Антички Archives - Република https://republika.mk/tema/antichki/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Jul 2022 16:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антички Archives - Република https://republika.mk/tema/antichki/ 32 32 Вечерва концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ на Антички во Охрид https://republika.mk/scena/muzika/vecherva-koncert-na-vlatko-stefanovski-i-tanec-na-antichki-vo-ohrid/ Fri, 29 Jul 2022 16:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=534790

На Античкиот театар во Охрид вечерва ќе се одржи целовечерен концерт на Влатко Стефановски и националниот ансамбл „Танец“.

Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата.

Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот.

Во рамките на проектот „Танец и Влатко“ овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.

Пред Охрид, Влатко и „Танец“ одржаа концерт на Хераклеа во Битола, во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“.

The post Вечерва концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ на Антички во Охрид appeared first on Република.

]]>

На Античкиот театар во Охрид вечерва ќе се одржи целовечерен концерт на Влатко Стефановски и националниот ансамбл „Танец“. Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата. Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Во рамките на проектот „Танец и Влатко“ овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери. Пред Охрид, Влатко и „Танец“ одржаа концерт на Хераклеа во Битола, во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“.

The post Вечерва концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ на Антички во Охрид appeared first on Република.

]]>