апарат Archives - Република https://republika.mk/tema/aparat/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 10:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апарат Archives - Република https://republika.mk/tema/aparat/ 32 32 Донирана е машината за дишење за Стефан https://republika.mk/zivot/zdravje/donirana-e-mashinata-za-dishene-za-stefan/ Tue, 06 Aug 2024 10:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=803843

Почитувани, ве известуваме дека се јави донатор кој сака да остане анонимен со што кампањата за Стефан се затвора за помалку од 3 часа, информираше на својот фејсбук профил доктор Ненад Лазаров.

Стефан во моментот користи апарат кој му е на располагање се додека е потребно .

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-pomogneme-stefan-se-bori-za-zdiv-da-donirame-za-nov-aparat/

The post Донирана е машината за дишење за Стефан appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство набави нов апарат на Клиниката за торакална хирургија за изведување на минимално инвазивни процедури https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-nabavi-nov-aparat-na-klinikata-za-torakalna-hirurgija-za-izveduvane-na-minimalno-invazivni-protseduri/ Wed, 18 Oct 2023 15:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=692562

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети Универзитетска Kлиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Министерството за здравство за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб Торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex, да се користи на оваа клиника.

Овој апарат е наменет за изведување минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белодробие, како стандардни, така и специфични.

Системот овозможува многу подобра визуелизација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција.

Со технологијата која ја има апаратот се овозможува одлична визуелизација на проток на крвта пред, за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури. Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, детекција на лимфни чворови. Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операциона сала преку интернет или компјутерска мрежа.

Хируршкиот столб е купен од Министерството за здравство, за потребите на Клиника за торакална хирургија и е инвестиција од 11,1 милион денари, соопштија од Министерството за здравство .

The post Министерството за здравство набави нов апарат на Клиниката за торакална хирургија за изведување на минимално инвазивни процедури appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети Универзитетска Kлиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Министерството за здравство за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб Торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex, да се користи на оваа клиника. Овој апарат е наменет за изведување минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белодробие, како стандардни, така и специфични. Системот овозможува многу подобра визуелизација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција. Со технологијата која ја има апаратот се овозможува одлична визуелизација на проток на крвта пред, за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури. Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, детекција на лимфни чворови. Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операциона сала преку интернет или компјутерска мрежа.
Хируршкиот столб е купен од Министерството за здравство, за потребите на Клиника за торакална хирургија и е инвестиција од 11,1 милион денари, соопштија од Министерството за здравство .
 
The post Министерството за здравство набави нов апарат на Клиниката за торакална хирургија за изведување на минимално инвазивни процедури appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-nevrologija-mozochnite-udari-ke-se-snimaat-za-nekolku-sekundi/ Wed, 08 Feb 2023 20:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=606670

Современ томограф денеска доби Клиниката за неврологија со кој ќе биде можно снимање на пациентите со мозочни удари за само неколку секунди. Апаратот е обезбеден како резултат на соработката на Министерството за здравство со Светската банка.

Овој апарат навистина многу ќе значи за брзата дијагностика на нашите пациенти, пред сè, со мозочни удари, но и за другите заболувања. Апаратот е најсовремена технологија, која овозможува брзо снимање на пациентите. Времето е максимално скратено на само неколку секунди за едно снимање, со што пациентите примаат помала доза зрачење, што е многу важно. Апаратот има можност за перфузиона томографија и за правење ангиографски слики, односно снимање на крвните садови на мозокот и на ‘рбетниот столб, со што ќе се подобри дијагностиката на церебрално-васкуларните заболувања, меѓутоа и на другите болести, кои се дијагностицираат и лекуваат на Клиниката за неврологија, рече директорот Иван Барбов.

Министерот Беким Сали објасни дека компјутерскиот томограф за Клиниката за неврологија е дел од новата опрема набавена за вкупно 14 јавни здравствени установи. Тој денес пушти во употреба нова опрема и во Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, која доби компјутерски томограф, два мобилни рендген-апарата и еден дигитален рендген-апарат

The post На Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди appeared first on Република.

Доктори од Прилеп се степале за Стрес-тест апарат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/doktori-od-prilep-se-stepale-za-stres-test-aparat/ Sat, 04 Jun 2022 16:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=511122

На 02.06.2022 во ОВР Прилеп, Г. Ј (48) од Прилеп, пријавил дека на 02.06.2022 околу 11.30 часот во амбулантата за спортска медицина лоцирана во Центарот за јавно здравје Прилеп, пријавителот- доктор бил физички нападнат од страна на В. Д. и И.С., вработени во ЈЗУ Општа болница Прилеп.

На 03.06.2022 во ОВР Прилеп, К. С(47), директор во ЈЗУ Општа болница Прилеп пријавила дека на 02.06.2022 околу 11.00ч. додека пријавителката била во Одделот за спортска медицина, заедно со комисијата на Болницата, со цел физичко дислоцирање на Стрес-тест апарат, истата била физички нападната од докторот Г. Ј. бидејќи се противел на интерната одлука за дислокација на апаратот и ги спречувал службените лица во вршење службено дејствија.

The post Доктори од Прилеп се степале за Стрес-тест апарат appeared first on Република.