Андреј Ал-Асади Archives - Република https://republika.mk/tema/andrej-al-asadi/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 08:18:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреј Ал-Асади Archives - Република https://republika.mk/tema/andrej-al-asadi/ 32 32 Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади на 25 септември во КИЦ Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/knizhevna-vecher-so-andrej-al-asadi-na-25-septemvri-vo-kits-skopje/ Fri, 20 Sep 2024 08:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=818042

На 25 септември, во 19:30 часот, во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи книжевна вечер со поетот и писател Андреј Ал-Асади. Модератор на настанот ќе биде Јулијана Величковска.

Андреј Ал-Асади, роден во Лондон во 1996 година, дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на неколку стихозбирки, меѓу кои “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021), кои му донесоа номинации за престижната награда „Браќа Миладиновци“ од Струшките вечери на поезијата. Покрај поезија, тој е автор и на збирки раскази, меѓу кои „Друго минато“ (2018), за која ја освои наградата „Новите“, и „Утрото на бессоните“ (2021).

Ал-Асади е активен учесник на повеќе поетски фестивали, како Струшките вечери на поезијата, поетската ноќ во Велестово, и на меѓународни настани во Грција и Хрватска. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а тој е член на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

The post Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади на 25 септември во КИЦ Скопје appeared first on Република.

]]>

На 25 септември, во 19:30 часот, во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи книжевна вечер со поетот и писател Андреј Ал-Асади. Модератор на настанот ќе биде Јулијана Величковска. Андреј Ал-Асади, роден во Лондон во 1996 година, дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на неколку стихозбирки, меѓу кои “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021), кои му донесоа номинации за престижната награда „Браќа Миладиновци“ од Струшките вечери на поезијата. Покрај поезија, тој е автор и на збирки раскази, меѓу кои „Друго минато“ (2018), за која ја освои наградата „Новите“, и „Утрото на бессоните“ (2021). Ал-Асади е активен учесник на повеќе поетски фестивали, како Струшките вечери на поезијата, поетската ноќ во Велестово, и на меѓународни настани во Грција и Хрватска. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а тој е член на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал.  

The post Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади на 25 септември во КИЦ Скопје appeared first on Република.

]]>
Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во библиотеката „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-poetot-andrej-al-asadi-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi-2/ Thu, 14 Dec 2023 14:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=722956

Денеска, 14 декември во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ ќе се одржи разговор со поетот Андреј Ал-Асади, чија стихозбирка „Секој секому огледало“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Андреј Ал-Асади е едно од најавтентичните поетски имиња од најмладата генерација. Со неговата стихозбирка „Секој секому огледало“(издание на ПНВ Публикации) Библиотеката жанровски ја проширува кампањата „Читаме современи македонски автори“, доближувајќи им на читателите и поети од актуелната книжевна продукција.

Станува збор за прочистена и зрела книга, со рафиниран израз и „особен“ поетски јазик. Сите песни се длабоко промислени, експресивни, со амбиција да ги продлабочат и прошират видиците на поетскиот свет. Во нив се препознава вистински мајстор, кој поетските синтагми ги спојува во најубавите и најасоцијативните слики во современата македонска лирика – подвлекува поетот Славе Ѓорго Димоски.

Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, негови песни се преведени на повеќе јазици и застапен е во неколку антологии. Член е на платформата „Версополис“ и на организацискиот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

Модератор на разговорот е Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот е дел од богатата програма на Град Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година.

The post Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Денеска, 14 декември во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ ќе се одржи разговор со поетот Андреј Ал-Асади, чија стихозбирка „Секој секому огледало“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Андреј Ал-Асади е едно од најавтентичните поетски имиња од најмладата генерација. Со неговата стихозбирка „Секој секому огледало“(издание на ПНВ Публикации) Библиотеката жанровски ја проширува кампањата „Читаме современи македонски автори“, доближувајќи им на читателите и поети од актуелната книжевна продукција.
Станува збор за прочистена и зрела книга, со рафиниран израз и „особен“ поетски јазик. Сите песни се длабоко промислени, експресивни, со амбиција да ги продлабочат и прошират видиците на поетскиот свет. Во нив се препознава вистински мајстор, кој поетските синтагми ги спојува во најубавите и најасоцијативните слики во современата македонска лирика – подвлекува поетот Славе Ѓорго Димоски.
Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, негови песни се преведени на повеќе јазици и застапен е во неколку антологии. Член е на платформата „Версополис“ и на организацискиот одбор на Скопскиот поетски фестивал. Модератор на разговорот е Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот е дел од богатата програма на Град Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година.  

The post Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб https://republika.mk/vesti/kultura/mladite-makedonski-poeti-andrej-al-asadi-i-viktorija-angelovska-na-knizhevna-razmena-i-festival-vo-zagreb/ Wed, 28 Jun 2023 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=655992

Андреј Ал-Асади и Викторија Ангеловска од 28 јуни до 1 јули ќе гостуваат во Загреб, Хрватска, како дел од потпишаната соработка на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца (ХДП) од Загреб. Гостувањето ќе го започнат денеска со поетско читање во Библиотеката „Марија Јуриќ Загорка“. Настанот ќе го модерира Иван Херцег, а превод од македонски ќе обезбеди Борислав Павловски.

Младите поети, како што информираат од ПНВ Публикации, ќе учествуваат и на дванаесеттото издание на престижниот поетски фестивал „Стих у регији“ (СУР) што се одржува во Загреб, организиран од Хрватско друштво писаца. Покрај споменатите, на СУР ќе настапат и Владимир Мартиновски и Никола Маџиров, како и поети од Хрватска, од Италија, Украина, Словенија и Србија. Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и антологија на современата македонска поезија „Пронаѓена ријеч“, во избор и препев на Борислав Павловски, издание на ХДП.

Андреј Ал-Асади е автор на стихозбирките “Midnight Blues”, „Под дервишовото сиќе“ (2018, „Небесна геометрија“ и „Секој секому огледало“ со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. Ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик.

Викторија Ангеловска е авторка на стихозбирките „Станица 15“ и „Ноќта сѐ знае“. Гостувањето на Ангеловска го овозможи Општина Илинден, а програмата во Загреб е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Градот Загреб.

Оваа книжевна размена, како што е наведено е првата од низата настани со потпишаната меѓународна билатерална соработка меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца од Загреб, Хрватска.

The post Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>

Андреј Ал-Асади и Викторија Ангеловска од 28 јуни до 1 јули ќе гостуваат во Загреб, Хрватска, како дел од потпишаната соработка на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца (ХДП) од Загреб. Гостувањето ќе го започнат денеска со поетско читање во Библиотеката „Марија Јуриќ Загорка“. Настанот ќе го модерира Иван Херцег, а превод од македонски ќе обезбеди Борислав Павловски. Младите поети, како што информираат од ПНВ Публикации, ќе учествуваат и на дванаесеттото издание на престижниот поетски фестивал „Стих у регији“ (СУР) што се одржува во Загреб, организиран од Хрватско друштво писаца. Покрај споменатите, на СУР ќе настапат и Владимир Мартиновски и Никола Маџиров, како и поети од Хрватска, од Италија, Украина, Словенија и Србија. Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и антологија на современата македонска поезија „Пронаѓена ријеч“, во избор и препев на Борислав Павловски, издание на ХДП. Андреј Ал-Асади е автор на стихозбирките “Midnight Blues”, „Под дервишовото сиќе“ (2018, „Небесна геометрија“ и „Секој секому огледало“ со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. Ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик. Викторија Ангеловска е авторка на стихозбирките „Станица 15“ и „Ноќта сѐ знае“. Гостувањето на Ангеловска го овозможи Општина Илинден, а програмата во Загреб е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Градот Загреб. Оваа книжевна размена, како што е наведено е првата од низата настани со потпишаната меѓународна билатерална соработка меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца од Загреб, Хрватска.  

The post Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>
Песната „Куклици“ на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/pesnata-kuklici-na-makedonskiot-avtor-andrej-al-asadi-ja-dobi-nagradata-enhalon-na-svp/ Mon, 29 Aug 2022 10:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=545202

Песната „Куклици“ на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ , која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.

Жири-комисијата во состав Елена Пренџова (претседателка), Игор Трпчески и Биљана Стојановска (членови) во своето образложение велат дека станува збор за песна со цврста структура .

Наградата „Енхалон“ за 2022 година се доделува на Андреј Ал-Асади за песната „Куклици“. Во избор за наградата беа песни од повеќемина млади, но етаблирани македонски поетеси и поети со изграден впечатлив авторски потпис. Жири-комисијата ја избра песната „Куклици“ од Андреј Ал-Асади поради оригиналниот поетски спев со кој се наметна. Имено, „Куклици“ претставува т.н. заумна поезија; станува збор за песна со цврста и стегната структура и силна звучност. Стихот е вешто граден, распореден во строго формирани строфи, а звучноста е комбинација од мајсторски рими, алитерации, асонанци и внатрешно-стиховни созвучија креирани во духот и менталитетот на јазикот. Ваквата структура на песната наметнува соодветна интерпретација, која пак упатува на визуелизација на стиховите во умот на слушателите. Конечно, заумната песна на Ал-Асади ни кажува дека станува збор за поет-мајстор на стиховите, кој длабоко ја осмислува и обмислува својата песна до совршенство -образложува жирито.

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” синоќа заврши официјалниот дел на 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Фестивалот традиционално ќе се заокружи со поетско читање во Скопје, кое ќе се одржи вечерва во Даут пашин амам со почеток во 20:30 часот.

The post Песната „Куклици“ на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Песната „Куклици“ на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ , која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Елена Пренџова (претседателка), Игор Трпчески и Биљана Стојановска (членови) во своето образложение велат дека станува збор за песна со цврста структура .
Наградата „Енхалон“ за 2022 година се доделува на Андреј Ал-Асади за песната „Куклици“. Во избор за наградата беа песни од повеќемина млади, но етаблирани македонски поетеси и поети со изграден впечатлив авторски потпис. Жири-комисијата ја избра песната „Куклици“ од Андреј Ал-Асади поради оригиналниот поетски спев со кој се наметна. Имено, „Куклици“ претставува т.н. заумна поезија; станува збор за песна со цврста и стегната структура и силна звучност. Стихот е вешто граден, распореден во строго формирани строфи, а звучноста е комбинација од мајсторски рими, алитерации, асонанци и внатрешно-стиховни созвучија креирани во духот и менталитетот на јазикот. Ваквата структура на песната наметнува соодветна интерпретација, која пак упатува на визуелизација на стиховите во умот на слушателите. Конечно, заумната песна на Ал-Асади ни кажува дека станува збор за поет-мајстор на стиховите, кој длабоко ја осмислува и обмислува својата песна до совршенство -образложува жирито.
Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” синоќа заврши официјалниот дел на 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Фестивалот традиционално ќе се заокружи со поетско читање во Скопје, кое ќе се одржи вечерва во Даут пашин амам со почеток во 20:30 часот.

The post Песната „Куклици“ на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ на СВП appeared first on Република.

]]>
Младите поети Дамјановски, Ал-Асади, Јовановска, Данов и Улчар во престижното грчко списание „Тефлон“ https://republika.mk/vesti/kultura/mladite-poseti-damjanovski-al-asadi-jovanovska-danov-i-ulchar-vo-prestiznoto-grchko-spisanie-teflon/ Mon, 06 Jun 2022 08:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=511647

Престижното грчко списание за книжевност „Тефлон“ својот последен број и ја посвети на најмладата македонска генерација поети и поетеси родени во 90-тите години на 20-тиот век. Во избор и со воведен текст на Лидија Димковска, во списанието со повеќе песни се претставени Ива Дамјановски, Андреј Ал-Асади, Ивана Јовановска, Диме Данов и Исток Ј. Улчар. Преводот од македонски на грчки е на Викторас Илиопулус.

Сите петмина автори застапени во изборот имаат лични писма, лични поетики со интимна перспектива на поетскиот израз врз кој, свесно или несвесно, влијаат и литературата и животот. Книжевното и животното (не)искуство на поетите создаваат во сферата на поетскиот јазик автентични пеења и мислења. Поетите обично се служат со секојдневниот говор кој не отскокнува во голема мера од литературниот македонски јазик, и совршено го отсликува секојдневието, урбаната атмосфера, социолошките прашања, емотивните состојби и сѐ што им е блиско на поетите родени во 90-тите. Неретко во нивните песни наоѓаме и игри на зборови во кои се крие архетипската меморија и оставнина на нивните книжевни предци, но и наративни конструкции во кои поетите неретко раскажуваат приказни за малиот, обичен човек поставен во одредено време и одреден простор, истакнува Димковска во својот воведен текст.

[caption id="attachment_53302" align="alignnone" width="800"] Лидија Димковска[/caption]

Преку различни поетски дискурси, посочува таа, младите поети пишуваат за љубовта, за реалноста, за секојдневието, за меѓучовечките односи, за општествените промени, за еколошката немоќ на природата, за експерименталната моќ на јазикот.

И кога пишуваат за љубовта која е честа тема, социјалниот контекст е присутен како фон на емотивниот живот па знаеме во кое (политичко) време и во кој (географски) простор поетите љубат или копнеат по љубов. (…) Најмладите македонски поети и поетеси поезијата ја сфаќаат и живеат демократски во најдобрата смисла на зборот, информира Димковска.

The post Младите поети Дамјановски, Ал-Асади, Јовановска, Данов и Улчар во престижното грчко списание „Тефлон“ appeared first on Република.

]]>

Престижното грчко списание за книжевност „Тефлон“ својот последен број и ја посвети на најмладата македонска генерација поети и поетеси родени во 90-тите години на 20-тиот век. Во избор и со воведен текст на Лидија Димковска, во списанието со повеќе песни се претставени Ива Дамјановски, Андреј Ал-Асади, Ивана Јовановска, Диме Данов и Исток Ј. Улчар. Преводот од македонски на грчки е на Викторас Илиопулус.
Сите петмина автори застапени во изборот имаат лични писма, лични поетики со интимна перспектива на поетскиот израз врз кој, свесно или несвесно, влијаат и литературата и животот. Книжевното и животното (не)искуство на поетите создаваат во сферата на поетскиот јазик автентични пеења и мислења. Поетите обично се служат со секојдневниот говор кој не отскокнува во голема мера од литературниот македонски јазик, и совршено го отсликува секојдневието, урбаната атмосфера, социолошките прашања, емотивните состојби и сѐ што им е блиско на поетите родени во 90-тите. Неретко во нивните песни наоѓаме и игри на зборови во кои се крие архетипската меморија и оставнина на нивните книжевни предци, но и наративни конструкции во кои поетите неретко раскажуваат приказни за малиот, обичен човек поставен во одредено време и одреден простор, истакнува Димковска во својот воведен текст.
[caption id="attachment_53302" align="alignnone" width="800"] Лидија Димковска[/caption] Преку различни поетски дискурси, посочува таа, младите поети пишуваат за љубовта, за реалноста, за секојдневието, за меѓучовечките односи, за општествените промени, за еколошката немоќ на природата, за експерименталната моќ на јазикот.