Ангелина Димоска - Миташева Archives - Република https://republika.mk/tema/angelina-dimoska-mitasheva/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 13:20:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангелина Димоска - Миташева Archives - Република https://republika.mk/tema/angelina-dimoska-mitasheva/ 32 32 Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции, а Филхармонија е на врвот на таа листа https://republika.mk/vesti/kultura/drzhavata-mora-da-se-grizhi-za-svoite-najznachajni-institutsii-a-filharmonija-e-na-vrvot-na-taa-lista/ Mon, 29 Apr 2024 09:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=772124

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија. Дипломирала на отсекот по музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Сотир Голабовски, а како новинар и музички критичар работела во весниците „Вечер“ и „Време“ како новинарка и музичка рецензентка и во Третата програма на Македонското радио. Од 2006 година работи во ребрендираното издание на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“ како новинарка и музичка рецензентка. На страниците за култура на редакциите на „Вечер“, „Време“ и на „Нова Македонија“ постојано објавува рецензии за концерти од областа на класичната музика, голем број интервјуа со домашни и странски уметници, како и проблемски, есеистички и текстови со социјален контекст врзани за актуелните случувања на домашната и на светската музичка сцена. Објавувала текстови и рецензии во специјализираното музичко списание „Музика“, во „Културен живот“ и во списанието „Театарски гласник“, во кое објавува осврти на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Коавторка е и на електронската книга „Мали портрети на седум големи композитори“ во издание на ЦЕМ, објавена во 2015 година, посветена на автори што ѝ припаѓаат на средната генерација македонски композитори. На третиот конкурс за музиколошки трудови, СОКОМ го откупи нејзиниот труд „Јана Андреевска – првата македонска композиторка“, во коавторство со музикологот Тина Иванова.
Со Димоска, која досега беше ангажирана да работи како советничка за односи со јавноста и маркетинг во Македонската филхармонија, разговаравме за значајниот јубилеј што го слави Филхармонија-80 години постоење, односот на државата кон културата, меѓународни гостувања, концерти за деца, досегашните искуства од позицијата на која неодамна беше назначена...

Неодамна бевте назначена за в.д. директорка на Филхармонија. Станува збор за респектабилна и многу значајна културна институција. Какви предизвици Ви донесе оваа функција, која секако претставува и гордост и обврска?

Во изминатиов период, краток, но исклучително интензивен се соочив со многу предизвици, проблеми и нерешени ситуации кои биле ставени под „тепих“ во изминативе години. Бев назначена за в.д. директорка кога започна предизборниот процес, а со тоа беа закочени и голем дел од активностите на нашата институција. Не можев да потпишувам нови договори, да реализирам низа веќе отпочнати работи. За среќа, имам целосна поддршка од вработените во институцијата, од нашите надворешни соработници кои и во овој „замрзнат“ период работеа со полна пареа за да може да се одвива и непречено да тече работниот процес во нашата институција. Искрено, дoколку ја немав поддршката од вработените, никогаш немаше да ja прифатам оваа функција, зошто во нашата држава овие позиции се строго политички.

Филхармонија е најстара институција во земјата, во ноември ќе одбележи значаен јубилеј – осумдесет години од формирањето. Со каква програма ќе ја одбележите роденденската сезона?

Кога бев назначена за в.д директорка на институцијата, пред неполни три месеци, програмата за 2025 година беше целосно празна. Не беше договорен ниту еден концерт, ниту еден солист и диригент. Филхармониските оркестри во светот во моментов работат на планирање на своите сезони за 2026, 2027 година. Заедно со уметничкиот совет и со нашиот нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски за овие неполни три месеци успеавме да направиме репрезентативна програма исполнета со настапи на врвни солисти и диригенти, изведби на нови композиции, но и на капитални музички дела кои оддамна не прозвучеле на нашата сцена. Уметничкиот совет е новина во нашата институција, составен е од концерт мајстори, водачи на групи, инструменталисти во оркестарот, продуценти и секако маестро Шаровски, кој несебично, без никаков финансиски надомест ни помогна во дефинирањето на програмскиот концепт и контактите со одредени солисти и диригенти. Секој член на уметничкиот совет има своја заслуга за програмата која ќе биде составен дел од нашата јубилена сезона. Сите посветено работеа на нејзиното креирање, со голем ентузијазам, жар и енергија. Таа ќе биде спој на деликатно избрана програма од т.н. железен симфонски репетоар, премиерни изведби на дела од домашни композитори и ремек-дела на класичната музика презентирани од врвни домашни и странски солисти и диригенти.

Иако имавме рекордно краток временски период да ја сработиме, програмата за сезоната 2024/2025 година интегрално ќе ја објавиме уште во јуни, како сите останати симфониски оркестри во светот. Практика која последниве неколку години беше подзаборавена во нашата институција.

Државата треба да покаже поголем интерес за културата, а во таа насока и за нејзините најзначајни институции, каква што несомнено е Македонската филхармонија. Имате ли доволно финансиски средства за да ја реализирате јубилејната сезона 2024/2025?

Креирањето на програмата е мошне комплесен процес, на нашите концерти, секој четврток доаѓаат странски солисти и диригенти. Голем дел од нив имаат згуснати концертни агенди и се букирани неколку години однапред. Програмата мора да се планира најмалку две години однапред, а тоа е тешко изводливо зошто нејзиното планирање е директно условено од буџетот кој ни го дава секоја година Министерството за култура, а тој од година в година е се помал. Најдобрите солисти и диригенти чинат пари, а со средствата кои ги добиваме едвај покриваме половина од нашата концертна сезона. Буџетот кој го добивме за 2024 година ќе го потрошиме со последниот концерт на отворено во Градскиот парк, а ни останува за реализација најзначајниот дел од годината – почетокот на новата роденденска сезона во октомври. Основоположникот на нашата институција, композиторот Тодор Скаловски, во една прилика, кога бил директор на Македонската филхармонија му го оставил клучот од институцијата на маса на тогашниот претседател Лазар Колишевски бидејќи не сакал да обезбеди средства за ангажирање нови членови во оркестарот. „Нема оркестар, нема музика, нема држава“, му рекол Скаловски на претседателот Колишевски. Со истите проблеми се соочуваме осумдесет години. Институцијата има потреба од нови вработувања, нови инструменти, има потреба од сериозен третман и однос од страна на државата. Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции од културата, а Македонската филхармонија е на врвот на таа листа.

Од оваа година Филхармонија има и нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел. Колку е важна оваа уметничка позиција за еден симфониски оркестар?

Улогата на шеф диригентот е многу важна за развојот на секој симфониски оркестар. Сите оркестри во светот имаат шеф диригенти кои се менуваат на две, на четири години... Тие интензивно работат со музичарите на подобрување на нивните изведувачки капацитети, сугерираат програма која одговора на сензибилитетот на оркестарот. Маестро Шаровски легитимно беше избран со најголем број гласови на тајно гласање од страна на музичарите, минатата година, кога беше потпишан и договорот. За првпат во историјата на институцијата, музичарите сами избраа шеф диригент, што е голем исчекор, бидејќи нивното искуство од работата со диригентите е клучно за оваа уметничка позиција. Шаровски одлично го познава оркестарот, тој е наш долгогодишен соработник и пријател и има одлични релации во музичарите. Со него ќе ја затвориме концертната сезона на 23 мај со изведба на две генијални дела од Бетовен – увертирата „Егмонт“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во це-мол и маестралното дело на Римски-Корсаков, егзотичната симфониска суита „Шехерзада“. Во роденденската сезона 2024/2025 публиката ќе има можност да проследи повеќе концерти со овој врвен диригент, кој има импресивна биографија и долга листа на настапи со најдобрите светски оркестри.

Меѓународните гостувања се многу важни за уметниците. Тие претставуваат нивна промоција, но и проширување на нивните изведувачки перформанси и светогледи. Дали Македонската филхармонија наскоро ќе гостува на некоја сцена во странство?

И ова прашање е директно врзано со државата, односно со нашето ресорно Министерство, бидејќи за да гостува нашиот оркестар во странство потребни се финаниски средства. Како државна институција, нашата агенда комплетно е условена и зависна од одлуките кои ги носи Министерството за култура. Гостувањата се исклучително важни за музичарите, но и за државата, бидејќи не постои подобра промоција од уметничката. Уметниците се нејзини најголеми амбасадори и промотори во светот. Нашиот шеф диригент, маестро Шаровски иницира неколку потенцијални гостувања, ќе видиме што ќе може да се реализира во иднина. Преговараме за концерти во Турција, а добивме покана и од нашиот амбасадор во Израел, г-дин Шпенд Садики да настапиме во Тел Авив на 8 септември 2025 година на концерт кој ќе биде составен дел од активностите кои се планираат по повод 30 -годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Израел. Планови има, желба за нивна реализација постои. Но, за жал, тие не зависат само од нас.

Уште колку концерти останаа до крајот на оваа концертна сезона?

Во официјалниот дел од сезоната останаа уште два концерти – настапот на виолинистот Роман Симовиќ со диригентот Даниел Рајскин на 16 мај и затворањето на сезоната на 23 мај со маестро Јерухам Шаровски и врвниот турски пијанист Фазил Сај. На 11 мај имаме премиера на концертот за деца „Симфонија од дивината“ работен по текст и музика на познатиот бестселер писател Ден Браун, а во јуни се двата концерти со учениците од Државните музички училишта и со студентите од ФМУ. На 20 јуни е традиционалниот концерт на отворено во Градскиот парк на кој ќе биде изведена класична музика употребена како илустрација во кинематографските остварувања на генијалниот Стенли Кјубрик. Не очекува возбудлива завршница, која претставува совршена антиципација на почетокот на новата јубилејна сезона во октомври.

По образование сте музиколог, сте работеле и како новинарка и музички критичар. Долго време ја следите културната сцена во земјата, посебно работата на Македонската филхармонија. Можете ли од дистанца, да ја споделите со нас вашата слика за оваа институција?

Концертите на Македонска филхармонија активно ги следам уште од средно училиште. Како студент почнав да ги пишувам и првите музички критики кои воглавно беа врзани со активностите на Филхармонија, бидејќи во тоа време немаше голема концертна активност на нашата музичка сцена. Триесет години ја следам работата на оваа институција, преку музички критики и проблемски текстови кои ги објавував во весниците во кои работев. Секогаш сум ја доживувала како еден жив организам кој се менува низ годините, старее, се подмладува, расте, паѓа, но никогаш не ја губи желбата и страста за живот. Вработените во оваа институција се големи борци, секогаш се на вистинската страна, тие се храбри и одлучни, не молчат и не трпат неправда. Како ретко кој во оваа држава се грижат за својата институција, се борат за остварување на своите права. Имаат големо срце и уште поголема љубов кон институцијата во која работат. Таа љубов безрезервно ја пренесуваат и на сцената кога свират на нашите концерти. Таа нивна борбеност од секогаш ми била фасцинантна. Ја поврзувам со енергијата и духот кои го следеа формирањето на институцијата пред осумдесесет години. Единаесет дена по ослободувањето, кога над небото во Скопје се уште надлетуваа авиони, а над главите летаа куршуми од пушки, Скаловски заедно со уште неколкумина македонски композитори ја формираа Македонската филхармонија. Тој дух, таа карма и енергија се уште се присутни кај вработените во Филхармонија. Се пренесуваат од генерација на генерација и го одржуваат во живот осумдеседеценискиот идеал за квалитетно симфониско музицирање.

Разговараше: Невена Поповска

фото: Маја Аргакиева

The post Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции, а Филхармонија е на врвот на таа листа appeared first on Република.

]]>

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија. Дипломирала на отсекот по музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Сотир Голабовски, а како новинар и музички критичар работела во весниците „Вечер“ и „Време“ како новинарка и музичка рецензентка и во Третата програма на Македонското радио. Од 2006 година работи во ребрендираното издание на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“ како новинарка и музичка рецензентка. На страниците за култура на редакциите на „Вечер“, „Време“ и на „Нова Македонија“ постојано објавува рецензии за концерти од областа на класичната музика, голем број интервјуа со домашни и странски уметници, како и проблемски, есеистички и текстови со социјален контекст врзани за актуелните случувања на домашната и на светската музичка сцена. Објавувала текстови и рецензии во специјализираното музичко списание „Музика“, во „Културен живот“ и во списанието „Театарски гласник“, во кое објавува осврти на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Коавторка е и на електронската книга „Мали портрети на седум големи композитори“ во издание на ЦЕМ, објавена во 2015 година, посветена на автори што ѝ припаѓаат на средната генерација македонски композитори. На третиот конкурс за музиколошки трудови, СОКОМ го откупи нејзиниот труд „Јана Андреевска – првата македонска композиторка“, во коавторство со музикологот Тина Иванова. Со Димоска, која досега беше ангажирана да работи како советничка за односи со јавноста и маркетинг во Македонската филхармонија, разговаравме за значајниот јубилеј што го слави Филхармонија-80 години постоење, односот на државата кон културата, меѓународни гостувања, концерти за деца, досегашните искуства од позицијата на која неодамна беше назначена... Неодамна бевте назначена за в.д. директорка на Филхармонија. Станува збор за респектабилна и многу значајна културна институција. Какви предизвици Ви донесе оваа функција, која секако претставува и гордост и обврска?
Во изминатиов период, краток, но исклучително интензивен се соочив со многу предизвици, проблеми и нерешени ситуации кои биле ставени под „тепих“ во изминативе години. Бев назначена за в.д. директорка кога започна предизборниот процес, а со тоа беа закочени и голем дел од активностите на нашата институција. Не можев да потпишувам нови договори, да реализирам низа веќе отпочнати работи. За среќа, имам целосна поддршка од вработените во институцијата, од нашите надворешни соработници кои и во овој „замрзнат“ период работеа со полна пареа за да може да се одвива и непречено да тече работниот процес во нашата институција. Искрено, дoколку ја немав поддршката од вработените, никогаш немаше да ja прифатам оваа функција, зошто во нашата држава овие позиции се строго политички.
Филхармонија е најстара институција во земјата, во ноември ќе одбележи значаен јубилеј – осумдесет години од формирањето. Со каква програма ќе ја одбележите роденденската сезона?
Кога бев назначена за в.д директорка на институцијата, пред неполни три месеци, програмата за 2025 година беше целосно празна. Не беше договорен ниту еден концерт, ниту еден солист и диригент. Филхармониските оркестри во светот во моментов работат на планирање на своите сезони за 2026, 2027 година. Заедно со уметничкиот совет и со нашиот нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски за овие неполни три месеци успеавме да направиме репрезентативна програма исполнета со настапи на врвни солисти и диригенти, изведби на нови композиции, но и на капитални музички дела кои оддамна не прозвучеле на нашата сцена. Уметничкиот совет е новина во нашата институција, составен е од концерт мајстори, водачи на групи, инструменталисти во оркестарот, продуценти и секако маестро Шаровски, кој несебично, без никаков финансиски надомест ни помогна во дефинирањето на програмскиот концепт и контактите со одредени солисти и диригенти. Секој член на уметничкиот совет има своја заслуга за програмата која ќе биде составен дел од нашата јубилена сезона. Сите посветено работеа на нејзиното креирање, со голем ентузијазам, жар и енергија. Таа ќе биде спој на деликатно избрана програма од т.н. железен симфонски репетоар, премиерни изведби на дела од домашни композитори и ремек-дела на класичната музика презентирани од врвни домашни и странски солисти и диригенти. Иако имавме рекордно краток временски период да ја сработиме, програмата за сезоната 2024/2025 година интегрално ќе ја објавиме уште во јуни, како сите останати симфониски оркестри во светот. Практика која последниве неколку години беше подзаборавена во нашата институција.
Државата треба да покаже поголем интерес за културата, а во таа насока и за нејзините најзначајни институции, каква што несомнено е Македонската филхармонија. Имате ли доволно финансиски средства за да ја реализирате јубилејната сезона 2024/2025?
Креирањето на програмата е мошне комплесен процес, на нашите концерти, секој четврток доаѓаат странски солисти и диригенти. Голем дел од нив имаат згуснати концертни агенди и се букирани неколку години однапред. Програмата мора да се планира најмалку две години однапред, а тоа е тешко изводливо зошто нејзиното планирање е директно условено од буџетот кој ни го дава секоја година Министерството за култура, а тој од година в година е се помал. Најдобрите солисти и диригенти чинат пари, а со средствата кои ги добиваме едвај покриваме половина од нашата концертна сезона. Буџетот кој го добивме за 2024 година ќе го потрошиме со последниот концерт на отворено во Градскиот парк, а ни останува за реализација најзначајниот дел од годината – почетокот на новата роденденска сезона во октомври. Основоположникот на нашата институција, композиторот Тодор Скаловски, во една прилика, кога бил директор на Македонската филхармонија му го оставил клучот од институцијата на маса на тогашниот претседател Лазар Колишевски бидејќи не сакал да обезбеди средства за ангажирање нови членови во оркестарот. „Нема оркестар, нема музика, нема држава“, му рекол Скаловски на претседателот Колишевски. Со истите проблеми се соочуваме осумдесет години. Институцијата има потреба од нови вработувања, нови инструменти, има потреба од сериозен третман и однос од страна на државата. Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции од културата, а Македонската филхармонија е на врвот на таа листа.
Од оваа година Филхармонија има и нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел. Колку е важна оваа уметничка позиција за еден симфониски оркестар?
Улогата на шеф диригентот е многу важна за развојот на секој симфониски оркестар. Сите оркестри во светот имаат шеф диригенти кои се менуваат на две, на четири години... Тие интензивно работат со музичарите на подобрување на нивните изведувачки капацитети, сугерираат програма која одговора на сензибилитетот на оркестарот. Маестро Шаровски легитимно беше избран со најголем број гласови на тајно гласање од страна на музичарите, минатата година, кога беше потпишан и договорот. За првпат во историјата на институцијата, музичарите сами избраа шеф диригент, што е голем исчекор, бидејќи нивното искуство од работата со диригентите е клучно за оваа уметничка позиција. Шаровски одлично го познава оркестарот, тој е наш долгогодишен соработник и пријател и има одлични релации во музичарите. Со него ќе ја затвориме концертната сезона на 23 мај со изведба на две генијални дела од Бетовен – увертирата „Егмонт“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во це-мол и маестралното дело на Римски-Корсаков, егзотичната симфониска суита „Шехерзада“. Во роденденската сезона 2024/2025 публиката ќе има можност да проследи повеќе концерти со овој врвен диригент, кој има импресивна биографија и долга листа на настапи со најдобрите светски оркестри.
Меѓународните гостувања се многу важни за уметниците. Тие претставуваат нивна промоција, но и проширување на нивните изведувачки перформанси и светогледи. Дали Македонската филхармонија наскоро ќе гостува на некоја сцена во странство?
И ова прашање е директно врзано со државата, односно со нашето ресорно Министерство, бидејќи за да гостува нашиот оркестар во странство потребни се финаниски средства. Како државна институција, нашата агенда комплетно е условена и зависна од одлуките кои ги носи Министерството за култура. Гостувањата се исклучително важни за музичарите, но и за државата, бидејќи не постои подобра промоција од уметничката. Уметниците се нејзини најголеми амбасадори и промотори во светот. Нашиот шеф диригент, маестро Шаровски иницира неколку потенцијални гостувања, ќе видиме што ќе може да се реализира во иднина. Преговараме за концерти во Турција, а добивме покана и од нашиот амбасадор во Израел, г-дин Шпенд Садики да настапиме во Тел Авив на 8 септември 2025 година на концерт кој ќе биде составен дел од активностите кои се планираат по повод 30 -годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Израел. Планови има, желба за нивна реализација постои. Но, за жал, тие не зависат само од нас.
Уште колку концерти останаа до крајот на оваа концертна сезона?
Во официјалниот дел од сезоната останаа уште два концерти – настапот на виолинистот Роман Симовиќ со диригентот Даниел Рајскин на 16 мај и затворањето на сезоната на 23 мај со маестро Јерухам Шаровски и врвниот турски пијанист Фазил Сај. На 11 мај имаме премиера на концертот за деца „Симфонија од дивината“ работен по текст и музика на познатиот бестселер писател Ден Браун, а во јуни се двата концерти со учениците од Државните музички училишта и со студентите од ФМУ. На 20 јуни е традиционалниот концерт на отворено во Градскиот парк на кој ќе биде изведена класична музика употребена како илустрација во кинематографските остварувања на генијалниот Стенли Кјубрик. Не очекува возбудлива завршница, која претставува совршена антиципација на почетокот на новата јубилејна сезона во октомври.
По образование сте музиколог, сте работеле и како новинарка и музички критичар. Долго време ја следите културната сцена во земјата, посебно работата на Македонската филхармонија. Можете ли од дистанца, да ја споделите со нас вашата слика за оваа институција?
Концертите на Македонска филхармонија активно ги следам уште од средно училиште. Како студент почнав да ги пишувам и првите музички критики кои воглавно беа врзани со активностите на Филхармонија, бидејќи во тоа време немаше голема концертна активност на нашата музичка сцена. Триесет години ја следам работата на оваа институција, преку музички критики и проблемски текстови кои ги објавував во весниците во кои работев. Секогаш сум ја доживувала како еден жив организам кој се менува низ годините, старее, се подмладува, расте, паѓа, но никогаш не ја губи желбата и страста за живот. Вработените во оваа институција се големи борци, секогаш се на вистинската страна, тие се храбри и одлучни, не молчат и не трпат неправда. Како ретко кој во оваа држава се грижат за својата институција, се борат за остварување на своите права. Имаат големо срце и уште поголема љубов кон институцијата во која работат. Таа љубов безрезервно ја пренесуваат и на сцената кога свират на нашите концерти. Таа нивна борбеност од секогаш ми била фасцинантна. Ја поврзувам со енергијата и духот кои го следеа формирањето на институцијата пред осумдесесет години. Единаесет дена по ослободувањето, кога над небото во Скопје се уште надлетуваа авиони, а над главите летаа куршуми од пушки, Скаловски заедно со уште неколкумина македонски композитори ја формираа Македонската филхармонија. Тој дух, таа карма и енергија се уште се присутни кај вработените во Филхармонија. Се пренесуваат од генерација на генерација и го одржуваат во живот осумдеседеценискиот идеал за квалитетно симфониско музицирање.
Разговараше: Невена Поповска фото: Маја Аргакиева

The post Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции, а Филхармонија е на врвот на таа листа appeared first on Република.

]]>
Ангелина Димоска-Миташева е нова в.д. директорка на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/angelina-dimoska-mitasheva-e-nova-v-d-direktorka-na-filharmonija/ Tue, 13 Feb 2024 13:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=743638

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдуваат од Министерството за култура.

Димоска - Миташева доаѓа на местото на Даниел Лазаровски кој во изминатиот период беше в.д. директор.

Вработените во Филхармонија преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за итно разрешување на в.д. директорот Лазаровски поради како што соопштија, непрофесионално и неуко менаџирање, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската Филхармонија.

The post Ангелина Димоска-Миташева е нова в.д. директорка на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдуваат од Министерството за култура. Димоска - Миташева доаѓа на местото на Даниел Лазаровски кој во изминатиот период беше в.д. директор. Вработените во Филхармонија преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за итно разрешување на в.д. директорот Лазаровски поради како што соопштија, непрофесионално и неуко менаџирање, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската Филхармонија.  