Антлогија на иднината Archives - Република https://republika.mk/tema/antlogija-na-idninata/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 15:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антлогија на иднината Archives - Република https://republika.mk/tema/antlogija-na-idninata/ 32 32 Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“ составена од творби од работилницата за креативно пишување https://republika.mk/vesti/kultura/gradskata-biblioteka-vo-skopje-ke-ja-promovira-antologija-na-idninata-sostavena-od-tvorbi-od-rabotilnitsata-za-kreativno-pishuvane/ Mon, 24 Jun 2024 15:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=790380

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја најавува промоцијата на своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. Промоцијата е закажана за вторник, 25 јуни во 19 часот во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката).

„Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од ГБСК. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје.

Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на ГБСК е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката, Снежана Стојчевска.

Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината.

За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница:

Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата – пишува тој.

На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска - координатор на проектот.

Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.

The post Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“ составена од творби од работилницата за креативно пишување appeared first on Република.

]]>

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја најавува промоцијата на своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. Промоцијата е закажана за вторник, 25 јуни во 19 часот во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката). „Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од ГБСК. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје. Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на ГБСК е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката, Снежана Стојчевска.
Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината.
За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница:
Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата – пишува тој.
На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска - координатор на проектот. Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.

The post Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“ составена од творби од работилницата за креативно пишување appeared first on Република.

]]>