анемија Archives - Република https://republika.mk/tema/anemija/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 14:02:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анемија Archives - Република https://republika.mk/tema/anemija/ 32 32 Знаци на анемија https://republika.mk/zivot/zdravje/znatsi-na-anemija/ Fri, 08 Mar 2024 11:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=752606

Недостатокот на железо во организмот е главната причина за анемија. Тоа може да доведе и до бројни други здравствени проблеми. Најчестиот знак дека имате недостаток на железо е постојан замор, но има и некои други, помалку познати показатели. Научниците немаат конкретно објаснување зошто луѓето со недостаток на железо често копнеат за работи што вообичаено не би ги јаделе. Таму може да се најдат камчиња, глина, креда, ѕид, картон…

Кршливи нокти

Слабите и кршливи нокти или нокти со линии и јами може да укажуваат на недостаток на железо. Бидејќи овие симптоми би можеле да бидат причина за некој друг здравствен проблем, најдобро би било да направите тест на крвта.

Суви усни

Луѓето со недостаток на железо може да страдаат од суви и испукани усни. Дури една третина од луѓето со недостаток на железо имаат состојба наречена аголна хелитис, која предизвикува пукање на краевите на усните.

Отечен јазик

Ова е уште еден симптом кој често се занемарува. Се нарекува и атрофичен глоситис. Кога јазикот ќе отече, вообичаените бразди на јазикот исчезнуваат и тој изгледа еднолично и меко. Може да предизвика проблеми со џвакањето, голтањето или зборувањето.

Постојана желба за мраз

Оваа состојба во медицината се нарекува пагофагија и е еден од најчестите симптоми на недостаток на железо. Не е познато како настанува желбата за мраз, но се смета дека го смирува отечениот јазик. Нема потреба да паничите ако сакате мраз – освен ако не консумирате килограм дневно.

Трнење во нозете

Синдромот на немирни нозе е состојба која се карактеризира со непријатно чувство во нозете, со неодолива потреба за движење на нозете. Пациентите го опишуваат како печење, пецкање, како инсекти да лазат во нивните нозе. Иако лекарите не се сигурни што ја предизвикува состојбата, недостатокот на железо е еден од виновниците.

The post Знаци на анемија appeared first on Република.

]]>

Недостатокот на железо во организмот е главната причина за анемија. Тоа може да доведе и до бројни други здравствени проблеми. Најчестиот знак дека имате недостаток на железо е постојан замор, но има и некои други, помалку познати показатели. Научниците немаат конкретно објаснување зошто луѓето со недостаток на железо често копнеат за работи што вообичаено не би ги јаделе. Таму може да се најдат камчиња, глина, креда, ѕид, картон… Кршливи нокти Слабите и кршливи нокти или нокти со линии и јами може да укажуваат на недостаток на железо. Бидејќи овие симптоми би можеле да бидат причина за некој друг здравствен проблем, најдобро би било да направите тест на крвта. Суви усни Луѓето со недостаток на железо може да страдаат од суви и испукани усни. Дури една третина од луѓето со недостаток на железо имаат состојба наречена аголна хелитис, која предизвикува пукање на краевите на усните. Отечен јазик Ова е уште еден симптом кој често се занемарува. Се нарекува и атрофичен глоситис. Кога јазикот ќе отече, вообичаените бразди на јазикот исчезнуваат и тој изгледа еднолично и меко. Може да предизвика проблеми со џвакањето, голтањето или зборувањето. Постојана желба за мраз Оваа состојба во медицината се нарекува пагофагија и е еден од најчестите симптоми на недостаток на железо. Не е познато како настанува желбата за мраз, но се смета дека го смирува отечениот јазик. Нема потреба да паничите ако сакате мраз – освен ако не консумирате килограм дневно. Трнење во нозете Синдромот на немирни нозе е состојба која се карактеризира со непријатно чувство во нозете, со неодолива потреба за движење на нозете. Пациентите го опишуваат како печење, пецкање, како инсекти да лазат во нивните нозе. Иако лекарите не се сигурни што ја предизвикува состојбата, недостатокот на железо е еден од виновниците.  

The post Знаци на анемија appeared first on Република.

]]>
Семејство ќе треба да плати 300 евра казна оти побарало одложување на вакцината за нивното тригодишно анемично дете https://republika.mk/zivot/zdravje/semejstvo-kje-treba-da-plati-300-evra-kazna-oti-pobaralo-odlozuvanje-na-vakcinata-za-nivnoto-trigodishno-anemichno-dete/ Sat, 01 Oct 2022 18:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=556414

Родители на тригодишно дете кое е со нежно здравје уште од самото раѓање треба да платат казна од 300 евра затоа што побарале одлагање на вакцина, бидејќи детето имало исклучително ниски параметри на хемоглобинот во крвта.

Детето е анемично, хемеоголбинот му е само 66, а треба да биде од 115 до 175. Но, докторката кај вакцините не’ убедуваше дека тоа не било ништо, за разлика од неколку други лекари кои ни го кажаа токму спротивното. Да е ниска граница ќе биде 115, 110 на пример, не е проблем. Ова од најниската граница, е дупло послаб. И матичната ѝ рече, не чини, слаб имунитет, железо, детево е анмично, појдете за да си знаат кај вакцините. Отишла женава со детево, но докторката ѝ рекла – нема гајле, јас гарантирам, вели за „Алфа“ таткото на детето, Владимир Швацов.

И токму овде настанал проблемот. Според Швацов, бидејќи мајката не се согласила детето тогаш да ја прими вакцината, била принудена да потпише како трајно да ја одбива, иако всушност барала само одлагање. Докторката ја условила со враќањето на здравствената книшка.

Две недели не поминаа и од Инспекторатот ни стигнува казна. А заборавив да напоменам дека ни рекоа дека вакцината е за тетанус. Кога стигна казнава, видовме дека не е само за тетанус, туку има и други пет болести, значи шествалентна е. И со слаб имунитет, не знам дали е во ред, не ми е некако сфатливо…Инспекторката, а и Скопје кај што го пренесле документот, не знаат дека дететво е со слаб хемоглобин 66. Тие знаат дека ние сме, пример богаташи, имаме многу пари и ќе дадеме пари да не го вакцинираме детево оти не пишува нигде дека е слабокрвно, анемично, посочува Швацов.

Швацови тврдат дека не се против вакцинирањето. Велат, затоа и редовно се јавувале во Вакциналното одделние, особено оти нивното синче е со нежно здравје. Ама во никој случај не очекувале дека ќе бидат казнети оти побарале одлагање, а кое било по препорака на лекарите. Од Инспекторатот им укажале дека доколку детето го вакцинираат до 13-ти октомври, казната ќе им била поништена. Но родителите се загрижени што детето и во моментов било болно.

The post Семејство ќе треба да плати 300 евра казна оти побарало одложување на вакцината за нивното тригодишно анемично дете appeared first on Република.