Андреас Костел Archives - Република https://republika.mk/tema/andreas-kostel/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 18:24:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреас Костел Archives - Република https://republika.mk/tema/andreas-kostel/ 32 32 Костал: Првиот впечаток од средбата со Мицкоски е одличен, очекувам влада благонаклонета кон економијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/kostal-prviot-vpechatok-od-sredbata-so-mitskoski-e-odlichen-ochekuvam-vlada-blagonakloneta-kon-ekonomijata/ Mon, 27 May 2024 18:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=782191

Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ дава одговор на прашањето за неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија.

Според Костал, првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата.

На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.

Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.

За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.

Пред сè во поглед на технолошката компетенција тука. А тоа верувам оди паралелно со техничкото образование и со техничките квалификации кај нас, кај нашите вработени, но пред сè кај поширокото население што се должи на универзитетите и на школското образование. Ако се погледне нашето оперативно работење, се гледа огромна промена. Претставете си, на почетокот, почнувавме со едноставни единечни прекинувачи, а во меѓувреме ги правиме најкомплексните производи во автомобилската електрика со огромна додадена вредност. Не само што мора да можеме да се справиме со комплексноста на производот, туку и со најразличните степени на стекнување додадена вредност. Од курсот за шприцање, преку електроника, преку монтажа, заварување и многу други. Затоа, организацијата мора да има висок степен на зрелост, а вработените висок степен на технолошка компетенција. Мислам дека ние како компанија го реализиравме овој развој во минатите години, а и не мислам дека бевме сами во тоа. Верувам дека истото се случуваше и на други места во Македонија, истакна тој.

Во однос на тоа кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат како компанија, Костал вели дека сите компании кои се глобални, кои се исто така извозно ориентирани, задолжително треба да уживаат добар сет на правила и закони и законодавство на сила за да се избегне корупцијата, кои ги штитат бизнисите и владата од корупција.

Значи, ова е, од моја перспектива, навистина почетна точка за понатамошното развивање. Во однос на инфраструктурата, се разбира, кога ќе ја погледнете нашата компанија како добавувач на автомобили, сите производи што ги произведуваме овде всушност се извезуваат. Значи, се извезуваат некаде, главно на европскиот континент, во други земји, во погоните на производителите на автомобили. Затоа, се разбира, инфраструктурата ни е важна. И само како еден пример, како што знаете, ние сме лоцирани во Охрид. Не сакам да го пренагласувам тоа, но секако за нас би било корисно автопатот Скопје – Охрид да биде завршен со цел да ни се олеснат транспортните потреби. И, исто така, со цел да им олесниме на некои од нашите вработени да размислат да работат во „Костал“ во Охрид, иако можеби нивните семејства живеат во Скопје, посочи Костал.

Целиот разговор на Горазд Чомовски со Андреас Костал погледнете го во видеото подолу:

https://youtu.be/gqmAj9UXNjA?si=NMrehJKq8ac2hNvb

The post Костал: Првиот впечаток од средбата со Мицкоски е одличен, очекувам влада благонаклонета кон економијата appeared first on Република.

]]>

Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ дава одговор на прашањето за неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија. Според Костал, првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата. На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.
Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.
За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.
Пред сè во поглед на технолошката компетенција тука. А тоа верувам оди паралелно со техничкото образование и со техничките квалификации кај нас, кај нашите вработени, но пред сè кај поширокото население што се должи на универзитетите и на школското образование. Ако се погледне нашето оперативно работење, се гледа огромна промена. Претставете си, на почетокот, почнувавме со едноставни единечни прекинувачи, а во меѓувреме ги правиме најкомплексните производи во автомобилската електрика со огромна додадена вредност. Не само што мора да можеме да се справиме со комплексноста на производот, туку и со најразличните степени на стекнување додадена вредност. Од курсот за шприцање, преку електроника, преку монтажа, заварување и многу други. Затоа, организацијата мора да има висок степен на зрелост, а вработените висок степен на технолошка компетенција. Мислам дека ние како компанија го реализиравме овој развој во минатите години, а и не мислам дека бевме сами во тоа. Верувам дека истото се случуваше и на други места во Македонија, истакна тој.
Во однос на тоа кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат како компанија, Костал вели дека сите компании кои се глобални, кои се исто така извозно ориентирани, задолжително треба да уживаат добар сет на правила и закони и законодавство на сила за да се избегне корупцијата, кои ги штитат бизнисите и владата од корупција.
Значи, ова е, од моја перспектива, навистина почетна точка за понатамошното развивање. Во однос на инфраструктурата, се разбира, кога ќе ја погледнете нашата компанија како добавувач на автомобили, сите производи што ги произведуваме овде всушност се извезуваат. Значи, се извезуваат некаде, главно на европскиот континент, во други земји, во погоните на производителите на автомобили. Затоа, се разбира, инфраструктурата ни е важна. И само како еден пример, како што знаете, ние сме лоцирани во Охрид. Не сакам да го пренагласувам тоа, но секако за нас би било корисно автопатот Скопје – Охрид да биде завршен со цел да ни се олеснат транспортните потреби. И, исто така, со цел да им олесниме на некои од нашите вработени да размислат да работат во „Костал“ во Охрид, иако можеби нивните семејства живеат во Скопје, посочи Костал.
Целиот разговор на Горазд Чомовски со Андреас Костал погледнете го во видеото подолу: https://youtu.be/gqmAj9UXNjA?si=NMrehJKq8ac2hNvb