апостол симовски Archives - Република https://republika.mk/tema/apostol-simovski/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 14:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апостол симовски Archives - Република https://republika.mk/tema/apostol-simovski/ 32 32 Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-imashe-jaki-pritisotsi-na-bugarija-pred-popisot-vo-albanija/ Sun, 07 Jul 2024 14:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=794284

Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.

Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.

Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.

The post Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>

Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.
Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.
Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.

The post Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>
Симовски: За вработувањата по етички клуч единствена валидна категорија е резидентно население https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-za-vrabotuvanjata-po-etichki-kluch-edinstvena-validna-kategorija-e-rezidentno-naselenie/ Wed, 17 Aug 2022 15:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=541469

Директорот на за Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вели дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) погрешно ги усогласило податоците од последниот попис со балансерот за вработувања во јавниот сектор по принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците.

Тој за државната агенција МИА денеска изјави дека единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и е прифатено и од Евростат.

Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население, изјави Симовски.

На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.

МИОА нè контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски.

За тоа дали биле прашани како да се користат податоците за граѓаните кои беа попишани преку регистрите, Симовски рече дека и за тоа им дале јасен одговор.

Прашаа и добија одговор. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие седум проценти се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати, нагласи Симовски.

Симовски, исто така, појасни дека граѓаните и по Устав имаат право да не одговорат за етничката припадност.

И на крајот Вие по Устав имате право да не се изјасните. Никој со сила не може да Ве натера да се изјасните. Ние ги импутиравме податоците за кои има во регистрите документирана информација, ама никако не смееме да помислиме, а камоли да направиме импутирање на податоци за чувство. Тоа си е лично и е апсолутно забрането, изјави Симовски.

Според пресметката на МИОА, каде што министер е Адмирим Алити, балансерот го зема предвид вкупното население од пописот, во кое влегуваат и отселените во странство, но и 7-те отсто административно попишани, за кои нема податок за националност. Според пресметката на Алити, Албанците се 31,54 отсто од населението, а според податоците од пописот од септември лани – 24,3 отсто од резидентното население и 29,5 отсто од вкупното население.

Од МИОА, за МИА вчера изјавија, дека при усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица.

Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување.

Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност.

The post Симовски: За вработувањата по етички клуч единствена валидна категорија е резидентно население appeared first on Република.

]]>

Директорот на за Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вели дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) погрешно ги усогласило податоците од последниот попис со балансерот за вработувања во јавниот сектор по принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците. Тој за државната агенција МИА денеска изјави дека единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и е прифатено и од Евростат.
Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население, изјави Симовски.
На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.
МИОА нè контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски.
За тоа дали биле прашани како да се користат податоците за граѓаните кои беа попишани преку регистрите, Симовски рече дека и за тоа им дале јасен одговор.
Прашаа и добија одговор. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие седум проценти се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати, нагласи Симовски.
Симовски, исто така, појасни дека граѓаните и по Устав имаат право да не одговорат за етничката припадност.
И на крајот Вие по Устав имате право да не се изјасните. Никој со сила не може да Ве натера да се изјасните. Ние ги импутиравме податоците за кои има во регистрите документирана информација, ама никако не смееме да помислиме, а камоли да направиме импутирање на податоци за чувство. Тоа си е лично и е апсолутно забрането, изјави Симовски.
Според пресметката на МИОА, каде што министер е Адмирим Алити, балансерот го зема предвид вкупното население од пописот, во кое влегуваат и отселените во странство, но и 7-те отсто административно попишани, за кои нема податок за националност. Според пресметката на Алити, Албанците се 31,54 отсто од населението, а според податоците од пописот од септември лани – 24,3 отсто од резидентното население и 29,5 отсто од вкупното население. Од МИОА, за МИА вчера изјавија, дека при усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица. Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување. Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност.

The post Симовски: За вработувањата по етички клуч единствена валидна категорија е резидентно население appeared first on Република.

]]>
Симовски: Немам проблем ако решат да ме сменат, не сум се венчал за функцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-nemam-problem-ako-reshat-da-me-smenat-ne-sum-se-venchal-za-funkcijata/ Tue, 05 Apr 2022 17:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=483737

Три години се вршеше страшен притисок граѓаните да не го прифатат пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика во интервју за „Макфакс“.

На прашањето колку бојкотот придонесе за добиените резултати и како ќе се оправда бројката од 132.000 непопишани граѓани за кои му забележува опозицијата, Симовски вели: „Јас ќе ги прашам нив каде беа за време на пописот тие 132.000 граѓани. Наседна добар дел од нив на убедувањето пописот да се бојкотира“.

За првично објавените резултати од пописот во некои медиуми, Симовски вели дека тие што ги објавиле заслужуваат да бидат казнети: „Заслужуваат да бидат казнети и кривично бидејќи треба да докажат дека некој им дал податоци – погрешни податоци, наседнале“.

За грешката во податоците за религиозна припадност, за притисоците и дилемата дали пописот беше политизиран, во интервју за „Макфакс“ одговара првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

The post Симовски: Немам проблем ако решат да ме сменат, не сум се венчал за функцијата appeared first on Република.

]]>

Три години се вршеше страшен притисок граѓаните да не го прифатат пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика во интервју за „Макфакс“. На прашањето колку бојкотот придонесе за добиените резултати и како ќе се оправда бројката од 132.000 непопишани граѓани за кои му забележува опозицијата, Симовски вели: „Јас ќе ги прашам нив каде беа за време на пописот тие 132.000 граѓани. Наседна добар дел од нив на убедувањето пописот да се бојкотира“. За првично објавените резултати од пописот во некои медиуми, Симовски вели дека тие што ги објавиле заслужуваат да бидат казнети: „Заслужуваат да бидат казнети и кривично бидејќи треба да докажат дека некој им дал податоци – погрешни податоци, наседнале“. За грешката во податоците за религиозна припадност, за притисоците и дилемата дали пописот беше политизиран, во интервју за „Макфакс“ одговара првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски.  

The post Симовски: Немам проблем ако решат да ме сменат, не сум се венчал за функцијата appeared first on Република.

]]>
Уште колку „грешки“ има во пописот? https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-kolku-greshki-ima-vo-popisot/ Tue, 05 Apr 2022 06:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=483380

Уште грешки има пописот за да биде комплетен, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски призна дека имало грешка во графите за вероисповед.

Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран.

Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици.

Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа, додаваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале.

The post Уште колку „грешки“ има во пописот? appeared first on Република.

]]>

Уште грешки има пописот за да биде комплетен, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски призна дека имало грешка во графите за вероисповед.
Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран. Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици. Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму затоа, додаваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале.

The post Уште колку „грешки“ има во пописот? appeared first on Република.

]]>
Симовски: Во Македонија нема 355, туку 8.764 атеисти, направивме печатна грешка и ја исправивме https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-vo-makedonija-nema-355-tuku-8-764-ateisti-napravivme-pechatna-greshka-i-ja-ispravivme/ Mon, 04 Apr 2022 09:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=483006

При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, па така како граѓани кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица кои се изјасниле дека не се верници, изјави за МКД.мк Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика.

Симовски во изјавата за МКД.мк нагласи дека станува збор за замена на местата на бројките, односно наместо евангелисти - методисти било наведено „атеисти“. Тој додава дека со последниот попис е заведена и графа за агностиците, зашто така барале да бидат заведени тие граѓани (1 964 лица).

Тој нагласи дека другите податоци се во ред и дека граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика.

The post Симовски: Во Македонија нема 355, туку 8.764 атеисти, направивме печатна грешка и ја исправивме appeared first on Република.

]]>

При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, па така како граѓани кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица кои се изјасниле дека не се верници, изјави за МКД.мк Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика. Симовски во изјавата за МКД.мк нагласи дека станува збор за замена на местата на бројките, односно наместо евангелисти - методисти било наведено „атеисти“. Тој додава дека со последниот попис е заведена и графа за агностиците, зашто така барале да бидат заведени тие граѓани (1 964 лица). Тој нагласи дека другите податоци се во ред и дека граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика.

The post Симовски: Во Македонија нема 355, туку 8.764 атеисти, направивме печатна грешка и ја исправивме appeared first on Република.

]]>
Симовски: Направивме печатна грешка со атеистите и ја исправивме, другите податоци од пописот се во ред https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-napravivme-pechatna-greshka-so-ateistite-i-ja-ispravivme-drugite-podatoci-od-popisot-se-vo-red/ Mon, 04 Apr 2022 08:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=482985

При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, па така како граѓани кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица кои се изјасниле дека не се верници, изјави за МКД.мк Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика.

Симовски во изјавата за МКД.мк нагласи дека станува збор за замена на местата на бројките, односно наместо 355 евангелисти - методисти било наведено „атеисти“. Тој додава дека со последниот попис е заведена и графа за агностиците, зашто така барале да бидат заведени тие граѓани (1 964 лица).

Тој нагласи дека другите податоци се во ред и дека граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика.

МКД.мк и во петокот побара одговор од Статистика за бројот на атеисти, изразивме можност дека е направена печатна грешка имајќи предвид дека 355 лица е неверојатно мала бројка, но тогаш до крајот на денов не добивме одговор. А исправката дојде во деновите на викендот.

Симовски утрово ни рече дека и нему му беше чудна тогаш презентираната бројка на атеистите.

Сепак, некои периферни податоци кои би го оптовариле целиот извештај, не беа наведени, како на пример неколку лица кои се изјасниле како марсовци или побарале да биде запишана некаква друга реално непостоечка припадност, вели Симовски.

Во однос на реакциите на дел од партиите кои сметаат дека во пописот на населението има фалсификувани податоци со цел друга етничка припадност или религиска припоадност да биде фаворизирана, а кои повикуваат и на кривична одговорност на првите луѓе на Заводот за статистика, Симовски вели дека се неосновани, но дека секако, како што нагласува, постојат институции.

„Секој што смета дека во пописните резултати има фалсификувани податоци или политички манипулации, може да поднесе соодветна пријава“, вели Симовски.

Инаку, имајќи предвид дека во минатото, особено во времето на социјализмот во Македонија голем број на граѓани се изјаснуваа како атеисти, презентираната корегирана бројка и сега изгледа, мала.

„Така се изјасниле граѓаните и таков податок можеме да дадеме, можеби во онаа бројка од 132.260 граѓани кои не се теренски попишани има повеќе атеисти, но во таа бројка не може да се интервенира. Тие што реагираат сега, и што ги негираат резултатите од пописот, нека размислат зошто голем број од граѓаните, 7,2 проценти не се попишани. Зошто голем број особено Македонци од прекуокеанските земји не се попишале иако имаа половина година време, тоа да го сторат, исто така е добро прашање за тие што повикуваа на бојкот на пописот или затскриено водеа кампања против пописот“, вели Симовски.

The post Симовски: Направивме печатна грешка со атеистите и ја исправивме, другите податоци од пописот се во ред appeared first on Република.

]]>

При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, па така како граѓани кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица кои се изјасниле дека не се верници, изјави за МКД.мк Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика. Симовски во изјавата за МКД.мк нагласи дека станува збор за замена на местата на бројките, односно наместо 355 евангелисти - методисти било наведено „атеисти“. Тој додава дека со последниот попис е заведена и графа за агностиците, зашто така барале да бидат заведени тие граѓани (1 964 лица). Тој нагласи дека другите податоци се во ред и дека граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика. МКД.мк и во петокот побара одговор од Статистика за бројот на атеисти, изразивме можност дека е направена печатна грешка имајќи предвид дека 355 лица е неверојатно мала бројка, но тогаш до крајот на денов не добивме одговор. А исправката дојде во деновите на викендот. Симовски утрово ни рече дека и нему му беше чудна тогаш презентираната бројка на атеистите. Сепак, некои периферни податоци кои би го оптовариле целиот извештај, не беа наведени, како на пример неколку лица кои се изјасниле како марсовци или побарале да биде запишана некаква друга реално непостоечка припадност, вели Симовски. Во однос на реакциите на дел од партиите кои сметаат дека во пописот на населението има фалсификувани податоци со цел друга етничка припадност или религиска припоадност да биде фаворизирана, а кои повикуваат и на кривична одговорност на првите луѓе на Заводот за статистика, Симовски вели дека се неосновани, но дека секако, како што нагласува, постојат институции. „Секој што смета дека во пописните резултати има фалсификувани податоци или политички манипулации, може да поднесе соодветна пријава“, вели Симовски. Инаку, имајќи предвид дека во минатото, особено во времето на социјализмот во Македонија голем број на граѓани се изјаснуваа како атеисти, презентираната корегирана бројка и сега изгледа, мала. „Така се изјасниле граѓаните и таков податок можеме да дадеме, можеби во онаа бројка од 132.260 граѓани кои не се теренски попишани има повеќе атеисти, но во таа бројка не може да се интервенира. Тие што реагираат сега, и што ги негираат резултатите од пописот, нека размислат зошто голем број од граѓаните, 7,2 проценти не се попишани. Зошто голем број особено Македонци од прекуокеанските земји не се попишале иако имаа половина година време, тоа да го сторат, исто така е добро прашање за тие што повикуваа на бојкот на пописот или затскриено водеа кампања против пописот“, вели Симовски.

The post Симовски: Направивме печатна грешка со атеистите и ја исправивме, другите податоци од пописот се во ред appeared first on Република.

]]>
Симовски не знаел зошто се изменети резултатите од пописот https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-ne-znael-zoshto-se-izmeneti-rezultatite-od-popisot/ Sun, 03 Apr 2022 11:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=482574

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски не е запознаен со промените во пописните резултати во делот за религиската припадност.

Ќе провериме за што станува збор и ќе бидете известени во понеделник, најверојатно се работи за техничка грешка, но мора да провериме, вели тој за „Слободен печат“.

Според новата табела која од вчера е достапна на официјалната страница на ДЗЦ, има промена на бројот на атеисти каде првичната бројка беше дека само 355 лица во земјата се изјасниле како атеисти, додека сега бројката е 8.764.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-355-ateistite-stanaa-8-764-ima-li-pogolem-dokaz-od-ova-za-kakov-falsifikat-se-raboti/

Во оваа табела „исчезна“ и графата Евангелско-протестантски христијани каде претходно беа впишани 8.764 лица. Од табелата мистериозно исчезнаа и попишаните лица чија по верска определба чија бројка беше помала од 500, па така ги „снема“ и попишаните лица кои се изјасниле како Евреи.

The post Симовски не знаел зошто се изменети резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски не е запознаен со промените во пописните резултати во делот за религиската припадност.
Ќе провериме за што станува збор и ќе бидете известени во понеделник, најверојатно се работи за техничка грешка, но мора да провериме, вели тој за „Слободен печат“.
Според новата табела која од вчера е достапна на официјалната страница на ДЗЦ, има промена на бројот на атеисти каде првичната бројка беше дека само 355 лица во земјата се изјасниле како атеисти, додека сега бројката е 8.764. https://republika.mk/vesti/makedonija/od-355-ateistite-stanaa-8-764-ima-li-pogolem-dokaz-od-ova-za-kakov-falsifikat-se-raboti/ Во оваа табела „исчезна“ и графата Евангелско-протестантски христијани каде претходно беа впишани 8.764 лица. Од табелата мистериозно исчезнаа и попишаните лица чија по верска определба чија бројка беше помала од 500, па така ги „снема“ и попишаните лица кои се изјасниле како Евреи.

The post Симовски не знаел зошто се изменети резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>
Ина Многуфина не е многу фина со Симовски: Немој да ни ја вреѓаш интелигенцијата! https://republika.mk/tvitovi/ina-mnogufina-ne-e-mnogu-fina-so-simovski-nemoj-da-ni-ja-vregjash-inteligencijata/ Thu, 31 Mar 2022 18:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=481603

The post Ина Многуфина не е многу фина со Симовски: Немој да ни ја вреѓаш интелигенцијата! appeared first on Република.

]]>

The post Ина Многуфина не е многу фина со Симовски: Немој да ни ја вреѓаш интелигенцијата! appeared first on Република.

]]>
Ние не сме криви што луѓето не знаат која вера се, вели Симовски за графата „христијани“ https://republika.mk/vesti/makedonija/nie-ne-sme-krivi-shto-lugjeto-ne-znaat-koja-vera-se-veli-simovski-za-grafata-hristijani/ Thu, 31 Mar 2022 14:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=481449

Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“. А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“.

Ова за „Плусинфо“ го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“…

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/

Симовски инсистира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.

Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност, објаснува Симовски.

Повеќе на Плусинфо

The post Ние не сме криви што луѓето не знаат која вера се, вели Симовски за графата „христијани“ appeared first on Република.

]]>

Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“. А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“. Ова за „Плусинфо“ го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“… https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/ Симовски инсистира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.
Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност, објаснува Симовски.
Повеќе на Плусинфо

The post Ние не сме криви што луѓето не знаат која вера се, вели Симовски за графата „христијани“ appeared first on Република.

]]>
Симовски: Пописот покажува реална состојба, не се раководевме да исполниме нечие очекување https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-popisot-pokazuva-realna-sostojba-ne-se-rakovodevme-da-ispolnime-nechie-ochekuvanje/ Thu, 31 Mar 2022 13:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=481451

Пописот е сработен по европска методологија и релевантноста на податоците не може да се оспорува заради незадоволство од самите бројки, изјави денеска за МИА директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

Наша обврска е да ја покажеме реално состојбата и тоа го направивме, не се раководевме од тоа дали ќе исполниме нечие очекување или не - нагласи Симовски.

Според директорот на ДЗС, коментарите за подзастапеност на некои етнички заедници во Пописот или нивно неприфаќање на резултатите е целосно неоправдано, затоа што намалувањето се забележува во сите групи.

Пописот покажа дека има намалување на бројот на населението, но нашата обврска како ДЗС е да дадеме реалната состојба согласно дефиницијата на резидентното население. Ако се направи споредба со последниот попис, имаме 185.834 жители помалку и тоа е забележливо кај сите етнички заедници - додаде Симовски.

Резултатите од пописот покажаа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто.

Незадоволство од резултатите на пописот, но и бројноста на припадниците на нивната етничка заедница изразија неколку партии и организации.

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека Пописот е некомплетен и како таков не дава целосна слика за популацијата, а Алијанса за Албанците смета дека пописните резултати не може да се вреднуваат како веродостојни кога „на околу 8,5 отсто од вкупното население не им се знае националната припадност“.

За Демократски сојуз резултатите од Пописот не се одраз на реалноста, Левица одби да ги признае оценувајќи дека се „непопишани 300.000 државјани“, а Социјалистичката партија смета дека тој е „нецелосен, манипулирачки и им нанесува штета на националните интереси на граѓаните“.

Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во земјава смета дека вистинскиот број на Турците е поголем од оној што го покажуваат пописните резултати и соопшти дека „не ги признава пописните бројки и проценти“, а незадоволство од бројноста на Бошњаците изрази и Бошњачкиот демократски сојуз, кој бара да се преиспитаат резултатите.

The post Симовски: Пописот покажува реална состојба, не се раководевме да исполниме нечие очекување appeared first on Република.

]]>

Пописот е сработен по европска методологија и релевантноста на податоците не може да се оспорува заради незадоволство од самите бројки, изјави денеска за МИА директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.
Наша обврска е да ја покажеме реално состојбата и тоа го направивме, не се раководевме од тоа дали ќе исполниме нечие очекување или не - нагласи Симовски.
Според директорот на ДЗС, коментарите за подзастапеност на некои етнички заедници во Пописот или нивно неприфаќање на резултатите е целосно неоправдано, затоа што намалувањето се забележува во сите групи.
Пописот покажа дека има намалување на бројот на населението, но нашата обврска како ДЗС е да дадеме реалната состојба согласно дефиницијата на резидентното население. Ако се направи споредба со последниот попис, имаме 185.834 жители помалку и тоа е забележливо кај сите етнички заедници - додаде Симовски.
Резултатите од пописот покажаа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто. Незадоволство од резултатите на пописот, но и бројноста на припадниците на нивната етничка заедница изразија неколку партии и организации. ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека Пописот е некомплетен и како таков не дава целосна слика за популацијата, а Алијанса за Албанците смета дека пописните резултати не може да се вреднуваат како веродостојни кога „на околу 8,5 отсто од вкупното население не им се знае националната припадност“. За Демократски сојуз резултатите од Пописот не се одраз на реалноста, Левица одби да ги признае оценувајќи дека се „непопишани 300.000 државјани“, а Социјалистичката партија смета дека тој е „нецелосен, манипулирачки и им нанесува штета на националните интереси на граѓаните“. Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во земјава смета дека вистинскиот број на Турците е поголем од оној што го покажуваат пописните резултати и соопшти дека „не ги признава пописните бројки и проценти“, а незадоволство од бројноста на Бошњаците изрази и Бошњачкиот демократски сојуз, кој бара да се преиспитаат резултатите.

The post Симовски: Пописот покажува реална состојба, не се раководевме да исполниме нечие очекување appeared first on Република.

]]>
Симовски: Мислам дека граѓаните сега сфатија дека беа жртви на тој што повикуваше на бојкот https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-mislam-deka-gragjanite-sega-sfatija-deka-bea-zrtvi-na-toj-shto-povikuvashe-na-bojkot/ Wed, 30 Mar 2022 18:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=481091

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва изјави дека неопафтеното население со Пописот 2021, од 7,3 отсто или 132 илјади граѓани не е неочекувано ако се земат предвид сите работи и оти очекувал тој број да биде поголем. Една од причините, како што рече, е и бојкотирањето на пописот.

Тој образложи дека Пописот 2021 беше спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со КОВИД-19, а пред тоа имаше затворени граници и не можеше да се оди на одмор, кога се интензивни работите во земјоделството, на нива, посочи и на немарноста на луѓето… Нагласи дека попишувачите не ги наоѓале овие луѓе, иако им оставале пораки.

Иако дадовме можност за сите. Последните 10 дена од пописот отворивме пунктови каде секој, кој по било кој основ не е опфатен, да се попише, изјави Симовски за Канал 5.

Додаде дека овие 132 илјади граѓани влегуваат во делот на резидентно население, кое се попишува според законот. Според него, ова е нормална појава и секаде се случува.

Прашан за повиците за бојкот на пописот, директорот на Државниот завод за статистика изјави дека нема информации дали некој одговарал кривично или прекршочно.

Не би сакал никој од граѓаните да одговара. На крајот на краиштата, тие кои се одзваа на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Клучен е тој што повикуваше на бојкот, инаку граѓаните беа жртви и мислам дека сега сфаќаат, рече Симовски.

Според него, оние што повикуваа на бојкот постигнаа, но не исклучиво само заради тоа, да имаме еден контигнент на население за кое немаме информации.

Симовски рече дека не сака да споменува политички партии или други структури кои повикуваа на бојкот на Пописот 2021.

Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски.

The post Симовски: Мислам дека граѓаните сега сфатија дека беа жртви на тој што повикуваше на бојкот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва изјави дека неопафтеното население со Пописот 2021, од 7,3 отсто или 132 илјади граѓани не е неочекувано ако се земат предвид сите работи и оти очекувал тој број да биде поголем. Една од причините, како што рече, е и бојкотирањето на пописот. Тој образложи дека Пописот 2021 беше спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со КОВИД-19, а пред тоа имаше затворени граници и не можеше да се оди на одмор, кога се интензивни работите во земјоделството, на нива, посочи и на немарноста на луѓето… Нагласи дека попишувачите не ги наоѓале овие луѓе, иако им оставале пораки.
Иако дадовме можност за сите. Последните 10 дена од пописот отворивме пунктови каде секој, кој по било кој основ не е опфатен, да се попише, изјави Симовски за Канал 5.
Додаде дека овие 132 илјади граѓани влегуваат во делот на резидентно население, кое се попишува според законот. Според него, ова е нормална појава и секаде се случува. Прашан за повиците за бојкот на пописот, директорот на Државниот завод за статистика изјави дека нема информации дали некој одговарал кривично или прекршочно.
Не би сакал никој од граѓаните да одговара. На крајот на краиштата, тие кои се одзваа на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Клучен е тој што повикуваше на бојкот, инаку граѓаните беа жртви и мислам дека сега сфаќаат, рече Симовски.
Според него, оние што повикуваа на бојкот постигнаа, но не исклучиво само заради тоа, да имаме еден контигнент на население за кое немаме информации. Симовски рече дека не сака да споменува политички партии или други структури кои повикуваа на бојкот на Пописот 2021.
Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски.

The post Симовски: Мислам дека граѓаните сега сфатија дека беа жртви на тој што повикуваше на бојкот appeared first on Република.

]]>
До крајот на март ќе се објават резултатите од пописот https://republika.mk/vesti/makedonija/do-krajot-na-mart-kje-se-objavat-rezultatite-od-popisot/ Wed, 02 Mar 2022 14:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=466531

Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што е најкус рок што ДЗС го имале за обработка на пописни податоци.

Тој информираше дека во статистичката операција бил ангажиран и меѓународен експерт од страна на Европската комисија. Експертот бил присутен во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот, а учествува и во обработка на податоците заедно со тимот на ДЗС.

Прашан дали има потреба да се брани интегритетот на податоците од Пописот, директорот на ДЗС посочи и дека Заводот стои зад податоците што ги произведува и објавува и оти нема потреба да се брани интегритетот на институцијата, не само за податоците од Пописот, туку и генерално за сите податоци што ги произведуваат.

– За тоа дали јавноста ни верува или не, доволен показател е бројот на корисници на статистички податоци кои секојдневно ја посетуваат нашата веб-страна и Макстат базата и ги користат нашите податоци, додаде Симовски.

The post До крајот на март ќе се објават резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што е најкус рок што ДЗС го имале за обработка на пописни податоци. Тој информираше дека во статистичката операција бил ангажиран и меѓународен експерт од страна на Европската комисија. Експертот бил присутен во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот, а учествува и во обработка на податоците заедно со тимот на ДЗС. Прашан дали има потреба да се брани интегритетот на податоците од Пописот, директорот на ДЗС посочи и дека Заводот стои зад податоците што ги произведува и објавува и оти нема потреба да се брани интегритетот на институцијата, не само за податоците од Пописот, туку и генерално за сите податоци што ги произведуваат.