антигенски Archives - Република https://republika.mk/tema/antigenski/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jan 2022 08:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антигенски Archives - Република https://republika.mk/tema/antigenski/ 32 32 Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови https://republika.mk/vesti/svet/od-magacin-vo-sidnej-ukradeni-42-000-brzi-antigenski-testovi/ Wed, 19 Jan 2022 08:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=446593

Од магацин во Сиднеј непознато лице украло 42.000 антигенски тестови за коронавирусот, соопштија денеска австралиските власти.

Портпаролот на полицијата изјави дека крадецот вчера попладне влегол во магацинот во предградието Маскота и „ги зел тестовите“, не наведувајќи други детали.

Истрагата за кражбата е во тек.

Властите на Нов Јужен Велс го осудија инцидентот и соопштија дека кражбата се случила во време кога Австралија се соочува со недостиг на брзи тестови.

Овие тестови во Австралија се продаваат за 22 американски долари (околу 20 евра).

Австралиските синдикати на почетокот на минатата недела се заканија со штрајк доколку на ранливите категории работници не им се обезбедат бесплатни брзи тестови, меѓутоа, австралискиот премиер Скот Морисон, не ги исполни нивните барања.

The post Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови appeared first on Република.

]]>

Од магацин во Сиднеј непознато лице украло 42.000 антигенски тестови за коронавирусот, соопштија денеска австралиските власти. Портпаролот на полицијата изјави дека крадецот вчера попладне влегол во магацинот во предградието Маскота и „ги зел тестовите“, не наведувајќи други детали. Истрагата за кражбата е во тек. Властите на Нов Јужен Велс го осудија инцидентот и соопштија дека кражбата се случила во време кога Австралија се соочува со недостиг на брзи тестови. Овие тестови во Австралија се продаваат за 22 американски долари (околу 20 евра). Австралиските синдикати на почетокот на минатата недела се заканија со штрајк доколку на ранливите категории работници не им се обезбедат бесплатни брзи тестови, меѓутоа, австралискиот премиер Скот Морисон, не ги исполни нивните барања.

The post Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови appeared first on Република.

]]>