анке конрад Archives - Република https://republika.mk/tema/anke-konrad/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 07:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анке конрад Archives - Република https://republika.mk/tema/anke-konrad/ 32 32 Западот повторува Охридскиот договор е обврзувачки за сите, Косово си тера по свое https://republika.mk/vesti/balkan/zapadot-povtoruva-ohridskiot-dogovor-e-obvrzuvachki-za-site-kosovo-si-tera-po-svoe/ Thu, 15 Jun 2023 07:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=651545

Германската амбасадорка Анке Конрад изјави дека е неопходно да се рестартира дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека договорот потпишан во Охрид е „обврзувачки за сите“.

„Тоа пишува и во самиот документ. Договорот ќе стане составен дел од процесот на пристапување на Србија во Европската унија и на тој начин документот е обврзувачки. Истото важи и за Косово. Договорите од Охрид и Брисел се добри за двете страни. Тоа не е унилатерален потег во кој тој дава се само на едната страна“, изјави Конрад во интервју за неделникот НИН.

Конрад рече дека целта на договорот е јасно наведена и може да се прочита, бидејќи не е таен документ.

„Нормализацијата на односите бара различни чекори, но, меѓу другото, она што беше договорено во Охрид - немешање на Косово во однос на членството во меѓународните организации. Тоа е само еден аспект во низа точки“.

Германската амбасадорка повтори дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е цел на нејзината земја и дека Германија ќе придонесе за тој процес заедно со партнерите за конечно да се постигнат резултати.

„Резултатите имплицираат дека српската страна постојано барала - целосно да се имплементираат договорите од Бриселскиот договор склучен во 2013 година и другите договори“, рече Конрад.

Таа додаде дека локалните избори одржани на северот на Косово „не се основа за долгорочно решение“ и дека е неопходно да се организираат нови избори, со надеж дека косовските Срби ќе се вратат во институциите.

The post Западот повторува Охридскиот договор е обврзувачки за сите, Косово си тера по свое appeared first on Република.

]]>