анкетен лист Archives - Република https://republika.mk/tema/anketen-list/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 10:51:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анкетен лист Archives - Република https://republika.mk/tema/anketen-list/ 32 32 Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vmro-dpmne-ke-podnese-pretstavka-do-dksk-za-razlichnite-imotni-listovi-na-venko-filipche-od-2018-i-2024/ Tue, 10 Sep 2024 10:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=814922

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот.

ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг.

Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.

Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот. ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг. Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година. Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер. Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат. Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>
Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција https://republika.mk/vesti/makedonija/venko-filipche-kako-pratenik-i-minister-prijavil-razlichni-anketni-listovi-za-imot-steknat-i-pred-da-bide-na-drzhavna-funktsija/ Sat, 07 Sep 2024 09:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=814054

Венко Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер. Анкетниот лист на Венко Филипче покажува дека неговиот имот се зголемил за 150.000 евра во период од 2 ипол години, на прес-конференција реагира Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Митева праува што правел Филипче за имотот да му се зголеми за цели 150 илјади евра?

Пресметките од последниот анкетен лист на Венко Филипче, доставен на 28 јуни 2024 до Комисијата за спречување корупција како пратеник, покажуваат дека тој поседува имот вреден 850 илјади евра.

Кога ќе ги погледнеме деталите ќе забележиме дека Венко Филипче всушност крие и манипулира со голем имот.

Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година и проценета на 27,8 милиони денари, како и стан од 130 м2. проценет на 7,8 милони денари стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2  стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје вреден 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари, кој исто така не го пријавил додека бил министер. Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во Анкетниот лист додека бил министер, и стан во Центар вреден 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Можеме да разбереме дека Венко Филипче го продал имотот кој го имал кога бил министер, и тоа не е спорно доколку го нема во новиот Анкетен лист. Но никако не можеме да разбереме како во Анкетниот лист на пратеникот Венко Филипче се нашле 5 стана во Скопје, за кои напишал дека ги поседува пред да стапи на функцијата министер, а не ги пријавил додека истата ја извршувал, изјави Митева.

Таа прашува криел ли Венко Филипче имот? И дали се уште крие?

Ја повикуваме ДКСК во најбрз можен рок да ги мечира базите на податоци од Анкетните листови на Венко Филипче како министер и Венко Филипче како пратеник и сето она што е наведено како негов имот сега, а го поседувал пред да стане министер и не го пријавил да докаже како го стекнал.

Го повикуваме и ЈО сериозно да се занимава со Анкетниот лист на Венко Филипче и како наеднаш во него се појавува стар имот, кој претходно никогаш не го пријавил?, изјави Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=0rQlWJiZ8-M&t=2s

The post Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција appeared first on Република.

]]>

Венко Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер. Анкетниот лист на Венко Филипче покажува дека неговиот имот се зголемил за 150.000 евра во период од 2 ипол години, на прес-конференција реагира Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Митева праува што правел Филипче за имотот да му се зголеми за цели 150 илјади евра?
Пресметките од последниот анкетен лист на Венко Филипче, доставен на 28 јуни 2024 до Комисијата за спречување корупција како пратеник, покажуваат дека тој поседува имот вреден 850 илјади евра.   Кога ќе ги погледнеме деталите ќе забележиме дека Венко Филипче всушност крие и манипулира со голем имот.   Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година и проценета на 27,8 милиони денари, како и стан од 130 м2. проценет на 7,8 милони денари стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2  стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.   Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје вреден 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари, кој исто така не го пријавил додека бил министер. Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во Анкетниот лист додека бил министер, и стан во Центар вреден 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.   Можеме да разбереме дека Венко Филипче го продал имотот кој го имал кога бил министер, и тоа не е спорно доколку го нема во новиот Анкетен лист. Но никако не можеме да разбереме како во Анкетниот лист на пратеникот Венко Филипче се нашле 5 стана во Скопје, за кои напишал дека ги поседува пред да стапи на функцијата министер, а не ги пријавил додека истата ја извршувал, изјави Митева.
Таа прашува криел ли Венко Филипче имот? И дали се уште крие?
Ја повикуваме ДКСК во најбрз можен рок да ги мечира базите на податоци од Анкетните листови на Венко Филипче како министер и Венко Филипче како пратеник и сето она што е наведено како негов имот сега, а го поседувал пред да стане министер и не го пријавил да докаже како го стекнал.   Го повикуваме и ЈО сериозно да се занимава со Анкетниот лист на Венко Филипче и како наеднаш во него се појавува стар имот, кој претходно никогаш не го пријавил?, изјави Митева.
https://www.youtube.com/watch?v=0rQlWJiZ8-M&t=2s

The post Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Владата и раководителите да бидат поажурни во полнење на регистарот за избрани и именувани лица https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-vladata-i-rakovoditelite-da-bidat-poazurni-vo-polnenje-na-registarot-za-izbrani-i-imenuvani-lica/ Thu, 27 Oct 2022 13:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=566426

ДКСК има надлежност да врши регистар на избрани и именувани лица, кои се должни да поднесат анкетен лист. Овој регистар треба да се полни со податоци којшто го доставуваат раководните лица во институциите и органите кои вршат избор и тоа во рок од 15 дена од изборот, рече претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска во одговор на пратеничко прашање на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Тајни имоти“.

Сакам да укажам до Собранието, но и да упатам апел до сите овие раководни лица, кои не се ажурни и не го полнат регистарот за избрани и именувани лица, а пред се Владата ќе ја повикам. Повеќепати е укажано и на премиерот и на генералниот секретар и на вицепремиерката, сите оние кои се именувани од страна на Владата треба да ја известат ДКСК и ние да го полниме регистарот. Тоа не се случува, интероперабилноста не работи, што значи дека „работиме пешки“, вели Ивановска.

Таа кажа дека минатата година, кога имало повеќе разрешувања и именувања, ДКСК направиле акција и тогаш излегле 710 функционери кои не поднеле анкетен лист и оти за сите тие се покренати постапки, околу 400 се завршени, а за останатите постапката се уште трае.

Прибирањето на информациите и податоците е рачно, тоа оди бавно. Сите овие предуслови што влијаат на функционирањето на Комисијата, треба да ги имате предвид. Проверката на имотната состојба, се одвива по годишен план, согласно закон, по поднесени дојави и пријави и по сопствена иницијатива, рече Ивановска.

За оваа година, додаде таа, имаме 54 избрани лица кои се дел од нашиот годишен план, меѓу кои се пратеници, директори и градоначалници.

За сите оние што сметате дека не поднеле анкетен лист, слободно поднесете пријава, ние ќе провериме. Факт е дека постојат уште луѓе кои не се внесени. Очекувам дека конечно мандатот ќе го завршиме со тој софтвер којшто значително треба да ја олесни работата на ДКСК, рече Ивановска.

The post Ивановска: Владата и раководителите да бидат поажурни во полнење на регистарот за избрани и именувани лица appeared first on Република.

Стоилковски: Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zoshto-kaevski-vo-anketniot-list-krie-kukja-vo-volkovo/ Wed, 30 Mar 2022 09:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=480776

Цела недела СДСМ и од нив раководените државни институции коишто треба да се борат со корупцијата и да работат на градење правна држава со кредото „нема повластени пред законот“, молчат за случајот „Дивоградба во Волково“. Обидот за забошотување на случајот веројатно се должи затоа што станува збор за Дарко Каевски, сега пратеник и портпарол на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вели, толку од еднаквоста пред законите. Стоилковски потсети дека 30 годишниот Дарко Каевски, со 3 години директорска плата во Агенцијата за млади и спорт, во 2020-та година несразмерно го зголемува семејниот имот.

Дарко Каевски по цела недела прозивки, не посочува документи, дозвола за градење. На местото на стара легализирана куќарка од неполни 40 м2, во 2020-тата година никнува луксузна хациенда во медитерански стил со базен. Сателитските снимки од алатката Гугл се доказ за градежната активност во 2020-та година, дека се работи за целосно нов објект, а стариот целосно е срушен. Во 2020-та година, Волково е администрирано од СДСМ, со градоначалникот Александар Наумоски. Истата година, Дарко Каевски станува пратеник во Собранието, а во анкетниот лист и претходно како директор на Агенцијата за млади и спорт и анкетниот за пратеник, навел „неизградено градежно земјиште“ во Волково. Ниту пред 2020-та било неизградено, ниту во 2020-та било неизградено. Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково?, прашува Стоилковски.

Потртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во анкетниот лист Каевски навел дека истата година 2020-та, купил стан од 65 м2 во Скопје.

Ова се факти! Дарко Каевски пет години е носител на јавни функции. Во овие пет години Македонија тоне во мерењата на корупција, а институциите и сега молчат и не отвораат предмет. Институциите се должни и тоа е нивна работа да го испитаат случајот, пред се’, дали Каевски има дозвола за градба, со одобрение за копање базен, како и да се испитаат околностите, односно потеклото на парите. Индикативно е што Каевски не побарал дозвола за градба, крие изграден објект и претходно и по градбата, а лично не верувам дека станува збор за избегнување да се платат комуналиите заради нивната висина. Институциите се должни да го проверат случајот, тоа е нивна обврска. Да потсетам, злоупотреба на службена положба и овластување се прави и со постапување, но и со непостапување. Македонија тоне во задолжувања, сиромаштија и кризи, само функционери од власта го множат имотот. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап од предвремени избори, нагласува Стоилковски.

https://youtu.be/ov0PCos47O8

The post Стоилковски: Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково? appeared first on Република.

]]>

Цела недела СДСМ и од нив раководените државни институции коишто треба да се борат со корупцијата и да работат на градење правна држава со кредото „нема повластени пред законот“, молчат за случајот „Дивоградба во Волково“. Обидот за забошотување на случајот веројатно се должи затоа што станува збор за Дарко Каевски, сега пратеник и портпарол на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Вели, толку од еднаквоста пред законите. Стоилковски потсети дека 30 годишниот Дарко Каевски, со 3 години директорска плата во Агенцијата за млади и спорт, во 2020-та година несразмерно го зголемува семејниот имот.