АР Archives - Република https://republika.mk/tema/ar/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jul 2023 13:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АР Archives - Република https://republika.mk/tema/ar/ 32 32 Милошоски: Постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-postoi-potreba-od-seriozni-reformi-vo-bezbednosno-razuznavachkiot-sektor/ Wed, 26 Jul 2023 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=665571

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор.

Денес, како претседател на Комисијата за надворешна политика ги придружував колегите пратеници од Комисијата за надзор во посетата на Агенцијата за разузнавање (АР).
📌Од страна на АР ни беа презентирани безбедносните проценки за состојбата во Косово и во БиХ.
📌 Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и превземените дејствија на АР во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот "Предатор" за следење на комуникации, за кои има индиции дека се производ на македонската фирма "Сајтрокс", која од неодамна беше ставена на црната листа на САД, заради безбедносен ризик.
📌 Следна тема на интерес беше дали АР имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција, надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија.
📌 Добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор.

The post Милошоски: Постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор. Денес, како претседател на Комисијата за надворешна политика ги придружував колегите пратеници од Комисијата за надзор во посетата на Агенцијата за разузнавање (АР). 📌Од страна на АР ни беа презентирани безбедносните проценки за состојбата во Косово и во БиХ. 📌 Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и превземените дејствија на АР во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот "Предатор" за следење на комуникации, за кои има индиции дека се производ на македонската фирма "Сајтрокс", која од неодамна беше ставена на црната листа на САД, заради безбедносен ризик. 📌 Следна тема на интерес беше дали АР имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција, надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија. 📌 Добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор.

The post Милошоски: Постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор appeared first on Република.

]]>
Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/ Fri, 21 Jul 2023 10:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=663869

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.

После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.

Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите.

Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.
После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.
Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>