Апелација Archives - Република https://republika.mk/tema/apelacija/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 11:34:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Апелација Archives - Република https://republika.mk/tema/apelacija/ 32 32 Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-ja-ukina-presudata-protiv-muhamed-zekiri-predmetot-vraten-na-povtorno-sudene/ Fri, 20 Sep 2024 11:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=818154

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

-Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација.

При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.

При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.

Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари

Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

The post Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. -Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација. При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.
При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.
Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

The post Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење appeared first on Република.

]]>
Седница во Апелација, таткото на Вања Ѓорчевска бара укинување на мерката притвор https://republika.mk/vesti/sednitsa-vo-apelatsija-tatkoto-na-vana-gorchevska-bara-ukinuvane-na-merkata-pritvor/ Thu, 22 Feb 2024 13:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=747016

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор.

Како што информираат за МИА од Апелација, Кривичниот совет сѐ уште нема донесено одлука, а кога ќе има, судот ќе соопшти преку својата веб-страницата.

Одбраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, бара укинување на притворот.

Туфегџиќ во изјава за МИА вели дека бара укинување на притворот поради фактот што до денес не ни е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту ни е овозможен увид во предметот.

Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На Советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба, свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава - изјави Туфегчиќ.

Бранителот на Ѓорчевски, исто така, посочува дека за денешната јавна седница немал покана и бил известен утрово во 09:20 часот телефонски.

Обвинителството во оваа фаза го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи. Обвинителството бара Ѓорчевски да остане во притвор, поради опасност од бегство, по сторување на кривичното дело помагање во киднапирање и поради влијание врз сведоците.

За киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во притвор се уште четворица осомничени, а првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, откако беше уапсен по потерница во Беликесир на 5 декември.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

The post Седница во Апелација, таткото на Вања Ѓорчевска бара укинување на мерката притвор appeared first on Република.

]]>

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Како што информираат за МИА од Апелација, Кривичниот совет сѐ уште нема донесено одлука, а кога ќе има, судот ќе соопшти преку својата веб-страницата. Одбраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, бара укинување на притворот. Туфегџиќ во изјава за МИА вели дека бара укинување на притворот поради фактот што до денес не ни е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту ни е овозможен увид во предметот.
Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На Советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба, свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава - изјави Туфегчиќ.
Бранителот на Ѓорчевски, исто така, посочува дека за денешната јавна седница немал покана и бил известен утрово во 09:20 часот телефонски. Обвинителството во оваа фаза го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи. Обвинителството бара Ѓорчевски да остане во притвор, поради опасност од бегство, по сторување на кривичното дело помагање во киднапирање и поради влијание врз сведоците. За киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во притвор се уште четворица осомничени, а првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, откако беше уапсен по потерница во Беликесир на 5 декември. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

The post Седница во Апелација, таткото на Вања Ѓорчевска бара укинување на мерката притвор appeared first on Република.

]]>
Беким Незири на слобода, без пасош: Апелација ја прифати жалбата да го пушти од куќен притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bekim-neziri-na-sloboda-bez-pasosh-apelatsija-ja-prifati-zhalbata-da-go-pushti-od-kuken-pritvor/ Fri, 26 Jan 2024 17:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=737242

Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. На негова страна застанало и вишото обвинителство. Сите се согласни дека нема доволно докази координаторот на ДУИ во Чаир, Незири и уште еден осомничен да се бранат од слобода. Па, така наводите на обвинителството кое ги гони дека овие и уште шест други лица од кои по дел се трагаше со денови нема да го повторат делото, нема да влијаат на сведоци, бидејќи за тоа и нема докази, се наведува во денешната одлука на Апелација.

Оцени дека во решенијата на истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат,“ се вели во соопштението на Апелација.

И за Алмир Рамдедовиќ нема потреба да биде постојано во својот дом. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелација му ја враќа слободата и му го задржува пасошот. Токму за пропустите кои ги направил овој вработен, се наведени во извештајот на агенцијата за цивилно воздухопловство кој го презентираше директорот Томислав Тунтев. Таму категорично се бара кривична одговорност, со оглед дека ова лице како дел од компанијата кренало две рампи, за насилниците со две коли да упаднат во контролата на летање.

За останатите осомничени, судот, исто така, првично не одреди притвор, за потоа кривичниот совет да ги смести во домашен.

The post Беким Незири на слобода, без пасош: Апелација ја прифати жалбата да го пушти од куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. На негова страна застанало и вишото обвинителство. Сите се согласни дека нема доволно докази координаторот на ДУИ во Чаир, Незири и уште еден осомничен да се бранат од слобода. Па, така наводите на обвинителството кое ги гони дека овие и уште шест други лица од кои по дел се трагаше со денови нема да го повторат делото, нема да влијаат на сведоци, бидејќи за тоа и нема докази, се наведува во денешната одлука на Апелација.
Оцени дека во решенијата на истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат,“ се вели во соопштението на Апелација.
И за Алмир Рамдедовиќ нема потреба да биде постојано во својот дом. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелација му ја враќа слободата и му го задржува пасошот. Токму за пропустите кои ги направил овој вработен, се наведени во извештајот на агенцијата за цивилно воздухопловство кој го презентираше директорот Томислав Тунтев. Таму категорично се бара кривична одговорност, со оглед дека ова лице како дел од компанијата кренало две рампи, за насилниците со две коли да упаднат во контролата на летање. За останатите осомничени, судот, исто така, првично не одреди притвор, за потоа кривичниот совет да ги смести во домашен.

The post Беким Незири на слобода, без пасош: Апелација ја прифати жалбата да го пушти од куќен притвор appeared first on Република.

]]>
Новоизбраните судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечени изјави https://republika.mk/vesti/makedonija/novoizbranite-sudii-vo-apelatsiskiot-sud-skopje-dadoa-svecheni-izjavi/ Thu, 18 Jan 2024 22:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=734428

Новоизбраните судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет.

Сега Советот е на потег откако Кривичен најави дека ќе побара од Судски совет дел од новоизбраните судии за повисокиот суд да ги довршат предметите кои ги водат во основниот кривичен суд, а кои поради нивното отсуство може да почнат одново или да застарат.

Осуммината судии заминуваат во Апелација откако Врховниот суд им ги отфрли жалбите на шестмина нивни колеги кои сметаат дека требало да бидат избрани поради подоброто бодување од дел од оние кои беа избрани.

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.

Долгиот временски период, повеќе од две години, потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

The post Новоизбраните судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечени изјави appeared first on Република.

]]>

Новоизбраните судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет. Сега Советот е на потег откако Кривичен најави дека ќе побара од Судски совет дел од новоизбраните судии за повисокиот суд да ги довршат предметите кои ги водат во основниот кривичен суд, а кои поради нивното отсуство може да почнат одново или да застарат. Осуммината судии заминуваат во Апелација откако Врховниот суд им ги отфрли жалбите на шестмина нивни колеги кои сметаат дека требало да бидат избрани поради подоброто бодување од дел од оние кои беа избрани. На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област. Долгиот временски период, повеќе од две години, потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

The post Новоизбраните судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечени изјави appeared first on Република.

]]>
Апелација ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“ https://republika.mk/vesti/makedonija/apelatsija-ke-odrzhi-javna-srednitsa-za-sluchajot-tnt/ Mon, 06 Nov 2023 08:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=698630

Апелациониот суд Скопје денеска треба да одржи јавна седница за случајот „ТНТ“ поврзан со рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“.

Сопственикот на компанијата „ФИНЕ“ Фијат Цаноски вчера на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.

Судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов наместо да постапи согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП) за предметот и да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година, сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи, тогаш Советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата отштета од 11 милиони евра, рече Цаноски.

Според првостепената пресуда на Кривичниот суд, Цаноски треба да добие отштета од речиси 11 милиони евра поради уривањето на комплексот.

На ова реагираше Апелациониот суд од каде посочија дека постапувањето на судечкиот совет е согласно Законот за кривична постапка.

По одржаната јавна седница на ден 08.05.2023 година, во тек на процесот на донесување на одлука, членовите на советот разгледувајќи ги жалбите на повеќе заседанија, се впуштија во оцена на основаноста на жалбените наводи, а со оглед дека се работи за обемен и комплексен предмет, со огромен број докази, и пред мериторно одлучување, поради констатираните неусогласености помеѓу записникот за советување и гласање на првостепениот суд и изворникот на првостепената пресуда со писмениот отправок на изготвената пресуда во делот на изречената казна на еден од обвинетите, како и во делот на засметување на притворот во изречените казни, на заседанието одржано на ден 11.07.2023 година, членовите на судечкиот совет одлучиле предметот со сите списи административно да се врати на првостепениот суд заради отстранување на горенаведените неусогласености кои претставуваат процесна пречка за донесување на второстепена одлука, се посочува во соопштението.

Првостепениот суд, како што се наведува, постапувајќи по административното враќање на списи на овој суд, на 01.09.2023 година донел Решение за исправка коешто е експедирано до странките на 11.09.2023 година.

По комплетирање на списите на предметот на ден 05.10.2023 година, истиот повторно е доставен до Апелациониот суд Скопје, по што на 06.10.2023 година е испратен на мислење по изјавените жалби на пресудата до Вишото јавно обвинителство Скопје, чиј предлог е примен во Судот на 12.10.2023 година, по што веднаш е закажана јавна седница за ден 06.11.2023 година, на барање на странките, наведуваат од Апелациониот суд.

Поради зголемен интерес на јавноста, од Апелациониот суд Скопје најавуваат дека ќе обезбедат услови за следење на седницата за заинтересираната јавност и медиумите.

The post Апелација ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“ appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје денеска треба да одржи јавна седница за случајот „ТНТ“ поврзан со рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“. Сопственикот на компанијата „ФИНЕ“ Фијат Цаноски вчера на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.
Судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов наместо да постапи согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП) за предметот и да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година, сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи, тогаш Советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата отштета од 11 милиони евра, рече Цаноски.
Според првостепената пресуда на Кривичниот суд, Цаноски треба да добие отштета од речиси 11 милиони евра поради уривањето на комплексот. На ова реагираше Апелациониот суд од каде посочија дека постапувањето на судечкиот совет е согласно Законот за кривична постапка.
По одржаната јавна седница на ден 08.05.2023 година, во тек на процесот на донесување на одлука, членовите на советот разгледувајќи ги жалбите на повеќе заседанија, се впуштија во оцена на основаноста на жалбените наводи, а со оглед дека се работи за обемен и комплексен предмет, со огромен број докази, и пред мериторно одлучување, поради констатираните неусогласености помеѓу записникот за советување и гласање на првостепениот суд и изворникот на првостепената пресуда со писмениот отправок на изготвената пресуда во делот на изречената казна на еден од обвинетите, како и во делот на засметување на притворот во изречените казни, на заседанието одржано на ден 11.07.2023 година, членовите на судечкиот совет одлучиле предметот со сите списи административно да се врати на првостепениот суд заради отстранување на горенаведените неусогласености кои претставуваат процесна пречка за донесување на второстепена одлука, се посочува во соопштението.
Првостепениот суд, како што се наведува, постапувајќи по административното враќање на списи на овој суд, на 01.09.2023 година донел Решение за исправка коешто е експедирано до странките на 11.09.2023 година.
По комплетирање на списите на предметот на ден 05.10.2023 година, истиот повторно е доставен до Апелациониот суд Скопје, по што на 06.10.2023 година е испратен на мислење по изјавените жалби на пресудата до Вишото јавно обвинителство Скопје, чиј предлог е примен во Судот на 12.10.2023 година, по што веднаш е закажана јавна седница за ден 06.11.2023 година, на барање на странките, наведуваат од Апелациониот суд.
Поради зголемен интерес на јавноста, од Апелациониот суд Скопје најавуваат дека ќе обезбедат услови за следење на седницата за заинтересираната јавност и медиумите.

The post Апелација ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“ appeared first on Република.

]]>
Апелација: Изречената казна затвор од осум години е досега највисока за ваков вид кривични дела https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-izrechenata-kazna-zatvor-od-osum-godini-e-dosega-najvisoka-za-vakov-vid-krivichni-dela/ Tue, 15 Aug 2023 12:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=672341

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/

Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.

Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација.

Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.

Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација.

Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.

Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.

The post Апелација: Изречената казна затвор од осум години е досега највисока за ваков вид кривични дела appeared first on Република.

]]>

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/ Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.
Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација.
Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.
Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација.
Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.
Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.

The post Апелација: Изречената казна затвор од осум години е досега највисока за ваков вид кривични дела appeared first on Република.

]]>
Апелација ја намали казната од 18 на 8 години на пијаниот возач кој се криеше откако усмрти дете на пешачки во Велес https://republika.mk/vesti/makedonija/apelatsija-ja-namali-kaznata-od-18-na-8-godini-na-pijaniot-vozach-koj-se-krieshe-otkako-usmrti-dete-na-peshachki-vo-veles/ Mon, 07 Aug 2023 11:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=669584

Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна од 18 на осум години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, потврди Основниот суд Велес.

Николов лани на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега.

Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петочлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова.

На Николов му се судеше за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Телесни повреди доби и мајката на девојчето. Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило.

Останува изречената забрана за Николов за управување со моторно возило од „Б категорија“ во траење од 5 години. Сообраќајката се случи на 17 декември лани во 22:17 часот на пешачки премин близу ОУ „Васил Главинов“. По сообраќајката возачот Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба Превалец.

Вештачењето покажало дека возачот критичната вечер, во моментот кога се случила несреќата возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајката се случила на обележан пешачки премин. Николов призна вина за сторената сообраќајка, со смртни последици.

The post Апелација ја намали казната од 18 на 8 години на пијаниот возач кој се криеше откако усмрти дете на пешачки во Велес appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна од 18 на осум години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, потврди Основниот суд Велес. Николов лани на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега. Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петочлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова. На Николов му се судеше за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Телесни повреди доби и мајката на девојчето. Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило. Останува изречената забрана за Николов за управување со моторно возило од „Б категорија“ во траење од 5 години. Сообраќајката се случи на 17 декември лани во 22:17 часот на пешачки премин близу ОУ „Васил Главинов“. По сообраќајката возачот Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба Превалец. Вештачењето покажало дека возачот критичната вечер, во моментот кога се случила несреќата возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајката се случила на обележан пешачки премин. Николов призна вина за сторената сообраќајка, со смртни последици.

The post Апелација ја намали казната од 18 на 8 години на пијаниот возач кој се криеше откако усмрти дете на пешачки во Велес appeared first on Република.

]]>
Апелација му ја намали затворската казна на Марјан „Доказ“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-ja-namali-zatvorskata-kazna-na-marjan-dokaz/ Tue, 30 May 2023 14:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=646178

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „ДоказМ“, а жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на истоимениот портал, делумно ги уважи.

На седницата одржана на 19 мај во Апелациониот суд Скопје, Јавното обвинителство побара повисока казна, а одбраната повторување на постапката за случајот.

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-357/23, по одржаната јавна седница на ден 19.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство С., ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. од С., делумно ги уважи. По жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, ја преиначи во делот на одлуката за кривична санкција на начин што обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари, се наведува во денешното соопштението од Апелацискиот суд.

На обвинетиот М. С., како што е посочено во соопштението, му се изрекува и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, се наведува во соопштението.

Од Апелациониот суд Скопје информираат дека Одлуката ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Стаменковски се товареше дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите беа од две новинарки и еден владика.

 

The post Апелација му ја намали затворската казна на Марјан „Доказ“ appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „ДоказМ“, а жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на истоимениот портал, делумно ги уважи. На седницата одржана на 19 мај во Апелациониот суд Скопје, Јавното обвинителство побара повисока казна, а одбраната повторување на постапката за случајот.
Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-357/23, по одржаната јавна седница на ден 19.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство С., ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. од С., делумно ги уважи. По жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, ја преиначи во делот на одлуката за кривична санкција на начин што обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари, се наведува во денешното соопштението од Апелацискиот суд.
На обвинетиот М. С., како што е посочено во соопштението, му се изрекува и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.
Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, се наведува во соопштението.
Од Апелациониот суд Скопје информираат дека Одлуката ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. Стаменковски се товареше дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите беа од две новинарки и еден владика.  

The post Апелација му ја намали затворската казна на Марјан „Доказ“ appeared first on Република.

]]>
Агелер загрижена и разочарана поради големиот број предмети кои Апелација ги враќа на повторно судење https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-zagrizhena-i-razocharana-poradi-golemiot-broj-predmeti-koi-apelatsija-gi-vraka-na-povtorno-sudene/ Tue, 25 Apr 2023 10:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=633859

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ангела Прајс Агелер, на 11 април годинава испрати писмо до судските и извршните органи во кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка.

Во писмото до кое дојде Алсат од извори во Владата, се истакнуваат и напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството.

Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, се наведува во писмото од амбасадорката Агелер.

Дописот главно се однесува на случаите за кои е загрижена јавноста и кои се поврзани со судењата против поранешните функционери кои ја злоупотребиле службената должност и го оштетиле државниот буџет. Според информациите на Алсат, дописот со иста содржина, освен до Владата (премиерот), бил испратен и до министрите Кренар Љога и Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд и до некои други Основни судови.

The post Агелер загрижена и разочарана поради големиот број предмети кои Апелација ги враќа на повторно судење appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ангела Прајс Агелер, на 11 април годинава испрати писмо до судските и извршните органи во кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка. Во писмото до кое дојде Алсат од извори во Владата, се истакнуваат и напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството.
Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, се наведува во писмото од амбасадорката Агелер.
Дописот главно се однесува на случаите за кои е загрижена јавноста и кои се поврзани со судењата против поранешните функционери кои ја злоупотребиле службената должност и го оштетиле државниот буџет. Според информациите на Алсат, дописот со иста содржина, освен до Владата (премиерот), бил испратен и до министрите Кренар Љога и Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд и до некои други Основни судови.

The post Агелер загрижена и разочарана поради големиот број предмети кои Апелација ги враќа на повторно судење appeared first on Република.

]]>
Судски совет в среда ќе објави зошто Апелација го вратила „Таргет-Тврдина“ на повторно судење https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-v-sreda-ke-objavi-zoshto-apelatsija-go-vratila-target-tvrdina-na-povtorno-sudene/ Mon, 09 Jan 2023 09:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=594839

 Извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје, Судскиот совет ќе ја разгледа в среда, на 427-та седница.

Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија.

Одлуката за работна посета, Судскиот совет ја донесе на итна седница на 19 декември минатата, година, по реакциите во јавноста, откако скопска Апелација ги уважи жалбите на обвинетите за предметот „Таргет-Тврдина“ и го врати на повторно постапување пред Основниот кривичен суд Скопје случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од УБК.

На дневен ред на 427-та седница на Судскиот совет, меѓу другото, се и разгледување на Извештај од работна посета на Апелационен суд Гостивар и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.

The post Судски совет в среда ќе објави зошто Апелација го вратила „Таргет-Тврдина“ на повторно судење appeared first on Република.

]]>

 Извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје, Судскиот совет ќе ја разгледа в среда, на 427-та седница. Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија. Одлуката за работна посета, Судскиот совет ја донесе на итна седница на 19 декември минатата, година, по реакциите во јавноста, откако скопска Апелација ги уважи жалбите на обвинетите за предметот „Таргет-Тврдина“ и го врати на повторно постапување пред Основниот кривичен суд Скопје случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од УБК. На дневен ред на 427-та седница на Судскиот совет, меѓу другото, се и разгледување на Извештај од работна посета на Апелационен суд Гостивар и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.

The post Судски совет в среда ќе објави зошто Апелација го вратила „Таргет-Тврдина“ на повторно судење appeared first on Република.

]]>
Апелација ги намали казните и за случајот „Транспортер“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-gi-namali-kaznite-i-za-sluchajot-transporter/ Wed, 28 Dec 2022 13:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=591038

Апелациониот суд ги намали првостепените казни во случајот „Транспортер“, во кој меѓуосудените е и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Првобитните осум години затвор од Кривичен за него, сега се заменуваат со седум години.

Второобвинетиот Слободан Бончановски, поранешниот секретар на Општина Битола, доби шест месеци намалување на казната и треба да одлежи 5 години и шест месеци. На дел од управителите на фирми кои добија казни од 2 до 3 години затвор, Апелација им изрече условни осуди. Укината е и ослободителната пресуда за еден од обвинетите.

На обвинетите Ј. И., С.М.,А.Ш.,Д.Г.,А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.24 и чл.45 од Кривичниот законик, им изрече алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2-две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 – пет години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело, велат од Апелација.

Од фирмата Д и А-Хера транс“ ДООЕЛ државата ќе конфискува од 857.637 денари.

Во останатиот дел како и по однос на кривичните санкции спрема останатите обвинетите и по однос на мерката конфискација на имотната корист која е прибавена со кривичните дела, во вкупен износ од 34.224.179,00 денари, првостепената пресуда ја потврди, велат од Апелација.

Од Апелација велат дека постапувајќи по изјавените жалби, судот оцени дека првостепениот суд не сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка на кој се укажува во изјавените жалби и на кои судот внимава по службена должност, во пресудата се утврдени сите решителните факти во врска со времето и начинот на извршување на кривичните дела, дадени се причините за решителните факти, извршена е правилна анализа на сите изведени докази и донесената пресуда е јасна, разбирлива и може во целост да се испита.

Воедно, како неосновани ги оцени жалбените наводи за погрешно утврдена фактичка состојба, а со тоа и за погрешна примена на материјалното право, од причина што првостепениот суд утврдил правилна фактичка состојба а врз основа на сите изведени докази во текот на постапката, правилно ги утврдил сите решителните факти за кои дал доволно образложени причини во образложението на обжалената пресуда и со еднакво внимание ги испитувал и утврдил како фактите што ги товарат обвинетите, така и оние што им одат во корист, при што правилно постапил судот кога поклонил верба на доказите кои се поклопуваат помеѓу себе и даваат целосна слика за настанот, а притоа имајќи ја предвид и одбраната на обвинетите со што донел јасна и разбирлива пресуда, во врска со кривичните дела и кривичната одговорност на обвинетите, велат од Апелација.

Тие додаваат дека при донесување на пресудата ги ценеле сите околности.

По однос на жалбените наводи за одлуките за кривичните санкции, советот на овој суд ги имаше предвид сите околности кои се од влијание при определувањето на видот на кривичната санкција и одмерувањето на нејзината висина, а особено степенот на противправноста на кривичните дела, степенот на кривичната одговороност на обвинетите, јачината на повредата на заштитеното добро, општествената опасност од извршување на овој вид на кривични дела, тежината и начинот на извршување на кривичните дела и во таа смисла поединечните дејствија на извршување на секој од обвинетите, опишани во изреката на првостепената пресуда, нивната улога во криминалниот потфат како извршител односно соучесник, нивното својство и во таа насока прибавената противправна имотна корист, а особено фактот дека е изречена конфискација на целокупната имотна корист, ценети во корелација со околностите кои што постојат на страна на секој од обвинетите, а кои се однесуваат на личните, семејните и материјалните прилики на обвинетите и нивниот поранешен живот, детално елаборирани во образложението на првостепената пресуда, применувајќи го принципот на пропорционалност, а на кој укажува Европскиот суд за човекови права, па оцени дека и со поблаги казни затвор односно со изречените алтернативни мерки – условни осуди спрема обвинетите наведени во одлуката на Апелациониот суд Скопје, за кои е преиначена првостепената пресуда во делот на одлуката за кривичната санкција, како и со изречените кривични санкции спрема останатите обвинети со првостепената пресуда, доволно воспитно ќе се влијае во иднина да не се јавуваат како сторители на вакви и други кривични дела, а со тоа да се остварат и целите на казнувањето предвидените во чл.32 од Кривичниот законик, како на планот на специјалната така и на планот на генералната превенција, додаваат оттаму.

Од судот, ја укинале и ослободителната пресуда која ја донела Кацарска.

По повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон овој совет одлучи првостепената пресуда во ослободителниот дел под II само да се укине, од причина што обвинетиот Д.Г. се обвинува за едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ,за кое е огласен виновен, но за опишаните дејствија под точка 3 алинеја 14, со оглед да првостепениот суд оценил дека не се докажало дека обвинетиот ги извршил дејствијата опишани под точка 3 алинеја 14 од обвинението, требало истите да ги испушти од описот на дејствијата содржани во изреката а во образложението на пресудата да ги образложи причините за истото, а не да донесе ослободителна пресуда, додаваат од Апелација.

The post Апелација ги намали казните и за случајот „Транспортер“ appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд ги намали првостепените казни во случајот „Транспортер“, во кој меѓуосудените е и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Првобитните осум години затвор од Кривичен за него, сега се заменуваат со седум години. Второобвинетиот Слободан Бончановски, поранешниот секретар на Општина Битола, доби шест месеци намалување на казната и треба да одлежи 5 години и шест месеци. На дел од управителите на фирми кои добија казни од 2 до 3 години затвор, Апелација им изрече условни осуди. Укината е и ослободителната пресуда за еден од обвинетите.
На обвинетите Ј. И., С.М.,А.Ш.,Д.Г.,А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.24 и чл.45 од Кривичниот законик, им изрече алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2-две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 – пет години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело, велат од Апелација.
Од фирмата Д и А-Хера транс“ ДООЕЛ државата ќе конфискува од 857.637 денари.
Во останатиот дел како и по однос на кривичните санкции спрема останатите обвинетите и по однос на мерката конфискација на имотната корист која е прибавена со кривичните дела, во вкупен износ од 34.224.179,00 денари, првостепената пресуда ја потврди, велат од Апелација.
Од Апелација велат дека постапувајќи по изјавените жалби, судот оцени дека првостепениот суд не сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка на кој се укажува во изјавените жалби и на кои судот внимава по службена должност, во пресудата се утврдени сите решителните факти во врска со времето и начинот на извршување на кривичните дела, дадени се причините за решителните факти, извршена е правилна анализа на сите изведени докази и донесената пресуда е јасна, разбирлива и може во целост да се испита.
Воедно, како неосновани ги оцени жалбените наводи за погрешно утврдена фактичка состојба, а со тоа и за погрешна примена на материјалното право, од причина што првостепениот суд утврдил правилна фактичка состојба а врз основа на сите изведени докази во текот на постапката, правилно ги утврдил сите решителните факти за кои дал доволно образложени причини во образложението на обжалената пресуда и со еднакво внимание ги испитувал и утврдил како фактите што ги товарат обвинетите, така и оние што им одат во корист, при што правилно постапил судот кога поклонил верба на доказите кои се поклопуваат помеѓу себе и даваат целосна слика за настанот, а притоа имајќи ја предвид и одбраната на обвинетите со што донел јасна и разбирлива пресуда, во врска со кривичните дела и кривичната одговорност на обвинетите, велат од Апелација.
Тие додаваат дека при донесување на пресудата ги ценеле сите околности.
По однос на жалбените наводи за одлуките за кривичните санкции, советот на овој суд ги имаше предвид сите околности кои се од влијание при определувањето на видот на кривичната санкција и одмерувањето на нејзината висина, а особено степенот на противправноста на кривичните дела, степенот на кривичната одговороност на обвинетите, јачината на повредата на заштитеното добро, општествената опасност од извршување на овој вид на кривични дела, тежината и начинот на извршување на кривичните дела и во таа смисла поединечните дејствија на извршување на секој од обвинетите, опишани во изреката на првостепената пресуда, нивната улога во криминалниот потфат како извршител односно соучесник, нивното својство и во таа насока прибавената противправна имотна корист, а особено фактот дека е изречена конфискација на целокупната имотна корист, ценети во корелација со околностите кои што постојат на страна на секој од обвинетите, а кои се однесуваат на личните, семејните и материјалните прилики на обвинетите и нивниот поранешен живот, детално елаборирани во образложението на првостепената пресуда, применувајќи го принципот на пропорционалност, а на кој укажува Европскиот суд за човекови права, па оцени дека и со поблаги казни затвор односно со изречените алтернативни мерки – условни осуди спрема обвинетите наведени во одлуката на Апелациониот суд Скопје, за кои е преиначена првостепената пресуда во делот на одлуката за кривичната санкција, како и со изречените кривични санкции спрема останатите обвинети со првостепената пресуда, доволно воспитно ќе се влијае во иднина да не се јавуваат како сторители на вакви и други кривични дела, а со тоа да се остварат и целите на казнувањето предвидените во чл.32 од Кривичниот законик, како на планот на специјалната така и на планот на генералната превенција, додаваат оттаму.
Од судот, ја укинале и ослободителната пресуда која ја донела Кацарска.
По повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон овој совет одлучи првостепената пресуда во ослободителниот дел под II само да се укине, од причина што обвинетиот Д.Г. се обвинува за едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ,за кое е огласен виновен, но за опишаните дејствија под точка 3 алинеја 14, со оглед да првостепениот суд оценил дека не се докажало дека обвинетиот ги извршил дејствијата опишани под точка 3 алинеја 14 од обвинението, требало истите да ги испушти од описот на дејствијата содржани во изреката а во образложението на пресудата да ги образложи причините за истото, а не да донесе ослободителна пресуда, додаваат од Апелација.

The post Апелација ги намали казните и за случајот „Транспортер“ appeared first on Република.

]]>
Поранешен полицаец, кој со години силувал братче и сестричка, доби намалена казна од скопска Апелација https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshen-policaec-koj-so-godini-siluval-bratche-i-sestrichka-dobi-namalena-kazna-od-skopska-apelacija/ Wed, 21 Dec 2022 08:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=588226

Апелацискиот суд во Скопје му ја намалил казната на поранешниот полицаец Александар Костовски, осуден на 18 години затвор од скопскиот Кривичен суд за трговија со малолетничка и за силување на нејзиниот брат, објави „А1он“. Со новата одлука на Апелација, казната му се намалува за две години – на 16.

Од Апелација посочуваат дека ја намалиле казната ценејќи ги олеснувачките околности. Воедно, судиите од Апелација ја отфрлиле жалбата поднесена од обивнителката Наташа Поп-Трајкова, која бараше на осудениот да му се изрече повисока казна од првично пресудената. Поранешниот полицаец Костовски во текот на судењето призна дека користел сексуални услуги од детето помало од 14 години, и дека тоа го правел цели три години. Тој извршил и друго полово дејствие врз братот на девојчето.

…Отежнувачките околности доведени во корелација со фактот дека обвинетиот не е претходно осудуван и против него не се водат постапки за други кривични дела, коректното однесување што го покажал пред судот и во таа смисла даденото признание за вина за сторените кривични дела, со што изразил свест за противправноста на своите дејствија, како олеснувачки околности ценети во нивната севкупност во однос на тежината на делата за кои обвинетиот е огласен за виновен, упатуваат на заклучокот дека во конкретниот случај целта на казнувањето може да се оствари и со ефективна казна затвор во пократко времетраење, пишува во пресудата од која делови објави „А1он“.

Според судиите од Апелација, намалувањето на казната на Костовски е според степенот на кривична одговорност.

Оправдано може да се очекува превентивно да влијае (казната) врз обвинетиот, за во иднина да не врши вакви или сличен вид на кривични дела, како и позитивно да влијае на планот на генералната превенција, се додава во пресудата.

Жалба на казната од 15 години има поднесено и Налиље А, мајка на силуваните малолетници, која е осудена за подведување на сопствените деца на проституција.

Видео на А1он

The post Поранешен полицаец, кој со години силувал братче и сестричка, доби намалена казна од скопска Апелација appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд во Скопје му ја намалил казната на поранешниот полицаец Александар Костовски, осуден на 18 години затвор од скопскиот Кривичен суд за трговија со малолетничка и за силување на нејзиниот брат, објави „А1он“. Со новата одлука на Апелација, казната му се намалува за две години – на 16. Од Апелација посочуваат дека ја намалиле казната ценејќи ги олеснувачките околности. Воедно, судиите од Апелација ја отфрлиле жалбата поднесена од обивнителката Наташа Поп-Трајкова, која бараше на осудениот да му се изрече повисока казна од првично пресудената. Поранешниот полицаец Костовски во текот на судењето призна дека користел сексуални услуги од детето помало од 14 години, и дека тоа го правел цели три години. Тој извршил и друго полово дејствие врз братот на девојчето.
…Отежнувачките околности доведени во корелација со фактот дека обвинетиот не е претходно осудуван и против него не се водат постапки за други кривични дела, коректното однесување што го покажал пред судот и во таа смисла даденото признание за вина за сторените кривични дела, со што изразил свест за противправноста на своите дејствија, како олеснувачки околности ценети во нивната севкупност во однос на тежината на делата за кои обвинетиот е огласен за виновен, упатуваат на заклучокот дека во конкретниот случај целта на казнувањето може да се оствари и со ефективна казна затвор во пократко времетраење, пишува во пресудата од која делови објави „А1он“.
Според судиите од Апелација, намалувањето на казната на Костовски е според степенот на кривична одговорност.
Оправдано може да се очекува превентивно да влијае (казната) врз обвинетиот, за во иднина да не врши вакви или сличен вид на кривични дела, како и позитивно да влијае на планот на генералната превенција, се додава во пресудата.
Жалба на казната од 15 години има поднесено и Налиље А, мајка на силуваните малолетници, која е осудена за подведување на сопствените деца на проституција. Видео на А1он

The post Поранешен полицаец, кој со години силувал братче и сестричка, доби намалена казна од скопска Апелација appeared first on Република.

]]>
Се огласи Апелација: Таргет-Тврдина e укинат поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-apelacija-target-tvrdina-e-ukinat-poradi-storeni-sushtestveni-povredi-na-odredbi-na-postapkata-od-zakonot-za-krivichna-postapka/ Mon, 19 Dec 2022 09:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=587512

Советот на Апелациониот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право.

Советот, како што е наведено во денешното соопштение од Апелациониот суд, утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.

-Предметот на Основен кривичен суд Скопје КОК бр. 47/17 и 39/18 е доставен на одлучување во Апелациониот суд Скопје, по поднесените жалби на ОЈО и на обвинетите, на ден 08.10.2021 година, кога согласно Автоматската распределба на предметите истиот е доделен на постапување на судија-известител. На ден 14.10.2021 година, предметот со сите списите е доставен до Вишото јавно обвинителство Скопје, заради разгледвуање и достава на предлог по повод изјавените жалби. На ден 30.11.2021 година списите на предметот се вратени во Апелационен суд Скопје, по што на ден 21.01.2022 година е издадена наредба за закажување на јавна седница за ден 07.03.2022 година, се наведува во соопштението.

The post Се огласи Апелација: Таргет-Тврдина e укинат поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка appeared first on Република.

]]>

Советот на Апелациониот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право. Советот, како што е наведено во денешното соопштение од Апелациониот суд, утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.
-Предметот на Основен кривичен суд Скопје КОК бр. 47/17 и 39/18 е доставен на одлучување во Апелациониот суд Скопје, по поднесените жалби на ОЈО и на обвинетите, на ден 08.10.2021 година, кога согласно Автоматската распределба на предметите истиот е доделен на постапување на судија-известител. На ден 14.10.2021 година, предметот со сите списите е доставен до Вишото јавно обвинителство Скопје, заради разгледвуање и достава на предлог по повод изјавените жалби. На ден 30.11.2021 година списите на предметот се вратени во Апелационен суд Скопје, по што на ден 21.01.2022 година е издадена наредба за закажување на јавна седница за ден 07.03.2022 година, се наведува во соопштението.

The post Се огласи Апелација: Таргет-Тврдина e укинат поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка appeared first on Република.

]]>
Димитров: Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-zarem-godina-i-polovina-im-trebashe-da-potroshat-za-vakva-odluka-da-ponishtat/ Sat, 17 Dec 2022 11:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=586819

Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8%. Одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација, пишува поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на својот фејсбук профил.

Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок.

Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно - да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари.

Оваа кал драги политички партии е резултат на клиентелизмот, поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги.

И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг.

Знаете всушност што нам ни треба?

Антипартија!

За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката - Res Publica.

За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски кланови.

The post Димитров: Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8%. Одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација, пишува поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на својот фејсбук профил.

Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок. Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно - да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари. Оваа кал драги политички партии е резултат на клиентелизмот, поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги. И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг. Знаете всушност што нам ни треба? Антипартија! За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката - Res Publica. За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски кланови.

The post Димитров: Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? appeared first on Република.

]]>
Jaвна седница на Апелација за предметот „Таргет-Тврдина“ https://republika.mk/vesti/makedonija/javna-sednica-na-apelacija-za-predmetot-target-tvrdina/ Mon, 07 Mar 2022 09:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=468825

По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Македонија, во период од 2008 до 2015 година.

За овој случај, Основниот Кривичен суд – Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Додека, обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби четири години казна затвор за кÑ �ивично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судија известител на денешното рочиште во апелација е судијата Енвер Беџети, а како застапник на Вишото Jaвно обвинителство Скопје е обвинителот Елвин Вели.

The post Jaвна седница на Апелација за предметот „Таргет-Тврдина“ appeared first on Република.

]]>

По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Македонија, во период од 2008 до 2015 година. За овој случај, Основниот Кривичен суд – Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни. Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Додека, обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби четири години казна затвор за кÑ �ивично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Судија известител на денешното рочиште во апелација е судијата Енвер Беџети, а како застапник на Вишото Jaвно обвинителство Скопје е обвинителот Елвин Вели.

The post Jaвна седница на Апелација за предметот „Таргет-Тврдина“ appeared first on Република.

]]>
Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски https://republika.mk/vesti/makedonija/apelaciskiot-sud-gi-ukina-pritvorite-za-dragi-rashkovski-i-trajko-veljanoski/ Thu, 03 Feb 2022 08:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=453331

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељаноски, објави МКД.мк.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

The post Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељаноски, објави МКД.мк. Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

The post Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски appeared first on Република.

]]>