антиваксер Archives - Република https://republika.mk/tema/antivakser/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 10:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антиваксер Archives - Република https://republika.mk/tema/antivakser/ 32 32 Антиваксер малтретирал жена во авион: И понудив 100.000 долари да ја извади маската https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/antivakser-maltretiral-zhena-vo-avion-i-ponudiv-100-000-dolari-da-ja-izvadi-maskata/ Thu, 16 Mar 2023 10:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=620252

Стив Кирш, американски милионер кој е заслужен за создавањето на оптичките глувчиња, се фали дека и понудил на жена во авион 100.000 долари да ја извади маската.

„Во моментов сум во авион. И понудив на жената која седи покрај мене да ја извади маската. Почнав со 100 долари, завршив со 100.000 долари. Ме одби. Тоа го направив откако и објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, напишал на Твитер Стив Кирш, кој е еден од двајцата луѓе заслужни за создавањето на оптичкото глувче.

Кирш е сопственик на неколку компании, а како што пишува „New York Post“, неколку пати ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата.

На Твитер се опишал како „оној што ја кажува вистината“.

Подоцна опишал дека и објаснувал на жената дека маските не делуваат.

И кажав дека ќе ја извади маската кога ќе дојде појадокот. Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Кога дојде појадокот, ја извади маската. Бидејќи сите знаат дека не можете да се заразите кога јадете, саркастично додал тој.

Неговиот твит се проширил на социјалните мрежи. Многумина го критикувале бидејќи ја малтретирал патничката.

Се обложувам дека жената посакала да има друго место во авионот, гласи еден од коментарите.

„Да малтретираш жена која со ништо не те предизвикала во затворен простор од кој не може да излезе. Прекрасно“, гласи друг коментар.

Некои го нарекле арогантна будала и чудак, а други рекле дека ќе би ги земале парите.

Како не седев јас покрај него. Сега ќе бев побогат за 100.000 долари и ќе им купев на ќерките дом од соништата.

„Би ја извадил маската и би земал 100.000 дури и кога тоа би значело дека ќе се заразам“, напишал друг.

Минатата година сите американски компании го исфрлија правилото дека на летовите мора да се носи маска, иако некои патници и натаму ги носат.

The post Антиваксер малтретирал жена во авион: И понудив 100.000 долари да ја извади маската appeared first on Република.

]]>

Стив Кирш, американски милионер кој е заслужен за создавањето на оптичките глувчиња, се фали дека и понудил на жена во авион 100.000 долари да ја извади маската. „Во моментов сум во авион. И понудив на жената која седи покрај мене да ја извади маската. Почнав со 100 долари, завршив со 100.000 долари. Ме одби. Тоа го направив откако и објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, напишал на Твитер Стив Кирш, кој е еден од двајцата луѓе заслужни за создавањето на оптичкото глувче. Кирш е сопственик на неколку компании, а како што пишува „New York Post“, неколку пати ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата. На Твитер се опишал како „оној што ја кажува вистината“. Подоцна опишал дека и објаснувал на жената дека маските не делуваат.
И кажав дека ќе ја извади маската кога ќе дојде појадокот. Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Кога дојде појадокот, ја извади маската. Бидејќи сите знаат дека не можете да се заразите кога јадете, саркастично додал тој.
Неговиот твит се проширил на социјалните мрежи. Многумина го критикувале бидејќи ја малтретирал патничката.
Се обложувам дека жената посакала да има друго место во авионот, гласи еден од коментарите.
„Да малтретираш жена која со ништо не те предизвикала во затворен простор од кој не може да излезе. Прекрасно“, гласи друг коментар. Некои го нарекле арогантна будала и чудак, а други рекле дека ќе би ги земале парите.
Како не седев јас покрај него. Сега ќе бев побогат за 100.000 долари и ќе им купев на ќерките дом од соништата.
„Би ја извадил маската и би земал 100.000 дури и кога тоа би значело дека ќе се заразам“, напишал друг. Минатата година сите американски компании го исфрлија правилото дека на летовите мора да се носи маска, иако некои патници и натаму ги носат.

The post Антиваксер малтретирал жена во авион: И понудив 100.000 долари да ја извади маската appeared first on Република.

]]>
Израелскиот лекар кој рече „секој што дава вакцина е како Јозеф Менгеле“ повеќе не е лекар https://republika.mk/vesti/svet/izraelskiot-lekar-koj-reche-sekoj-shto-dava-vakcina-e-kako-jozef-mengele-povekje-ne-e-lekar/ Sun, 28 Aug 2022 12:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=544936

На израелскиот лекар денеска трајно му беше одземена лиценцата за работа откако Окружниот суд во Ерусалим ја одби неговата жалба.

Ари Авни ја обжали одлуката на Министерството за здравство да му ја одземе лиценцата во 2021 година, тврдејќи дека слободата на говор му дозволила да ги шири своите ставови.

Тој пред судот изјави дека неговата намера е да и помогне на јавноста и да ја спаси од лекови и вакцини кои ќе им наштетат, ќе предизвикаат рак, аутизам и други болести, пренесоа израелските медиуми.

„Мораме да правиме разлика помеѓу мислење и поттикнување. Авни водеше валкана кампања против здравствените власти за да ја одврати јавноста да постапува по нивните инструкции. Лекар кој го избира патот на делегитимизација,   се исклучува себеси и се однесува непристојно за лиценциран лекар “, наведе судијата Нимрод Лен.

Дисквалификуваниот лекар води веб-страница популарна меѓу израелската анти-ваксер заедница и има објавено неколку написи за теории на заговор за „Ковид-19“ и постојано клеветеше здравствени службеници. Објавуваше и написи на социјалните мрежи, ширејќи ги своите теории.

Тој претходно изјави дека за него „секој што дава вакцина е како Јозеф Менгеле“. зш/

The post Израелскиот лекар кој рече „секој што дава вакцина е како Јозеф Менгеле“ повеќе не е лекар appeared first on Република.

]]>

На израелскиот лекар денеска трајно му беше одземена лиценцата за работа откако Окружниот суд во Ерусалим ја одби неговата жалба. Ари Авни ја обжали одлуката на Министерството за здравство да му ја одземе лиценцата во 2021 година, тврдејќи дека слободата на говор му дозволила да ги шири своите ставови. Тој пред судот изјави дека неговата намера е да и помогне на јавноста и да ја спаси од лекови и вакцини кои ќе им наштетат, ќе предизвикаат рак, аутизам и други болести, пренесоа израелските медиуми. „Мораме да правиме разлика помеѓу мислење и поттикнување. Авни водеше валкана кампања против здравствените власти за да ја одврати јавноста да постапува по нивните инструкции. Лекар кој го избира патот на делегитимизација,   се исклучува себеси и се однесува непристојно за лиценциран лекар “, наведе судијата Нимрод Лен. Дисквалификуваниот лекар води веб-страница популарна меѓу израелската анти-ваксер заедница и има објавено неколку написи за теории на заговор за „Ковид-19“ и постојано клеветеше здравствени службеници. Објавуваше и написи на социјалните мрежи, ширејќи ги своите теории. Тој претходно изјави дека за него „секој што дава вакцина е како Јозеф Менгеле“. зш/

The post Израелскиот лекар кој рече „секој што дава вакцина е како Јозеф Менгеле“ повеќе не е лекар appeared first on Република.

]]>
Голем антиваксерски протест во Франција https://republika.mk/vesti/svet/golem-antivakserski-protest-vo-francija/ Sat, 08 Jan 2022 18:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=442025

Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид.

Макрон оваа недела рече дека сака да ги „иритира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени да ја примат вакцината.

– Невакцинираните се неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани – додаде францускиот претседател, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

Во Париз денеска демонстрантите возвратија со усвојување на неговиот сленг израз и рекоа дека ќе го „изнервираат“ претседателот.

Телевизиските снимки покажуваат судир меѓу демонстрантите и полицијата на митинг во Париз, а демонстрантите се собраа и на улиците на другите француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Нант и Ле Ман, јавува Ројтерс.

Франција во петокот, по втор пат во една недела, забележа повеќе од 300.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека хоспитализирањата, како и бројот на пациенти со Ковид 19 на интензивна нега, постојано растат, што го става здравствениот систем во голема притисок.

The post Голем антиваксерски протест во Франција appeared first on Република.

]]>

Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид. Макрон оваа недела рече дека сака да ги „иритира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени да ја примат вакцината.
– Невакцинираните се неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани – додаде францускиот претседател, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг. Во Париз денеска демонстрантите возвратија со усвојување на неговиот сленг израз и рекоа дека ќе го „изнервираат“ претседателот. Телевизиските снимки покажуваат судир меѓу демонстрантите и полицијата на митинг во Париз, а демонстрантите се собраа и на улиците на другите француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Нант и Ле Ман, јавува Ројтерс. Франција во петокот, по втор пат во една недела, забележа повеќе од 300.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека хоспитализирањата, како и бројот на пациенти со Ковид 19 на интензивна нега, постојано растат, што го става здравствениот систем во голема притисок.

The post Голем антиваксерски протест во Франција appeared first on Република.

]]>