ансалбл Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/ansalbl-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 10:57:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ансалбл Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/ansalbl-makedonija/ 32 32 Концерт на ансамбл „Македонија“ во Прилеп https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-ansambl-makedonija-vo-prilep/ Mon, 07 Oct 2024 10:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=823763

Во вторник, на 8 октомври, од 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ целовечерн концерт ќе одржи универзитетскиот ансамбл Македонија. Концертот е дел од годишната програма на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар - професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење. Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје. Орскиот репертоар или традиционалното играње се презентира преку обредната и соборската традиција како на пример:

Главно обележје на орскиот и музичкиот репертоар се сценско-уметнички сегменти од традиционалната културата како на Македонците, така и на останатите етноси во Македонија.

Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 година турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот.

The post Концерт на ансамбл „Македонија“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 8 октомври, од 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ целовечерн концерт ќе одржи универзитетскиот ансамбл Македонија. Концертот е дел од годишната програма на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар - професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење. Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје. Орскиот репертоар или традиционалното играње се презентира преку обредната и соборската традиција како на пример: Главно обележје на орскиот и музичкиот репертоар се сценско-уметнички сегменти од традиционалната културата како на Македонците, така и на останатите етноси во Македонија. Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 година турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот.

The post Концерт на ансамбл „Македонија“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>