Анджеј Вајда Archives - Република https://republika.mk/tema/andzej-vajda/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Dec 2022 08:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анджеј Вајда Archives - Република https://republika.mk/tema/andzej-vajda/ 32 32 Циклус филмови од Анджеј Вајда во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/ciklus-filmovi-od-andzej-vajda-vo-kinoteka/ Thu, 15 Dec 2022 08:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=585820

Кинотеката од утре започнува со циклус филмови на полскиот режисер Анджеј Вајда (1926-2016) од чија богата филмографија ќе бидат прикажани шест филмови.

Филмската недела посветена на Вајда хронолошки ги опфаќаат неговите рани (црно-бели) трудови „Канал“ (1957) година, „Пепел и дијаманти“ (1958), „Невини волшебници“ (1960), „Пепелта“ (1965), како и двата иконични наслови од зрелото доба на авторот: „Човек од мермер“ (1977) и „Човек од железо“ (1981).

Неговиот авторски потпис стои на шпиците на повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти во Полска и интернационална продукција, има освоено 60 награди на најпрестижните филмски фестивали во светот и речиси уште толку номинации. Меѓу останатите награди, во 1990 година ја добива „Европската филмска награда за животно дело“, на Берлинале во 1996 година наградата „Сребрена мечка“ за посебен придонес во филмската уметност, на Филмскиот фестивал во Венеција во 1998 година „Златен лав“ за животно дело, почесен „Оскар“ во 2000 година , а во 2006 година и почесната награда „Златна мечка“ на Берлинале.

Роден нa 6 март 1926 година во Сувалки (Suwalki), Полска, починал на 9 октомври 2016 година во Варшава. Мајка му Анјела била учителка во украинско училиште, татко му Јакуб бил капетан во полската армија (пешадија), а настрадал во масакрот во Катинската шума во 1940 година, извршен од советската војска по поделбата на Полска во 1939 година од страна на нацистичка Германија и СССР.

По војната се сели во Краков и студира сликарство на Академијата за применети уметности. Во периодот од 1950 до 1954 студира филмска режија на Филмската академија во Лоѓ, а веднаш потоа го снима и споменатиот дебитантски филм „Поколение“, воена драма која со „Канал“ и „Пепел и дијаманти“ ја сочинуваат неговата трилогија за Полска за време на Втората светска војна. Со Канал започнува и долгата низа награди од најзначајните филмски фестивали во Европа и светот: „Специјална награда на жирито“ во Кан за Канал, ФИПРЕСЦИ во Венеција за Пепел и дијаманти, итн…

Вајда, низ неколкуте фази во неговото филмско творештво, ја дели судбината на неговите колеги и коавтори – од политичките пресии до признанијата на престижни филмски фестивали во светот. Во 70-те години на минатиот век, историјата на филмот ја сведочи зрелата фаза во творештвото на Вајда, кога се нижат филмовите Без анестезија (1978) со „Награда на екуменското жири“ во Кан; Човек од мермер (награда ФИПРЕСЦИ во Кан); Човек од железо ја доби „Златната палма“ и „Наградата на екуменското жири“ на Канскиот фестивал во 1981 и номинација за „Оскар“, но тогашните комунистички власти во Полска го повлекле филмот.

Во 80-те години Вајда повторно снима европски копродукции. Со „Дантон“ (1983), со Жерар Депардје во главната улога, ја освојува националната филмска награда на Франција „Цезар“ за режија; во Германија го снима „Љубов во Германија“ (1983), во Полска го реализира „Хроника на љубовните настани“ (1986), а во Франција го снима „Бесови“ (1988).

И покрај годините, Вајда и на преминот на двата века снима филмови, речиси до самиот крај на животот. Неговата филмографија е збогатена со биографската драма „Корчак“ (1990), па следуваат „Настасја Филиповна“ според „Идиот“ на Достоевски (1994), воената драма „Господин Тадеуш“ (1999), и „Одмзда“ (2002), според неговата театарска претстава, во која повторно соработува со Роман Полански.

Во 2007 година го реализира „Катин“, историската драма за масакрот над полските офицери во Катинската шума во 1940, кога настрадал и татко му, и филм кој бил прогласен за филм на годината во Полска, а добил и номинација за Оскар за најдобар странски филм. Меѓу последните реализирани филмски наслови му се Слатко знаме (2009) со Кристина Јанда; потоа, биографската драма Валенса: Човек на надежта (2013) за водачот на полското движење „Солидарност“, и повторно биографската драма „Последователни слики“ (2016) за животот и творештвото на полскиот сликар Владислав Стржемински (Wladyslaw Strzeminski).

Вајда секогаш го истакнувал компактниот тим со кој работел филмови во одредени периоди – од кинематографери, монтажери, сценографи и костимографи, меѓу другите – а секако и актери со кои имал честа соработка. Најмалку тројца актери ги одбележаа неговите филмови, или, обратно, може слободно да се каже дека Вајда низ неговите филмови создаде неколку извонредни актери: Збигњев Цибулски, Даниел Олбрицки, Јежи Радзивилович, итн. Во тој авторски „хабитус“ на Вајда има и една исклучителна актерка, Кристина Јанда.

Паралелно со филмот, Вајда поставува и успешни претстави во полските театри, често користејќи го методот да ја „провери“ темата на театарските штици, а потоа пред филмските камери. Таков е случајот со „Ветената земја“, „Свадба“ (1973) и „Госпогиците од Вилки“ (1979), а подоцна и Бесови (1988) според Достоевски и Дантон (Danton, 1983) – и двата во француска продукција, наведуваат од Кинотеката.

 

The post Циклус филмови од Анджеј Вајда во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Кинотеката од утре започнува со циклус филмови на полскиот режисер Анджеј Вајда (1926-2016) од чија богата филмографија ќе бидат прикажани шест филмови. Филмската недела посветена на Вајда хронолошки ги опфаќаат неговите рани (црно-бели) трудови „Канал“ (1957) година, „Пепел и дијаманти“ (1958), „Невини волшебници“ (1960), „Пепелта“ (1965), како и двата иконични наслови од зрелото доба на авторот: „Човек од мермер“ (1977) и „Човек од железо“ (1981). Неговиот авторски потпис стои на шпиците на повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти во Полска и интернационална продукција, има освоено 60 награди на најпрестижните филмски фестивали во светот и речиси уште толку номинации. Меѓу останатите награди, во 1990 година ја добива „Европската филмска награда за животно дело“, на Берлинале во 1996 година наградата „Сребрена мечка“ за посебен придонес во филмската уметност, на Филмскиот фестивал во Венеција во 1998 година „Златен лав“ за животно дело, почесен „Оскар“ во 2000 година , а во 2006 година и почесната награда „Златна мечка“ на Берлинале. Роден нa 6 март 1926 година во Сувалки (Suwalki), Полска, починал на 9 октомври 2016 година во Варшава. Мајка му Анјела била учителка во украинско училиште, татко му Јакуб бил капетан во полската армија (пешадија), а настрадал во масакрот во Катинската шума во 1940 година, извршен од советската војска по поделбата на Полска во 1939 година од страна на нацистичка Германија и СССР. По војната се сели во Краков и студира сликарство на Академијата за применети уметности. Во периодот од 1950 до 1954 студира филмска режија на Филмската академија во Лоѓ, а веднаш потоа го снима и споменатиот дебитантски филм „Поколение“, воена драма која со „Канал“ и „Пепел и дијаманти“ ја сочинуваат неговата трилогија за Полска за време на Втората светска војна. Со Канал започнува и долгата низа награди од најзначајните филмски фестивали во Европа и светот: „Специјална награда на жирито“ во Кан за Канал, ФИПРЕСЦИ во Венеција за Пепел и дијаманти, итн… Вајда, низ неколкуте фази во неговото филмско творештво, ја дели судбината на неговите колеги и коавтори – од политичките пресии до признанијата на престижни филмски фестивали во светот. Во 70-те години на минатиот век, историјата на филмот ја сведочи зрелата фаза во творештвото на Вајда, кога се нижат филмовите Без анестезија (1978) со „Награда на екуменското жири“ во Кан; Човек од мермер (награда ФИПРЕСЦИ во Кан); Човек од железо ја доби „Златната палма“ и „Наградата на екуменското жири“ на Канскиот фестивал во 1981 и номинација за „Оскар“, но тогашните комунистички власти во Полска го повлекле филмот. Во 80-те години Вајда повторно снима европски копродукции. Со „Дантон“ (1983), со Жерар Депардје во главната улога, ја освојува националната филмска награда на Франција „Цезар“ за режија; во Германија го снима „Љубов во Германија“ (1983), во Полска го реализира „Хроника на љубовните настани“ (1986), а во Франција го снима „Бесови“ (1988). И покрај годините, Вајда и на преминот на двата века снима филмови, речиси до самиот крај на животот. Неговата филмографија е збогатена со биографската драма „Корчак“ (1990), па следуваат „Настасја Филиповна“ според „Идиот“ на Достоевски (1994), воената драма „Господин Тадеуш“ (1999), и „Одмзда“ (2002), според неговата театарска претстава, во која повторно соработува со Роман Полански. Во 2007 година го реализира „Катин“, историската драма за масакрот над полските офицери во Катинската шума во 1940, кога настрадал и татко му, и филм кој бил прогласен за филм на годината во Полска, а добил и номинација за Оскар за најдобар странски филм. Меѓу последните реализирани филмски наслови му се Слатко знаме (2009) со Кристина Јанда; потоа, биографската драма Валенса: Човек на надежта (2013) за водачот на полското движење „Солидарност“, и повторно биографската драма „Последователни слики“ (2016) за животот и творештвото на полскиот сликар Владислав Стржемински (Wladyslaw Strzeminski). Вајда секогаш го истакнувал компактниот тим со кој работел филмови во одредени периоди – од кинематографери, монтажери, сценографи и костимографи, меѓу другите – а секако и актери со кои имал честа соработка. Најмалку тројца актери ги одбележаа неговите филмови, или, обратно, може слободно да се каже дека Вајда низ неговите филмови создаде неколку извонредни актери: Збигњев Цибулски, Даниел Олбрицки, Јежи Радзивилович, итн. Во тој авторски „хабитус“ на Вајда има и една исклучителна актерка, Кристина Јанда. Паралелно со филмот, Вајда поставува и успешни претстави во полските театри, често користејќи го методот да ја „провери“ темата на театарските штици, а потоа пред филмските камери. Таков е случајот со „Ветената земја“, „Свадба“ (1973) и „Госпогиците од Вилки“ (1979), а подоцна и Бесови (1988) според Достоевски и Дантон (Danton, 1983) – и двата во француска продукција, наведуваат од Кинотеката.  

The post Циклус филмови од Анджеј Вајда во Кинотека appeared first on Република.

]]>