анкета на НДИ Archives - Република https://republika.mk/tema/anketa-na-ndi/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Jun 2023 16:10:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анкета на НДИ Archives - Република https://republika.mk/tema/anketa-na-ndi/ 32 32 Реакции по анкетата на НДИ: Народот е разочаран од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има голема поддршка од народот, затоа Ковачевски бега од избори https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsii-po-anketata-na-ndi-narodot-e-razocharan-od-sdsm-vmro-dpmne-ima-golema-poddrshka-od-narodot-zatoa-kovachevski-bega-od-izbori/ Tue, 06 Jun 2023 16:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=648542

Последната анкета на НДИ покажува дека народот е разочаран од СДС и ДУИ. Катастрофално ниската доверба за СДС е резултат за безнадежноста, криминалот, корупцијата и неправдата која ја донесоа во општеството, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokolku-utre-ima-izbori-vmro-dpmne-ubedlivo-ke-pobedi-pokazha-anketata-na-ndi/

Од друга страна растечката поддршка на народот за ВМРО-ДПМНЕ покажува дека истиот единствена надеж гледа во ВМРО-ДПМНЕ, и истата таа доверба за нас значи голема чест, но и обврска да ги застапуваме и да се бориме за ставовите на граѓаните.Ова е и главната причина зошто Ковачевски бега од избори и соочување со народот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-rast-od-nad-chetiri-protsenti-sdsm-i-dui-so-pad-od-dva-otsto/

 

The post Реакции по анкетата на НДИ: Народот е разочаран од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има голема поддршка од народот, затоа Ковачевски бега од избори appeared first on Република.

]]>

Последната анкета на НДИ покажува дека народот е разочаран од СДС и ДУИ. Катастрофално ниската доверба за СДС е резултат за безнадежноста, криминалот, корупцијата и неправдата која ја донесоа во општеството, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/dokolku-utre-ima-izbori-vmro-dpmne-ubedlivo-ke-pobedi-pokazha-anketata-na-ndi/
Од друга страна растечката поддршка на народот за ВМРО-ДПМНЕ покажува дека истиот единствена надеж гледа во ВМРО-ДПМНЕ, и истата таа доверба за нас значи голема чест, но и обврска да ги застапуваме и да се бориме за ставовите на граѓаните.Ова е и главната причина зошто Ковачевски бега од избори и соочување со народот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-rast-od-nad-chetiri-protsenti-sdsm-i-dui-so-pad-od-dva-otsto/  

The post Реакции по анкетата на НДИ: Народот е разочаран од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има голема поддршка од народот, затоа Ковачевски бега од избори appeared first on Република.

]]>
Доколку утре има избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, покажа анкетата на НДИ https://republika.mk/vesti/makedonija/dokolku-utre-ima-izbori-vmro-dpmne-ubedlivo-ke-pobedi-pokazha-anketata-na-ndi/ Tue, 06 Jun 2023 12:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=648477

Животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата, како и зголемувањето на цените и инфлацијата, се првите три најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните во земјава, според денеска објавените резултати од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт „Перцепција на граѓаните за општата состојба, економските политики и заштитата на потрошувачите“.

На прашањето кој е првиот најважен проблем со кој се соочува Македонија, 27,2 проценти рекле дека тоа е животниот стандард, ниските плати и пензиите, за 22,9 проценти тоа се криминалот и корупцијата, а за 13,3 проценти зголемување на цените и инфлацијата.

Следни на листата најголеми проблеми за државата се невработеноста (8,4 проценти), интеграција во ЕУ, отвореното прашање со Бугарија (6,7 проценти), владеење на правото и демократијата (5,9 проценти), иселувањето (5,4 проценти), судството (4,6 проценти), здравството (два процента)...

Човековите права и слободи, енергетската криза, образованието, безбедноста и стабилноста, меѓуетничките односи, и загадувањето, пак, се причина за загриженост на помалку од еден процент од испитаниците.

Според 58,2 процента од испитаниците што биле прашани кои се најважните проблеми, одговорот е животниот стандард, ниските плати и пензии, по што следуваат криминалот  и корупцијата (48,8 проценти),  зголемувањето на цените и инфлацијата (48 проценти), иселувањето (25,3 проценти), невработеноста (23,5 проценти)...

На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, колку е веројатно дека ќе излезете да гласате?“ одговор дека би гласале дале 71 процент од испитаниците, дека не би гласале 23 отсто. Со одговор „дефинитивно ќе гласам“ се 32,6 проценти, најверојатно ќе гласам 38,5 проценти, веројатно нема да гласам 10,4 проценти, „дефинитивно нема да гласам“ 12,9 проценти, „не знае“ пет проценти, а одбиле да одговорат 0,7 проценти.

Според истражувањето, доколку утре се одржат парламентарни избори, 21,5 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 проценти за СДСМ, 6,2 проценти за ДУИ, 3,6 проценти за БЕСА, 3,4 проценти за Алијанса за Албанците, 2,9 проценти за Левица, 1,7 проценти за Движењето на Максим Димитриевски, за други 1,1 процент, за 2,2 проценти опција во таков случај е неважечко ливче, 16,7 проценти рекле дека нема да гласаат, 8,5 проценти одбиле да одговорат, а 18,3 проценти дале одговор „не знам, сѐ уште немам одлучено“.

Истражувањето на Националниот демократски институт е спроведено од 13 до 24 април годинава на примерок од 1003 испитаници на возраст од над 18 години, со метод лице-в-лице и маргина на грешка +/-3,09 процентни поени.

Истражувањето на јавното мислење е реализирано од ТИМ Институт и финансирано од Националната фондација за демократија. Наодите од истражувањето не ги одразуваат ставовите на НДИ и Националната фондација за демократија.

The post Доколку утре има избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, покажа анкетата на НДИ appeared first on Република.

]]>

Животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата, како и зголемувањето на цените и инфлацијата, се првите три најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните во земјава, според денеска објавените резултати од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт „Перцепција на граѓаните за општата состојба, економските политики и заштитата на потрошувачите“. На прашањето кој е првиот најважен проблем со кој се соочува Македонија, 27,2 проценти рекле дека тоа е животниот стандард, ниските плати и пензиите, за 22,9 проценти тоа се криминалот и корупцијата, а за 13,3 проценти зголемување на цените и инфлацијата. Следни на листата најголеми проблеми за државата се невработеноста (8,4 проценти), интеграција во ЕУ, отвореното прашање со Бугарија (6,7 проценти), владеење на правото и демократијата (5,9 проценти), иселувањето (5,4 проценти), судството (4,6 проценти), здравството (два процента)... Човековите права и слободи, енергетската криза, образованието, безбедноста и стабилноста, меѓуетничките односи, и загадувањето, пак, се причина за загриженост на помалку од еден процент од испитаниците. Според 58,2 процента од испитаниците што биле прашани кои се најважните проблеми, одговорот е животниот стандард, ниските плати и пензии, по што следуваат криминалот  и корупцијата (48,8 проценти),  зголемувањето на цените и инфлацијата (48 проценти), иселувањето (25,3 проценти), невработеноста (23,5 проценти)... На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, колку е веројатно дека ќе излезете да гласате?“ одговор дека би гласале дале 71 процент од испитаниците, дека не би гласале 23 отсто. Со одговор „дефинитивно ќе гласам“ се 32,6 проценти, најверојатно ќе гласам 38,5 проценти, веројатно нема да гласам 10,4 проценти, „дефинитивно нема да гласам“ 12,9 проценти, „не знае“ пет проценти, а одбиле да одговорат 0,7 проценти. Според истражувањето, доколку утре се одржат парламентарни избори, 21,5 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 проценти за СДСМ, 6,2 проценти за ДУИ, 3,6 проценти за БЕСА, 3,4 проценти за Алијанса за Албанците, 2,9 проценти за Левица, 1,7 проценти за Движењето на Максим Димитриевски, за други 1,1 процент, за 2,2 проценти опција во таков случај е неважечко ливче, 16,7 проценти рекле дека нема да гласаат, 8,5 проценти одбиле да одговорат, а 18,3 проценти дале одговор „не знам, сѐ уште немам одлучено“. Истражувањето на Националниот демократски институт е спроведено од 13 до 24 април годинава на примерок од 1003 испитаници на возраст од над 18 години, со метод лице-в-лице и маргина на грешка +/-3,09 процентни поени. Истражувањето на јавното мислење е реализирано од ТИМ Институт и финансирано од Националната фондација за демократија. Наодите од истражувањето не ги одразуваат ставовите на НДИ и Националната фондација за демократија.

The post Доколку утре има избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, покажа анкетата на НДИ appeared first on Република.

]]>