анексија Archives - Република https://republika.mk/tema/aneksija/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Sep 2022 16:50:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анексија Archives - Република https://republika.mk/tema/aneksija/ 32 32 Столтенберг: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ova-e-najserioznata-eskalacija-od-pochetokot-na-vojnata/ Fri, 30 Sep 2022 17:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=556121

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека нема да престане воената поддршка за Украина, но не одговори за брз прием на земјата во Алијансата како што побара Зеленски, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на Северноатлантската алијанса се обрати на прес конференција попладнево по говорите на рускиот и украинскиот претседател денеска, како и официјалниот чин на припојување на четирите украински области кон Русија по референдумите.

Јенс Столтенберг рече дека анексијата на Херсон, Запорижје, Доњецк и Луганск од страна на Русија е „најголемиот обид за насилна анексија на територија во Европа од втора светска војна“.

Со ова и со делумната воена мобилизација, како и нуклеарните закани на рускиот претседател Путин, постигната е “најголемата ескалација од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина“, на 24 февруари оваа година.

НАТО и земјите членки ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и во враќањето на анектираните територии, рече Столтенберг.

Украина има право да ги врати украинските територии окупирани од руските сили, да се бранат и да ги ослободат териториите, и обидот за нелегална анексија не ја менува природата на конфликтот, изјави Столтенберг.

Додаде дека ако се прифати анексијата од страна на Русија и нуклеарните закани, „тогаш прифаќаме нуклеарна уцена, дека со закана за употреба на нуклеарно оружје авторитарни сили можат да постигнат тоа што сакаат“.

Тој рече дека само Путин има одговорност да ја прекине војната.

Во однос на апликацијата за членство во НАТО, потпишана од украинскиот претседател Зеленски попладнево, Столтенберг повтори дека секоја земја во Европа има право да аплицира, но дека во моментов фокусот е да и се помогне на Украина. Првиот човек на Алијансата не одговори ниту за можноста за брзо приклучување кое го бара Зеленски, по примерот на Шведска.

The post Столтенберг: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека нема да престане воената поддршка за Украина, но не одговори за брз прием на земјата во Алијансата како што побара Зеленски, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на Северноатлантската алијанса се обрати на прес конференција попладнево по говорите на рускиот и украинскиот претседател денеска, како и официјалниот чин на припојување на четирите украински области кон Русија по референдумите. Јенс Столтенберг рече дека анексијата на Херсон, Запорижје, Доњецк и Луганск од страна на Русија е „најголемиот обид за насилна анексија на територија во Европа од втора светска војна“. Со ова и со делумната воена мобилизација, како и нуклеарните закани на рускиот претседател Путин, постигната е “најголемата ескалација од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина“, на 24 февруари оваа година. НАТО и земјите членки ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и во враќањето на анектираните територии, рече Столтенберг.
Украина има право да ги врати украинските територии окупирани од руските сили, да се бранат и да ги ослободат териториите, и обидот за нелегална анексија не ја менува природата на конфликтот, изјави Столтенберг.
Додаде дека ако се прифати анексијата од страна на Русија и нуклеарните закани, „тогаш прифаќаме нуклеарна уцена, дека со закана за употреба на нуклеарно оружје авторитарни сили можат да постигнат тоа што сакаат“. Тој рече дека само Путин има одговорност да ја прекине војната. Во однос на апликацијата за членство во НАТО, потпишана од украинскиот претседател Зеленски попладнево, Столтенберг повтори дека секоја земја во Европа има право да аплицира, но дека во моментов фокусот е да и се помогне на Украина. Првиот човек на Алијансата не одговори ниту за можноста за брзо приклучување кое го бара Зеленски, по примерот на Шведска.

The post Столтенберг: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната appeared first on Република.

]]>
Украина бара членство во НАТО по „забрзана постапка“ https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-chlenstvo-vo-nato-po-zabrzana-postapka/ Fri, 30 Sep 2022 15:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=556092

Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО, рече тој во видео обраќањето.

Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони.

https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-potpisha-dokumentite-za-aneksija-na-okupiranite-delovi-od-ukraina/

Додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.

Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија, објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.

The post Украина бара членство во НАТО по „забрзана постапка“ appeared first on Република.

]]>

Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО, рече тој во видео обраќањето.
Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони. https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-potpisha-dokumentite-za-aneksija-na-okupiranite-delovi-od-ukraina/ Додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.
Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија, објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.

The post Украина бара членство во НАТО по „забрзана постапка“ appeared first on Република.

]]>
Путин ги потпиша документите за анексија на окупираните делови од Украина https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-potpisha-dokumentite-za-aneksija-na-okupiranite-delovi-od-ukraina/ Fri, 30 Sep 2022 15:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=556085

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша документот за формална анексија на четири украински провинции окупирани од руските трупи, на што претходеше седуммесечна војна. Незаконската анексија, веднаш наиде на критики и отфрлање од голем дел од меѓународна заедница, која потенцира тоа е спротивно на меѓународното право и Повелбата на ОН.

Четворица проруски лидери на окупираните руски региони потпишаа договор со Путин за припојување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Русија, што претставува 15 отсто од територијата на Украина.

По потпишувањето на договорот, толпата извикуваше „Русија, Русија!“.

На потпишувањето на документите, претходеше 40-минутен говор на Путин, во кој тој го обвини Западот за сатанизам“ и воедно ги праша присутните дали сакаат на нивните деца да им се нудат операции за промена на полот. Путин ги обвини Британците, или како што тој ги нарече „англосаксонците“ дека помогнале во организирање на саботажа на гасоводите во Балтичкото Море.

Уништувањето на западната хегемонија е неповратен процес. Светот никогаш нема да биде ист, потенцираше Путин во обраќањето пред церемонијата за потпишување на документите. – Западот сега печати пари, но со тие пари не може ниту да се храни, ниту да се стопли. Потребна им е храна и енергија. Ќе мора да јадат помалку, помалку да се тушираат и да се облекуваат потопло, рече Путин и уште еднаш им се закани на западните земји кои воведоа санкции кон Русија.

Рускиот лидер ја повика Украина „веднаш да ги прекине сите воени акции и војната што ја започна во 2014 година“, додавајќи дека „Киев мора да се врати на преговарачка маса“.

Отворени сме за преговори и тоа го кажавме многу пати. Но, украинските власти мора да ја почитуваат волјата на народот, рече Путин, мислејќи на референдумите одржани минатата недела во окупираните региони. „Тоа е волја на милиони луѓе“, рече тој во говорот одржан пред стотици високи функционери во Кремљ.

Церемонијата се одржа три дена по завршувањето на набрзина организираните референдуми, по што поддржувачите на Москва во окупираните региони изјавија дека мнозинството гласачи, или 99 отсто од нив, се изјасниле за приклучување кон Русија. Владите на Украина и западните земји референдумите ги нарекоа незаконски и лажни и сметаат дека тие биле спроведени со закана со оружје, за што сведочеа и многу видеа објавени на социјалните меидуми. Во говорот кој постојано беше прекинуван со аплауз, Путин изјави дека Русија има четири нови региони.

Од своја страна, Киев вети дека ќе ги врати сите региони што Русија ги украде од Украина и им порача на Русите дека нивната одлука за анексија на тие територии ја уништи секоја можност за преговори.

Реакции на незаконската анексија пристигнаа веднаш.

Лидерите на ЕУ денеска ветија дека „никогаш нема да ја признаат“ нелегалната анексија на четирите украински региони кон Русија и го обвинија Кремљ дека ја загрозува глобалната безбедност.

Цврсто ја отфрламе и недвосмислено ја осудуваме нелегалната анексија од страна на Русија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, се вели во соопштението на 27-те лидери на ЕУ.

Британската премиерка Лиз Трас изјави дека Британија никогаш нема да ги прифати регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго освен украинска територија.

Нелегалната анексија нема да промени ништо. Целата анектирана територија е окупирана од Путин, таа е украинска земја и секогаш ќе биде дел од Украина, коментираше на Твитер претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа вети дека САД никогаш нема да ги признаат руските територијални претензии кон Украина, напротив, Вашингтон подготвува нова рунда санкции против Русија откако таа анектира нова украинска територија.

Пред најавеното денешно потпишување на документите синоќа  реагираше и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Тоа е опасна ескалација, за такво нешто нема место во современиот свет, не смее да се прифати, предупреди Гутереш, тврдејќи дека секоја одлука за „анексија“ на делови од Украина ќе ги загрози изгледите за мир. – Секоја одлука да се продолжи со анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје не треба да има никаква правна вредност и заслужува осуда, потенцираше Гутереш.

Според него, анексијата е спротивна на сето она што меѓународната заедница треба да го застапува. – Ги издава целите и принципите на ОН. Тоа е опасна ескалација. Нема место во современиот свет. Не смее да се прифати, рече генералниот секретар.

The post Путин ги потпиша документите за анексија на окупираните делови од Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша документот за формална анексија на четири украински провинции окупирани од руските трупи, на што претходеше седуммесечна војна. Незаконската анексија, веднаш наиде на критики и отфрлање од голем дел од меѓународна заедница, која потенцира тоа е спротивно на меѓународното право и Повелбата на ОН. Четворица проруски лидери на окупираните руски региони потпишаа договор со Путин за припојување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Русија, што претставува 15 отсто од територијата на Украина. По потпишувањето на договорот, толпата извикуваше „Русија, Русија!“. На потпишувањето на документите, претходеше 40-минутен говор на Путин, во кој тој го обвини Западот за сатанизам“ и воедно ги праша присутните дали сакаат на нивните деца да им се нудат операции за промена на полот. Путин ги обвини Британците, или како што тој ги нарече „англосаксонците“ дека помогнале во организирање на саботажа на гасоводите во Балтичкото Море.
Уништувањето на западната хегемонија е неповратен процес. Светот никогаш нема да биде ист, потенцираше Путин во обраќањето пред церемонијата за потпишување на документите. – Западот сега печати пари, но со тие пари не може ниту да се храни, ниту да се стопли. Потребна им е храна и енергија. Ќе мора да јадат помалку, помалку да се тушираат и да се облекуваат потопло, рече Путин и уште еднаш им се закани на западните земји кои воведоа санкции кон Русија.
Рускиот лидер ја повика Украина „веднаш да ги прекине сите воени акции и војната што ја започна во 2014 година“, додавајќи дека „Киев мора да се врати на преговарачка маса“.
Отворени сме за преговори и тоа го кажавме многу пати. Но, украинските власти мора да ја почитуваат волјата на народот, рече Путин, мислејќи на референдумите одржани минатата недела во окупираните региони. „Тоа е волја на милиони луѓе“, рече тој во говорот одржан пред стотици високи функционери во Кремљ.
Церемонијата се одржа три дена по завршувањето на набрзина организираните референдуми, по што поддржувачите на Москва во окупираните региони изјавија дека мнозинството гласачи, или 99 отсто од нив, се изјасниле за приклучување кон Русија. Владите на Украина и западните земји референдумите ги нарекоа незаконски и лажни и сметаат дека тие биле спроведени со закана со оружје, за што сведочеа и многу видеа објавени на социјалните меидуми. Во говорот кој постојано беше прекинуван со аплауз, Путин изјави дека Русија има четири нови региони. Од своја страна, Киев вети дека ќе ги врати сите региони што Русија ги украде од Украина и им порача на Русите дека нивната одлука за анексија на тие територии ја уништи секоја можност за преговори. Реакции на незаконската анексија пристигнаа веднаш. Лидерите на ЕУ денеска ветија дека „никогаш нема да ја признаат“ нелегалната анексија на четирите украински региони кон Русија и го обвинија Кремљ дека ја загрозува глобалната безбедност.
Цврсто ја отфрламе и недвосмислено ја осудуваме нелегалната анексија од страна на Русија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, се вели во соопштението на 27-те лидери на ЕУ.
Британската премиерка Лиз Трас изјави дека Британија никогаш нема да ги прифати регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго освен украинска територија.
Нелегалната анексија нема да промени ништо. Целата анектирана територија е окупирана од Путин, таа е украинска земја и секогаш ќе биде дел од Украина, коментираше на Твитер претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа вети дека САД никогаш нема да ги признаат руските територијални претензии кон Украина, напротив, Вашингтон подготвува нова рунда санкции против Русија откако таа анектира нова украинска територија. Пред најавеното денешно потпишување на документите синоќа  реагираше и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
Тоа е опасна ескалација, за такво нешто нема место во современиот свет, не смее да се прифати, предупреди Гутереш, тврдејќи дека секоја одлука за „анексија“ на делови од Украина ќе ги загрози изгледите за мир. – Секоја одлука да се продолжи со анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје не треба да има никаква правна вредност и заслужува осуда, потенцираше Гутереш.
Според него, анексијата е спротивна на сето она што меѓународната заедница треба да го застапува. – Ги издава целите и принципите на ОН. Тоа е опасна ескалација. Нема место во современиот свет. Не смее да се прифати, рече генералниот секретар.

The post Путин ги потпиша документите за анексија на окупираните делови од Украина appeared first on Република.

]]>
Би-би-си: Русија утре и формално ќе ги анектира четирите украински региони https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bi-bi-si-rusija-utre-i-formalno-kje-gi-anektira-chetirite-ukrainski-regioni/ Thu, 29 Sep 2022 11:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=555580

Рускиот претседател Владимир Путин утре и формално ќе ги потпише документите за анксија на уште четири украински региони во кои изминатиот викенд се одржаа самонаречени референдуми, што Украина и Западот ги осудија како лажни, јави Би-би-си.

Официјални лица поддржани од Русија претходно тврдеа дека на петдневното изјаснување се обезбедила речиси целосна поддршка од народот.

Таканаречените референдуми се одржаа во Луганск и Доњецк на исток и во Запорожје и Херсон на југот од Украина, додава британскиот јавен сервис.

Рускиот претседател се очекува утре да одржи и говор во Кремљ.

The post Би-би-си: Русија утре и формално ќе ги анектира четирите украински региони appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин утре и формално ќе ги потпише документите за анксија на уште четири украински региони во кои изминатиот викенд се одржаа самонаречени референдуми, што Украина и Западот ги осудија како лажни, јави Би-би-си. Официјални лица поддржани од Русија претходно тврдеа дека на петдневното изјаснување се обезбедила речиси целосна поддршка од народот. Таканаречените референдуми се одржаа во Луганск и Доњецк на исток и во Запорожје и Херсон на југот од Украина, додава британскиот јавен сервис. Рускиот претседател се очекува утре да одржи и говор во Кремљ.

The post Би-би-си: Русија утре и формално ќе ги анектира четирите украински региони appeared first on Република.

]]>