Антологја на иднината Archives - Република https://republika.mk/tema/antologja-na-idninata/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 08:24:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антологја на иднината Archives - Република https://republika.mk/tema/antologja-na-idninata/ 32 32 Промоција на „Антологија на иднината“ во Градската библиотека во Скопје https://republika.mk/vesti/promotsija-na-antologija-na-idninata-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Tue, 25 Jun 2024 08:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=790522

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката) ќе го промовира своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година.

„Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје.

Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката Снежана Стојчевска.

-Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината, вели Стојчевска.

За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница.

-Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата, пишува Русјаков.

На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска - координатор на проектот.

Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.

 

The post Промоција на „Антологија на иднината“ во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката) ќе го промовира своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. „Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје. Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката Снежана Стојчевска. -Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината, вели Стојчевска. За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница. -Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата, пишува Русјаков. На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска - координатор на проектот. Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.  

The post Промоција на „Антологија на иднината“ во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>