во којашто првичната одлука под притисок што беше пред избори на судот во Тетово се одбива. Се надевам дека ќе има одлука како што треба партијата да им припаѓа на тие коишто се членови, кај што се мнозинството, рече Таравари.

Претседателот на оваа партија вели дека нема проблем да има избори, но не гледа потреба за вонреден термин.

Генерално нема никаков проблем за избори, меѓутоа знаете дека избори имавме пред 4, 5 месеци. Нема логика повторно да имаме, меѓутоа ако имаме широк консензус меѓу сите партии дека ни требаат избори, нема никаков проблем и ако не гледам потреба повторно, ние сигурно ќе имаме извори 2025 година. Меѓутоа локални избори тоа се избори во коишто ќе видиме кој како стои и каде стои, истакна Арбен Таравари.

На новинарско прашање за уставни промени, Таравари рече дека е оптимист дека ќе се најде некое решение да се случат промени. На конгресот нема да се разговара за предвремени избори.

The post Алијанса на Албанците на Таравари со вонреден конгрес за консолидирање на партиските редови appeared first on Република.

Таравари: Aпсурдно e само пет месеци по изборите повторно да има нови избори https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-apsurdno-e-samo-pet-mesetsi-po-izborite-povtorno-da-ima-novi-izbori/ Tue, 05 Nov 2024 20:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=834507

Министерот за здравство и прв човек на Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека Али Ахмети веќе неколку пати ги изгубил изборите, и тоа прво уште во 2011, но оти неговата кариера ќе заврши по локалните избори следната година.

-Реално господинот Ахмети ги загуби изборите уште во 2011 година. Трите тогашни албански опозициски партии кои не успеаја да се обединат, мислам на ДНП, НД и ДПА имаа повеќе гласови од ДУИ. Практично, необединувањето на овие опозициски албански партии му овозможи на Ахмети малку повеќе гласови. Во 2016 година Беса, ДНП, НД-ДПА, Обединување и ДПА имаа многу повеќе гласови од Ахмети, но повторно тој успеа со механизмите што ги има да го оневозможи обединувањето на албанската опозиција, рече Таравари во Клик Плус на ТВ 21.

Таравари смета дека е апсурдно само пет месеци по изборите повторно да има нови избори.

-Пет месеци по изборите, повторно барање за избори, мислам дека е одреден проблем што треба да го има господинот Ахмети како храна за своето членство. На почетокот „знаеше“ дека ВРЕДИ нема да може да влезе во Владата. Затоа што има црвен телефон и некој ќе му се јави на господинот Ахмети и тој ќе стане дел од Владата. Потоа велеа дека оваа власт нема капацитет да издржи ни 100 дена. Поминаа 100 дена и сега велат дека оваа Влада нема да издржи до Нова година, рече Таравари.

Барањето на коалицијата ВРЕДИ Ахмети да си даде оставка доколку изгуби на локалните избори, се интензивира како противнапад на изјавата на Европскиот фронт, од каде бараат тие да се повлечат од Владата на премиерот Христијан Мицкоски и да ја одведат земјава на предвремени парламентарни избориОдговорот на Ахмети беше дека ако има и еден глас помалку на локалните избори ќе си поднесе оставка од лидеркста позиција во ДУИ

The post Таравари: Aпсурдно e само пет месеци по изборите повторно да има нови избори appeared first on Република.

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ima-interes-za-vrakane-na-doktori-od-privatno-vo-javno-zdravstvo-nasha-tsel-e-ova-da-stane-praktika-vo-sledniot-period/ Mon, 04 Nov 2024 13:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=834064

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.

Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.

На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на националната комисија за скрининг на рак на дојка, рече министерот.

The post Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период appeared first on Република.

Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали ќе го добие? https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-zasluzhuva-nov-klinichki-tsentar-no-dali-ke-go-dobie/ Thu, 24 Oct 2024 19:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=830696

 Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека Скопје заслужува да има нов клинички центар, но, оти не треба да се брза со зборовите. Тој вечерва изјави дека треба да се почека, да се види како ќе оди процесот со болниците во Штип и во Кичево.

- Скопје заслужува да има нов клинички центар. Меѓутоа, да не брзаме со зборовите. Да причекаме, да видиме како ќе оди работата со двете болници во Штип и во Кичево. Ако тоа успее, успешна приказна, тогаш кон крајот на идната година треба да најавиме евентуално и нова клиничка болница, рече тој во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.

Министерот нагласи дека ако се почне со градење нов клинички центар, ќе бидат потребни минимум седум, осум години за тој да биде употреблив.

- Јас би бил најсреќниот човек во Македонија доколку успееме првата лопата да ја фрлиме за започнување на новиот клинички центар во Скопје. И ако почнеме утре клинички центар да градиме, нас ќе ни треба минимум седум, осум години за да тоа биде употребливо, додаде Таравари.

Тој повтори дека има кризи во повеќе градови и клинички болници, каде нема сестри за дежурање, нема доктори, се затвораат одделенија, не функционираат повеќе болници и готови се до затворање.

The post Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали ќе го добие? appeared first on Република.

Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-mnogu-legitimno-e-od-premierot-mitskoski-shto-bara-garantsii/ Thu, 24 Oct 2024 19:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=830693

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе биде излез на нашата држава од ќорсокак и од декември ќе ги започнеме уставните измени.

- Ајде да бидеме искрени до крај, вопшто проблемот не е дали Бугарите ќе бидат во Уставот, тоа не е проблем, ние бевме за Египќаните и Хрватите да бидат во преамбулата. Тоа не е пречката, пречката е историскиот проблем помеѓу Бугарија и Македонија. И тука е целата работа што не оди како што треба и оневозможува преговорите да се случат. Јас мислам дека по изборите во Бугарија и изборите во САД, мислам дека ќе се изнајде решение што ќе биде излез на Македонија од овој ќорсокак. Јас мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени, изјави Таравари во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-posveteni-sme-na-evropskiot-pat-no-ochekuvame-da-ne-se-soochuvame-so-barana-sprotivni-na-vrednostite-na-eu/

Тој кажа дека пораките од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, биле многу јасни.

- Пораката беше јасна, ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но, условот е тој да ги направиме измените во Уставот, многу легитимно од премиерот кој бара гаранции. Не се даваат гаранции од 2018 и 2019 година, потребни ни се посериозни гаранции, смета министерот за здравство.

Тој смета дека нашата држава заслужува потврда од Брисел и Вашингтон да не се бара нешто додатно.

- Најголемиот страв за мене како политичар во изборите пред 24 април и 8 мај да не ни се повтори Букурешт, да не ни се повтори 2008 година, а сега мојата интуиција, сигурен сум дека господинот Мицкоски е западноориентиран, и он сака да изнајде решение и е доста заинтересиран Македонија да не остане во групата со БиХ и Косово, додаде Таравари.

The post Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции appeared first on Република.

]]>

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе биде излез на нашата држава од ќорсокак и од декември ќе ги започнеме уставните измени.
- Ајде да бидеме искрени до крај, вопшто проблемот не е дали Бугарите ќе бидат во Уставот, тоа не е проблем, ние бевме за Египќаните и Хрватите да бидат во преамбулата. Тоа не е пречката, пречката е историскиот проблем помеѓу Бугарија и Македонија. И тука е целата работа што не оди како што треба и оневозможува преговорите да се случат. Јас мислам дека по изборите во Бугарија и изборите во САД, мислам дека ќе се изнајде решение што ќе биде излез на Македонија од овој ќорсокак. Јас мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени, изјави Таравари во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-posveteni-sme-na-evropskiot-pat-no-ochekuvame-da-ne-se-soochuvame-so-barana-sprotivni-na-vrednostite-na-eu/ Тој кажа дека пораките од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, биле многу јасни. - Пораката беше јасна, ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но, условот е тој да ги направиме измените во Уставот, многу легитимно од премиерот кој бара гаранции. Не се даваат гаранции од 2018 и 2019 година, потребни ни се посериозни гаранции, смета министерот за здравство. Тој смета дека нашата држава заслужува потврда од Брисел и Вашингтон да не се бара нешто додатно.
- Најголемиот страв за мене како политичар во изборите пред 24 април и 8 мај да не ни се повтори Букурешт, да не ни се повтори 2008 година, а сега мојата интуиција, сигурен сум дека господинот Мицкоски е западноориентиран, и он сака да изнајде решение и е доста заинтересиран Македонија да не остане во групата со БиХ и Косово, додаде Таравари.

The post Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции appeared first on Република.

]]>
Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-mora-da-se-prezemat-odredeni-merki-napraven-e-lekarski-previd-vo-lekuvaneto-na-14-mesechnoto-dete/ Thu, 24 Oct 2024 09:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=830459

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска повтори дека е направен лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете кое почина на 5 октомври и дека мора да се преземат одредени мерки.

Како Министерство испративме до Лекарската комора препораки за одредени мерки што треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат - вели Таравари, додавајќи дека со директорката на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се нема слушнато.

Девојчето почина на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детската клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на детето, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

The post Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете appeared first on Република.

Таравари: ДУИ не одат на протести, ладното ги предомисли https://republika.mk/vesti/taravari-dui-ne-odat-na-protesti-ladnoto-gi-predomisli/ Tue, 22 Oct 2024 13:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=829898

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив.

-ДУИ не одат на протести, туку на средби со граѓани. Јас им кажав, но и препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, вопшто да не се видат со граѓаните, изјави Таравари.

Централното претседателство на ДУИ вчера во седиштето на партијата во Мала Речица одржа седница на која беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои и да се организираат состаноци од отворен карактер.

The post Таравари: ДУИ не одат на протести, ладното ги предомисли appeared first on Република.

Таравари: Ќе имаме две компресорски станици – нова и сервисирана https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ke-imame-dve-kompresorski-stanitsi-nova-i-servisirana/ Tue, 22 Oct 2024 10:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=829742

Ќе имаме две компресорски станици, нова и сервисирана. Ова го соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој одговараше на новинарски прашања пред Клиниката за онкологија.

– До крај на јануари треба да заврши компанијата. Се работи, компанијата што е задолжена. Така да, да се надевам дека ќе имаме не една, туку две компресорски станции. Една нова и една сервисирана, што ќе ни служи како „бекап“, евентуално ако не функционира едната, веднаш да се активира другата, подвлече Таравари.

Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

The post Таравари: Ќе имаме две компресорски станици – нова и сервисирана appeared first on Република.

Таравари: Оптимист сум дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите, ни треба гаранција дека нема повторно да бидеме условувани https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-optimist-sum-deka-mnogu-skoro-ke-gi-pochneme-pregovorite-ni-treba-garantsija-deka-nema-povtorno-da-bideme-uslovuvani/ Mon, 21 Oct 2024 19:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=829574

Јас сум меѓу ретките оптимисти во државата и продолжувам да мислам дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, рече вечерва министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.

Како што истакна Таравари во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, неопходно е прифатливо решение, а земјава мора да добие гаранција дека нема да биде повторно условувана. Според него, не е лоша идејата на премиерот Мицкоски, уставните измени да се изгласаат, но да стапат во сила кога Бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор на Македонија во ЕУ.

За „Вреди“, напомена Таравари, воопшто не е добро да оди на локални избори со блокирани евроинтеграции.

Не е добро што се одделивме со Албанија, но добро е што тие го почнаа процесот. Не мора Албанија да остане со нас, иако јас мислам дека пречката за Албанија беше вештачка. Премиерот Рама беше многу коректен, дека Македонија заслужува да ги почне преговорите. Мислам дека не е купување време, се бара моментум, се бара и некаква гаранција за државата и да ги почнеме преговорите. Се надевам дека со Албанија паралелно ќе течат преговорите, многу сум оптимист во ова и се уште мислам дека сите држави на Западен Балкан истовремено ќе се зачленат во ЕУ, истакна Таравари.

Тој верува дека ќе се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за земјава, но неспорно е, како што рече, дека ќе мора да ги направиме уставните измени за да ги почнеме преговорите.

Сепак, истовремено, ќе ни треба гаранција дека нема повторно да се бара нешто од нас, дека повторно ќе бидеме условувани. Свесни сме дека рамката со Бугарија не се менува и дека на Македонија ќе и требаат уставни измени, но ни треба и некаква гаранција, барем од центрите со влијание во светот, дека нема повторно да се бара нешто од нас. Ако продолжиме вака, различни држави може да поставуваат различни условувања, дециден е Таравари според кој, се се комплицира зашто во Бугарија нема стабилна влада.

На прашањето дали премиерот Мицкоски му кажал на што го темели оптимизмот за пристапниот процес на земјава во ЕУ откако се врати од самитот во рамки на Берлинскиот процес, Тараври одговори дека не разговарале дикректно.

Она што ме радува е дека тој е европски ориентиран и сака Македонија да ги почне преговорите што поскоро, меѓутоа, секако, како премиер бара некакви гаранции да немаме и други пречки. Ни се случува како држава од 2018 година да ни се ветува дека ги почнуваме преговорите, да направиме одредени попуштања и пак да не ги почнеме, истакна Таравари.

За законот за правична застапеност, тој нагласи дека е неопходна синхронизација во владината коалиција. Обелодени и дека во Работната група за подготовка на законот, освен вицепремиерот Арбен Фетаи кој доаѓа од Алијансата за Албанците, ќе членуваат и високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои ќе ги „пеглаат“ разликите во законското решение.

Таравари не сакаше да открие врз основа на каков механизам ќе се води сметка за правичната застапеност.

Сите партии во владината коалиција треба да се синхронизираат и да произведат конечен закон за правична застапеност. Мора да најдеме прифатливо решение кое може да се имплементира. Правичната застапеност е уставна категорија и за тоа треба закон. Ние имавме закон подготвен од наши експерти во партијата. Се консултиравме и со Советот на Европа и со меѓународни и експерти од државата. Но, за законот да биде конечен, треба да се синхронизираат сите партии во владината коалиција, истакна Таравари.

Тој се осврна и на Уставниот суд кој, како што подвлече, ги отвори двете прашања, и законот за јазици и законот за балансерот.

-Тие два предмета стојат од 2018/2019 година и сега им требаа 100 дена Влада за да ги актуелизираат веднаш. Ме прашуваат за пратениците на ДУИ, Европскиот фронт има и од турска партија, меѓутоа има и еден човек што не е од ниту една партија. Тоа е Мурат Сали. Тој е бивш претседател на Уставниот суд. Во една дебата некој ми рече дека тој е од Турската демократска партија. Не е вистина. Тој не е член на Турската демократска партија. Нема своја партија. Нема ниту невладина организација. Не е предложен од некого. Тој е земен од Ахмети како личност и денес е пратеник на ДУИ. Дали имал цел, дали е намерно или ненамерно – тоа те асоцира, во слободни асоцијации на Фројд, дека баш зема пратеник кој е Турчин, кој не е претставник на некоја партија или на некоја невладина организација, а е бивш претседател на Уставниот суд и моментално се актуализираат поради првите сто дена на Владата, две теми за кои не е моментот во првите три месеци да се разговара, рече Таравари.

Тој е уверен дека ДУИ има влијание, не само во Уставниот суд, туку во сите судски органи и генерално, во правниот систем во државата.

-Дефинитивно мислам дека ДУИ го „тригерира“ ова за да излезе на површина, оцени Таравари.

На прашањето дали требаше да се бараат механизми за да се ограничи злоупотребата на „балансерот“, а не да се укинува, Таравари рече дека неговото укинување било во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а имало и стратегија за администрација донесена од Владата, потпишана и од Бујар Османи, Крешник Бектеши, Кренар Лога и уште некој од поранешните министри на ДУИ, која предвидела укинување на „балансерот“.

-Ние се договоривме со ВМРО-ДПМНЕ да причекаме да подготвиме закон, па после да го тргнеме ’балансерот’. И ова ни се случи неочекувано – Уставниот суд веднаш да ги исфрли на површина. Треба да бидеш малоумен и да веруваш дека Уставниот суд случајно и двата предмети – и за употреба на албанскиот јазик и за ’балансерот’ – ќе ги стави во првите три месеци од мандатот на новата влада, нагласи Таравари.

Негов став во однос на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е дека на нејзино чело не смее да биде партиски човек. За Бојан Христовски немам доволно информации. Читав нешто по медиуми и по портали, но не мора да значи дека сите тие информации се веродостојни. Ни требаат информации да собереме од сите страни и да се разговара. Ако е добро како решение, треба да продолжи. Ако не е добро, повторно премиерот треба да одлучи. Таму не смее да биде партиски човек. Генерално, гледам дека премиерот наоѓа решенија кои се релативно прифатливи, генерално зборувам, не велам стопроцентно, така што ќе видиме, ќе разговараме повторно, да ги добиеме сите информации, напомена Таравари

The post Таравари: Оптимист сум дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите, ни треба гаранција дека нема повторно да бидеме условувани appeared first on Република.

]]>

Јас сум меѓу ретките оптимисти во државата и продолжувам да мислам дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, рече вечерва министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари. Како што истакна Таравари во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, неопходно е прифатливо решение, а земјава мора да добие гаранција дека нема да биде повторно условувана. Според него, не е лоша идејата на премиерот Мицкоски, уставните измени да се изгласаат, но да стапат во сила кога Бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор на Македонија во ЕУ. За „Вреди“, напомена Таравари, воопшто не е добро да оди на локални избори со блокирани евроинтеграции. Не е добро што се одделивме со Албанија, но добро е што тие го почнаа процесот. Не мора Албанија да остане со нас, иако јас мислам дека пречката за Албанија беше вештачка. Премиерот Рама беше многу коректен, дека Македонија заслужува да ги почне преговорите. Мислам дека не е купување време, се бара моментум, се бара и некаква гаранција за државата и да ги почнеме преговорите. Се надевам дека со Албанија паралелно ќе течат преговорите, многу сум оптимист во ова и се уште мислам дека сите држави на Западен Балкан истовремено ќе се зачленат во ЕУ, истакна Таравари. Тој верува дека ќе се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за земјава, но неспорно е, како што рече, дека ќе мора да ги направиме уставните измени за да ги почнеме преговорите. Сепак, истовремено, ќе ни треба гаранција дека нема повторно да се бара нешто од нас, дека повторно ќе бидеме условувани. Свесни сме дека рамката со Бугарија не се менува и дека на Македонија ќе и требаат уставни измени, но ни треба и некаква гаранција, барем од центрите со влијание во светот, дека нема повторно да се бара нешто од нас. Ако продолжиме вака, различни држави може да поставуваат различни условувања, дециден е Таравари според кој, се се комплицира зашто во Бугарија нема стабилна влада. На прашањето дали премиерот Мицкоски му кажал на што го темели оптимизмот за пристапниот процес на земјава во ЕУ откако се врати од самитот во рамки на Берлинскиот процес, Тараври одговори дека не разговарале дикректно. Она што ме радува е дека тој е европски ориентиран и сака Македонија да ги почне преговорите што поскоро, меѓутоа, секако, како премиер бара некакви гаранции да немаме и други пречки. Ни се случува како држава од 2018 година да ни се ветува дека ги почнуваме преговорите, да направиме одредени попуштања и пак да не ги почнеме, истакна Таравари. За законот за правична застапеност, тој нагласи дека е неопходна синхронизација во владината коалиција. Обелодени и дека во Работната група за подготовка на законот, освен вицепремиерот Арбен Фетаи кој доаѓа од Алијансата за Албанците, ќе членуваат и високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои ќе ги „пеглаат“ разликите во законското решение. Таравари не сакаше да открие врз основа на каков механизам ќе се води сметка за правичната застапеност. Сите партии во владината коалиција треба да се синхронизираат и да произведат конечен закон за правична застапеност. Мора да најдеме прифатливо решение кое може да се имплементира. Правичната застапеност е уставна категорија и за тоа треба закон. Ние имавме закон подготвен од наши експерти во партијата. Се консултиравме и со Советот на Европа и со меѓународни и експерти од државата. Но, за законот да биде конечен, треба да се синхронизираат сите партии во владината коалиција, истакна Таравари. Тој се осврна и на Уставниот суд кој, како што подвлече, ги отвори двете прашања, и законот за јазици и законот за балансерот. -Тие два предмета стојат од 2018/2019 година и сега им требаа 100 дена Влада за да ги актуелизираат веднаш. Ме прашуваат за пратениците на ДУИ, Европскиот фронт има и од турска партија, меѓутоа има и еден човек што не е од ниту една партија. Тоа е Мурат Сали. Тој е бивш претседател на Уставниот суд. Во една дебата некој ми рече дека тој е од Турската демократска партија. Не е вистина. Тој не е член на Турската демократска партија. Нема своја партија. Нема ниту невладина организација. Не е предложен од некого. Тој е земен од Ахмети како личност и денес е пратеник на ДУИ. Дали имал цел, дали е намерно или ненамерно – тоа те асоцира, во слободни асоцијации на Фројд, дека баш зема пратеник кој е Турчин, кој не е претставник на некоја партија или на некоја невладина организација, а е бивш претседател на Уставниот суд и моментално се актуализираат поради првите сто дена на Владата, две теми за кои не е моментот во првите три месеци да се разговара, рече Таравари. Тој е уверен дека ДУИ има влијание, не само во Уставниот суд, туку во сите судски органи и генерално, во правниот систем во државата. -Дефинитивно мислам дека ДУИ го „тригерира“ ова за да излезе на површина, оцени Таравари. На прашањето дали требаше да се бараат механизми за да се ограничи злоупотребата на „балансерот“, а не да се укинува, Таравари рече дека неговото укинување било во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а имало и стратегија за администрација донесена од Владата, потпишана и од Бујар Османи, Крешник Бектеши, Кренар Лога и уште некој од поранешните министри на ДУИ, која предвидела укинување на „балансерот“. -Ние се договоривме со ВМРО-ДПМНЕ да причекаме да подготвиме закон, па после да го тргнеме ’балансерот’. И ова ни се случи неочекувано – Уставниот суд веднаш да ги исфрли на површина. Треба да бидеш малоумен и да веруваш дека Уставниот суд случајно и двата предмети – и за употреба на албанскиот јазик и за ’балансерот’ – ќе ги стави во првите три месеци од мандатот на новата влада, нагласи Таравари. Негов став во однос на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е дека на нејзино чело не смее да биде партиски човек. За Бојан Христовски немам доволно информации. Читав нешто по медиуми и по портали, но не мора да значи дека сите тие информации се веродостојни. Ни требаат информации да собереме од сите страни и да се разговара. Ако е добро како решение, треба да продолжи. Ако не е добро, повторно премиерот треба да одлучи. Таму не смее да биде партиски човек. Генерално, гледам дека премиерот наоѓа решенија кои се релативно прифатливи, генерално зборувам, не велам стопроцентно, така што ќе видиме, ќе разговараме повторно, да ги добиеме сите информации, напомена Таравари

The post Таравари: Оптимист сум дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите, ни треба гаранција дека нема повторно да бидеме условувани appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-cheka-na-reshenie-od-ministerot-taravari-za-smrtta-na-14-mesechnoto-devojche-i-potoa-ke-postapuva-za-eventualna-lekarska-greshka/ Fri, 18 Oct 2024 11:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=828417

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Македонија нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен, се вели во соопштението на Лекарската комора испратено до медиумите.

На 5 октомври почина 14-месечно девојче на Клиниката за детски болести во Скопје. Девојчето било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, а потоа било примено во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, кои подоцна го префрлиле на Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство формира Комисија за стручен надзор во врска со лекувањето на 14-месечното девојче која констатирала задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација.

Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката на 3 октомври годинава, а во Козле е констатирана ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави претходно министерот за здравски Арбен Тараври.

Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.

Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.

Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението на Лекарската комора.

The post Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка appeared first on Република.

]]>

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Македонија нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен, се вели во соопштението на Лекарската комора испратено до медиумите. На 5 октомври почина 14-месечно девојче на Клиниката за детски болести во Скопје. Девојчето било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, а потоа било примено во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, кои подоцна го префрлиле на Клиниката за детски болести. Министерот за здравство формира Комисија за стручен надзор во врска со лекувањето на 14-месечното девојче која констатирала задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација.
Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката на 3 октомври годинава, а во Козле е констатирана ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави претходно министерот за здравски Арбен Тараври.
Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.
Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај. Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението на Лекарската комора.

The post Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка appeared first on Република.

]]>
Таравари: Ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за закон за правична застапеност https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ke-angazhirame-eksperti-koi-imaat-sens-za-zakon-za-pravichna-zastapenost/ Thu, 17 Oct 2024 10:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=827976

Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека предлог-закон за правична застапеност од нивна страна има. Според него следи координирање на владиното мнозинство, по што предлогот ќе биде пласиран на јавноста.

-Предлог-закон од наша страна, имаше. Но во Влада сме коалиција од три коалиции: ЗНАМ, ВМРО со сите партии и ние како Влен. Сега треба да седнеме и да синхронизираме меѓу нас, да направиме заеднички продукт и тоа да го пуштиме и до јавноста и за јавна дебата и за Парламент. За тоа повторно ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за оваа работа, изјави Таравари на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. .

Тој смена дека законот ќе се носи транспарентно, а не како во минатиот период, кога законите поминувале „набрзина“.

-За разлика од минатиот период, кога законите набрзина поминуваа, сега нема да помине така, туку ви велам, ние подготвивме нешто, сега ќе седнеме владиното мнозинство да се координира и потоа ќе отвориме јавна дебата и нормално, тоа ќе биде достапно до сите и до медиумите и до јавноста и не планираме тоа да го поминеме за една недела, две. Меѓутоа, во разумен период, јас мислам дека треба да отвориме јавна дебата и ќе го направиме тоа сигурно, одговори Таравари на прашањето зошто се прави законот на нетранспарентен начин.

The post Таравари: Ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за закон за правична застапеност appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека предлог-закон за правична застапеност од нивна страна има. Според него следи координирање на владиното мнозинство, по што предлогот ќе биде пласиран на јавноста. -Предлог-закон од наша страна, имаше. Но во Влада сме коалиција од три коалиции: ЗНАМ, ВМРО со сите партии и ние како Влен. Сега треба да седнеме и да синхронизираме меѓу нас, да направиме заеднички продукт и тоа да го пуштиме и до јавноста и за јавна дебата и за Парламент. За тоа повторно ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за оваа работа, изјави Таравари на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. . Тој смена дека законот ќе се носи транспарентно, а не како во минатиот период, кога законите поминувале „набрзина“.