анекси Archives - Република https://republika.mk/tema/aneksi/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 13:29:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анекси Archives - Република https://republika.mk/tema/aneksi/ 32 32 Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikati-baraat-noviot-minister-za-zdravstvo-da-gi-potpishe-aneksite-usvoeni-od-vlada/ Mon, 12 Feb 2024 13:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=743243

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.

Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.

The post Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата. Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.
Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.
Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите. Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.